1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Роднините од странство

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Ariel, 12 октомври 2013.

  1. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.992
    Пол:
    Женски
    Имам и јас роднини од странство, и тоа блиски роднини, кои се понашаат како да заборавиле од каде доаѓаат, кога зборуваат дури мешаат, демек многу им се заборавил македонскиот, и мислат дека само таму има Милка чоколади и Рафаело бомбици, па ми се просераваат тука. Врвот беше кога од еден прв братучед на татко ми, кој за мене е најголема сељачана што досега Универзумот ја створил, испратил по пошта цела торба алишта како да немаме, кога се врати тоа лето, мајка ми поштено му ја врачи назад и му рече дека има кој да не облече. :D Мизерии се, најискрено, некои вакви пичиња кои отишле по Италија, по Немачка, па од таму само постови на Фејзбук како е проклета туѓината и колку патат по татковината, а кога ќе дојдат тука уште што не почнуваат да с**ат по улиците мислејќи дека нивните фекалии се со циркони. :D Немам што повеќе да додадам на темава, моите роднини од странство се жив пример како некои луѓе кај и да отидат, во нив останува тоа гнилото, трулото, демек јас ако живеам во Македонија немам перспектива, немам идеа што се дешава по светот, само они имаат интернет и телевизор, само они се информирани. Божеее. |(
     
    На Shalitra, Justicija, GirlRose и 8 други им се допаѓа ова.
  2. missfortuna

    missfortuna Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2014
    Пораки:
    404
    Допаѓања:
    171
    И моите роднини од странство се такви, па и тоа пакетите со некои џупски блузи никакви како ние да немаме што да облечеме овде.
    Неписмени заминале со 4 одд во странство, па сеа ќе ми се прават некои големци, а заборавиле во кое гнило село живееле.
    Последно ги игнорирав буквално кога си дојдоја овде, пфф јас ќе сум ги шетала низ Македонија и на кафиња со нив ќе сум одела оти му било досадно, па тие да плукаат се живо и диво.
    Еднаш кока кола ми побараја да му купам кога беа дојдени на гости, оти само таков сок пиеле, не онај за растворање :rofl:
     
    На gingerchild му/ѝ се допаѓа ова.
  3. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.852
    Пол:
    Женски
    Моиве останале во '90тите, им застанал саатот дента кога фатиле воз во светот :^) :rofl:

    Значи, првите пет дена има фалење до Господа, покажуваат Сваровски ланци и тракатанци (шо е то? :o ) спомнуваат таму нешто Сен Тропе, леле па жалење колку им било мака што сме ние вака измачени(ма да :emo: ), па малце гледање накриво ко ќе им спремам канелони или лани на вујна ми Цезар салата, пошто нели овде такви јадења нема, се пиперки и патлиџани :^) . Е тука им станува малце грдно и почнуваат да стегаат заби и се нервираат зошто мори онаа клала наочари олкави, а до вчера се жалеше оти е отепана од работа, па сите сакаа синот да и го женат(арно се ожени, нема да го тупиме истиот муабет годинава), па зошто излегувале по кафичи...и за крај доаѓаме до фазата дај му пари да си одат, аман веќе! :rofl: Чунки таму сиромаштија, тешка работа, скап живот, ние овде слободни, сам себе газда, со луксузи и излегувања, а тие едно кафе немаат ни да се напијат...и то. Се вртиме во круг веќе 20 и кусур години :rofl:

    Патем, јас ниту сум чекала ни па им се пулам в раце дали ми носат нешто, и последниве години почнаа да ме прашуваат што сакаш вујне да ми ти донесам од Суис? Оди ма, шо сакаш јас да ти дадам, си имам многу јас од се |(

    Ej, а најјако ми беше, вади едно влажно марамче, се бриши тоа раце, вратови, се лигави тука, и брат ми бааап, пред нос цело пакување и си ги бриши патиките ]:) Е па неможам фацата да и ја забоаравам, аууу мориии, и тука имало миризливи...е не бе вујно ние овде со лист од тутун се бришиме |(
     
    На Shalitra, eloves, SV1911 и 10 други им се допаѓа ова.
  4. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.971
    Кате ме изнасмеа со ова за марамициве. :rofl:

