1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Роднинските врски грев или не?

Дискусија во 'Религија' започната од pupi.girl, 31 декември 2011.

  1. HurremSultan

    HurremSultan Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    119
    Извини но ако е така, во стариот завет има шеријат, забранет е алкохолот, забрането е и свинското а зошто тогаш не се почитуваат овие работи ? Исто така обрезувањето би требало се уште да важи и многу други работи.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.266
    Простете на офтопик.

    Затоа што мила во Новиот Завет тие работи се изменети :) . Бидејќи Новиот Завет е надополнение на Стариот.
    Јадењето на (свинско и секое друго) месо е благословено, обрезувањето е заменето со Крштение, виното е благословено.....
    Тука веќе се работи за догматика.
    Нема потреба од продолжение на дискусијата, ова е многу длабока тема. А исто и забегавме од темата ;) .
     
    На Lolo5 и La.Reina.Del.Sur им се допаѓа ова.
  3. HurremSultan

    HurremSultan Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    119
    Добро, сепак фала на одговорот. Од љубопитност прашувам... :hai:
     
    На Lolo5 и Serafima им се допаѓа ова.
  4. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Абе ми се гади при самата помисла да бидам во врска, да имам односи и да градам дом и семејство со брат или братучед од прво, второ, па и трето колено. Додуша и за понатака ми е малце така настрано, ама ајде од четврто да речеме се „гризе“.
    Што ви е бре луѓе, ако не било забрането во Библијата, значи било во ред? Како можете да си изградите ТАКВИ чувства кон сопствениот братучед. Абе тоа ви е како брат исто бре!
    Со сета должна почит, ама за да си гаи некој чувства такви, треба да му фали нешто, сериозно! Можеби сум дрска, ама за некои работи едноставно немам осет и разбирање, како на пример за ова.

    Бог да ме чува!
     
    На HappilyLoved, kate21, 1209 и 7 други им се допаѓа ова.
  5. HurremSultan

    HurremSultan Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    119
    Некои работи што нас ни изгледаат гадни, ненормални, пореметени, изопачени, болни, психопатски во голем дел од светот се нешто најнормално. Тоа кај нас не се случува или се случува ама е тајно, па затоа околината не е навикната да гледа такви работи и на тоа гледа со гадење, чудење... Додека во огромен број на земји од светот, меѓу кои и Австралија и скоро сите католички и муслимански земји ова е нешто толку нормално како да се работи за брак меѓу две обични личности. Значи она што на некој му изгледа гадно и изопачено, за некој е сосема нормално. Секој човек си ги знае своите граници, но не можеме и не би требало да прогласуваме толкав број на луѓе за психопати и болни луѓе, само затоа што нам не ни се свиѓа или не ни одговара тоа што го прават. Нормално, за некои луѓе изгледа болно и изопачено и самата помисла да се заљубиш или да имаш односи со братучед, но како што реков тоа е нивно мислење и не мора да го променат. Што се однесува до другите луѓе на кои ова им е најнормално, тие истите гледаат со чудење на луѓето кои се ограничуваат на ваквите работи. Сакам да кажам, секој сам си ги поставува границите, сам одлучува до каде ќе оди, секој еден човек е одговорен сам за себе и не мора сите да се сложат со него.
     
  6. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Секако дека секој различно размислува, има право да постапува онака како што смета дека треба и мисли дека е најправилно.Но, сепак треба да се размисли и какви се последиците од ова.Мене ова воопшто не ми се допаѓа и не критикувам дали некој постапил или не постапил правилно, секој има право на избор.
     
  7. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    64.623
    Пол:
    Женски
    ^^Твоето мислење дека е во ред, не значи дека Е во ред, и апсолутно не е точно дека во огромен број на држави, меѓу кои и Австралија е нормално, како да се двајца обични луѓе во брак/врска.
    Освен во муслиманските држави секаде во светот овие врски/бракови се недозволени и казниви со закон, или не си слушнала за инцест.
    И католиците веруваат во стариот и новиот завет, а во стариот завет ваквите врски се строго забранети, така да нема шанси да се дозволени овие бракови во католичките држави кои се највеќе под влијание на црквата.

    Ако е нормално и не е болна и психопатска работа, тогаш зошто на сите деца родени од инцестуозни врски им фали нешто??

