1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Родови стереотипи – колку се сѐ уште присутни во општеството?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Someonespecial, 20 август 2017.

  1. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.890
    @Lella
    Пa решениетo тoгaш е мнoгу леснo. Некa се пoчне сo кaмпaњи, прoтести, трaнспaренти сo -и јaс сaкaм трaктoристкa дa сум, -и женaтa имa прaвo дa рaбoти вo рудник и сличнo, пa не верувaм декa некoј немa дa ги пoддржи. Oд стaрт ќе имaш врaбoтувaњa oд стрaнa нa рaбoтoдaвaчи кoи aкo не зa другo бaр зa фирмaтa дa си јa прoмoвирaaт и бесплaтнa реклaмa ќе врaбoтaт жени, зa пoчетoк. Пa сo тек нa време ќе се смени. Кoј се не дoбивa секaкви прaвa денес пa зa oвa ли? Ајде, кaде се жените? Зaфaтени сo пеленски ревoлуции? И зoштo вo тaa пеленскa ревoлуцијa кoгa веќе јa спoмнaв не гo вклучaт и мaжoт пo пoлa? Oн рoдител не е? Нели се бaрa еднaквa вклученoст вo oдгледувaње нa дете, зoштo тукa никaде не е спoмнaт? Амa...
     
    На pravnicka_2604 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.121
    Пол:
    Женски
    Знам за што зборуваш, ама, за да те разберат другите, треба да го практикувале феминизмот, да работеле на темите, да ги знаат женичките кои работат на темите...и да, додека работеле..не ги гледале работите површно само....ко многу, млади и зелени ентузијасти и запаленковци за х и у работи. :)

    Иначе, и такви жени има по селата. Кои, баш тоа прават - се качуваат на трактор и работат по нивата. Земаат мотика и...нели. Ем истиве, идат потоа и дробат зелка, мешаат манџа, месат зелници, ем и цепат дрва и сл.
    Имаш и принцезички, нормално.
    Овие, тракторџикиве и сличните на нив, никој не ги просветлил за машко-женски работи, никој не требало да им каже што треба, или што не...никој не требало да им организира работилничка за „јакнење на жени“ за која ќе земе х хонорар, а самата личност која ја држи работилничката..во животот нема фатено ништо повеќе од пенкалце; до х работа се докопала благодарение на мама или тато или, уште побитно, сАпруг кој е на х функција. И, истава, манџа не прави, зелници не прави, она не знае да готви, она одбива уствари да готви оти, она е против такви стереотипи. :D Тоа е тој квази-феминизам, нели?!

    Иначе, кога веќе пишуваме за ова... имаше пред годиништа, фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс, отворен повик за иноватори...за земјоделски машини ко трактори и сл. кои би биле по прилагодени за жените (као), како една од мерките да им се олесни работата на жените-земјоделки и да се намали загубата на жетвите и бла бла во процесот. Повикот беше конкретно за во некој регион од Африка каде,бројот на жени кои се занимаваат со земјоделие е многу поголем од бројот на мажи. А тоа е така оти, мажите во регионот (поради огромна невработеност,недостиг на работни позиции) се главно печалбари па, нивите ко и домаќинските работи остануваат на жените и така.
    Е, сега, уште позанимливи проблеми околу стереотипите и нашиот придонес за нивно одржување... во земји ко овие пример, има отворена нееднаквост -правно подкрепена, во однос на наследувањето - имотот припаѓа исклучиво на мажот, на машките деца, кое,кај нас КАО...и не е баш проблем, ама, имаш почести ситуации во земјава каде сестрата као, доброволно и скроз добродушно се откажува од наследството во име на братот, пошто нели, иде она у друга куќа/стан и такви мити, скриени булшити на еднаквост, ама не баш еднаквост од која, сам треба да излезеш пошто ништо друго - држава, закон...не те спречува.

