1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Роднинските врски грев или не?

Дискусија во 'Религија' започната од pupi.girl, 31 декември 2011.

  1. programerka-2nd

    programerka-2nd Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Женски
    Според мене, тука не се работи ни за грев ни за верски закони или како и да се вика тоа.
    Врската со човек што е крвно поврзан со тебе е ризик. Ако еден ден ви се родат деца, голема е веројатноста дека ќе имаат аномалии. Не се разбирам многу од медицина, ако грешам корегирајте ме.

    А тоа што и црквата тоа не го дозволува, можеби произлегува токму од ова.
     
    На theowndemon, crimson, Anabelle.Amorette и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. sweet-star

    sweet-star Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2012
    Пораки:
    1.524
    Допаѓања:
    1.738
    Пол:
    Женски
    Секако дека се грев.
    Настрана религијата,законите и ризиците,ова не е нормално ниту природно.Човек со здрав разум никогаш нема да влезе во ваква врска.
     
    На Tanjamm, SwanMay, makedonkamak и 3 други им се допаѓа ова.
  3. efkatrefka

    efkatrefka Нов член

    Се зачлени на:
    25 мај 2014
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Не сметам дека е грев, не според мене не е океј. Пред неколку години ми се случи да сум во кратка врска со братучед, но не знаејќи за тоа. Тоа го дознав неколку дена по раскинувањето и тоа од сопствената мајка... Иако се беше добро во врската и поради одредени околности се разделивме, се беше супер се до дознавањето на фактот дека сме во роднинска врска. Оттогаш па наваму се одминуваме на улица и не сакаме да разговараме повеќе, што мислам и дека е нормално на еден начин........ Како и да е, не беше намерно.
     
  4. sagittarius57

    sagittarius57 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2013
    Пораки:
    1.006
    Допаѓања:
    2.266
    Пол:
    Женски
    Не ги оправдувам роднинските врски посебно оние најблиските, а во ред ми е после 3ти братучеди, значи 4ти, 5ти и се натаму ми се во ред :)
     
  5. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.992
    Пол:
    Женски
    Не знам за грев, ама знам дека појавата на лица со пречки во развојот датира од секогаш, на секој континент, кај секоја раса, првенствено на почетокот од незнаењето на нашите предци кои имале врски и семејства со партнери од крвно сродство.
     
    На Tanjamm и francais им се допаѓа ова.
  6. Strumfeta17

    Strumfeta17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2013
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    132
    Појаата на деца со пречки во развојоот го имало и го има и ќе го има, едноставно тоа е дел од природата не само кај човекот туку и кај животните. Колку што мене ми е познато сеуште не е откриено како да се спречи раѓањето на деца со разни аномалии и деформитети.
    Дали постои ризик дека ќе се роди дете со аномалија ако е плод на љубов помеѓу блиски роднини секако дека постои, исто како што постои веројатност да се роди дете со малформации и помегу луге кои се од 2 различни континента кои не се ни 100 то колено роднини. Е, сега во колкава мера е ризикот во првиот случај е дискутабилно.
    Од друга страна се наметнува прашањето како па одредени племиња кои живеат во отсечени краеви кои немат никаква комуниација со други цивилизации успеале да опстанат до ден денес, ако се знае дека единствена можност за размножување е да сексуално општат помеѓу себе.
    Многу е дискутабилна оваа тема, и до утре можеме да вадиме аргументи за или против. Јас лично немам ништо против, а исто така не сум нешто ни толку за, за да би пропагирала сега дека е тоа ок.
    Незнам зошто прашањево на темата секогаш го поврзувате со брак и раѓање, јас би сакала да го слушнам вашиот став чисто што мислите за врска илиуште по едноставно секс со некој со кој сте во крвно сротство, без брак и раѓање.
     
  7. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.708
    Пол:
    Женски
    Да де и како извадок од сето ова би било следното :Слободно имајте си врски, бракови и секс со роднини, само пазете да не останете бремени за да не бидат децата со аномалии :D охх бе деца децаааа , зошто вака мислите незнам, почитувам сечие мислење дали реално дали виртуелно, ама вакви крајности не сакам, па кои сме бре ние да правиме инцест? од толку слободни мажи баш со братучед ццццц. Те читам неколку дена конкретно тебе Штрумфета во темата што мислите да сте втора, и упорно се противиш и ги демантираш мислењата на другите членови , убаво било да си втора и да се бориш требало аха да, немој да наметнуваш тука разноразни дебати, бидејќи читаат и мали деца , па и уште викаш и споредувашн за аномалии не само на деца од роднини туку и од 2 луѓе од различен континет, извини ама тука не држи место споредбата .
     
