1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Роднинските врски грев или не?

Дискусија во 'Религија' започната од pupi.girl, 31 декември 2011.

  1. Makide

    Makide Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2011
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    325
    Според мене се грев, нема што повеќе да се дискутира.
     
  2. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.603
    Пол:
    Женски
    Знаете што?
    Од глумењето слободоумност почна да ми се гади на форумов од некои теми. Скриени зад корисничкото име, сите сме ние широкогрудни, сите сме оупен мајндед, сфаќањата немаат хоризонти, мислам дајте луѓе, не можам да кажам дека нешто е нормално кога не е нормално.
    Ме интересира како би реагирале оние кои толку силно се удираат во гради, дека брак или врска со близок роднина не е проблем, нивното дете утре да си ја донесе првата бртучедка/братучед или било која роднина за жена/маж? Ќе кликате од радост? Глава давам дека би посакале да станете невидливи, па и Google Earth не би можел да ве лоцира и да сте во форма на Кинески ѕид.
    Не е нормално да се земаат роднини, ниту од законска, ниту од морална, ниту од религиска, ниту од било каква гледна точка. Ние не сме животни, примитивци и пеќински луѓе, кои живеат со два развиени нагони, барање храна и задоволување на сексуалниот нагон. Па дури ни кучињата не ги парат ако се во родбинска врска, а не некој што е со здрав разум.
    Светот отиде јабана. Пред некое време гледав на телевизија прилог за животот на еден американец кој се оженил за кукла. И тоа треба да го сметаме за нормално? Мене ми е перверзно. Па западот ( иако и таму ваквите бракови се забранети ), да продаде пувеж во кафез, многумина би се затрчле да купат за да бидат поинакви.
    Веќе сум родител. Не знам животот што ми носи, но моите деца да влетаат во љубовна врска со роднина би се случило само over my dead body!
    Кога се запишав на факултет, мајка ми ме одведе на гости кај едни братучеди кои ги имам во Скопје, а порано не ги познавав, за да се запознаам со нив, за да утре случајно не се случи од пусто незнаење, некаде да се сретнеме и да се вљубиме еден во друг.
    И пак ќе кажам, поместувајте ги границите на она што е морално колку сакате, но не ги мешајте со ненормално.
     
    На eloves, sweet-star, shushu и 17 други им се допаѓа ова.
  3. TeaB

    TeaB Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    543
    Дефинитивно ГРЕВ.
     
  4. smiley22

    smiley22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2012
    Пораки:
    670
    Допаѓања:
    350
    ne bi mozela da go narecam grev.....iako ic ne sakam da imam vrska so rodnina
    toa mi e nesto najgadno.....

    [mod-kirilica:1vmcd5nz][/mod-kirilica:1vmcd5nz]
     
  5. paulina2

    paulina2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    122
    најголемиот грев е тоа за мене ......не не и не....
     
  6. Bel-Golub

    Bel-Golub Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2011
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    48
    поголем грев АМИН
     
  7. Mecheto1

    Mecheto1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    155
    Допаѓања:
    52
    Да,грев и тоа ГОЛЕМ !
    полоша работа од тоа мислам дека неможе да се деси.
     
  8. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.958
    Допаѓања:
    51.362
    Пол:
    Женски
    Не можам, не можам да прифатам вакви врски.
    Прилично сум open-minded за многу работи, освен за ова. А не сум ни верник, едноставно не можам...
     
  9. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.442
    Допаѓања:
    47.976
    Пол:
    Женски
    ПРОТИВЗАКОНСКИ !!! со кој памет само не ми е јасно со кој памет се впуштаат во такви врски ко да нема друг на светот па мора со братучет или близок роднина да бидам.
    Член 20

    Не можат меѓу себе да склучат брак крвни роднини во права линија (дедо, баба, мајка,татко и внуци), како ни родени браќа и сестри, брат и сестра по татко, односно по мајка, стрико и дете од брат, вујко и дете од сестра, тетка и дете од брат, тетка и дете од сестра, ниту први братучеди.

    Не можат да склучат брак и лица чие сродство од претходниот став е засновано со посвојување.
    Член 21

    Не можат меѓу себе да склучат брак свекор и снаа, зет и тешта, очув и паштерка, маќеа и пасинок, без оглед на тоа дали бракот, поради чие склучување тие дошле во такво сродство, престанал.
    Член 22

    Вонбрачното сродство претставува пречка за склучување на брак како и брачното.
     
    На HappilyLoved му/ѝ се допаѓа ова.
  10. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.834
    Пол:
    Женски
    Добро женски не мислев дека толку жестоко ќе се развие дискусијата :lol: . Има случаеви каде машкото и женското не знаат дека се 3ти брачеди, значи имале врска и кога дознале многу се разочарале. Јас знам два вакви случаеви и на никого не му посакувам да му се случи такво нешто. Што да прават двајцата кога не знаеле... тоа ако се смета за грев, дали ќе му биде простено, а ако пак продолжат да бидат заедно ќе си горат во вториот круг од пеколот ? :x
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    Во потполност се согласувам со GEA
    Моја соученичка склопи таков брак незнам каков и е бракот но секогаш беше отргната од роднините,сепак за мене е непоимливо такво нешто..... :puke:
     
  12. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Сметам дека вербата во Господ, нема врска со казната... Моите биле верници, па пак го изгубиле брат ми...никој не направил никаков инцест, ниеден страшен грев нема во мојата фамилија...Тие што правеа гревови, ги надживеаа сите...
    Кога станува збор за љубов помеѓу братучеди, не знам каков коментар да оставам..Од една страна не е убаво....но од друга страна пак може навистина таа љубов да вреди....Јас не би можела да бидам со братучед, не можам никого да осудам, зошто знам како размислува заљубеното срце.
     