    Проблемот со стереотипите, за кој зборува Бриџит е... дека не треба да се набљудува ко колективен само, ами, индивидуален пред се'. Ако сам не се избориш, не чекај некој на тацна да ти го даде, баш ради оној пример со...наследувањето.
    Оти, проблемот тргнува од поединецот, кој за да биде прифатен од колективот, за да биде допадлив...за да.... Трајче биде маШ пред тате; другарите и женските, или за да Трајанка биде нежно женчуленце ко кокиченце пред цел свет.. Трајче и Трајанка си избираат - самите одредени улоги. Што би рекол Гофман во The presentation of self in everyday life, ставаат маски пред народот - принцип на помал отпор.
    За Гофман, патем, разбрав од Mindhunter (серијата).
     
    Последна измена: 19 ноември 2017
    На pravnicka_2604, calliope, do-re-mi и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Lella

    Lella a blasphemous bitch Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.288
    Допаѓања:
    28.785
    Пол:
    Женски
    Пак ги напаѓаш жените што не сакаат да бидат трактористки, поточно сите жени, поточно сите луѓе.
    Нели и ти си за еднаквост, повели ти започни ја кампањата за трактористки и оди после вози трактор. Не треба да ги бараме работните места, треба да ни бидат достапни ако сакаме или мораме да ги имаме.
    Оо чекај, звучам како разгалена принцезичка што чека да и' падне нешто од небо. Значи така изгледаат сите кои бараат еднакви права. Направете си кампања бе, никој не е должен да ви ги даде. Или во најдобар случај ставете им нож на грло на (не)сексистичките работодавци, или кастинг директори за црнците, или луѓето во матично за гејовите.

    Подобро да не почнувам за пеленската револуција. Поглупо нешто, амин.
    Тоа ме тера да мислам дека не можеш да разграничиш за што зборувам јас.
    Ги обвинуваш жените што не сакаат да работат во рудник, а треба да ги обвинуваш работодавците што го немаат овозможено тоа in the first place.
    Тоа што буквално никој не сака да работи во рудник е друга работа. Рудниците ако бараат некој кој сака да работи тешко дека ќе најдат. Затоа нивна работа е да овозможат и жените да работат таму, а не да чекаат жените да кренат бунт за да работат во рудник.
     
    Последна измена: 19 ноември 2017
    На Gosh, theowndemon, Mishela и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.890
    Кaкo не се дoстaпни тие рaбoтни местa? Кoлку пaти ќе гo вртиме истoтo? И пoгoре е нaпишaнo и сaмa знaеш декa зaбрaнa зa жени дa рaбoтaт штo сaкaaт немa. Примери имaш, штoм имa еднa, две или три тaксистки знaчи декa не е зaбрaнетo. Штoм имaш (a имa) жени трaктoристки знaчи не е зaбрaнетo, штoм имaш успешни жени нa висoки функции истo знaчи декa не е зaбрaнетo, штo не е јaснo? Тoa штo се вo пoмaл брoј јaс велaм винaтa (или oдгoвoрнoстa) вo себе дa јa бaрaaт a не вo непoстoечки зaбрaни.
    Рудниците ( се зaпнaвме зa нив aмa aјде) имaaт услoви зa рaбoтa тaкви кaкви штo се и вaжaт зa сите врaбoтени(мaжи) a ти велиш дa приспoсoбaт услoви зa жени. Кaкo? Нели сме исти? Рoзеви шлемoви дa им oбезбедaт? Oти рaбoтaтa тaму тaa е, зa сите истa, a aкo пoд приспoсoбувaње мислиш бирo и лaптoп вo јaмите и кaфеaпaрaти...не знaм, некa си пoбaрaaт.
    И не мoрa дa се рaбoти штo бaрaaт физичкa издржливoст, зa тaксист штo требa? Вoзaчкa. Зa трaктoрист? Истo. Рaбoтa нa мaшинa вo фaбрикa? Вилушкaр? Зoштo oвие рaбoти претежнo мaжи ги рaбoтaт?
     
    Последна измена: 19 ноември 2017
  5. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Присутни се и во најбаналните сегменти од секојдневието. Демек, како женско треба да бидеш цело време насмевната, ведра, и слични глупи муабети.
     
    На Someonespecial, Gosh, theowndemon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    Постои суштинска разлика во стварите кои се дискутираат на темава, односно треба да се диференцира помеѓу полови стереотипи и полова дискриминација.

