Нема разлика срцка, дисфорија е и едното и другото. Може и да дискутираме дали се два различни начини на справување со истата ситуација. Единствена разлика помеѓу двата случаи е што првата девојка има етикета "нонбајнари", тоа е разликата. Дисфоријата е многу реална и кај едните и кај другите, веројатно и ти си имала периоди на дисфорија, сум имала и јас. Посебно кај тинејџерки/адолесцентки дисфоријата е мнону реална појава затоа што апсолутно не е лесно да се носиш со женско тело. Влакна, менструација, болови во стомак, гради кои растат, а никако не ги сакаш. Сето тоа предизвикуа дисфорија. Воглавно, тинејџерките/адолесцентките ја надраснуваат таа дисфорија во добри 75% од случаите, затоа е битно да им се даде отворена поддршка да се запознаат самите себе си и да одлучат што сакаат понатаму во животот, оти куп млади девојчиња кои одлучиле да транзицираат гадно се каат за таа одлука. Мене најтежок период ми беше кога добив, оти добив прва од другарките додека тие се однесуваа како крави и се потсмеваа на девојчиња кои добиле, а беа година постари од нас. Дали чувствував дисфорија кон своето тело тогаш? Дефинитивно. Среќа имам родители кои за некое чудо не ги разбираа родовите стереотипи, па сум растена без потреба да се совпаѓам во нешто и учена да не се срамам од менструацијата, па беше некој балансирачки акт во однос на тоа што го имав како peer pressure од друштвото. Верувам заради тоа многу полесно ми беше да поминам преку тоа, иако ни патријахално растени дечковци и очекувања кои се вртат околу нашите мажи не помогнаа во тоа. Општеството е проблем. Затоа имаме "епидемиско транзицирање" кај што девојчиња од цело друштво една по една излегуваат како транс. Ти препорачувам да го погледнеш документарецот Dysphoric, баш со транс девојчиња се бави. Погоре ставив линк, ако сакаш пак ќе го ставам одново.
Што всушност е нонбајнар? И дали посебниве термини низ постовите, имаат прифатена соодветна македонска транскрипција? П.С. И мажите плачат и жените прдат!
Ќе ми извиниш ама не те класифицирам по лајк. Напротив, ви ги читав мислењата на неколкуте членки најактивни на темава. Јас со мојот идентитет немам никаков "проблем", роден сум како маж и се идентификувам како маж. Родовите улоги и норми не ми значат апсолутно ништо но сакам да ми се обраќаат луѓето во машки род и ништо друго. Истото е и со луѓето што не се цис. Е сега, разликата меѓу мене и тебе е тоа што мене не ми претставува никаков проблем да ги почитувам останатите луѓе доколку се транс, non binary или gender fluid. Не е моја работа да и го негирам идентитетот, а не ми е ни тешко да им се обратам со заменките што тие ги преферираат. Трансфобијата е денес она што пред 50 години била хомофобијата. Ама во сите напредни земји веќе се искоренува, ќе биде некогаш и кај нас.
Значи официјално не можете да зборувате на вакви теми без да потенцирате постојано трансфобија и хомофобија. Без таа драматичност да наречете некого трансфоб изгледа се губите во муабетите и не знаете како поинаку. Дури и кога се поставуваат прашања и се констатираат работи кои не се со намера да дискриминираат некого, вашата завршна реченица мора да е таа. Боринг.
Па не е баш така кај транс луѓе.Кај други "родови" да, ама транс луѓето мислам дека имаат посериозна неудобност со своето тело отколку другите.Сакам да кажам, се работи за повеќе од само шминка или фустан кај нив. И нема одговор на сите прашања, нормално...ние не ни знаеме целосно како функционира мозкот.Има многу неодоговрени прашања во тој дел, вклучувајќи ги валјда и транс луѓето.Ама ете, се пласираат факти што и не се баш факти.
