1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Роднинските врски грев или не?

Дискусија во 'Религија' започната од pupi.girl, 31 декември 2011.

  1. Stefaniya

    Stefaniya Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2012
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    70
    Според мене и да не е грев - грозно е.Казната ја добивате самите со тоа што ги знаете последиците т.е. највеќе ги трпи детето.
    Јас имам тетка која се зема со некој роднина (не толку близок) и беше прилично убава а и тој исто така.Откако се земаа и остана бремена првото дете и умре,а другите две се родија со 6-7 кила. *.- Ден денес децата без разлика на диетите,на докторските препораки а исто така и мајка им и татко им се предебели и со големи комплекси.Воопшто не се убави,искрено *- а пазете далечен род биле.И на доктор и секаде им кажуваат деак тоа е последица на инцест.
    Да не зборам за први/втори братучеди или брат и сестра,очекувајте наказа.Не ги сфаќам луѓето што се во врска со близок роднина,јас брат ми неможам да го погледнам со други очи а не па .. :puke:
     
  2. marinaxxx

    marinaxxx Активен член

    Се зачлени на:
    28 септември 2012
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    2
    Мене лично ме интересира дали и што мислите за брак меѓу први сватови т.е. пр. неговата сестра мене ми е снаа или обратно нејзиниот брат мене ми е зет



    Мене лично ме интересира дали и што мислите за брак меѓу први сватови т.е. пр. неговата сестра мене ми е снаа или обратно нејзиниот брат мене ми е зет
     
  3. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    За сватови не би требало да има никаков проблем ,меѓутоа врска помеѓу двајца кои се крвно поврзани не ја оправдувам ни јас ,ни црквата ,ни законот .
    Постојат случаи да не знаат дека се роднини ,што сепак би се дознало еден ден ,кога ќе ги запознаат родителите итн.
    Без разлика дали тие се чувствуваат како роднини или не ,против биологијата не може да се оди ,носат слични гени и сето тоа би можело да резултира со раѓање на некој фрик ,Бог да чува .

    Лично познавам еден пар кои меѓу другото се трети братучеди ,нивното дете е родено со 6 прсти на едната нога и има пореметувања на личноста .


    Од толку луѓе на светов , од толкав избор на партнери ,не би било во ред да се одлучиме за некој роднина ,сепак е наша крв .
     
  4. Makide

    Makide Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2011
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    325
    Ова е согласно Законот за семејство на Македонија меѓу кои лица неможе да се склучи брак

    Не можат меѓу себе да склучат брак крвни роднини во права линија (дедо, баба, мајка, татко и внуци), како ни родени браќа и сестри, брат и сестра по татко, односно по мајка, стрико и дете од брат, вујко и дете од сестра, тетка и дете од брат, тетка и дете од сестра, ниту први братучеди.
    Не можат да склучат брак и лица чие сродство од претходниот став е засновано со посвојување.

    Не можат меѓу себе да склучат брак свекор и снаа, зет и тешта, очув и паштерка, маќеа и пасинок, без оглед на тоа дали бракот, поради чие склучување тие дошле во такво сродство, престанал.
    Од оправдани причини надлежниот суд може во вонпроцесна постапка, да дозволи роднините од став 1 на овој член меѓу себе да склучат брак.

    Вонбрачното сродство претставува пречка за склучување на брак како и брачното.
     
  5. marinaxxx

    marinaxxx Активен член

    Се зачлени на:
    28 септември 2012
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    2
    да меѓутоа тука за сватови нема забрана колку можам јас да разберам на пр он мене ми е сват зашто неговата сестра се омажила со брат ми а тука се набројани други сродства ваквото не е
     
  6. Bubbi

    Bubbi Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    563
    Не ги оправдувам !
    Боже Господе....од цел свет од милиони и милиони луѓе баш према братучед да развијам такви емоции!!! Или према сват! Бог да чува! Сум ја земала неговата сестра како моја, нели за брат ми е тоа жена, и сега него треба како маж да го гледам...како не!
    Од цел свет баш во роднина да се затрескам треба да ми фали нешто.....сериозно!
     
  7. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Најнова вест, барање да се дозволи брак помеѓу брат и сестра (смајлиштосекрсти)
    Е па драга плането Земјо, драг универзуме, јас си заминувам од оваа планета. Официјално!
     
  8. mjauuuuuu

    mjauuuuuu Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2012
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    64
    нека им дозволат па нека раѓаат фалични нездрави извеличени деца со триста мани па пак нека се земаат браќа и сестри катастрофа уште малку и марсовците ке станат лепотани за нас луѓето (ако постојат де ) :rofl:
     
  9. mila25ve

    mila25ve Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    1.090
    Пол:
    Женски
    имам вујко што се ожени со неговата внука т.е тој и се паѓа чичко на жената и верувајте дека сите сме згрозени од тоа али на нив им беше сеедно, исто и на нивните родители бидејќи сакаа "богатството" да остане во фамилијата ма ајде бре живи глупости. Се беше во ред се додека не им се роди второто дете кое еве и ден денеска на негови 4годинки незнае ни еден збор да каже za greota e, па така да ова ни малку не е добро ова е болна работа, покрај толку други машки и женски они со роднини се земаат
     
