1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Роднинските врски грев или не?

Дискусија во 'Религија' започната од pupi.girl, 31 декември 2011.

  1. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.017
    Пол:
    Женски
    ^^Orthophill
    Раскинување на кумството е симболично,како на пример доколку не сакаш да ти биде стариот кум,кум на свадба му кажуваш и бараш негов благослов да си најдеш нов кум.Значи тоа е симболично а не со обреди,односно тој што крстел треба да даде благослов.
    И не не можеш да споредуваш инцес помеѓу брат и сестра кои се во КРВНО сродство со кумови кои се во ДУХОВНО.Има голема разлика,затоа не го нарекувај инцес.
    Ама како што кажав има духовни лица,најубаво е тие да се прашаат.
     
    На Dvolicen, Gordana10 и lovebrazil им се допаѓа ова.
  2. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.781
    Допаѓања:
    4.395
    Пол:
    Машки
    Жени Божји, кумството може да престане да се пренесува од генерација на генерација, но сродството со кршталниот кум останува, во вјек и вјеков. Ако еден ден (да не даде Бог) се разведете или останете вдовици, треба да знаете дека роднинските врски со семејството на вашите поранешни мажи ви остануваат. И вие како што не можете да се омажите со вашите татковци и браќа, не ќе можете да се омажите ни со вашите свекоровци и девери. Исто е и со кумовското сродство. Вие можете да го смените кумот, тој да не ве венча, или да не ви ги крсти децата, НО кумот што ве крстил засекогаш ќе биде ваш кум. Освен ако не се открстите - што не е можно.
    Црковниот брачен закон, а не јас го кажуваат тоа.
    Консултирајте се со кого сакате, ама ако се декларирате како православни Христијани и верници, прекинете ги беззаконите врски.
     
  3. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.415
    Пол:
    Женски
    А со 3 братучед? :(
     
  4. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.475
    Допаѓања:
    8.168
    Пол:
    Женски
    Oдговор за ова,и јас се прашувам :?:
     
  5. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.831
    Пол:
    Женски

    Јас си одев со трет братучед( не знаев дека сме роднини, па кога дознавме по некое време се скаравме), не знам дали имаш сериозни намери со него, зошто се смета за грев до трето колено, исто грев е ако си со сват во врска. Ти посакувам се најдобро, мислам дека ако немаат твоите и неговите ништо против и ако навистина се сакате дека нема да има проблеми :)
     
  6. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.781
    Допаѓања:
    4.395
    Пол:
    Машки
    По 10.000. пат, за трет братучед решава надлежниот владика!
     
  7. A.Fenty

    A.Fenty Нов член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2012
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    124
    Грев е , уништување на човечкиот род...


    Библијата не не учи на тоа.
     
  8. bubamara12345

    bubamara12345 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    413
    Допаѓања:
    610
    јас мислам дек ароднинските се грев и тоа каков и треба да се за сите забранети, постарите во минатото не биле помалку паметни и строго ги почитувале роднинските врски и никкави бракови не биле дозволени а т етреба и денес да се склучуваат, од наушен медицински аспект барем кога станува збор за наследно преносливи болети тие потврдуваат дека до 7-мо колено најмалку се пренесуваат затоа што станува збор норманло за наследни преносливи гени, тоа значи дека најмалку 7 генерации поколиенија имаат исти и слишни гени, па дури и законот забранува брак со лица од роднинска врска...значи дека не е во ред да се има такви бракови и врски.
     
    На Saricko му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Nezna28

    Nezna28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    215
    Како може за гревот да одлучува надлежен владика?
    Значи во тој случај владиката се става над бога. Според мене за оние што се верници и што веруваат во ова, грев се смета до трето колено, а се останато не се смета за роднинска врска и е дозволено стапување во брак.
    Дали постои грев или не, секој треба да си одлучи за себе и тоа зависи дали, во што верува, и колкава е неговата вера.
     
  10. Saricko

    Saricko Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2013
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    1.137
    и јас мислам дека роднинските врски се грев
     
  11. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    1.073
    А една комшика маж и ја фатил со кумот/кумашинот незнам точно што се,швалерка му била 7 години замислете кој грев е тоа.Абе ненормална работа,ми се :puke: кога ке слушнам некој ваков случај.
     
  12. Meredit

    Meredit Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    91
    И јас сум ептеееееен против роднинските врски,не само што се грв но ако се случи двајца што се во роднинска врска да стапат во брак големи се шансите да се родат така да кажам деца со психофизички пречки во развојот.Мислам која логика е тоа да одиш со роднина не знам како можат и да си помислат на тоа,леле какви се луѓе нема по оваа планета.И ние овде во нашиот град имаме едни такви двајца сега се стари по 80 години може и повеќе,но најгрозоморно е тоа што се први братучеди а се во брак и имаат и деца и внуци и паравнуци.Ама можам да кажам дека кај секое едно дете фали по нешто навистина едно е алергично на многу видови на храна,едно пак почна да покажува знаци на душевна болест. Мислам што белја бараат луѓето па го прават тој инцест,стварно не сваќам.
     
    На Saricko и makedonkamak им се допаѓа ова.
  13. Glutnica.volci

    Glutnica.volci Активен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Строго е забрането да се имат роднински врски според Библијата.
     
  14. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.706
    Пол:
    Женски
    И тоа како сум против ваков брак или врска... но како што поминува времето многу вредности се изопачуваат и преувеличуваат, така да ништо веќе не ме чуди....
     
  15. marijaz

    marijaz Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    190
    Пол:
    Женски
    роднинските врски се грев
     
  16. bubac

    bubac Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    884
    Допаѓања:
    1.865
    Пол:
    Женски
    А како може да не се грев?
    Па инцест е тоа !
     
    На marijaz и Saricko им се допаѓа ова.
  17. missfortuna

    missfortuna Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2014
    Пораки:
    404
    Допаѓања:
    171
    Дали ќе сака некој да ми објасни убаво до кое колено треба да се оди, за да биди нормало?
     
  18. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    1.073
    Како што имам слушнато до 9то колено е иста крвта,ама сепак има луѓе(ако можат така да се наречат |( ) кои не го почитуваат тоа и се земаат.
     
  19. Haritiela

    Haritiela Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2013
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    222
    Пол:
    Женски

    Како не 9то , ја 90% од третите братучеди не си ги знам , а многу што ке ги прашам имаат и втори братучеди што не ги знаат. Многу луѓе сум прашала и ми кажале дека првите 3 колена несмеат , после 3 то колено не се рачуна , замисли ти да ги знаеш внуците на на дедо ти прв братучед (3 то колено) а не па втори , ја на татко ми не ги знам сите втори што му се , а не па не дедо ми (кои би ми биле 4 то колено) пфф
    Имам пример што ја знам жената со втор или трет братучед се зема, многу се сакаа , а и кога требаа да се земат дознаа уствари, ама касно беше, лично јас тоа не го оправдувам , и мораше некако вештачки ли да се оплоди незнам , имаат 3 деца сега(тризнаци)
     
  20. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    1.073
    Прочитај ги претходните мислења и ке сфатиш како е уствари 9то колено....