    Луи ЦК во еден стендап кажа дека сексизмот, за разлика од расизмот, е нешто што ние како човештво никогаш нема да го искорениме, од проста причина што е всаден длабоко во самите нас. :D И донекаде, ќе се сложам со изјавава, пред се' затоа што половите стереотипи (барем дел од нив) се засновани на вистински разлики кои постојат помеѓу мажите и жените.

    Да расчистиме една ствар - ја себеси се сметам за феминист, но феминизмот за мене значи дека на мажите и жените треба да им бидат обезбедени исти права и можности во сите сфери од животот. Она што феминизмот за мене не е, е идејата дека мажите и жените се исти, period, because well, that's just plain wrong.

    Алан и Барбара Пис се автори на низа научно-популарни книги со идиотски наслови од типот „Why Men Don't Listen and Women Can't Read Maps“, но не дозволувајте насловот да ве залаже - книгиве се интересни и базирани на вистински научни истражувања. Не викам дека се' во нив е 100% точно и треба да се земе verbatim, ама интересно е што некој се охрабрил да ја разгледа темата на половите стереотипи од научен аспект, да објасни што од нив е вистина, а што не, и разликите да ги објасни со помош на наука.

    Мажите и жените се слични (исти) во многу аспекти, но исто така и различни во други. Различноста не значи дека едниот пол е „подобар“ од другиот, туку едноставно дека е - различен. Се разбира, тука збориме за генерализации - постојат исклучоци од секое правило - но, поентата е дека е во ред да признаеме дека мажите и жените имаат различни афинитети и дека едниот пол е подобар во едни, а другиот во други нешта. И позади тоа стои биологијата и еволуцијата, а не некои општествени конструкции или норми.

    И се' додека разликите меѓу половите не се користат за дискриминација или потсмев кон едниот пол, во ред е да признаеме дека тие постојат.
     
    На Lianna Anna, Црна Ружа, Mrs.Styels и 8 други им се допаѓа ова.
  7. HoneyBun

    HoneyBun Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    973
    Пол:
    Женски
    Што треба да направат за да овозможат за жените да работат таму? Нели сме еднакви како за мажите така и за нас. Ако некоја жена изрази желба да работи во рудник никој нема да и забрани биди сигурна. Целата работа е за тоа што никоја жена не сака да работи во рудник затоа и никој работодавач не бара жени за во рудникот! Нема побарувачка, па затоа и нема понуда. За тоа и зборував- додека има жени слабаци секогаш ќе биде вака. Мажите се учени од библијата дека жената е од нивното ребро направена и дека треба да ја почитуваат. Затоа и не било дозволено во тоа време жена да работи физички тешка работа, од почит! Зошто и ден денес постојат џентламени што не сакаат да носиш тешко или ти отвараат врата ? Затоа што мислат дека не си способна сама да си ја отвориш? Не тоа се вика почит, така е од век и векови и така ќе биде. Ама тоа некои жени го разбираат како сексизам и затоа и се појави феминизмот. Не велам дека ова почитување некои мажи не го искористија како понижување и угнетување на жената. Ама тие приказни дека нема да ти биде барем малку чудно и да се замислиш дали е геј другар ти ако целата соба му е розева и се облекува како тебе те молам не ми ги збори. Знам дека секој има право како сака така да се облекува и однесува, ама сигурно ние од постарите генерации сме сеуште застарени за ова мислење. Секако на новите генерации нема да им бидат чудни овие работи де, затоа што во ова време машките носат тесни фармерки и да не зборам за самото однесување. За нив тоа ќе си биде нормално затоа што во таков период се родени. Ама јас лично никогаш не би била со момче што има женско однесување и облекување и да ми збори колку лајкови на фб има на новото селфи. Да, можеби сум застарена. Ама немој и ти да зборуваш колку си all for it и не ти пречи ништо зошто нешто ми вели дека тоа не е толку лесно кога живееш во вакво општество. Сигурна сум дека си си помислила дека другар ти можеби е геј, а тоа не сакаш да си го признаеш.
     