    На pupi.girl му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Ognenija

    Ognenija Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2012
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    586
    Колку остро ги осудувате луѓето...Од една страна сите се трудиме да станеме поцивилизирани, да не ги доживуваме некои работи со стереотипите со кои сме израснати а од друга страна се плука на се што не е вообичаено кај нас па поширко. “Господ да чувал и да бранел”.... |( како да фрлаат оган од устата или да се лепрозни.
    Што ако одиш со дечкоти 7-8 години се сакате многу, имате створено минато, имате планови за во иднина и одеднаш дознаваш дека ти е трет братучед? Ќе го оставиш?
    Има и вакви случаеви, посебно во големите фамилии каде роднините се расфрлани насекаде и не се знаат и познаваат. Ете и кај нас е така, таткоми ми има 36 братучеди и братучетки само од едната страна башка оние од кај мајкаму. Сите се раселени во различни градови и само со 5-6 фамилии се познаваме, другите ниту тој ги познава а камоли пак јас. Е сега сите тие ако изнародиле по 2-3 деца што мислите колкави се шансите да налетиш на некој роднина?

    Не велам дека е океј или дека го оправдувам, и мене лично ми е незамисливо со прв или втор братучед, ама за трети ако веќе толку многу се сакаат и нема назад тогаш мора да се прифати.

    За децата, треба да се известат убаво какви им се шансите да родат здраво дете па тие самите да си одлучат дали сакаат да создат таков живот или ке се осудат на живот со љубов но без деца.
     
    На Lolo5, La.Reina.Del.Sur и pupi.girl им се допаѓа ова.
  14. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.894
    Допаѓања:
    152.887
    Да,да,со покајание и постење секој петок без зејтин,јас мислам дека ќе се среди. Ќе си бидете топ пред вашиот господ и душата мирна.
    Само ако чувствуваш чиста,искрена љубов,длабока, све ќе ти биде простено и примено во господовите одаи... а таму господ како трга ганџа и ви вика,пис пипл! Множете се и сакајте се!
    Слободоумност дечки,тоа ни треба!!! Такви не сакаат у Европа,не вакви,никакви затуцани што мислат дека дегенерации се случуваат ако се спарат роднини. Ма је*еш ти наука,биологија,хемија и све тоа, љубовта луѓе,вербата,тоа ќе не избави од се,па и детето киклоп ако ти се роди,нема врска,тоа е продукт на вашата вечна љубов за која сте имале планови долги години дур наводно не сте знаеле дека сте крвно поврзани.Мала казна од господ,ама второто и третото ќе бидат здрави,ако на пример невина влегла у брак. Ма тоа е инвестиција,нема НАЗАД.НЕМА!!!

    Љубов,само ЉУБОВ,Господ ја сака љубовта!

    Ох леле...
     
  15. DebbieLegg

    DebbieLegg Популарен член

    Се зачлени на:
    3 мај 2012
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    361
    Се зафркаваш нели ! Да одиш со некого 7 - 8 години и да не дознаеш дека ти е роднина,или треба ти и твојте воопшто да не ве интересираат такви работи,или треба да се правиш наудрен дека не знаеш.
    Колку и да се раселени колку и да ве има секогаш се дознава потеклото барем до трето колено.
    Баба ми некогаш на заебанции ке ме праша за некој дечко кој е и што е, па ке почне да ми ги набројува роднините случајно да не се изнајдеме роднини не за друго.
    Затоа тоа од незнаење дека може да се случи нешто такво не верувам,ни под разно.
     
  16. Macushkaa

    Macushkaa Нов член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    608
    Допаѓања:
    155
    Грев е.
     
  17. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.599
    Сега па одеднаш, испадна ок за трети братучеди.
    Оп, оп, уште малку границата ќе се повлече и накај втори. А втори, а трети...
    Абе... една нула, една кула.

    Муабетов, и ќе се изразам вулгарно е буквално -
    сакам да се ебам, ама да не ми влегува.
    Или - не, не се ебевме вистински, само главичката ми влезе.
    |(
    Мислам народе... усул.
     
  18. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    Според закон за семејство на РМ,
    Што според закон брак меѓу второ братучеди може да се склучи.
    Незнам дали црквата го дозовлува тоа, дали мислам дека е нормални, морално- НЕ!
    И не само од морални и од медицински причини.
    Не за џабе будалите кралеви со среден век, кои склучувале брак меѓу сестра и брат, не па за братучеди, децата им биле со физички или ментални недостатоци.
    А зашто во нашиов закон е вака, поима немам, и не ми јасно.
    Не би никогаш ниту го разбирам тоа, демократија океј, право на избор, ама нашево бајаги се злоупотребува.
     
  19. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Значи самата совест не ми дава да помислам да имам врска со некој мој близок, па дури и далечен роднина да ми е. Болно ми е тоа некако. А како што тргнала работава, па слушам и коментари "Шо има врска, втора братучетка ми е-до прва поштовам" :o Мислам тоа е реакција на плиток мозок, уствари на шуплина. Па добро ајде нека дозволат и брак помеѓу брат и сестра што да не. Секако не се знае кој кого е*e на денешницава.
    Права катастрофа :x
     
    На sweet-star и badem4e им се допаѓа ова.
  20. badem4e

    badem4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    178
    Пол:
    Женски
    Не оправдувам никако, не ми е нормално ова.Какво време дојде нажалост веќе не се знае кој кого е*е,па уште ќе речат е како трет братучед не се рачуна веќе.Болна работа, познавам вакви луѓе кои не се замараат со ова и никако не можам да ги сватам.Без разлика втор или трет пак има некоја жичка бре.