    На Ana Chio и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  8. EdNo DeTe

    EdNo DeTe Активен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2014
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Според мене не е грев зошто да биде ако го сакаш нема граници.И јас имав врска со еден мој братучед ама не ми е прв братучед така да не е грев според мене.Не сваќајте погрешно :* mwa :*
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. kim.k

    kim.k Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    14.464
    Пол:
    Женски
    Моментот кога професорката по граѓанско ти вика дека инцест е само доколку се случило меѓу мајка-син, татко-ќерќа и сестра-брат. А ако е врска меѓу братучеди нема везе, не било тоа инцест пошо во книгата така пишувало. (facepalm)
     
    На Ana Chio му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Arthur

    Arthur Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2014
    Пораки:
    690
    Допаѓања:
    2.518
    Пол:
    Женски
    Не е грев тоа туку е БОЛЕСТ психичка и од момчето и од девојчето во случајов ке се заљубам во брат ми лелее бог да сачува
     
    На zekzeki, Rama и barbiegirl.24 им се допаѓа ова.
  11. zhirafa

    zhirafa Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2013
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    124
    Не знам дали е грев ама мене многу ми е језиво не можам да се замислам така едноставно ми е многу многу чудно.
     
    На Arthur му/ѝ се допаѓа ова.
  12. anna.tesoro

    anna.tesoro Активен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2013
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    99
    Пол:
    Женски
    Лани летото бев во кратка врска со мој втор братучед. Знаевме дека сме роднини, ама не мислевме дека сме толку блиски, тој живее во друга држава и тоа беше прв пат што го видов. Ама ептен се засакавме иако беше кратко. Ни беше криво така што излезе, затоа и прекинавме. Ама па и така ќе прекинеше таа врска, дека од различни земји, тој еднаш годишно доаѓа... Комунициравме до пред некое време, сега си има девојка, ама без разлика, знаејќи дека ми е втор братучед не би повторно со него. Глупо ми е кога ќе помислам на тоа иако не знаев тогаш. Добро е што рано дознавме, не отидовме предалеку :lol:
     
  13. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски
    Ем сте знаеле ем не сте мислеле дека сте толку блиски....

    Јас не можам да сватам како некој воопшто и помислува на можноста да биде со роднина. Читам што се тука се пишувало и искрено ми се згади....
     
    На Tanjamm, franca, thegirld и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. BabaRada

    BabaRada Активен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    29
    Пол:
    Женски
    Исто и јас ми иде да повратам... Искрено се чудам колку нормално гледате на тоа дека сте оделе со некој братучед...да се чудиш. По мене, генетски близок ти е и 3 братучет и 4 и 5... па вие нормални ли сте бре алоо
     
    На leona83 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. dimdim

    dimdim Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    121
    Секако дека е грев! Од толку многу личности на овој свет.
     
  16. anna.tesoro

    anna.tesoro Активен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2013
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    99
    Пол:
    Женски
    Како што кажав НЕ знаевме дека сме толку блиски, значи мислевме дека сме далечни 4, 5, од кај да знаеме. Ниту сме се виделе порано, ниту некој ни кажал дека сме втори братучеди, само знаевме дека имаме некоја жичка. Ниту пак реков дека ги оправдувам ваквите врски ама ете се случи и прекинавме. И срам ми е од тоа, и кажав дека не би го повторила, ама тоа е нема враќање.
     
  17. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.120
    Допаѓања:
    76.410
    Пол:
    Женски
    Од религиски аспект, тоа не го сметам за грев, но сепак знаеме дека е погрешно ако гледаме низ друга призма.
     
  18. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.871
    Допаѓања:
    217.916
    Пол:
    Женски
    Човек при здрав разум никогаш не би ни помислил на вакво нешто, ова е сосема не помислувачко и не дискутирачко.
    Нема оправдувања ниту каења.. врска до трети братучеди е просто невозможно прво од крвен аспект а потоа и верски ( за верниците) .

    Сум слушала дека во одредени еу земји се практукувало ова и сеуште се практикува само во намален интезитет поради богатството на својата фамилија да не замине во друга, нладите биле приморувани да стапуваат во брак и да раѓаат деца за доброто на нивната фамилија и богатството, но исходот од оваа себична и злобна лудост дошла до негативни и сосема драстични последици на својот пород.

    Да така сето ова и те како е важно во една врска, прво никој психички стабилен човек не би помислил на вакво нешто, а како второ последиците од можниот пород се доста сериозни и драстични.

    Има толку многу народ на овој универзум... незнам зошто светот посегнува секогаш по невозможното.
     
  19. NovusOrdoSeclorum

    NovusOrdoSeclorum Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2011
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    2.269
    Пол:
    Женски
    Зошто од религиски аспект дали е дозволено? Не сум со крстот на чело, ама можам да кажам дека е одвратно! Тоа е исто како и педофилија или андрофилија или морфофилија. Значи, гадно е, одвратно е, бљак е и иако сум либерална, не значи дека треба да прифаќам такво нешто како нормално. Порано ги венчавале братучеди и братучедки, и затоа им се раѓале дефектни деца. Природно е недозволиво, батали религии и глупости.
     
  20. maca cvet

    maca cvet Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2014
    Пораки:
    683
    Допаѓања:
    455
    Пол:
    Женски
    искрено не ги оправдувам роднинските врски мислам дека тоа не е правилно зарем нема други луѓе на светов па мораат да се земаат меѓу себе меѓу фамилијата
     
    На PaLaVa, crazylady, sugarlips и 1 друга личност им се допаѓа ова.