1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Роднините од странство

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Ariel, 12 октомври 2013.

  1. hristinnnna

    hristinnnna Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2013
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    171
    Имам роднини во австралија од страната на мајка ми и татко ми.
    Али што да кажам.Поголеми циции во живот неам сретнато.Не дека барам да ми пуштаат пакети со облека ово она, али коа доаѓаат барем едно чоколадо да донесат.Трагикомедии се.
    Ако еден ден се случи и јас да си одам од оваа држава, никогаш не би станала таква,за греотни се. :x
     
  2. lightning123

    lightning123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    391
    Имам многу роднини од страмство: Австралија, Австрија, но со нив комуницираме на стариот начин. Преку писма. Баба ми од Австралија еднаш дојде овде, но ништо не ми донесе. Не баш ништо, донесе чоколади. :) Но, јас не ни очекував од неа. Стара жена е, 70 години, јас со подароци да ја мачам. Ако, барем чоколадите беа ммм.. превкусни..
    Другите роднини не доаѓаат во Македонија, а не ни чекам да дојдат, па не знам за нив. Но, сосетката со која сестра ми е блиска, таа каде и да оди, секогаш кога се враќа ни донаса по нешто. Или некои чоколади специфични за таа држава, или маици, парфеми и сл.
     
  3. Linnea

    Linnea Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2014
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    112
    Пол:
    Женски
    Имам роднини во Германија, и леле мислиш таму се родени, Боже мили. Ќе дојдат овде на неколку месеци, па ќе почнат да шефуваат зошто вака зошто онака, таму не било така. Епа сега си тука не си таму |( Па и кога така зборам со некој од нив и нели ми зборува на македонски па ќе дојде до момент и демек зборот не му текнува како се викало на македонски :^) Ај те молам дома сите на македонски си зборите, не му текнувало :x
     
  4. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    855
    Од вашите мислења заклучив дека сите што живеат некаде во странство стануваат скржави :D :D
    Имам и јас роднини, ама не сме толку блиски, први братучеди на родителите. Па така, не очекувам ништо од нив. Некогаш кога се тука дури и не можеме да се видиме.
     
  5. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.193
    Допаѓања:
    123.816
    Еднаш им реков дека е одам да го видам Париз на една недела. Се испаничија дека ке седам кај нив. Што не рекоа...А не знаеја дека иам уплатено у хотел. После кога сфатија ми се јавија да им однесам ракија.
    Сигурно дека немам намера да губам цел ден со акање да ги најдам и да им дадам кило ракија, место да гледам зајдисонца во требата пред Шанзелизе.
    Другите во Виена, рекоа дојди, ама ние спиеме на земја?!
    Тие у Австралија, уште не сум тргнала натаму, ама 100 % баш тогаш ке се на пат.
    Оние од Канада, исто :)
     
    На ivancekitty и mal.ecka им се допаѓа ова.
  6. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.247
    Допаѓања:
    124.624
    Имам вујко од Америка и си знае 2-3 пати годишно да ни пушти пари обично за Белигден,Божик и НГ.А во меѓувреме ако си дојди ќе ни даде пак.Тетка ми како помала повеѓе ми даваше,ми носеше сега веќе не,ми вели тета сега одиш на работа си имаш свои :lol: :rofl: Можи и во право е,јас за внуками да можам цел свет ќе и го дадам,затоа неможам да ја сватам.Бев кај тетка ми супер не прчека,не испрошета,се со свои пари си купив а таа ми даде 10 е :D Ајде нека се здрави и живи не е се до парите.
     
  7. Glasna

    Glasna Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2012
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    2.178
    единствено нешто што добив заклучок на темава е дека родниниве од странство ве асоцираат само на материјални нешта...а по која логика вие сте заклучиле дека должни се да ви носат поклони???за што??? тие кога се враќаат назад вие им подарувате ли нешто???
     
    На Peanut Butter, Anna-Banana, Mama25 и 10 други им се допаѓа ова.
  8. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.017
    Пол:
    Женски
    Не е ист стандардот а камо ли финансиската ситуација, па ние пак повеќе сме им дале. Некој ич крв да не ти е ќе дојде од богата држава и ќе ти донесе нешто асално, а не тетка ми родена кинески работи што ми носи. А и со ништо друго не покажала љубов и наклоност, само шефување без потреба и без никакво право над нашите животи. Така да, моето негативно мислење за неа е целокупната слика, не е само од материјален аспект. Никој не е должен некому да помага и да праќа пари да, ама една внука ти е, кога ќе дојдеш еднаш во неколку години, можеш да донесеш нешто повредно од 2 долари. |(

    И не, не ѝ замерувам воопшто, едноставно не ја почитувам иако од наша страна е секогаш топло угостена. А лицемерие е нешто најмногу што мразам кај една личност, за жал такви роднини имам, исто како да ги немам и добро што се далеку. Многу работи играат улога да изгубиш почит спрема некого.
     
