Божеее шо не се изначитав на темава . Ако си им носел облека - никаква била Ако си им носел јадење - мислат дека тука умираме од глад Ако си им носел некој апарат за домаќинство - мислат дека ние не сме виделе таков Ау ау Јас сум тетката од странство и кога се враќам не одам на седење и спиење ни кај роднини ни кај пријатели, си одам во свое. Макар и хотел да бил. Нити носам, нити очекувам да ме дочекуваат со црвен тепих. Кусо нека е од такви, и парфем од 200е да им дадеш пак ќе му најдат маана, ќе кажат најсмрдливиот си им го купила. На некои и тоа им е малку. Пази, блузите од 5 евра. Значи кога ви ги дале блузите, вие одма сте земале да гуглате колку пари се, да знаете дали да кукате или не
Ме потсети на едни, во странство се речиси цел живот, и малку, ама барем малку да попримиле од западот ќе речев добро е. Затуцани, до коска. Бараат бајачки таму, замисли. И тоа балканки, нормално, оти Германци Австријци немат поима шо е тоа али нашиве со сфаќањата не мрднале од мртва точка и ми се чудни искрено.
Ме изнасмеа Ама со оглед на тоа колку се чека тука за на доктор, и плус не те сфаќаат за сериозно се додека не се деси нешто сериозно, примамлива ми е таа идеја со бајачките Проблемот е шо германците делуваат откако ќе се деси нешто а ние балканците веруваме во "подобро спречити неголи лечити"
Коментираат негативно, а едвај чекаат роднините да им донесат нешто. Ако не добијат поклон, има коментари Срамота. Имаат пари и ништо не дадоа. На таквите и да им дадат нешто, пак ќе најдат маана. Им донеле од најевтиното чоколадо, маица од 5 евра, магнет од 2 евра, и др. Сите цени ги знаат. Сакаат и да бидат почастени по едно кафе. Види ги.... Колку пари имаат, едно кафе не не почастија. А не ти викаат Дојдете кај на гости. Од такви бегам подалеку. Носам поклони на оние на кои треба. Кога одам во Мк не се правам дека сум од големото добро утро.
За моите роднини од странство, немам многу роднини, скоро ич, ама тие што ги имам се ок. Еднаш сум била кај сите на гости, ме пречекаа, ме прошетаа, до ден денес им се немам оддолжено. Јас кога се селев си отидов спремна и не сум ги замарала да ми помагаат. Ми се најдоа во некои ситуации на почетокот, исто ко јас на нив што им помагав за нешто во Македонија. Сега и јас сум "тетката од странство" Поклони носам само за децата сега, а порано не носев за никој. И стално мрчев ако ми купуваат поклони. За помош на наши луѓе тука, помагам кај што гледам потенцијал дека некој сам се мачи и труди. Кај што нема потенцијал не братучед, па сестра да ми е нема да мрднам со прст. Оти порано бев дежурен преведувач, средувач на документи, давател на адреса (што е и казниво) и пак јас крива. До душа тоа повеќе за некои наши тука што сум ги запознала, роднини не ме замарале за такви ствари, и да замарале биле нешто минимално, пример нашол стан од петти мај, ама со работа почнува од први и тие пет дена нема кај да спие. Нормално ќе дојде кај мене, тој сам си средил работа, сам си нашол стан, научил јазик, од мерак да ти дојде од што му се радуваш што се труди. А такви " нејќе брачедата да ме повлече нагоре, да најде нешто на црно" роднини немам, фала Богу, а и да имам нема да помогнам. За заби поправање поправам во странство, ама фризер, дерматолошки третмани и слично си правам во МК оти ми е поефтино. Така заштедувам 300-500 евра што дури и за странство не се малку пари.
Упорно се фаќаат за забите. Не знам во што е проблемот. Ние си ги плаќаме. Не бараме пари од нив. Заштедувам пари и ги користам за нешто друго. Треба да поправам заб. Тоа ќе го направам тука. Нема сигурно да чекам една година за да дојдам во Мк. На фризер не одам во Мк. Тука ме шиша пријателка. За помошта.... Не се помага на секој. Затоа што има неблагодарни луѓе. Помогнавме на една личност која што заслужува. На други не би помогнале.
Една пријателка што има стоматолошка ординација во Гевгелија вели ако не се Грците и нашите 'странци' не ќе можам да извадам за плата за мене и сестрата во месецот. На нашите вели не им е скапо да дадат 1500 ден за нокти или шминка ама 600 ден за пломба на заб им е многу. Така да, нека бидат среќни што нашите за некои услуги ја одбираат Македонија и на тој начин се поддржува и така слабата економија. Ама нам најбитно ни е да лечиме комплекси и да пробуваме да омаловажиме некој. Од его до плафон никој не видел никаква корист колку и да мислите дека со тоа сте успеале да омаловажите некој. Тоа секако го прават само личности кои страдаат од комплекс на помала вредност.
Ако не доаѓаат има коментари дека не се патриоти. Ако доаѓаат лечат комплекси на нив. Крајот не можеш да им го најдеш. Читам и коментари од типот Се фалат дека убаво живеат, а имаат кредити. Прво.... Немаат сите кредити. Второ.... И да имаат, не бараат од другите. Сами си ги плаќаат ратите. На некој му се потребни две дневници за да плати рата. А тие што само плукаат не можат рата да платат ако не тргнат пари на страна. А да не зборам дека бараат пари од мама и тато. Славица ако е задоволна од својот живот, нема да се замара како живее тетка и Трпана во Швајцарија.
Првин све зависи од карактерот на човекот, многу мои роднини кои отидоа во странство не погрешила, истите тие изградија свој живот таму,едно големо Браво за нив, нормално е дека малку повеќе се различни од нас за тоа што гледаат разлика, тоа што е ненормално во нивната држава кај нас е нормално,за тоа и коментираат. Многу од оние кои ги познавам животот во странство ги направи луѓе, но има и такви кои странството ги направи нелуге. Овде можам да пишувам статии и статии за луѓето гастарбајтери кои на се гледаат од височина, многу глупа и ниска работа, ним најважно е им чаламот и фалбата, познавам фамилии кои ден за ден живеат,но во Македонија тие се многу важни. Пак ке кажам се е до карактерот на човекот, истото е и во Македонија едни живеат, други глумат лудило,трети се нормални и едноставни, четврти продаваат чалам, трети се на небо, пети крпат крај со крај...и тн Моја блиска личност (нормална )живее веке подолг период во странство, тој во Македонија си доаѓа затоа што го убива носталгија, ги полни батериите и пак се враќа во странство, зборот ми беше тој е зачуден од однесувањето ,од нас од околината, како сме сменети,гледаме само корист, лакомост и јас го разбирам, луѓето го гледаат со очи на љубомора ретки се тие кои се радуваат на неговиот успех, јас цело време го гледам односот на околината и не можам ништо да сменам.