    Имам комшии кои се муслимани од Шри Ланка, образовани и навидум нормални луѓе, пред 3 години синот отиде за Шри Ланка и се ожени за својата прва братучетка :puke: на вујко му ќерка, тоа за нив е сосема нормално.
    Свекрвата на невестата и е тетка, кој подобро ќе ја чува,тоа е нивното објаснување за ваквите бракови.
    Е сега следи оној дел зошто во секоја нормална држава се забранети овие бракови, првото дете им се роди мртво, второто го абортираше во 6 месец поради деформитет на плодот и сега пред некоја недела повторно роди мртов плод.
    И не извлекуваат поука, дека генетиката не се меша туку за некое време пак ќе остане бремена се додека не роди некое имбесилно дете да се мачи цел живот зошто родителите немаат грам памет.

    Не треба религијата или законот да ми каже дека овие врски не се во ред, здравиот разум ми е доволен.
     
    На eloves, HappilyLoved, Hopeful и 2 други им се допаѓа ова.
  8. HurremSultan

    HurremSultan Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    119
    Мислам дека си во грешка и слабо си информирана колку во католичките земји бракови меѓу први братучеди се секојдневие. И да, овие бракови во црква го добиваат својот благослов. Реков и пак ќе повторам ваквите бракови во католичките земји исто колку и во муслиманските се дозволени.
    Што се однесува до стариот завет, многу библиски важни личности се венчавале со своите роднини па навистина не знам како тоа било забрането кога повеќето од нив стапувале во брак со своите роднини.
     
  9. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    64.623
    Пол:
    Женски
    ^ Ти ја наброја Австралија како една од државите каде е дозволен ваков брак, јас живеам во Австралија и знам дека ваквите бракови се недозволени, настрана црквата туку ЗАКОНОТ ги забранува.
    Истиот закон важи и во САД, Велика Британија, Германија итн, итн.
    Само во муслиманските држави ваквите бракови се легални, во сите други држави се нелегални, не можаат да стапат во брак први братучеди.
    За тоа дека се секојдневие во католичките држави, за да се добие благослов во црква треба прво да си легално регистриран, а бидејќи ваквите бракови не се дозволени со закон како добиваат благослов?

    И ако сум јас слабо информирана, тогаш наброј ги тие држави каде е легално да стапат во брак први братучеди.

    Настрана и црквата и законот, каде е нормалноста во тоа утре мојот син да се ожени со на брат ми ќерката, ми се лоши од самата помисла на такво ненормално нешто.
     
  10. HurremSultan

    HurremSultan Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    119
    Не знам зошто за се што сметаме дека е неморално, изопачено и ненормално се вика дека само во муслиманските земји се случува. Јас не дека го бранам исламот и муслиманите ама сакам кога се знае вистината. Не знам зошто ти паѓа толку тешко дека ова се случува и во католичките земји.
    Еве во кои земји во САД е дозволено:
    http://www.ncsl.org/issues-research/hum ... cousi.aspx
    http://www.cousincouples.com/?page=states
    Еве што вика австралискиот закон за брак. Не само помеѓу братучеди туку дозволен е брака и помеѓу тетка и внук, чичко и внука итн. http://www.betterhealth.vic.gov.au/bhcv ... rents?open
    Во речиси сите земји во Јужна Америка, па во Шпанија, Италија и некои други земји во Европа бракот помеѓу братучеди е дозволен а тоа ќе ти го покажам и со доказ кога ќе имам повеќе време. Исто така имаше едно истражување колку бракот помеѓу братучеди во последно време е се поприсутен, па така во Австралија имаше некаде околу 500 бракови меѓу први братучеди. Јас навистина не знам ако законот забранува каде тогаш се венчале овие луѓе ?
    Исто така ако црквата во католичките земји забранува, не знам каде се венчале тие два пара кои сум ги запознала лично.
    Исто така зошто библијата забранува брак меѓу братучеди кога речиси сите важни ликови од библијата се земале со своите братучеди. Авраам на пример кој се оженил со неговата прва братучеда Сара.

    Дозволен брак меѓу братучеди во United Kingdom http://www.weddingguideuk.com/articles/ ... ibited.asp
    Германија http://marriage.about.com/od/germany/p/germany.htm
    Што знам, на некого браковите помеѓу хомосексуалците им се гадни ама тие се реалност се венчаваат и во црква.
    И така натака и така натака... Потака ќе објавам и за другите земји.
     