  9. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.194
    Аууу ми ги зеде зборовите од тастатура :lol:
    Абе само така се гледаат луѓето кој што ти дал, што ти донесол.
    Јас кога одам за МК земам минимален багаж затоа што неможам да го влечам куферот од 100 кила по аеродромите а и се што е над 20 кила се плаќа дебело.
    И за тетките да ви кажам, додека немате свои деца со други очи ги гледате внуците од сестра или брат а кога имате свое семејство друга е ситуацијата, бидете ми здрави и живи па ке видите дека е така.
    Ни јас не носам којзнае што, за секој ОД НАЈБЛИСКИТЕ по едно минијатурно поклонче колку за внимание. Ни на крај памет не ми паднало дека роднините не се радуваат дека јас ќе дојдам, дека ќе се изгушкаме после долго време туку дека како хиени душкаат околку куферот и прават проценки на поклоните и го утврдуваат потеклото на производите.
     
    На Glasna и artemidis им се допаѓа ова.
  10. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.890
    Не знам за другите, но мене на враќање секогаш ме товараат. Тегли ајвар, слатко, јуфки, вино, ракија, кој што направил, што има тоа дава. Не можам се да земам и многу враќам, но да можам едно мини комбе секако ќе наполнам.
    Јас не можам да замислам да отидам во Македонија со празни раце. Всушност најмногу се радувам пред тргнување кога купувам за најблиските. Знаејќи ја добро ситуацијата, знам колку радост значи еден поклон макар и скромен, а колку мене со овдешните плати нема да ме осиромаши воопшто. И тоа не сум во супер развиено место како Австралија или Америка па пак можам да си дозволам да купам за сите по нешто, а да не е парталче некое од 5 евра.
     
    На Lolipop23 и ivancekitty им се допаѓа ова.
  11. Glasna

    Glasna Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2012
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    2.178
    Bидиш Bridget,ти не наоѓаш мани на тегли ајвари,јуфки и тако даље..а од погорните постови можеш да прочиташ скржави биле оти чоколада им подариле,кинеска роба им носеле,па само десет евра им дале и итн.на што тебе тоа ти укажува???Hа крај краева 5 по 5 се збира,за секој член од по една фамилија,роднини еден куп,сепак пари се...убаво напиша сесилијакога си ограничен со тежина на багаж од 19 кила,што попрво човек да си понесе за себе или цел куфер поклони,за цел род и пород....ама муабетот е зошто се очекува некој да им дели поклони,тој дел не го разбирам,по кој повод???
     
  12. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.469
    Пол:
    Женски
    Јас се согласувам со тоа дека не треба да се гледа од материјален аспект, и никогаш не сум гледала. Никој не е должен мене да ми носи нешто. Ние мислиме ако таму живеат дека мед и млеко им тече, разбирам дека и тие работат ден и ноќ за да преживеат. Повеќето таму што се отидени не ни имаат сопствено живеалиште и живеат под кирија. Сами се, нема кој да им помогне за било што. Едно евро да им фали немаат од кого да побараат. Не дека е буквално така ама ете така е муабетот. Јас се' тоа го сфаќам. Сум зборела со луѓе кои живеат долги години надвор и затоа знам детално како стојат работите.

    Меѓутоа, мене нешто што најмногу ме нервира е тоа што "странциве" наши знаат некогаш многу да потценуваат. Не дека сите се такви, ама мој личен пример и неколку примери од страна ми го покажуваат тоа дека и такви има. Во ред е да не ми прати ништо, не ни сакам искрено, нешто ако некој ми даде тоа се моите родители. Сигурно нема да чекам од некој што не ни знае како изгледам. АМА ми праќа облека која се носела во 1935 година (буквално) и се гледа дека ја земале којзнае од каде, дали и воопшто ја платиле (знам дека има некои штандови од каде се зема облеката која некој друг не ја носел и ја оставил). Па добро бре, не сме ние до толку заостанати мајката. Ако живеам во Македонија не значи дека сме изолирани од светот, имаме уште црно-бели телевизори и си играме со камчињата надвор. Бог да чува се. Подобро ич не ни праќај, нит некој ти побарал, нит некој сака да му носиш, подобро не се срами. И ова е мој личен пример, имам едни роднини од страна на баба ми, не се многу далечни, поблиски роднини ни се паѓаат и ова го прават. Како ние да не разбираме што е мода. Демек, доста ни е на нас и тоа, тие ако не ни пратат боси и голи останавме ние овде. |( На нивна милост сме останати. И други исти примери имам слушано од познаници, другарки, сме се смееле на овие работи. :D Да се крсти човек.