    А, бе, има прости, не викам не, мене пример ми се многу смешни кога на идење тука си купуваат златен ланец, од тие дебелите и со некоја цвикерашка наочара си одат назад. Да се знае кај кого лежи парата. :D

    Ама и нашиве не се нешто поарни, да ви кажам право. Очекуваат дека ако некој е дојден од страна, треба да им донесе којзнае што, па се вреѓаат ако им донесеш нешто помало од замислата. :^) Еве искрено, каде и да одам носам по нешто за сите, и сфаќам дека навистина ми се проблем подароците, не финансиски гледано, него немаш кај да ги ставиш, не можеш на сите да им погодиш... Досега имам трипати одено некаде надвор на подолг период и трипати на сите им носам по нешто, на ова додај екскурзии и летни одмори, значи досега некое дете требаше од мене да има гардероба за до крај на средно. :D Лани цела торба само со поклони ја наполнив, а напанак дека трипати одев специјално до други места за тоа да докупам. :D

    И најискрено, некои многу се израдуваа за поклоните, ама некои видов дека очекуваа нешто повеќе и воопшто не ми беше пријатно кога ми направија фацки. :x Какво-такво, не можев да им купам на сите Диор парфеми или лосиони, сум се потрудила да го смислам, да ти го одберам и да го платам, и да го сместам некаде во сиот тој хаос, уште поважниот дел и поболниот, јас си знам како се влечев :D . Затоа годинава планирам екстремно многу да намалам со поклони, а и секако сите поблиски ќе ми бидат некаде отидени летово, така да...

    Факт е дека луѓето идат тука на одмор и не е фер да се чека од нив да капне нешто. Кога беа моиве братучеди тука на гости, абе цело лето само со мене беа, а имаме минимум уште 10 други братучеди. Никој не ги викна на ручек, да ги прошета некаде навечер, ништо, ништо! А кога и да инсистираа тие да се собереме, се одеше некаде евтино и онака баш кај што може човек да јаде и да пие без пари. Прво си нарачуваа по едно сокче за нив и по една пирошка овие другиве, за на првиот знак дека братучедиве од странство ќе платат, почнуваа да порачуваат пици, ќебапчиња, помфрит, поховани даски.... Мислам, стварно срамота. :x

    Има сељаци кои мислат дека ние тука јадеме само варен грав, не знам дали тука прочитав или ми кажуваа, некои си немале дојдено од Австралија 30 и кусур години, кога дошле си носеле тоалетна хартија. :D Ама дека и нашиве не знаат за доста и за тоа дека никој не е должен да ти донесе нешто ако не живее тука, не знаат.
     
    На eliesaab, Glasna, Marossa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. missfortuna

    missfortuna Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2014
    Пораки:
    404
    Допаѓања:
    171
    Ама тоа е и поентата никој не очекува од нив да ти дадат или купат нешто.
    Тие се некои роднини кои не си ги видел некои 15 години, до 5 пати се имаш слушнато, а последниот муабет ќе му биде ви пуштив пакет по брод, одете земете го. Ти си плаќаш таму и си отвараш гледаш писменца хаха ни цел пакет не е за тебе туку ги вклучува сите роднини и ти пишува вака го уредувавме станот имаме многу облека насобрано, чиста е, ич не е носена, нешто и прикупивме, гледаш некои хххл големини и на секоја облека некоја си налепница оваа блуза е за вујна трпана, овие фармерки се за стрико коста, а тоа некои ефтини маички накило што ги имаат земено, едноставни, обични, за вакви мизерни работи зборувам. А кога ќе дојдат овде ќе ти се тупосаат еден месец кај тебе дома, ќе се гоздат кај тебе, ќе пребаруваат, ќе се фалат и ќе те омаловажуваат.
    Мизерија невидена.
    А прашањево леле никогаш нема да го заборавам, носеше едни пукалца некоја марка и беа, ама искршени и ми вика оти не носиш наочари, сакаш овие да ти ги дадам, јас ќе си купам нови :rofl:
     
  6. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
  7. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.750
    Допаѓања:
    60.976
    Феминки се што сте напишале на темава е чиста вистина - сите роднини од странство се однесуваат исто!!! Испраќаат безвредни пакети со глупави парталчиња гардероба која што никој не би ја облекол, испраќаат дискмени кои што ние ги користевме пред 15 години, испраќаат снимки од нивните нови куќи (бараќи) во кои што ни кажуваат - ова е кујна, ова е спална соба... Живеат во времето кога отишле од Македонија и мислат дека ние немаме врска со животот! Мислат дека времето за нас застанало пред 20 - 30 години!!!
    А вистината е дека Македонија сепак се наога во Европа, и иако понекогаш немаме средства да си го дозволиме сето она што е најнов технолошки или моден врв во светот ние добро знаеме што е ИН!!!
     