    На Vitaly му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Lella

    Lella a blasphemous bitch Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.288
    Допаѓања:
    28.785
    Пол:
    Женски
    Па технички, ниту за црнците нема забрана да добиваат Оскари, ама не добиваат. Ти велиш не заслужиле, јас велам не е поради тоа, туку поради фактот што Холивуд е една расистичка all-white индустрија. Ти велиш ама еве Виола Дејвис освои лани, Морган Фриман исто нели... значи Академијата не е полна со расисти.
    А фактот што од во 90 години Оскари само 34 црнци имаат добиено оскар комплетно го игнорираш. Сфаќаш што ми е поентата сега?

    Со целиот опис што го даде за начини како да се направи рударството компактно за жени сфаќам дека спаѓаш во "I'm not like other girls" толпата. Поточно во сите тие кои всушност тврдат дека жените се слабаци еве, дека ги мрзи да мешаат малтер и дека сакаат мажите да им служат, за разлика од нас специјалните снегулки што се разликуваме од мејнстрим емотивните пеленска револуција-жени.

    Не знам што ти е поентата - дека повеќето жени не сакаат да мешаат малтер или дека не се феминистки?
    Бидејќи желбата за мешање малтер не е еднаква на феминизам.

    Не знам дали сфаќате колку всушност е апсурдно да се обвинуваат жените за тоа што не постои еднаквост во областа на професиите, кога отсекогаш професиите биле поделени од страна на мажи.
     
  9. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.890
    Кога ќе ме прашаш конкретно за Оскари и кога јас ќе ти одговорам тогаш може да дискутираме и да пишуваш врз основа на тоа што сум ти одговорила. Вакви споредби и ставање зборови во уста аут оф д блу, немој. За да дискутираме на таа тема прво треба да испитам колкав е процентот на црнци во филмската индустрија, колкав е процентот воопшто на црнци во Америка и еден куп други прашања, ама сега не сме за тоа, ако ти тежело на душа и си сакала да го кажеш, требало да го чуваш за во друга тема.
    Оти дури и да правиме споредба, колку од жените се желни за работите кои ги спомнав на ист начин колку што акерите црнци се желни и се трудат да добијат Оскар? Тотално бесмислен муабет ќе е.
    И како се изврти муабетот кажи ми? Тебе те цитирав во Сдк оти не само таму туку и на повеќе теми си као womaн power, феминизам, модерно општество, навредена од секакви споредби несоодветни со машкиот пол, а сега види постови и постови наназад наоѓаш начини, изговори да одговориш на прости прашања од типот -зошто жените ги нема во типични машки професии во кои и не треба нека посебна физичка сила (која сите мажи од раѓање ја имаат???) па одговорноста ја префрлаш на сите само на нив не. Па кога реков дури и да е така, нека пробаат да направат нешто околу тоа, нека излезат по телевизии, на улици, ти ми велиш -не сакаат, или не можат, во различни постови различно ми одговараш, и сама не си сигурна.
    Што останува јасно она што во првиот пост, во првата реченица го кажав и со тоа ќе завршам -си бираат што им одговара, едноставно.
     
    На oblace1, pravnicka_2604 и Vitaly им се допаѓа ова.
  10. HoneyBun

    HoneyBun Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    973
    Пол:
    Женски
    Девојко мешаш баби и жаби. Не го вовлекувај и расизмот овде.
    Еве јас од мала сум научена да мешам малтер и да возам трактор и не ми треба маж за машките работи, ама повеќето девојки во моја близина не знаат сијалица да сменат и очекуваат мажот да ги врши тие работи. Таа жена според тебе има ли желба да ја смени сијалицата? Нема а и не знае како, затоа што знае дека има кој да ја смени! Факт е дека има жени кои уживаат во нееднаквоста и не им пречи. Немаат желба и не се феминистки затоа што им одговара нееднаквоста.
    Тоа е поентата додека има такви жени ќе има и мажи кои не сметаат за послабиот пол. Престани да ги обвинуваш мажите за нееднаквоста. Зошто има жени кои возат камиони? Затоа што жената сакала да вози камион. Имала желба. Ако биле поделени професиите од страна на мажите нема да има жена шофер на камион, жена автомеханичар или жена претседател. Мажите одамна се уверија дека сме способни за истото што и они, само на некои им е тешко да го признаат.
     