  11. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    64.623
    Пол:
    Женски
    Marriage of Cousins
    Despite the long list of degrees of forbidden relationship, you can marry a cousin (courtesy of Henry VIII who changed the law to marry his cousin!). However, it would be sensible for you both to consult your GP to ensure that there are no factors in your family's health records that would make your decision to have children inadvisable on medical grounds.

    First cousin marriage is allowed in these states under the following circumstances:
    Arizona- if both are 65 or older, or one is unable to reproduce.
    Illinois- if both are 50 or older, or one is unable to reproduce.
    Indiana- if both are at least 65.
    Maine- if couple obtains a physician's certificate of genetic counseling.
    Utah- if both are 65 or older, or if both are 55 or older and one is unable to reproduce.
    Wisconsin- if the woman is 55 or older, or one is unable to reproducе

    Ако е нормално тогаш зошто се загрижени кога станува збор за репродукција, и да ете нормално е во Америка за тие што се над 50 и кусур години и не се во можност да имат деца.

    И повторно ќе кажам не ми треба ни законот ни црквата да ми каже дека нештата не се нормални, здравиот разум ми е доволен, првиот братучед го рачунам како брат, е сега ако на некоја и е нормално да се пердаши со братот мене не ми е.
     
  12. HurremSultan

    HurremSultan Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    119
    Нема многу да навлегувам колку е здраво или нездраво, се што сакав да кажам беше тоа дека во многу земји во светот меѓу кои и католичките бракот меѓу братучеди е дозволен. Не се случува ова само во муслиманските земји туку и во христијанските. Некаде со некакви услови а некаде без никакви услови. Значи законот дозволува, не забранува брак помеѓу братучеди ама не е многу препорачливо бидејќи постои голем ризик децата да се родат со некаква маана но не мора да значи. Јас во странство познавав два пара Италијанци беа во брак со првите братучеди, едниот пар имаше 2 деца а другиот 1. Сите деца беа нормални, здрави и интелигентни.
    Сигурно дека не е ептен здраво, ама и меѓу луѓе кои се од два различни континента децата можат да излезат со некакво пореметување. Значи не по дифолт децата од братучеди излегуваат нездрави. Поздрав до тебе се читаме наредна прилика.

    Да де, секако дека ти си знаеш за себе што ќе правиш и што ти изгледа нормално а што ненормално. :hai:
     
  13. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    И тоа е за тебе доволно? Иако децата по дифолт треба да се раѓаат здрави и прави, според тебе е ок ако на сметка на здравјето на детето т.е. детето да не биде ЕПТЕН здраво, туку делумно, првите братучеди да стапат во брак.
    И чекај сега: мајката на децата истовремено ќе им биде и тетка затоа што е братучеда на татко им, а таткото ќе им биде истовремено вујко затоа што е братучед на мајка им. Ти звучи ОВА нормално? Би сакала ли ти да живееш и растеш во ТАКВА околина?
    Се разбира дека не.
    Но процентуално гледано, најголем дел од децата кои се раѓаат со некакви аномалии се од вакви инцестуални бракови/односи.

    Хурем душо, многу серии гледаш ;)

    И крај краева, ако е во ред бракот меѓу први братучеди, зошто да не е во ред бракот меѓу брат и сестра, не? Исто ти се фаќа. Или па кога веќе сме стигнале до братот, зошто не и таткото.

    Ми се гади при самата помисла :puke:
     
