1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Роднините од странство

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Ariel, 12 октомври 2013.

  1. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.313
    Пол:
    Женски
    ^^ И јас баш на тоа помислив, немам бре никој во странство :rofl:
    Кога бевме помали, неколку пати доаѓаа едни пријатели на моите од Австралија, таму беа отидени како млад брачен пар и таму имаат две деца, па со децата доаѓаа. Сега кога ќе размислам, навистина им било тешко, дури биле исфрлени на улица од тие што мислеле дека ќе им помогнат, не знаеле јазик, едвај опстанале таму, со помош на некои луѓе кои пак ич не ги познавале. Сигурно на почетокот биле во тешка финансиска состојба, работеле по две работи за да стекнат нешто, ама мене како мала ми беше смешно кога жената ми донесе за поклон нешто како розева свилена ноќница а јас највеќе до 5-то одделение ако сум била, а на сестра ми и донесоа една мала ташничка со златни украси извесена а на моите украс со кенгури :D . Тогаш ми беше интересно, како којзнае што да ми донеле, кога пораснав си викав - ептен се потрошиле, а денес ми е сеедно и дури сфаќам во каква ситуација биле.
    Само изненадена сум од нивното игнорирање сега, како да се плашат дека ќе им бараш да ти помогнат да отидеш таму. Божем лебот ќе им го јадеш таму, ќе живееш како паразит на нивна сметка (ова само си го претпоставувам, бидејќи друг одговор во моментов немам).
    Не знам зошто се такви луѓето кога ќе отидат во "странство", дали од завист не сакаат да ти помогнат и ти да успееш (немој да не се збогатиш повеќе од нив), дали навистина сакаат да не успееш ни малку, дали едноставно не сакаат да се замараат со тебе. Бидејќи имав еден колега кој имаше роднини во многу "странства", сите викаа ќе му помогнат ама еве со години човекот изгуби волја, аплицираше, молеше и пак ништо, кога нема доволна иницијатива од оној што треба да ти помогне, џабе работава.
     
  2. Tomcia

    Tomcia Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2010
    Пораки:
    172
    Допаѓања:
    126
    А што подразбираш ти под водење во странство? Да те фати некој за рака, и да те одведе таму, така?
    Голема одговорност е тоа, да му речеш да некој дека ке му помогнеш. Под помош подразбирам, да те пречека на аеродром, да те прибере кај него дома, каде што ке имаш соба со кревет, услови исти како и нивните. Да те пречека како гостин. Да ти објасни како што, документи да ти извади... многу нешта треба додека да застанеш на нозе. Е тоа е помош

    А ако веќе ти имаш 3000 евра за сама на ризик да отидеш во странство, тоа е ок. затоа што станот овде е скап, превозот уште поскап, за јадењето збор да нема.... ако мислите дека е толку едноставно да се отиде во странство, бујрум, вратите ви се отворени
     
    На Glasna му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.313
    Пол:
    Женски
    ^^ А што се изреволтира ти па толку, ниту те споменав некаде, ниту те повикав да ми одговориш.
    Јас лично си напишав мој став за тие луѓе што ги знам. Секој со својата приказна. Јас искоментирав лично мој настан и нема потреба од осудување на тоа јас што сум го рекла. Затоа е и просторов, да си ги кажеме сопствените искуства. И тоа што си напишала дека е помош, и јас мислев на истото, а тоа со фаќањето за рака, беше резултат на провокација од моето мислење.
    Ама во се наоѓате причина за конфликти :x
     
  4. Tomcia

    Tomcia Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2010
    Пораки:
    172
    Допаѓања:
    126
    Епа за какво помагање мислеше ти? Што подразбираш под тоа да ти помогнат. И која завист, жити се? Мислиш некој има време тебе да те мисли?Не знам зошто се такви луѓето кога ќе отидат во "странство", дали од завист не сакаат да ти помогнат и ти да успееш (немој да не се збогатиш повеќе од нив), дали навистина сакаат да не успееш ни малку, дали едноставно не сакаат да се замараат со тебе.
    Најискрено, доволна помош е некој само да ти објасни најосновни нешта што ти се потребни за опстанок во државата во која одиш, како да патуваш, што работа да бараш, и евентуално да ти даде некој контакт. Денес се се наоѓа на интернет. Фала богу, штом сите знаеме да баратаме на интернет, знаеме и работа таму да си најдеме. Денес светот е на дланка.
     