    На pravnicka_2604 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.683
    Пол:
    Машки
    Туќа веќе проблемот е во биологијата и еволуцијата.
    Едно е правна рамноправност (сите цивилизирани земји ја имаат), друго се дебилни стереотипи кои не одговараат на ова време (балкан) а сосема трето капитализмот кој е економски систем воден од можноста за профит.

    Не знам дали на друго место правевме нешто муабет како овој но не може да се негира биологијата и еволуцијата и нема потреба мажи и жени да бидат исти од тој аспект или да се движи некое општество во тој правец. Има разлики во мускулна маса, во моторика, во наслаги на млечна киселина, капацитет на бели дробови и милиони ствари, прашај лекар ако не ми веруваш :)
    Физичката супериорност низ историјата баш и не била особено во корист на мажот, пошто тешките физикалии не носат многу радост, туку несреќа и мизерија.
    Нема ништо негативно во различноста, јин-јанг, после ноќта да осамне ден, пенис-вагина, се е тоа одлична ствар :)

    Имало жени рудари (и деца:worried:) во веселите времиња на капиталистичкото лудило во Британија во 19.век, бидејќи ги вработувале со дупло пониски плати него рудар-маш. И сеа логика од газдите - ќе им рмбачи жена него маш за дупло помала плата. И по некое време жените почнале да умираат масовно, цело село, џабе е на газдата што заштедил пола сума на плати коа изгубил 80% на тонажа во ископан јаглен.
    Порано читав нешто, околу 98% од сите смртни случаи и случаи на трудова инвалидност во светот се мажи, милиони раја годишно одат во гроб или остануваат инвалиди.
    И сега некој да сака таа цифра да е 50-50 ми е некако морбидно.
    Па жените треба да се среќни и пресреќни што не слегуваат во окно на 900м под земја, загушливо, јаглена прашина во очи, бели дробови за неколку години им се јебе матер, горештина, потови, се лепи јаглен за фаца, ноздрви црни, во една положба со саати...

    Понекогаш се јавуваат информации дека жените заработувале 85% од мажите, што е очекувано, нормално, градежњак ќе зема три пати повеќе плата на запад него продавачка и тука се крева просек но ќе му се сјебе здравје пет пати побрзо, ризикот се плаќа, не е се во парите. Затоа треба да се земе во превид се а не само дел.

    Сеа замисли да се изедначат во сите спортови, една конкуренција, нема мажи и жени...Венус Вилијамс има да го искрши рекетот од глава на некоја модерна феминистка пошто ќе биде околу 500 место на атп листа, шо праиме со кошарка, одбојка, атлетика, има рандом кошаркарка да скорши од мавање рандом феминистика :D абе има да ја свитка како чвор, пошто отидоа примањата, наместо лагоден живот ќе живее многу послабо.

    Во западните земји нема повеќе потреба од феминистички движења но пошто ете се наоѓа начин за ухлебување и добивање внимание - ќе тераат со нови бесмислици и небулози.
     
  12. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.020
    Дел од мислењава ме потсеќаат на оние коментари што ги читаме на нет во ситуации каде девојка ќе ошамари машко а тој ќе ја нокаута со бокс- „ете, ете, баравте феминизам, баравте да сте еднакви, хахаха сега трпете“. Не, тие ситуации немаат врска со феминизам, туку имаат со напад и кривично дело кое се казнува. Тажно е што толку е ниска свеста што, кога се збори за феминизам, се спомнува биологија и физички разлики.

    Да бевме физички еднакви, немаше да постојат спортски дисциплини за мажи и за жени, туку сите ќе се натпреварувавме заедно. Тоа е тоа и тука нема што да се буниме. Да, маж ќе биде подобар градежен работник од мене, и ќе биде подобар рудар од мене затоа што анатомијата, биологијата тоа му го овозможува. Ама истата таа биологија, поради која јас нема да можам да копам еднакво како маж, мене не ме спречува да станам рударски инженер, зошто во таа професија се цени памет а не мускули. Е сега, дали мене некој ќе ме вработи како рударски инженер, професија досега поврзувана со машкиот пол, и дали мене рударите ќе ме прифатат како надредена и дали ќе ме почитуваат како професионалец, тоа се прашања кои треба да ги збориме.