  8. Anne15

    Anne15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2012
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    244
    Пол:
    Машки
    Хмм јас не би се согласила,не знам за вас,но кај мене не е вака воопшто.
    Имам роднини во Америка,Австралија,Австрија,сите се фини и премногу ги сакам.
    Не сум отишла да ги посетам,но тоа е мој личен избор.Ме повикувале многу пати,но како што реков не сум отишла,бидејки јас така сум одлучила.
    Имав можност да отидам во Австралија оваа година,но немав слободно време.Роднините од таму ми се особено блиски.Кога праќаат,навистина праќаат нешто вредно и ново.Сите мои роднини од странство ми се поблиски и доаѓаат да не посетуваат речиси секоја година. :)
     
    На Li0ness му/ѝ се допаѓа ова.
  9. sugarlips

    sugarlips Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2014
    Пораки:
    672
    Допаѓања:
    761
    Пол:
    Женски
    Некои од нив никогаш ги немам видено :D
     
  10. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.033
    Допаѓања:
    26.564
    Роднините од странство кога ќе дојдат ќе ми донесат 50денара тетратка пенкалце смоки и еурокрем чоколадце :rofl: :rofl: .Боже сачувај добро и онака не е важно што ќе донесат.Ама најтрагично е кога ќе почнат бевме на одмор на Малдивите,колата му ја дадов на син ми он да ја возе јас си купив нова блаблабла.Си велам во себе епа што си дошол тука чим си толку шетал ни светот баш кај нас у Македонија да дојдеш па и да ми донесеш 50 денари смоки пенкалце тетратка и еурокрем со изговор немал денари само евра.Значи толку многу лажат што сами се фатат во нивната лага.Имале два автомобила а потоа ќе го спомне и третиот автомобил кој го дал на комшијата. :rofl: :rofl: .Ужаси си мислат ние овде сме нецивилизирани од камено доба сме а во суштина тие се бетер од нас. :drunk:
     
  11. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Некои од коментариве ме изненадија да ви кажам ... and not in a good way. Пред да се помисли било што јас сум највеќе против чекање на поклони и замарање на роднините од странство со нарачки, освен ако самите не се понудиле за тоа и гледање у раце наместо да се израдуваме на видувањето по толку време.

    Aма сум против тоа да одиш на поседок или целодневна посета кај роднините, без да застанеш да земеш едно кафе и бонбоњера или обични чајни колачиња од гранапчето каршија. Еве нема потреба ништо од странција и така патни трошоци ова она, се подразбира. Истите тие пари па и повеќе ќе ги дадеш во еден кафич. Па ние меѓу нас ќе си се испочитуваме така кога одиме на едно кафе, а не па целодневен (повеќедневен) престој ако е во прашање. Нечие гостопримство не е мала работа. Инаку зошто би бил толку профитабилен хотелиерскиот или бизнисот со кафичи/ресторани? Една почит и внимание кон тој што си одвоил од својот комфор, вложил време и труд за да те пречека е задолжително. Или пак да се оди во кафана и истите пари да се дадат бакшиш на угостителскиот работник.
     