    На Doozy, imelda и Glasna им се допаѓа ова.
  5. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.313
    Пол:
    Женски
    Тоа што сум го пишала, сум го мислела од искуство, а не реков дека сите мора да се такви. И кога го напишав тоа, после него напишав за кој случај се однесуваше, за колега кој помина низ тоа. Затоа не прави приказна врз основа на еден дел од мое мислење, кога не го поврзуваш со другиот дел кој е негов продолжеток. Бесцелно ми е да се убедувам за ова прашање, без потреба би влегувале во конфликти. Ти ми велиш дека нема такви, јас и некој друг ќе каже дека има такви, па како ти што пишуваш од твое искуство и јас пишувам од свое. Добро, јас можеби немам роднини по странство, сме имале само пријатели ама знам доста луѓе што имаат роднини во странство. Мислењата се поделени но и двете страни се во право.
     
  6. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.429
    Допаѓања:
    47.572
    Пол:
    Женски
    Од моите роднини во странство имам прва братучетка со мажот и децата што замина пред неколку години во Канада. Можам да кажам дека на почеток воопшто не им беше лесно,работеа што стигнат братучетка ми знам во хотел како собарка а за мажот не памтам.Но како поминаа годините се прилагодија на животот таму и можам да кажам дека им е многу поубаво од тука. Живеат во зграда буквално ко на филмовине со домар ,со базен во самата зграда како во хотел некој да се . Убавото е тоа што за децата имаат помош од самата држава ,пред се парична помош а и самата држава им плака учење на нивниот француски јазик. Сега се вработија на подобри работни места па животецот им е уште поубав. Исто нешто што ми фати на око на почеток кога го опремуваа станот кажуваа дека се што купувале од мебел купувале на старо но сочувано и таму тоа воопшто не е нешто испод част него напротив сосема нормална појава.Децата дека помали многу побрзо се прилагодија си најдоа другарчиња во школо и го совладаа францускиот јазик .Чак зборуваат француски многу подобро од македонски. На фб имаат слики од одмори,пред некоја година биле во некој ресорт во Мексико кој што е рамен на рајот на земјата. Буквално како на сликине што ги гледаме пред кои се лигавиме и фантазираме.Тука воопшто немаат дојдено освен пред некоја година заради некои фрки со визата.

    Во поглед на поклони никогаш нит ми паднало на памет нит па сум очекувала дека треба да ми пракаат нешто дали било пари или некој материјален поклон.Дури ме зачудува вашиот поглед кон целата ситуација и вашата навреденост зошто не ви пракале ништо или доагале со празни раце.Минатово лето тетка ми отиде кај нив на гости и сосема неочекувано од таму ми донесе една кошула од Х&М и една спортска маичка.И самата кажуваше дека таму е преефтино кога има попусти па и моите работи ги земала на попуст.Ниту се навредив ниту се смрштив.Голема работа ако биле на попуст,битно е што и двете ми беа точни и по мој вкус.