    Мажите и жените телесно не се еднакви, ама интелектуално се, мислам хелоу и за тоа станува збор на темава, а не за тоа дали жените треба да мешаат малтер и да возат такси. Искрено, трагикомичен ми е муабетот. Прво, денеска во Мк финансиската ситуација е страшна и кога си без пари, ќе работиш тоа што ќе најдеш, било физикалец, било таксист, било мешач на малтер. Имаме неписмени административци ама имаме затоа такстисти со докторат, ситуација што е тотално ненормална ама за нас и тоа како реална. Порано знаете кои биле градежни работници? Луѓе без образование, полу или скроз неписмени, без никакви квалификации, кои освен физичка работа, друго поарно и не можеле да најдат. Жените кои порано чистеле по дома? Циганки. Денес жени со факултети чистат по дома и по влезови зошто само тоа успеале да најдат. Епа извинете, ама стварно ми е смешно феминизмот да го барам во ваква група на луѓе, кои тоа што го работат не го работат од љубов и желба, туку од очајна потреба по корка леб.


    Бателете малтер и комбајн, ајде за збориме за ситуации како манифестот што се појави летоска, напишан од страна на вработен на Гугл каде објаснува дека мажите се покадарни за работа во технолошките полиња за разлика од жените.

    Или ајде, воопшто да не одиме толку далеку. Да збориме за нешто од општа култура. Еве, нека ми објасни некој зошто од старт сите поверуваа во приказната на актерот кој го окриви Кевин Спејси за несоодветно однесување, додека десетиците жени кои и сега и низ годините излегуваа со сведоштва против Козби, Вајнштајн, Луис Ц.К беа од сам старт карактеризирани како очајници гладни за 5 минути слава, злобници кои сакаат да им ја уништат кариерата на успешните мажи... Очигледно, машкиот збор со себе носи тежина и веродостојност, додека женскиот збор, и кога е во хор, нема вредност.
     
    На Lianna Anna, Fauhxy, Asparagus и 7 други им се допаѓа ова.
  13. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.890
    Кој да ви каже дека гребете само под површината и се фаќате за вакви коментари на нет па демек споредби со тука, оти само и на такви коментари може поента да извадите. Примери вадите што врска немаат со темава и игнорирате она што е битно затоа што се среќавате со зборови како -таксистка, трактористка. Не е смешно, тука е зајакот, ама...
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.683
    Пол:
    Машки
    РМ е дно од општество, смешен обид за цивилизирано живеење и малку ствари се применливи, затоа мора да се бараат примери од други места.

    Што се однесува до предрасудите и стереотипите, тие не можат да бидат спречени со закон или со казна, на тој начин ќе се отвори врата за орвелијанска ситуација и опа ете ти новоговор, крајмтинк и дистопија, пример имаше на другата тема за војска муабети од женски особи дека маш не е маш ако нема одено војска, све се пропедерчило, се џастин збиберило :devil: но за таквите муабети не е потребно ништо освен спротиставување со аргументи факти и време.
    Иако менталитетот се менува многу споро тука, сепак се менува и има прогрес, не можам да замислам какви стереотипи важеле пред 50 или 100 години.
     
    На Lianna Anna, Mrs.Styels, Gosh и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    51.306
    Пол:
    Женски
    Жена не гледате често да вози такси, бидејќи реално, не се чувствува безбедно. Жени свесно кога се возат во такси седнуваат позади, а не да возат непознати луѓе. Еднаш само во цел живот имам седнато напред во такси, таксистот ми стави рака на колено. Може вие не среќавате секакви кретени во вашата околина, ама факт е дека постојат.

    За физички работи, барем во Скопје, последниве години ни мажи не може да се најдат, особено со некакво искуство, а не па жени. Или се разотидени по странство или не сакаат физичка работа. И не, не зборувам за мизерни плати, едноставно многу е тешко да се најде било каков работник.
    За жена во “машка” професија, уште има предрасуди, за жена што работи со многу мажи исто.

    А за реалната ситуација кај нас, ѕирнете по женските Фејсбук групи, зашто еве јас не знаев колку многу млади сопруги и домаќинки има кај нас, што сами се откажуваат од кариера, и барајте го таму одговорот. Некои работи тешко се искоренуваат.
     