  12. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.400
    Допаѓања:
    35.974
    ^Сосем се сложувам со тоа дека треба на некој начин да се возврати на честа што ти ја укажуваат домакините,и дека соодветен поклон нема да те осиромаши,а ке израдува некого,па колку и човекот да не е захтевен..
    Е сега и јас сум веќе некое време нечија роднина од странство, а по природа сум човек што сака да подарува.Оваа нова година во куферот носев 8 парфеми,само за најблиските од двете страни,плус други поклончиња и искрено на аеродром во мк паника ме фати на царина :D ..Сакав да им го погодам поклонот,и парфемот е лесен избор иако размислував и се присеќавав што кој од нив има користено и што би му се допаднало ..За еден летен престој во Америка,едниот од куферите ми беше цел со облека за поклон за роднини и другарки..И пак не беше за да им се вовлекувам,туку ми поклонувале и сакам да им поклонувам.Среќна сум ако им се допадне.
    Е сега приметувам дека купувањето,во цела стрка и збрка пред одење на одмор па враќање назад па после пак одење за мк,некако напорно ми изгледа,оти не е само да купиш туку и да погодиш,и дури си помислив-ух едноставно ваучери да можеше да им дадам од некаде на сите па сами да си одберат,или да ги прашам што сакаат ама овие моиве се толку скромни што или нема да кажат или ќе речат -ништо.
    Изгледа на мм ќе му делегирам пола од работата,нека се поти и он при изборот.. :D
    Инаку јас како дете и тинејџер се радував и на ситници и на облека од роднините од странција,обично беа ствари што ги немаше во мк,и скоро секогаш погодени по величина и боја,и никад не замерав,оти ми текна дека покрај мене,носат и барем за 10-15 други луге и нема баш многу место за мрчење.Е сега ако некој ви даде ептен бизарен и глуп поклон од кој се гледа дека милисекунда внимание не е посветено,сетете се дека чип особи имало и ќе има и подобро да се изнасмееш на цела ситуација,отколку да трошиш нерви.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  13. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Те разбирам и се согласувам. Тешко е тоа, малку си во гужвата дури еднаш си стигнеш дома, па и на тоа да му мислиш. Па рачен багаж, па ваков, па таков... свесна сум, огромно малтретирање е.

    Подарокот го гледам повеќе како внимание. Не мора во таа класична смисла, затоа што ако за жената купиш ружа од цвеќарата карши, за мажот треба пијалак пример или како и да е, парфеми, колонски, па на децата чоколади.... ехее, крај ќе нема. Шо викаш ти, осум парфеми само за најблиските само. Па еден да го избереш е малтретирање enough. И комшиите ќе дојдат да побараат нешто. Така е најлесно да не му чиниме некому. :D

    Најбезбедно е кафенце едно. Таман скоро сите од куќата ќе го пијат. Една кутија колачиња и тоа е се` народе за едно домаќинство. Не треба да ве чекаат родниниве за поклоните, туку ете тоа е опиплив начин да се каже едно „фала“ за гостопримството. Или пак некој украс, сувенир, ситница за која можеш со право да речеш дека е поклон за сите затоа што кога ќе ја стават во креденец, сите ќе ја гледаат и на сите ќе им е поклон од роднина.

    Имам само една фамилија роднини во странција. Jaс секогаш сум им викала на да не праат големи трошоци и да не се замараат со подароци. Ич не сакам да му биде обврска на некој преку океан да мисли шо поклон ќе ми купи. Абе, фина сум де, фали ме усто работава... :rofl: Кој од странскиве наши сака да му бидам роднина, слободно. :rofl: :D
     
    На do-re-mi, Silver.E и Dentina им се допаѓа ова.
  14. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Δ
    Од рода немам кума јас :(
    Ако заборавам кафе, нема да заборавам вино кумо. И на прошка ќе ти доаѓам (ако ме потсетиш кога е :D ) и рака ќе ти целивам, откако испиеме виното најверојатно :D . Ај да се ородиме. :hai:
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  15. saya27

    saya27 Нов член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2014
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    1
    јас живеам странство и ке ви кажам како е кога ке одиш дома сите чекаат нешто а и јас се осекам глупаво ако не им однесам некој поклон не дека морам не ми е должност ама зошто да не ;) а културата се менува затоа што е друг систем,други луге,поинаква е културата и се навикнуаш гледаш некои работи што не си ги видел ,учиш нови работи. но сепак има некои многу претеруваат се понашаат како никогаш да не живееле кај нас.или го забораваат јазикот зборат пола македонски пола странски е тоа ме нервира :@ и децата ги учат прво странски да зборат па после ако научат македонски.глупаво не?
     