Искрено не сум доволно компетентна да зборам за темава. Цис девојка сум, никогаш не сум посакала да бидам припадник на другиот пол. Ми иде некогаш на памет што би правела ако сум родена како маж, ама ништо повеќе од тоа. Комфорно ми е во моето тело. Е сеа, не можам ни да замислам каков хорор е да не се чувствуваш комфорно во истото. Не сум осетила на своја кожа, ама сум осетила други непријатни ситуации неповрзани со род/пол па затоа никогаш, ама апсолутно никогаш не би дискредитирала нешто затоа што не го разбирам. И не ми смета доколку некој си се идентификува како што сака, ќе дадам се од себе да го наречам човекот како што сака да биде нарекуван. Светов се менува фала богу, ако некој ми рече дека не се чувствува комотно со тоа како е обично нарекуван и ми каже како сака не гледам причина да водам инает. За зошто и како настанува сето ова пак ќе речам дека не сум компетентна да зборувам, ама сите луѓе што не се чувствуваат комфорно со родовиот идентитет кој им е доделен заради нивниот пол можам само да ги поддржам за да си се изборат за свое место под сонцето и да си дефинираат како сакаат да бидат нарекувани. Не сум јас никој и ништо да спорам нечија среќа.
Може некој да си замисли што ќе се деси Конор МекГрегор да одлучи дека е жена, и да влезе у женска категорија во MMA или UFC?
First world supercrap. Интересно е како општества каде се решени основните егзистенцијални прашања скоро секогаш како по правило, започнуваат да се дават во декадентни срања. Но секогаш тоа се ствари кои имаат нула содржајност. Пример, амери или канаџани да започнат дебата дали националната припадност е општествен конструкт (што секако е) и дека рандом Раџив од Калкута или Петре од Ресен се осеќаат некако...како канаџани па врз основа на длабок внатеешен осјечај да им се даде државјанство. Но тоа не оди така нели? Можеш да се осечаш ко жена со пенис али не можеш ко канаџанка од Валандово.
Јас спаѓам во тие што живеат во тoј first worldsupercrap еве како изгледа моето секојдневие. Лани добив нови guidelines за тоа како да се изразувам на работа. За тие што не знаат, живеам во Австралија, работам како midwife, новите guidelines се однесуваат на начинот на кој што се изразуваме. Прво место да и го направиш породувањето полесно, по комфорно треба да внимавам на тоа да не се навреди родилката и да ги употребувам изразите - non gestational и gestational partner,место мајка, татко, место breastfeeding, chest feeding, место mother’s milk, human milk. Кој е тука загрозен, кој чувствува дека нема инклузивност, мислам стварно ако немаш матка за раѓање и гради за доење кој е тука виновен и да се наметнуваат вакви изрази на другите жени, мајки, и онака врв на глупоста место мајчино млеко, човечко млеко, епа друга освен мајка која што се породила и нема млеко, не може никој да го оспори тој факт, human milk. Децата мои на разговор во училиштето пред да почнат prep има меѓу другите прашање do you identify with the gender assigned to you at birth? Зошто вакво прашање на дете од 5 години, ниту го разбираат, ниту му го знаат значењето на прашањето и освен што беа пред расплачување зошто мислеа дека не знаат нешто друго ништо не се постигна со прашањето. Не викам дека нема деца кои не се чувствуваат свои во сопствената кожа ама тоа се многу мал број за да се наметнува на мнозинството од деца заради малцинството. Синчињата мои имаа долги коси им лепеа етикета на џендер флуид баш од тие што се “против” лепење етикети. Вистината беше многу едноставна, не сакаа да се шишаат, немаше врска ништо со џендер флуидност, не се чувствуваа како женски имаа аверзија према фризер/бербер и тоа е тоа, нема потреба од етикетирање толку мали деца, нека ги остават децата да бидат деца. Ќерка ми носи најчесто “машки” работи и игра со “машки” играчки, исто нема потреба од психоанализа, наметнување дека нешто не е во ред со нејзе, дека се чувствува како машко во женско тело, исто има едноставно објаснување, има двајца постари браќа и сака да биде иста како нив што нема врска ни со пол, ни со род а има врска со hero worship, што е нормално за нејзината возраст. Искрено мислам дека се претерува со shoving down