    Ме радува што лугето си успеаа таму и си живеат нормален живот за кој тука можат само да сонуваат. Сите се задоволни и среќни за нив зошто сепак не е мала работа да оставиш се и сите роднини тука и да заминеш усвет.
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.313
    Пол:
    Женски
    ^^ И моја пријателка отиде со мажот во Канада и мислам дека брзо се снајдоа штом одма почнаа со одмори во Мексико, па доаѓање во Македонија. Непријатно ми е да прашувам што работат и како отидоа, одамна немаме контактирано, ама по сликите на фб, приметив дека имаа роднини кои живеат во Канада. Ама колку и да имаш роднини, за таков краток период да си дозволиш одмор во Мексико и шетање до родната земја, е нaвистина успех. Сигурно роднините не им платиле одмори и карта за Мк, освен ако не се некои бизнисмени па да ги почастат (ама не ми изгледаа такви).
    И не е точно дека се ни е на дланка ако имаме интернет. Сложени се процедурите и условите за да отидеш во странство и скоро секогаш некој треба финансиски да гарантира за тебе и покрај тоа што и ти од тука треба да доставиш банкарска гаранција. Не е само, одбери ја земјата на карта со прст и купувај карта и летај за таму. Ако беше така, никој немаше да остане во земјава.
     
  8. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Како од шала, големата работа да гарантираш финансиски некој |( , срам да им е на роднините оти не сакаат така да помогнат, и ако не можат за сите што сакаат па и за кој попрво, сламка да влечат. Јас не се нафаќам апсолутно никој да гарантирам освен брат или сестра(ама не им треба на нив, се снашле и они самите и отишле по други странства). Секој друг ми бил роднина, нека биде, некој со родени браќа и сестри очи си вадат јас во некој кој едвај го знам што се вика цела доверба ќе му ја дадам, оти па рода е. Поарно така отколку јас да си ја пукам утре главата за мојата лична егзистенција кога ми отишле десетици илјадарки на гаранцијата за роднината.
    За прибирање дома на подолго па ич, јас во заедница не сакам да живеам. Вие како сакате.

    И поради тоа што ни поклони носам ни тука доведувам, ај најдете сега некој повиран :!:
     
    На Doozy и Glasna им се допаѓа ова.
  9. Glasna

    Glasna Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2012
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    2.178
    е имелда ме претрка :) ...игнорирањето од познаници и роднини за кое Aбеја пишуваше погоре е баш поради оваа причина која што ја наведе имелда...решил да смени живот,да гради кариера,ама нема пари ни за карта да купи..еј богати..и те обврзува без ималку срам и осет ти вика решив да дојдам таму ,ама ти да ми платиш све..па ја ко ќе успеам со работа,одма ќе ти вратам :?: ...така било тоа ,така лесно се правеле пари во денешно време,него баш го чекале да им покаже што е способен човек.па уште згора на све ти дава плус обврска да се грижиш за него,додека тој чарето не си го најде..ако си го најде :?: ...друго е некој да ти дојде на гости,на поседок,а друго е да ти се тупне туѓ по дома и да го издржаваш.
     
  10. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.313
    Пол:
    Женски
    ^^ Јас не пишував за некој да ти купи карта или да те прими кај него во стан, да те издржува, туку зборував за онаа сума што некој треба да ја гарантира за тебе, дека нема да останеш нелегално по истекот на визата одн.дека тој гарантира дека ти нема да бидеш на товар на државата, дека можеш да си ја плаќаш киријата, ќе најдеш работа и сл. А тука е и проблемот со наоѓање работа, треба да најдеш работодавач од таму кој ќе ти испрати некаква гаранција, понуда за работа, склучен договор и сл. Значи зборував за помош во таа смисла а не некој да отиде на гости па да се заборави.
    А мислам дека таа сума што ќе ја даде некој за тебе, му ја враќа државата, освен ако тој за кого ја дал не ја злоупотреби и остане нелегално.
     
  11. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.890
    Сите сме биле изгубени на почеток и ретко кој успеал да се снајде без ничија помош. Само очигледно се заборава кога тебе ти помогнале и кога ти си бил изгубен, па сега ќе збориме како ние многу поподготвени сме отишле а овие сега бараат се на готово. Никој нема да ти се тупне дома сосила, но многу и основни информации не сакаат да ти дадат. Кажи му на човек што се треба, дали е изводливо или не и колку ти можеш да помогнеш (ако сакаш). За близок човек месец два или три можам еден кревет да отстапам, ако немам простор една соба за малку пари може да се изнајми. Ако се сака. Има и такви кои магично очекуваат да ги телепортираш во странство без труд и мака, но ако е близок треба да се разберете без проблем. 
     