    На HappilyLoved му/ѝ се допаѓа ова.
  14. HurremSultan

    HurremSultan Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    119
    Не знам јас колку мене и тебе ни изгледа нормално но им изгледало нормално на луѓето кои ги донеле законите во земјите. Јас лично не сум имала ништо со мој братучед 1, 2, 3 и не планирам да имам. Некои од нив ги сметам многу блиски, некои воопшто не ги сакам и сметам дека имам огрооомен избор низ светов за да си фатам некого. Така што никогаш не сум помислила да имам нешто со мој братучед. Ама има луѓе кои се заљубуваат во своите братучеди и се венчаат со нив, па јас не ги осудувам затоа што сметам дека не се работи за инцест. Инцестот е со закон забранет, а бракот меѓу братучеди не е забранет со закон. Забрането со закон е да се венчаш со својот татко, брат, син, внук од син но не е забранет бракот меѓу братучедите. Значи тој закон не го донесов јас, а мое е да проценам дали тој закон ми се допаѓа или не, но моето мислење нема да го промени тој закон. Доколку ризикот децата да се родат со некакви аномалии е голем можат да си одлучат да немаат дете. Ама гледај државата што го дозволила бракот меѓу братучедите не забранила тие да имаат деца, освен во некои земји во повеќето е дозволено.
    И џабе јас и ти расправаме, не сме ние тие што одлучуваат и ги носат законите дали е здрав или нездрав бракот помеѓу братучеди. Впрочем и Бог не го смета таквиот брак за нездрав со оглед на тоа колку Божји пратеници се венчале со првите братучеди. И пак ќе спомнам некои работи што нас ни изгледаат одвратни во многу земји во светот се секојдневие и луѓето не се чудат на тоа. И доколку ти тоа го сметаш за ненормално па држи си се за своето мислење никој не ти го брани ама има луѓе кои тоа го сметаат за нормално и нешто сосем обично.
    Како и да е не коментирам веќе на оваа тема. Поздрав :hai:
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  15. E...V...I...L

    E...V...I...L Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    782
    Допаѓања:
    468
    Не би требало ова да се поврзува толку со религија. Pелигиите се измислени многу одамна, во прастари времиња, а тогаш и луѓето биле на пониско културолошко и цивилизациско ниво, затоа и постојат библиски и митолошки ликови кои влегувале во инцест. Потоа со текот на времето и со цивилизацискиот напредок како што се надоградувала и унапредувала секоја религија, почнале и да се исклучуваат вакви постапки. Сеуште се културни разлики во прашање, затоа вакви бракови најмногу се склучуваат во азиските земји, и тоа во прилично несофистицирани средини. Во последно време и на Запад во самата средина и меѓу луѓето се поприфатливи вакви појави отколку што биле пред некоја деценија. Се менуваат закони преку банални изговори за човекови права, толеранција, дрн дрн и т.н. Не е чудо за 5-10 години и кај нас да се либерализира:yawn:
    Неважно што вели законот, за мене не е ништо друго туку показател на многу низок интелект. За да се заљубуваш така лесно во секој што ќе ти излезе на пат, во случајот роднина за кој си свесна дека го имаш би требало да си изгубен случај. Многу заостанат во времето штом се навраќаш на предплеменските обичаи.
     
  16. awee

    awee Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2011
    Пораки:
    295
    Допаѓања:
    117
    Не верувам тоа да е грев.
    мое мислење. :)
     
    На pupi.girl му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.467
    Според мене ваквите врски се грев. Без разлика дали се забранети и казниви со закон или не, или дали биле дозволени во некои земји или не, јас сум против ова.
    Не можам да замислам да имам врска или пак да стапам во брак со некој што ми е роднина, па било тоа и трет-четврт братучед, морничаво е. Нема врска дали сме блиски или не фамилијарно и ако не сме - дозволено е да се мешаме на ваков начин, сепак сме роднини. Можеби децата од тој брак нема да излезат со недостаток ама пак за наредните генерации никој не гарантира дека ќе бидат сосем здрави, а се знае дека од иста крв децата имаат недостатоци.
    Не знам дали е некој толку бесчувствителен да ги носи цел живот на душа децата ако му се родат со недостаток или да ризикува потомството (деца, внуци, правнуци) да му е со деформитет.
    (имам слушнато,не знам колку е вистина, дека се погодувало на не знам колку случаи на деца-идиоти, да излезе едно генијалец, па ај сега ќе чекаме ние да бидеме тој ЕДНИОТ случај и кога таман ќе дојде, некој друг се родил пред нашето и пак тоа, кутрото, да си биде идиот).
     
  18. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.906
    Допаѓања:
    103.069
    Пол:
    Женски
    Кратко и јасно според мене е грев :fubar:
    од толку многу луѓе на планетава , баш со роднина ли бе :x
     
    На kate21 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    Според мене е грев, не за џабе матичарите, па и свештениците во црквите прашуваат дали младенците се во роднинска врска...
     
  20. bumbuleya

    bumbuleya Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2012
    Пораки:
    259
    Допаѓања:
    105
    Незнам дали е грев или не,
    ама нормално сигурно не е.