our throat’s идеологија, не викам дека нема луѓе што се non binary, gender neutral патем вчера се смеев со ово на Адидас страната пола и повеќе од работите се gender neutral а всушност се типична машка облека, не е работата само да се напише нешто и демек еве ние сме за целосна инклузивност, а никој никого не му оспорува да си купува машки, женски без обзир на полот па да се чувствуваат исклучени, јас никогаш не сум гледала на тоа дали е за машко, женско, ако ми се допаѓа го купувам, не мора да се етикетира како gender neutral. Мислам дека повеќе има врска со еве гледајте ме јас не сум како вас squares, special snowflake сум па мора да имам и посебно име, како ќе му се обраќам некому со they/them кога е тоа мнозинска форма, значи ли тоа дека се чувствуваат по вредни од нас обичните смртници па со множина треба да им се обраќаме? Лани чинам имаше судски случај каде некој тип што се чувствувал како жена закажал интимна депилација во женски салон и кога одбиле да го депилираат поради пенисот ги тужел за дискриминација, секој еден/ една/ зи/зер, тие штотијазнам само бараат рачки да се чувствуваат дискриминирани. Не сум трансфоб, хомофоб или било каков друг фоб, синовите носат розево, играат со My little pony, ќерка ми вози колички, поправа, носи сина облека, нема машки, женски работи во нашиот дом, кој колку сака може да си плаче, ако плачат за глупости било машките, било женското им велиме со сопругот дека ќе си ги потрошат солзите за глупост па кога ќе ги боли нешто или ќе се тажни ќе немаат солзи.
Да, и истиот тој тип проба да организира топлес пливање за малолетници. И најново, направи операција за промена на полот па праќа слики од "новиот орган" кој е уште незарасната рана на рандом жени на твитер. Дикпик си е дикпик, што да ви кажам. Сте добиле unsolicited снимки од половите органи од жена некогаш?
Туку ме интересира категоризацијата на луѓето кои имаат матка. Има многу жени со извадена матка од здравствени причини. Не сум проверувала статистика, ама мислам дека се многу повеќе од трансџендер и слично, барем кај нас сигурно. Еве и мене може тоа да ми се случи, па се прашувам дали со извадена матка ќе припаѓам во групата на луѓе кои имаат матка?
Да, повеќе се од транџендер. И има жени кои се родени без матка. И има жени на кои им е извадена. Твојата здравствена состојба на крај краева е твој личен и заштитен податок (затоа што матката спаѓа во женско здравје, surprise, surprise). На крај краева, ова е еден тотално мизогин концепт затоа што го поткопува женското здравје, женските права и женската безбедност за "унапредување" на права на заедница воглавно составена од мажи. Ти си жена, ни bleeder, ни breeder, ни uterus holder, ни uterus haver...
Видеово гордо го споделуваат трансактивисти со порака "let children be who they are" https://twitter.com/ACLU/status/1371497868268212227 Се тоа убаво, ама видеово одлично го покажува тоа што го зборувам. Синот на комесарот е транс затоа што татко му уште од мали нозе го научил дека има машка облека и женска облека, затоа што не му дал да биде момче во фустан, не му дал да се игра со женски играчки. Тој си "создал" ќерка за да нема син за кој мора да објаснува зошто има долга коса, носи фустани, се игра со кукли. Наместо да го заштити своето дете се заштитил себе. Ова: https://twitter.com/TheProject_Ed/status/1371713528869060610
Да де, наметни им на деца родови улоги и после кога нема да се пронајдат во твојата идеја одма се транс. Сите научни студии тврдат дека децата немаат концепт на род, а и кој видел дете кое расте ќе сфати дека немаат концепт на род, до моментот кога се научени на тоа. Еве конкретно дете на комшика се чудеше зошто и викаме за готвачот на 24 kitchen дека е чичко, кога тој готвел и затоа бил дадичка. Дадичките готвеле, батковците не.
На комшиите детето зема ролерките од сестра му и отиде да се вози. Цел ден се возеше додека не се врати со плачење и не посака да се вози веќе додека не му купија други оти му се смееле затоа што се розе. И да земеш да слушаш видеа зошто транзицирале. "Па оти никогаш не бев како другите момчиња, сакав долга коса, сакав други работи, не бев типично момче".