    На Daydream и Abeja им се допаѓа ова.
  12. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.429
    Допаѓања:
    47.572
    Пол:
    Женски
    Моите коа заминаа за Канада немаа никој познат ниту роднини таму,но од тука мислам дека преку амбасада имаа решено работно прашање како за почеток.Колку што знам така на лепи очи имаат забрана да примаат странци таму ,мораат пред да отидат да си го решат тоа зошто во спротивно би биле на товар на државата а истата не го сака тоа. Продадоа стан тука собраа пари,учеа француски извесен период колку да можат да се снајдат и со Господ наред заминаа. Доброто е што во Квебек населбите се поделени нешто како Кинески кварт,Италијански кварт е па така има и кварт со доселеници од Мк,Србија и останати балкански земји.Тоа е олеснителна околност да не си сосема сам во друга држава каде никој не знаеш па ни јазикот не го владееш сосем солидно иако и тоа од амбасада проверуваат. Тетка ми коа замина на 3 месеци летоска кај нив на гости тоа беа процедури и процедури за да се осигураат дека нема да им остане подолго време илегално пошто они се плашат од такви работи. Али фала богу за мајка ретко кој би направил проблеми да не остаи таму гаранција ама сите други и ја богами искрено би се замислила .Денес од десно на лево око не се верува а не па на роднини.Може за мајка ,татко брат / сестра ама за останатите не е така еднсотавно.
     
    На imelda и Glasna им се допаѓа ова.
  13. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Е да де. И јас прво си кажав за давањето гаранција, треснувањето кај мене на подолго/неодредено во една реченица го дополнив. Таа гаранција, шала мислите е? Братучед, дај ми гаранција, јас нема да ги злоупотребам условите за мојот престој за ти да не ја изгубиш гаранцијата која си ја дал капар на државата. Кој има толкава доверба нека повели, јас напоменав дека не верувам на повеќе од двајца од рода кога станува збор за пари или корист. Вие бидете искрени со сами себе и прашајте се, доколку би биле на другата страна, на колку вие би имале целосна доверба/пари за фрлање(пречкртајте го непотребното).
    Ама таква сум јас, ви викам повиран нема да најдете :lol:

    Нека рече НА парите на сметка за гаранцијата која ти ја бараат, па ти врати ми ги кога државата ги врати кај тебе, нема проблем. Ајде кој сака да го гарантирам. Вујна ќе пишам :hai:
     
    На Doozy, bittersweet и Glasna им се допаѓа ова.
  14. Little-Mk

    Little-Mk Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    327
    Скоро цела фамилија ми е по Европа .. некој Данска некој Италија па се до Србија, а ние Германија.Поклони купуваме само за најблиските што останале Македонија, затоа што не секогаш се гледаме со тие што се во други држави.Не купуваме стриктно облека или нешто што сме го купиле за себе па ајде поклон него нешто што знаеме дека ќе им се допадне и ќе ги направи среќни, па иако е и шнола.За подалечни роднини купуваме нешто не за да ги збогати туку од чест.

    Зборуваме како ни е тука само кога ќе не прашаат и не колку е само супер и некои фантазии, туку вистината.Има доста луѓе што провоцираат, но секогаш само сум се насмевнувала и не пробувам да му докажам дека не е така, затоа што не сакаат да разберат.
    Додека живеевме на едни острови, зборувавме почесто за тоа како е, затоа што немаше едно заедничко нешто со Македонија, па ни времето.