    На Lolo5, Lianna Anna, Lella и 4 други им се допаѓа ова.
  16. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.020
    @Bridget, Е смешно зошто ти се фати за професија која, фер- нефер, е диктирана од физичката сила и моќност на кандидатот за работа. Јас во некој професии едноставно не можам да му бидам конкуренција на мажот и тоа е тоа, мајка природа. Зошто од мешачот на малтер не се очекува само да меша малтер, туку и куп други физички задачи кои директно се поврзани со јачината и издржливноста на неговите мускули. Ајде да збориме за магационерка, зошто исто ги нема. Ако една од обврските на работното место е да се дигаат пакети од 30 кила, колку девојки ќе се квалификуваат за таа работа? Не само девојки, и многу момци нема да можат да го работат тоа. Затоа, да ги оставиме професиите кои се поврзани со физичка моќност на страна.

    Ајде да разговараме на тема машко воспитувач во градинка. Или пак како би реагирале на оглас „Маж бара за чување дете/возрасна личност“ место досегашните стандардни „жена бара...“. Би имале ли доверба, би помислиле ли можеби дека предатор бара лесни жртви, би го скокнале ли огласот?

    едит:
    Или како би реагирале вие (или домашните), кога би повикале електричар а на врата ќе ви се појави електричарка? Или водододџика, браварка, ролетнарка? Дали ќе се сомневате во нејзината стручност, дали ќе и стоите над глава додека поправа, дали веднаш откако ќе си отиде ќе повикате друг, машки мајстор?
     
    Последна измена: 19 ноември 2017
    На Lianna Anna, crimson, Lella и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.683
    Пол:
    Машки
    РМ не е народ туку држава под која што опстојува некакво општество, тоа што е на самото дно на Европа по било кој параметар, што е корумпирано дувло на некомпетенција, клептократија, ниска колективна свест, што виреат средновековни предрасуди, најзагадено место на континентот, каде што родилки одат на породилно како на руски рулет, тоа што газди отпуштаат работнички поради тоа што забремениле (бонус - истите се демек големи маќедонци загрижени за наталитет, трето дете а-у) и на интервју ги понижуваат со прашања дали планирале да раѓаат во скоро време - тоа се тие факти.

    Не треба да се навреди никој од фактот дека РМ е дно туку да се стави прст на умот, да се сменат некои работи и да се тргне напред.
     
    На Briar Rose, Lella, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Mrs.Styels

    Mrs.Styels Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2012
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    7.554
    "Не плачи не си женско"- реченица што и самиве мајки ја употребуваат да ги смират маливе машки деца кога ќе почнат да плачат. Не им е лесно и нив, уште од мала возраст од машкиве деца се очеквит да се отпорни на емоции, не дај Боже да не сакет да си игрет со коли и слично, не смеат да плачат ко ЖЕНСКИ.
    Од друга страна маливе девојчина уште од одма спремни домакинки...бебиња кукли, па тавчето ова она... Се дешават жениве една кај друга да си одат на гости па малава " домакинка" ако не ги исполнува условите одма идат заклучок: " Ааа оваа машкоданка..". Леле да? :^):clap:


    Можда и ќе сум нападната од повеќево жени ама мислам дека феминизмов од страна на повеќето е многу погрешно разбран и то носит до несакани последици. Плус то можеби навистина биолошки сме различни од мажите, но сепак сум за тоа БАРАВМЕ ПРАВА, ЕТЕ НИ ПРАВА- не е фер да се злоупотребвит то. Демек ко ќе ни одговарат мојт така, ко ќе не ни одговарат ТОЈ Е МАШКО, ТОЈ ТРЕБИТ ВАКА, ТОЈ ТРЕБИТ ТАКА...НЕ СУМ ЈАС КРИВА ШТО БИОЛОШКИ СМЕ РАЗЛИЧНИ. Абеее |-)
    * кога бев Прага имаше голем број на жени кои работеа работи кои кај нас ги работат 99% мажи: во такси, собирање кумуналии, чистење на улици и слично (пред некој ден кога одев на факултет видов жена на возачко седиште во такси и бев изненадена што значи дека и кај нас ги има... ама поголемиов дел од нашиве принцези и кралици не сакет да слушнат за таква работа зш рамноправни се со маживе само психички, интелектуално...море попаметни се да, да...)