  16. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Ако во план им е таму да ги израснат децата, не е глупаво ни малку, кога за тој образовен систем каде што се ги спремаат тие деца. Се додека ги учат и македонски со време, или паралелно двата јазика, додека се мали полесно учат два јазика, сепак нема ништо лошо во тоа да обрнат внимание на јазикот на кој тие деца ќе се социјализираат со други деца во тоа општество како прво, и да се спремни да го знаат на ниво како и сите други деца при тргнување на училиште. Глупо е да му ја одземеш еднаквата шанса на детето поради фактот дека баба му нема добро да го разбере на скајп.
     
    На candy.cane, bittersweet, XstrongerX и 3 други им се допаѓа ова.
  17. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.087
    Пол:
    Женски
    Па сега се и мои роднини.

    Ми пречи однесувањето на луѓето околу нив. Понижувачки и деградирачки ми е кога луѓето ги перцепираат странците како банкнота. Без разлика на буџетот со кој располагаат, тоа е нивна заработка и нивна работа како ќе ја потрошат. Не гледам причина ни потреба да трошат на овдешните без повод во текот на целиот престој. Губат сенс за гордост и ја надминуваат на границата на достоинственоста. Никогаш не ги преопроварувам со нарачки, а кога имам молба да ми набават ситница која не е достапна овде, инсистирам да ја платам. Можеби сум горделива, но барем не сум користољубива. Не се прам на удрено кога ќе стигне сметката во ресторан или кафуле, поштено си го плаќам својот дел и не очекувам од нив тоа да го направат за мене. Тоа што едно седнување на такво место ме чини една дневница, а за нив е ситна пара е мој проблем, не нивни.

    Другата страна на приказната е што овдешните се ставаат на преживување месецот откако странците ќе си заминат. Сите резерви од црни фондови се потрошени залудно во обид на имитација на живот на висока нога. Ако во рандом ден за појадок имаме ајвар, за време на нивната посета задолжително се сервира мувлосано полномасно сирење, морски шта веч и секој ден скара е на менито. Се согласувам дека треба да се пристојно пречекани, ама кога посетата трае подолго од месец дена, па и две недели, просто неизводливо е да глумиме кичерај по секоја цена.


    Трето - локал патриот синдромот и проколнувањето на земјата во која мигрирале. Постојано кукање како ние овде живееме мирен социјален живот, лишени од секојдневни грижи |( . Да, нормално мислат така кога тука презентираме живот на висока нога, ама не ја гледаат реалната слика. Не знам зошто се толку несреќни на имот колку просечно село во Македонијава, сите во семејството вработени и осигурани во држава со функционална власт, образование, здравство. Можат да си приуштат луксуз овде и таму. Еве ги доаѓаат секоја година, а за нас Америка уште е земја од соништата и ќе остане.

    Оваа година, кога тема на разговор ќе биде несреќата на иселениците ќе се повикам на актуелното -

    Среќа е - четиричлено семејство со месечни примања од 10 000 денари од скромната пензија на свекорот.
     
  18. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.721
    Допаѓања:
    4.220
    Пол:
    Женски
    Си доаѓаат тука на две недели, едната ја користат на одмор да отидат некаде, а другата се овде и воопшто не очекувам да ме развозуваат по кафиња, да ме носат на вечери или слично. Сепак, доволно е една чоколадо :wasntme: и доволно е да одвојат два саати да поминат на кафе, чисто колку да се видиме.
    Како мала се радував на блузички, на светкави гелови, секогаш едвај сум чекала да видам што ќе ми донесат, ама сега веќе сфаќам дека не иде тоа така.
     
  19. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.072
    Допаѓања:
    17.213
    Пол:
    Женски
    Немам ептен блиски роднини во странство, а и тие што ми се исто како да не ми се, Никогаш ги немам видено ни слушнато, така да се исто мие, исто како да ги немам.
     
  20. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Имам вујко на мајка ми прв братучед во Америка, на мајка ми прва братучедка во Швајцарија и баба на баба ми сестра во Германија. Ретко доаѓааш еднаш годишно или ич ама не очекувам ништо. И да дојдат кај нас на гости доволно е едно кафе и најобични слатки и толку мислам од чиста култура. Не очекувам да ми дадат 50 евра за чоколада или облека да ми носат оти сигурно е дека нема да ми погодат големина или нема да ми се допадне тоа. Мислам зошто да се фрлаат пари за глуости. Доволно е ни дошле на гости ни направиле чест и тоа е тоа нема потреба од подароци скапи или било што.