    На крај сакам да кажам дека иако не живеам во Македонија од кога имав 10 години не се сменив многу.Не се правам нешто што не сум и не глумам нешто подобро од тие што се во Македонија .. нели не треба да заборавиме од каде сме и што сме.Имам сеуште пријатели во Македонија со кои пишувам секој ден.Многу ми недостига Охрид и луѓето што си ги имам таму.
    Проблеми имам само малку со македонскиот правопис, затоа извенете и поправете ме кога ќе згрешам. :)
     
  15. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.247
    Допаѓања:
    124.624
    Никој не рече дека со душа чекаме да си дојдат за да ни донесат некзнам какви поколни и пари.Јас искрено обожавам да добивам подароци и да подарувам и тоа несебично го правам.Неможам да замислам да не и купам нешто на внуками,и да имам свои деца таа сепак секогаш ќе има посебен дел во моето срце и сигурно колку и да немам ќе одделам за неа колку можам.На пример мене ме лути тоа што кога си идат имаат пари и поклони за 3 колено а за нас не,ама тета знеш таму не е така лесно,многу е скапо ...дрн дрн...никој не рече дека му е лесно,па потоа лелел тета па ти незнаеш колку ефтини работи има таму |( Како ние со една просечна плата ги пречекуваме ништо да не фали и од храна,пијалак,ноќевање,имам да пишувам многу ама не е битно.Луѓето се велезни во некој филм,мислат дека ништо не знаеме.Човекот се сака заради тоа што го има во срцето,не во куферот,некои едноставно не заслужиле.
     
  16. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.469
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со болдираното. Мислат дека Македонија уште е во времето на Александар. Не сите, ама повеќето. И се согласувам со тоа дека сите прв муабет што ти го прават е тешко е, па и таму веќе не е како што беше. Одбегнуваат муабети за идење натака, не дека ти ќе отидеш да седиш 5 месеци, туку онака на посета неколку дена (реално во Европа со авион секаде си за 4 саати) така што можеш да отидеш на некој ден и да се вратиш. Како што тие доаѓаат тука кај нас по 3 недели, така можеш и ти да отидеш таму на три дена (пример). Ама бегаат од тоа како ѓавол од крст. Случајно да не им речеш дека сакаш таму да седиш. Не сфаќам зошто е тоа така. Не знам. А факт е дека го прават тоа. Сум го слушнала јас лично. Дали е до самиот менталитет што од таму го попримаат, дали е до стравот пари да не потроши за тебе, дали стануваат ладни со тек на време... не знам. Ама сепак тоа си е нивно право, и тоа е тоа. Не можеш со сила на некој да му отидеш на гости. Тоа е слободна волја. Ако сака, ако не тоа е тоа.

    И те сфаќам целосно. Таа ти е тетка и сакаш да ти посвети малку внимание на било каков начин (не мора материјално) зашто ти е блиска, ти си и внука и не можеш да сфатиш како таа како тетка не гаи спрема тебе некои силни чувства како и повеќето тетки на твои блиски. Те сфаќам од кој аспект си изреволтирана. Тетка ми живее во Македонија па не дојде за мојот роденден да изеде едно парче торта, а не па да збориме за поклон. Небитно што таа живее тука. Истото е. Една порака по телефон не ми прати. И сега јас кога ќе го кажам ова, одма некој ќе ми рече, ааа ете ти гледаш од материјален аспект и поклони сакаш. Не е за поклоните, за односот е, однос тетка-внука. На некои тетките им се како втори мајки. Јас знам дека здравје јас кога ќе имам внуци од сестра ми ќе ги гледам како мои, а не па роденден да не им честитам. Затоа и те сфаќам. Најмалку е за материјалното.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. tiph24

    tiph24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2014
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    177
    Јас имам роднини во Италија,во Србија ги имам повеќе,во Германија,Канада,Њу Јорк..а може имам уште што не ги знам хаха
    Со тие во Италија ретко се слушаме на Скајп.
    Тие од Србија,со некои на Скајп,другите се стари и доаѓаат некогаш кај бабите и дедовците :D
    Тие од Германија често не’ посетуваат.
    Тие од Канада доаѓаа секое лето,предходното лето ги немаше,валјда ова ќе ги видам.
    Тие од Њу Јорк сакам да ги посетам секако хахаха,со нив се имаме неколку пати слушнато на Скајп и тоа е се..
     