    На mjauuuuuu му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Ella.313

    Ella.313 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2012
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    149
    Пол:
    Женски
    За да ти се родат емоции кон некој со кој си во роднинска врска треба да си психички пореметен-да се замислуваш како го бакнуваш и имаш желба со него да создаваш семејство.Тоа е нешто што нема врска со религијата,законот со причина го забранува бидејќи гледано историски-во племенска заедница кога се мешале по крвно сродство се раѓале фалични деца кои немале долг век на живеење.А што се однесува до тоа дали е грев,многу сме денес "либерте" сите па релативна работа е што е грев.Ниту не интересира вера,ниту пол,ниту род така да секој става акцент само на љубовта-таа е најбитна.Па драги мои,ако се заљубам во пингвин,не ме осудувајте..не е грев.Бог да чува..Поздрав со песнава:

    http://www.youtube.com/watch?v=wk8WFekFS0I
     
  11. plav

    plav Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Ни се дешава да се засакаме без да знаеме дека сме роднини...дознавме пред некое време дека девојчето ми паѓа внука од 3та братучеда...проблемот е што нејзините биле роднини 3 или 4 ти а се зеле ... така да шо е најнормално татко и на девојчето ми е 4ти братучет .... не знаеме што да правиме ...
     
  12. kosmodiks

    kosmodiks Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    375
    Допаѓања:
    251
    Пол:
    Женски
    И другарка ми е во врска веќе 3 години со мој прв братучед, а на неа и е трет.
    Им имам кажувано дека не е во ред, ама тие планираат да се венчат. :fubar:
     
  13. Filiposka

    Filiposka Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    261
    Пол:
    Женски
    Тоа веќе преминува во подалечни роднини,барем јас така мислам.Мислам дека до трето колено братучеди е пострашно а на така веќе мислам дека не би требало.
    И ако знам пример и имам пишано и на темава за нив,први братучеди се зедоја и се решија цел живот да го поминат без дете само за да бидат заедно.Мислам дека вашиов проблем не е нерешлив :)
     
  14. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    За трети братучеди или кога едниот од кандидатите за брак е внук/а од трет/а братучед/а на другиот, дозвола за брак дава надлежниот епископ (владика). Доколку сакате да се венчате потребно е на надлежниот владика (преку вашиот парохиски свештеник) да му испратите молба за дозвола за брак, во која ќе го наведите вашето сродство. Најверојатно владиката ќе ви даде дозвола.
    За четврти братучеди и подалечни роднини нема проблем за стапување во брак.
     
    На Witchman му/ѝ се допаѓа ова.
  15. plav

    plav Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Во ред тоа ... ама дека нејзините родители 3ти братучеди се зедоја, така јас со девојчето од страна од кај мајкаи ми паѓа внука од 3та братучеда а од кај татко и ми паѓа 5та .... така да нормално дека секој жив човек размислува за да остави потомство...прашање кое е нерешливо и те тера да мислиш дали да се спречи со време или пак да се продолжи .... на секој му се најбитни децата пред се
     
  16. Sherryl

    Sherryl Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2012
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    147
    јас знам еден пар ...така се засакале и не знаеле дека се роднини...трети или четврти братучеди....на венчавката откриле дека се роднини (дека голема фамилија)...и еве 20 и кусур години се во брак и немаат деца сеуште.... не ги доносувала бременостите до крај....само една успешна бременост, но детето се родило со некоја маана, и починало уште како новороденче
     
  17. Filiposka

    Filiposka Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    261
    Пол:
    Женски
    Муабетот ми беше дека Вие сте далеку од тоа за да останете без потомство затоа што веќе се сметате за далечни роднини......пр што јас го споменав беше за први братучеди
     
  18. Sherryl

    Sherryl Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2012
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    147
    но овие јас што ги знам се трети или четврти братучеди...веќе 20 год немаат деца...
     
  19. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.105
    Пол:
    Женски
    Мислам дека воопшто не е дозволен брак помеѓу први братучеди, ако сум грешка нека ме поправи некој!

    Јас на ова гледам како еден СЕРИОЗЕН психолошки проблем, кој не е нерешлив, се решава само со посета на психијатар и на ниту еден друг начин!

    Оние што без да знаат се впуштиле во ваква авантура треба што поскоро да ја прекинат. Последиците од истата ви се познати!
     
  20. Filiposka

    Filiposka Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    261
    Пол:
    Женски
    Бракот е склучен само како граѓански јас колку што знам а можеби истиот и не постои како таков не би можела да кажам......Инаку се работи за двајца доктори ама и покрај сите несогласувања од страна на фамилијата тие решиле да бидат заедно по цена и на тоа да немаат деца......а тоа дали е психолошки проблем или не не можеме ние да кажиме сепак прашањето е многу дискутабилно(барем според мене)
    А во случајов погоре се далечни роднини и не знам зошто би требало според тебе да ја прекинат авантурата во овај случај не е ништо спорно дури и тие можат и во црква да склопат брак.

    Во ред можеби ама има и други кои не можат со години да имаат даце а не се роднински поврзани.....немам јас сретнато барем научно нешто што докажува дека проблемот е затоа што биле братучеди....можеби проблемот е од друга природа можеби да е од тоа никој тоа со сигурност не може да го каже.