Имам роднини во странство, но не се гледаме со години, не доаѓаат често во Мк, така што немам некои посебни импресии да споделам во врска со нив.
Многу роднини имаме во странство, и со сите комуницираме редовно. Ми кажуваат за животот таму, на камера се гледаме. Ми недостигаат...
Имам роднини во странство подобро да ги немам !! Глупоќа се тешка ! Ке ви кажам една вистинска случка мајке ми : - Му дале туристичка виза на еден познаник за Острелија , да ги посети неговите роднини таму ... И отишол таму , го викнале во кујната , и му рекле да стане и го повикале кај фрижидерот и го отвориле и му рекле стави ги внатре рацете ..и овој ги ставил ,па пак , стави извади раце му велеле и му рекле што осеќаш ? Ладно ли ? И овој рекол ДА Му рекле е ова е фрижидер Мислам од што се глупи затоа им е полесен животот
Имам роднини во странство овие години си доаѓаат за време на летото но за некоја година нема ни да се доаѓаат.
Добро ова на зафрканција или вистина? Зарем луѓето забораваат од каде потекнуваат, како се живееле во Македонија и дека и овде имале фрижидер . Не вреди ни да одиш на гости кај такви што те потценуваат. Би ги напикала во фрижидер од нервоза и уште утредента би си заминала. Колку глуп и прост народ има, да не ти се верува. Некои вистина си мислат дека ако отишле во странство да живеат достигнале сé во животот.
Блиска роднина, пред 5 години преселена во странство, супер одржуваме контакт и доаѓа секоја година. Други блиски, пред 20 години преселени, веќе 4-5 години доаѓаат само за свадби и не потценуваат во начинот на живот (како така пушиме цигари а возиме кола од 2000та). Со нив не комуницираме освен кога ќе дојдат тука. Мислам дека е до луѓето.
Јас имам доста роднини во странство, искрено не сме блиски. Скроз се сменети откако заминаа во странство. Кога ќе си дојдат тука се понашаат како ние да живееме во 18 век или да не речам во камена доба. Една братучеда буквално ми рече еднаш: "а зошто се шминкаш за во кафиќ? Па кај нас во Германија никој не се шминка ниту се дотерува. Некои дури и мишките не си ги бричат." Јас во шок. Добро викам супер, ова не е Германија, Македонија е. Нормално ќе се средам, не сакам како од поплава исфрлена да одам. Други глупости ич да не ви кажувам. Ќе ве боли мозок.
Јасно. Мило ми е што само слушам што велат и немам контакт. Чист снобизам е. Ќе помине некое време и се понашаат како да се исто со населението на другата држава и небаре неколку нивоа над нас. Сепак, кога ќе ги заболи заб доаѓаат тука за да го поправат оти тамошната цена не им одговара. Исто и за некој друг здравствен проблем за кој таму не можат лесно да го добијат посакуваниот или потребниот лек. Или ако се во држава во воена состојба, први се бутаат да влезат на владините списоци за евакуација.
Колку многу омраза во толку малку реченици. Кога долго време си во иста средина, не секогаш ги гледаш работите објективно. Дури кога ќе излезеш од тој балон, многу работи стануваат појасни. Луѓето се менуваат, особено кога ќе сменат средина или земја, и тоа е сосема нормално. Затоа предрасудите дека некој оди на стоматолог во друга држава затоа што нема пари ми се смешни. И луѓе од најразвиените земји патуваат за поевтини или подобри услуги. Не гледам зошто би слушала фрустрации, негативност и омаловажување засновани на застарени предрасуди. Тоа што некој ми е роднина не значи дека сум должна да ја трпам неговата огорченост, особено кога сум дошла на одмор, ако дојдам. Луѓето се развиваат во различни насоки и нормално е да очекуваш почит и нормална комуникација. Кај нас, за жал, често е поважно „што ќе кажат луѓето“ отколку дали навистина си одговараме. Така растат само фрустрацијата и незадоволството, а никој не е должен да биде вреќа за туѓата огорченост.
Јас немам омраза, туку критикувам туѓа омраза кон сопствената држава. Не се замарам со тие роднини, туку слушам од други и еве слушам и читам туѓи искуства со нивните роднини. Да, одат тука на лекар затоа што надвор им е скапо или нешто потешко се добива таму од тука. Сами кажуваат, а и на форумот ова признание го имам прочитано. Тоа е во ред. Но не е во ред да се газат и ругаат сопствената држава и народ кога очигледно сè уште се користат нејзините услуги и се оди кај тој народ. Тоа е двоен аршин на кој нема да аплаудирам. Не е дека нема вакви кај другите народи, но кај нив таквите се помалубројни. Другите си го ценат потеклото и им помагаат на сограѓаните кои живеат во домашната држава. Многу малку наши дијаспорци се полни со љубов за дома и домашните. Тоа што некои луѓе одлучуваат да останат тука, не ги прави безвредни или будали. Напротив, за разлика од кукавиците и себичњаците, се борат да направат промени за да се подобрат работите. И јасно им е дека не може само да бараш нешто, туку мора и да дадеш нешто за да ја видиш промената која ја сакаш.
Буквално ова! Имаше еден твит за ова, демек се фалиме во странство се заработува многу, подобро здравство и сл., ама се враќаме во МК за заби да поправаме. Апсурдно ми е, како велиш здравството во МК е лошо, ама тука заби правиш???? И тоа не е воопшто проблем, реално сите гледаме поефтино да поминиме, ама зошто плукаш и се правиш дека живееш во 26 век, а ние тука демек заостанати сме.
Така е. Може да се прават некои работи, но не смее да се потценува и руга сопствената држава. Со тоа таа пропаѓа во корист на други. Поделен народ сме, а не треба да бидеме. Самите се уриваме како никој друг. Ние кои сме тука, правиме или треба да правиме сè што можеме за да го спречиме тоа пропаѓање.
Ма нее, ние не сме заостанати, ама ич. Затоа се гледа во дворот на комшијата, затоа е срамота да се разведеш,затоа се даваат совети дека дете од година и пол треба да го тепаш за да те слуша(како што прочитав вчера во една група), затоа уште се лечат со бабини деветини, затоа одат по бајачки. Ич не сме заостанати ние, зошто така зборите
Ова што го наброја го имам слушнато и прочитано за цел свет. Не е нешто ексклузивно кај нас или кај сите Балканци. Ако некаде заостануваме повеќе, тоа е во политички контекст. Со тоа што упорно ги гласаме истите две партии на избори и прифаќаме сè што ни се сервира од други држави.
Ти сè знаеш и секогаш си за сè во право. Тоа го научивме досега. Океј е, штом ти така велиш. Алал да ти е како можеш да си експерт на секоја можна тема.
Му фалат и многу со ги сакам, иако ретко се гледамеси ги доживувам како многу блиски. Една братучетка што живее во странство ме праша кога ќе дојдам кај нејзе, срцево ми плачеше....