  18. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.164
    Допаѓања:
    23.019
    Пол:
    Женски
    Јас ако земам да кажвам имам многу за кажвање на ова тема :D
    Имам блиски роднини од страната по мајка ми и татко во странство, знам и ептен интересни случки кои и ден денес со мојте се смејме :D
    Дојдоја на баба ми некоја брачеда преселени во Австралија, прво шо ми кажаја дека било многу скапо таму, и после мажот ме праша дали знам кае Австралија и шо е :D Не бе јас од Тунгузија сум можи не знам шо е можи салата е или можи на леб се мачка :D ЗАГРЕВ!
    Друга случка на стрина ми тетка исто од Австралија, отворила милка чоколадо и на сите поделила по една коцка, не поќе и го затворила оти глата болело од Милката не смеела многу да се јади :rofl:
    Мајка ми има брат во Америка, годинава првпат си дојдоја во моите 20 години, јас значи првпат ги гледам и можам да кажам дека мислењето многу ми се смена, вујко ми сите овие години за сите можни празници се јавуваше кај нас да честита, зборвање на скајп, пуштање пари и поклони не такви работи, не ми се битни тие работи, сакав само да ги запознам да одржваме еден контакт оти сепак сме блиски..
    Ко го прашав вујко ми оти нема дојдено толку време ми рече дека немал пари да дојди, хеллоуууу, брачеда ми е мажена во друга држава,двата со зет ми се вработени, според нашки кажано топ не ги бие, секој викенд се на различно место од Америка, брачед ми си има супер работно место, за овие 20 години куќа огромна и тој немал пари да дојди.....
    Додуша по 50 долари ни даде на сите, ни толку не требаше...
    Брачед ми изнабендиса тука, парите шо ги трошел тука биле ништо во спордедба ко ќе излезел таму, се молеше да го заборат и да заминат без него :D Сегде кај шо одевме тој плаќаше се шо ќе бендисав сакаше да ми го купва, срам ме фати дури, на мајка ми му реков дека не излегвам поќе, ептен ми е срам :D Си го засакав, за тие 2 недели ептен она, сепак ми е прв брачед, не ми се битни ни доларите нити алиштата, работите шо ќе ти ги пуштат, битно е да ми пишат на фејсбук да се јават да прашат како сме дали сме добри, и шо прајме како прајме, едноставно да има контакт меѓу нас.
    Роднините по татко ми по кој и да си дојди пуштат некој долар, не е битно то битно се јавуват на телефони и прашват дали сме добри и сличнооо..
    Многу од луѓето шо ќе заминат се сменват, а не знам од шо е причината и никогаш нема ни да сфатам..
     
  19. 4rever.unique

    4rever.unique Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2014
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    224
    Моите најблисκи ρоднини се во Австρалија и бρатот на мајκа ми со жената и детето-мојот единствен пρв бρатучед. И мајκа ми е ρодена таму, таму и изρаснала и сите убави спомени и се од таму. Затоа κопнежот κон својата пρва земја е голем, па планиρаме и ние да им се пρидρужуме на австρалијанците, сепаκ и ние на неκој начин сме австρалијанци, дρжавјани сме :D :)
     
  20. CutieWithABeauty

    CutieWithABeauty Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2014
    Пораки:
    1.075
    Допаѓања:
    1.248
    Пол:
    Женски
    Јас имам пр и брачеди кои живеат во Швајцарија и секоја година не посетуваат :)
    Исто така имам вујко во Канада..не се гледаме многу често ама лани не посетија и ова година пак :)