    Слична ситуација пред 20тина години, на баба ми и' објаснувале што е фрижидер. |( Алооо не живееме на Марс. Господе Боже. :tmi:
     
    На ivancekitty, Sky-butterfly, MacenceEna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.890
    Роднини има многу, сигурно нема да носиме поклони за сите до трето колено, но таму каде што знам дека ќе отидам на гости, а одам кај најблиските, носам. Повод за дарување скоро секогаш има, па и не мора да има, купуваш оти имаш и сакаш да израдуваш или испочитуваш на некој начин. И нема зошто јас да барам маани на ајварот и јуфките, повеќе вредност имаат тие за нив отколку што има за мене една блуза што ќе ја купам со дел од дневница.
    Не сум почувствувала досега дека некој очекува нешто екстра од мене ниту дека ме збори како скржава сум. Тоа можат само подалечни некои кои фантазираат дека нас пари ни врнат па за сите подароци треба да носиме. За блиските носам, па не ме зборат :D
     
  14. Glasna

    Glasna Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2012
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    2.178
    и те како постојат такви закоравени луѓе,уште од времето на дедо Hое преселени далеку,не вратени со децении назад,што дека живеат во поразвиени земји,кога ни со носевите подалеку од вратата не излегле и живеат со мислата дека уште Mк е во камена доба,онака како кога тие ја напуштиле.Cо ваквите типови на луѓе не ни можеш нормален муабет човек да сврти,не пак да застанеш да им објаснуваш и укажуваш на нешто.
    Oчигледно не се разбираме :) ..не е до поклонот,него до мрчењето/не задоволството.
    пр.млад брачен пар,тазе родители од Cк,двајцата без работа,доаѓа вујко на невестава од странство(каде што живее) и невестулчево му се жали,како не можат крај со крај да фатат плус во заедница како живеат и вујко во така сожален брца во новчаникот и ги вади сите новчани пари што ги имаше околу 800-900 € и вика на внучкава еве сега толку имам нека ви се најдат за малото,а зетов знаеш како изреагира од кога ги грабна парите?? E јакиот вујко од странство,само толку имаш да дадеш на внука ти,и тоа пред сите нејзини роднини :$ ..ем шуто ем боде.и што понатаму човек може друго да каже освен дека колку човек да даде пак ќе те зборат,ситни души.
     
    На Daydream му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    Ме потсетивте на еден пример што му се случи на еден мој другар :lol: .Му се товарија гости од АУстрелија :lol: ,се супер шеткање таму ваму низ Македонијава (по избор ,гробот на тоше ,па берово па охрид ехее желби .. ) .На крајот кога си отидоа му ветиле некое изненадување (дека ке му пратат) од таму .Поминува период и стигнал пакет на царина :o .Оди дечково жив среќен плаќа 60 еу царина и стигнува дома ,јас како сведок во матично :!: посматрам и очекувам некоја глупост :tmi: .Блузон за тетка ти ,фармерки ХХХХХХЛ за вујко ти ,плик чанта за братучедка ти , незнам уште некоја глупост за другите роднини (пратени се во еден пакет инаку ) а за тебе маица :!: со Аустрелија НАЛи :rofl: .Умрев од смеа кој ремет му го дадов што плати царина за сите (роднини нивни) а доби маица за бришење паркет :rofl: .

    Инаку да и јас имам роднини по странција ,одбегнувам да комуницирам на теми работа,пари,жалби-плачки за се како нечини тука ... и сл .Муабетот се сведува на општественито живот, новитетите ,чат пат политиката или со младите за забава ..Не се приврзувам со нив за да си помислат дека мора да ми пракаат ,даваат-подаруваат нешто туку тоа да биде од почит и љубов (ако треба ) .Тука се за НЕдајБОЖЕ и знам дека е така ,не ја злоупотребувам нивната положба но очекувам и да не ме гледаат како грев што условите што ги имаме во Македонија не коресподираат со нивните (високи критериуми ) .Поговорката дека животот е тркало е мн точна и можам да кажам дека финансиите ако се причина за блискост со роднините исто и финансиите се добра причина за одалекување од нив.
    Повеќемината кога ке дојдат до пензија секогаш ги фаќа носталгија и сакаат да дојдат-бидат со своите роднини па треба да им се опрости ако неможат-незнаат да се снајдат со нашиот балкански менталитет :lol: .Мораме да разбереме дека живеат,работат и функционираат во друг систем каде мн работи се по сурови отколку на балканот .Ако постои блискост ке се поправат грешките и маните ,ако се гледа да се нахрани егото и да се задоволат материјалните потребни ке дојде до разочарување од двете страни .
     