    Од друга страна во врска со твитот...
    Најчесто таквите девојки, а ги има во поголем број, што ги понижуваат мажите кои се стремат да се љубезни, културни, средени..да не ја должам многу, со добри манири..одбираат некој таков ДА ПЦУЕ, ДА УДИРА, ДА БИДЕ МАЖ (демек поинаку машкоста не се покажвит, ај немат врска) шетет после со пукнат нос и не смеат збор да речат, не ни велат зошто тој е МАЖ.
    Ма немој..

    Се' на се' сметам дека самиот женски род е виновен за тоа што сеуште постојат вакви стереотипи бидејќи сами не си се цениме доволно и МЕЃУСЕБНО гледаме да си се испонижиме, па аку самата жена не ја почитува другата зошто е жена како да се очекува од маж да се добие тоа почитување (а реално има мажи кои навистина разграничиле со ова и живеат во 21 век, а не во камено време).
    Многу пати авторитетни, млади, паметни девојки кои постигнале нешто во животот одма им се става етикета СПИЕШЕ СО ШЕФОТ/ГАЗДАТА најчесто од ЖЕНИ кои не биле доволно способни да го добијат тоа итн...опширна е темава многу, не дека и машкиве не имаат навика да понижат ама не се тие криви, криви се тие што трпат...
     
    Последна измена: 20 ноември 2017
    На Lolo5, blonde_supergirl, theowndemon и 5 други им се допаѓа ова.
  19. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.683
    Пол:
    Машки
    Маш не е маш ако како мал не бил тепан, по можност со каиш.
    Строго, али правично.
    Дете ко дете, уште е зелено и глупо, не знае. Зато треба да му се покаже каде му је место.
    Иначе ако го остаиш детето без дисциплина ќе стане пиче. А пиче после ќе извољева само нешто, не му чинел гравот од баба му, не сакал да ги чува козите фсело, коа ќе му понудат ракија праи фаци и врти со очи, затоа требе тоа со време да се спречи. Така викаше Тито порано, боље спречити него лечити.

    На чколија се знае, ако забележиш некое педерче, кремче, теткица, одма се почиње со малтретирање. Така се јача карактер. Сеа не да се претерува, шо знам шестар во око е превише ама да го вреџаш и млатиш повремено е добар знак дека ќе пораснеш во праф маш !

    Во средно нема заебанции, има да почнеш да ебеш, чуриш тутун и да пиеш, више ти е време тогаш. И да го праќаш кремецот со по една чврга да ти купи цигари.
    Само пази, никако лајт, мајт, ултра ти реков ми рече, тоа е за педери, се знае, машка цигара бре, фул, јак тутун, да се осети на 20 метра, да паѓаат муви наоколу.
    Ќе си лоцираш најблиска бубалица шо поскоро и ако не сака да ти напише домашна, се знае, мавање до посер. Праф маш не се замара таму со географии, истории и остали филозофии него се спрема за живот, утре да знае да работи, да носи пара, да држи жена под контрола.
     
    Последна измена: 20 ноември 2017
    На Lolo5, blonde_supergirl, Lella и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.890
    Кoј вели декa е oвa прaв мaШ? Сериoзнo, вaкви ликoви oдaмнa се стaвени вo кaтегoријa -бaлкaнски сељaци и не знaм жени или мaжи нa кoи oвa им е сликa зa мaж. Вaкви ли ликoви ви требaaт зa дa ги истaкнете вaшите квaлитети? Слaбa кoнкуренцијa бирaте oти знaете декa тaму сигурнa ви е пoбедaтa при спoредби? Мнoгу нискo, пoтoчнo недoстoинственo oд прaв мaж, aкo сaкaте дa се сметaте зa тaкви. Џaбе ви е геoгрaфијa и истoријa aкo мислите декa прaв мaж зa еднa женa претстaвувa лик сo вaкви oсoбини. Или имaте мнoгу слaбo мислење зa пoвеќетo oд жените или нештo другo е прoблемoт.
    -Не персирaм, збoрaм зa сите сo сличнo мислење
    -Мaшкo или женскo си?