Зашо да ти праќа тебе интерни упатства? Те читам и по сликата очигледно поддржувач си на различните родови. Ако веќе си, сметам дека треба да си запознаен добро со барањата кои ги имаат сите тие организации за права. Ако не си, изгуглај брат Еве ти од мене прост пример што им прават на деца: https://www.dailymail.co.uk/news/ar...ng-FOUR-asked-choose-gender-start-school.html
Не глумам дека ги измислиле, потенцирам дека трансродовоста е продлабочување на родовите стереотипи. И да, штом имаме поделба на машка и женска облема, машки и женски играчки - тогаш е, апсолутно е продлабочување на родовите стереотипи. И самиот не се ни трудиш да го негираш тоа. Чиста десничарска реторика.
Ах, да... Human milk... И кравјото е cow's milk, се знае дека крави даваат млеко, а не сите говеда, ама не, "жена" одеднаш е нечист збор.
За ова не сте во тек. Бадемовото млеко веќе се продава со лабел немлеко. Да, бадемово немлеко. Јас од биљарски аспект сум задоволна со оваа коректност.
Ете не знаев. Не ми текнува на друга паралела Значи само човеково ќе е, единствено лактациско млеко што нема полова конотација и онака.
Па и козјо, овчо немаат. Магарешко ич Ама нема поента да се менува јазик за инклузивност. Посебно не на таков начин кај што се отфрла дека е мајчино млеко. Затоа што е од биолошката мајка. Не произведуваат жените (и да, жените) млеко кога им свирне и не можам сега јас да отидам било чие дете да доjам. Има кога се произведува тоа млеко и зошто, сигурно не е од аздис и да "предизвикувам дисфорија" некому. И за менувањето на јазиците веќе зборев. Јазици не можат да се менуваат со закони и прописи. Едноставно, промената на јазик иде преку употребата на јазикот. А не преку наложување за тоа како некој смее и мора да зборува.
До одлука на родителите е. Меган Фокс од пуста желба да има девојчиња синовите ги претвора во девојчиња,и после тие одлучиле,како не
За муабетот за guide lines што ги спомна @bittersweet , искрено, не гледам проблем, пошто на возрасни пациенти се однесува, како прво... како второ: Кога бебе носиш на контроли, вакцинации и ревакцинации, докторите и сестрите секогаш се обраќаат со: 'Мајка'. Искрено, од такт не вадеше тој израз. Не ни можам да дефинирам оти, ама страшно ме нервираше. Не е дека не се чувствувам ко мајка. Се чувствувам така и горда сум на тоа што сум мајка... на моменти не ми се верува дека воопшто станав мајка, ама изразов... ме правеше да се чувствувам толку restrained .. ... ко ќе размислам... ко во калап да ме клава и ко да е единствена придавка за мене Јас сум 'Мајка' и толку...
Дечки не заборавајте дека сите ние што коментираме овде сме цис род. Значи не знаеме како е да се осеќаш заробен во туѓо тело. Сигурна сум дека сите сте осетиле дека со нешто не се вклопувате во околината, е сеа прашање на околности е како таа околина ја перцепира таа работа со која вие не се вклопувате во истата. За родот светот уште е премногу конзервативен па затоа толку остро се реагира. Ми се случило и мене за некои работи да не се согласувам со тоа како е "нормално" и ич, ама ич не ми беше пријатно. Верувајте дека не знаеме како е цело време некој да го кочи, оспорува, навредува нештото што нив им е природно. Ако некој ве замоли да им се обратите со them/they или како и да сака обратете се. Вие ништо нема да изгубите а тој човек ќе добие чувство дека не цел свет го мрази. И од тоа не можете ништо подобро да направите.
Да, тоа во МК е страшно глупо обраќање и не знам кој го измисли/ измодериса во последниве децении. И тоа е едно неприродно менување на јазикот. Мајка ми не ја нарекувале така. А мене да ми речат Мајка ќе ги отерам у 3 лепе, пошто не сум им јас ним мајка- госпоѓа сум. Среќа па не сум таму, ќе ми останат екстра живци
Да кога одиш на вакцинација за дете, за нив си само мајка и толку. Не знам што треба, за CV да те прашаат?
не мора госпоѓа... за мене де... ама уште имам проблем со тоа 'мајка'. Знајш како, пошто групни се контролите и вакцините, и буквално ко да сте овци што ги пуштаат една по една за да им ги пелцоваат младенчињата: -Ајде 'Мајка' -Соблечи го 'Мајка' -Легни го на вагата 'Мајка' -Држи го за нозете 'Мајка'. - Слушаш ти 'Мајка'?? Не приговарав на никој, пошто знаев дека нема да ме сфатат, туку ќе се чудат и клештат и навредуваат после. Замо 'го издржував' тој дел.
Па да. Госпоѓа магистра Биљарка сум. Госпоѓа сум по дифолт/ таква е јазичната норма, презиме по дифолт, ако имам образовна титула и таа влага во обраќањето. Абе прекрасни се европските јазици, вие сте се фатиле една заменка во англискиот да оправате
Не гледам јас проблем воопшто со терминот. Не гледам ни дека ми става некоја рамка, ако сама не си ја ставам. Не ми треба сестрата на вакцинација да ме уважува за да се осеќам дека некоја титула имам. Со титулата на други места. Може не сум ни госпоѓа, а имам дете.
Не мора да се чувствуваш ти како мајка иако си де ама зошто па мене да ми наметнуваш да не се чувствувам како мајка и така да ми се обраќаат? Тука никој не ти се обраќа со мајка, со mrs/miss и презимето, јас на родилки им се обраќам со името или како и да ми кажат дека преферираат да им се обраќам. Ово со изразиве ми е булшит на толку многу левели што не можам ни да се објаснам, бидејќи барем во делот каде е родилното одделение не може да има инклузивност на сите, тука се само биолошки жени, други не може да бидат тука па да плачат за инклузивност Тоа ти е исто како ние жените да плачеме зошто само за мажите да има prostate exams и да бараме да се преименуваат за и ние да се чувствуваме инклузивни.
Познавате ли некое трансродово лице воопшто? Сте разговарале ли да ви објасни малку поубаво како и зошто се чувствува така, да ви одговори на прашања што ги имате? Затоа што јас еве лично не познавам. Не знам ни дали на форумов воопшто има. Ако има нека ме исконтактира, јас навистина сакам да научам нови работи и да спознаам еден нов свет кој мене ми е непознат.
Ама работата е што јас се чувствувам како мајка, но тоа ставање во калап ме нервира. Како етикета која е единствена која може на тебе да се примени. Па не сум само мајка, комплексна личност сум. Ако сум само мајка, тогаш сум инкубатор. А за ова што пишуваш дека си ги прашувала како сакаат да им се обраќаш, мислам дека е доволно. Тоа би требало се' да покрие. На име ми е најубо да ми се обраќаат луѓето, оти само името е дефиниција за се' што сум, а не само за еден аспект од мојата личност.
Ама јас ти кажувам дека не е за титулата, за формата е. И чистачката е госпоѓа, просто добро воспитување е како норма. ,,Еј ти, мајка,,- не постои и е многу уличарски ако ме прашуваш. На некое ниво на комуникација просто персираш и крај. Не им збориш на сите на Ти. Уствари ретко кому се обраќаш на Ти.
Познавам, ама не сака да разговара за тоа како и зошто така се чувствува. Барем со мене не... Единствено очекување му е да му се обраќаме со име кое сам си го има одредено. Толку.