  16. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.890
    ^^
    Тоа се веќе екстреми, да очекуваш од некој да ти реши станбено прашање, веројатно тоа очекувале од вујкото.
    Јас зборам за нормални поклони, под нормални мислам да не е second hand, земено од некакви хуманитарни акции или парчиња облека скоро за без пари со никаков квалитет, ниту пак сакам да очекува некој од мене финансиски проблеми да му решавам како погоре случајот, затоа што и да сакам не можам. Немам јас роднини со толкави очекувања.
     
  17. Glasna

    Glasna Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2012
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    2.178
    дофрлувањето од страната на зетот не беше за вујково дека требал да им го реши станбеното прашање,него можел уште неколку илјада евренца да им дал.зетов нека дреме по дома,од седење хемороиди нека фаќа :D за друг требало гајлето да му го бере.Hејсе ,затоа и го напишав примерот ,ако поклониш 100€- зошто 100€!!!можело уште сто,ако поклониш парче облека зошто само со една (карикирам) кошула,маица и итн..значи секогаш муабетот е тој од таму и таму доаѓа ми поклонува безвезенешто :?:
    затоа и прашав по која логика мора да им се поклони нешто,а и на тоа нешто увек наоѓаат мани(не негирам дека некој што нема врска од вкус,или различни генерации(постари лица)имаат поразличен вкус дека не носат како промашен поклон???) ама сите??? чисто сумљам,него човековото око никогаш не наситно.
    Eве од погорните постови можеш да прочиташ на каков и кој начин им биле нивните очекувања од страната на родниниве.
     
  18. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Да се самоцитирам од лани. Ај да речеме сум ги донесела тие чевли со шпиц лани на некоја матуранка. Оти ако не од друго барем од чевли се разбирам, па да усреќам момичка и најубава да се осеќа. Реакцијата ќе била тотално спротивна, па макар Луботинки биле, и јас ли ќе сум била крива што во Македонија модата доцни, ете гледам сега стигнала таа мода како прифатлива. Јесте има и работа на личен вкус, ама кога не беа овие во мода, не да дадеш на некој, сама да облечеш и излезеш ќе те заплуваат моми и невести :D
    Ете затоа јас не носам облека. Поарно нека ми кружи муабетот дека сум скржава и не носам и не давам, отколку овој другиот, па види ја што ни донесела, нашла фрлено од пред 50 години |(
     
    На Doozy и Glasna им се допаѓа ова.
  19. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Многу смешни мислења се изначитав на темава :lol:
    Јас имам тетка во Финска,доаѓа секое лето и многу ретко ни носи поклони.Ниту се лутам јас,ниту моите.
    Првите години носеше жената квалитетни шминки,а многу поевтини од тука,носеше накит и такви работи,ама сега веќе не.
    Значи тие идат да не видат,да не посетат,да си ја видиме внукичката,не гледам причина за носење на поклони при секоја прилика кога се овде.
    Не знам какви роднини имате вие,ама онаа ситуацијата со зетот е ептен недолична.
    За облека носење па ич не сум,ни од моја страна,ни од нивна,како што вика имелда нема да ја погоди ниеден,па ќе добијат луѓето погрешна слика.
    А за јазикот што мешаат англиско,српски,македонски дијалект воопшто не ми пречи,тие се прилагодиле на тој јазик и не можат толку едноставно да се повратат на истиот дијалект.И јас така брзо се прилагодувам на туѓи јазици и често мешам,не е страшна работата.

    Од оние што ги познавам,ниеден не се однесува со потценување кон нашата држава,баш прават фин и содржан муабет.Ама не дека ние што сме останале овде сме цвеќе за мирисање :D
    Имам приметено дека стариве од тука прават филм дека оние од странство се полни кеш и мора да дадат нешто,а луѓето можеби крај со крај врзуваат :D
     
  20. Ivona-Beyonce

    Ivona-Beyonce Активен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    11
    Хаха леелее бе сите имаат некој роднини во странство само јас не :wasntme: Највеќе се радуваат кога донесат чоколада или па многу пари за нив ама јас дека немам такво искуство и нема многу да зборувам на оваа тема!!! :doh:
     
    На Abeja му/ѝ се допаѓа ова.