Те сфаќам, ама стварно не ме навредува, не знам. Јас персирам, ама дали некој ми персирал или не воопшто не ме замара, уште помалце да ме навредува и да ме става во рамки некои, кои ако постојат сигурно сама сум си ги наметнала. Не може нечиј уличарси речник мене да ме направи лошо да се почувствувам. Може е и до тоа дека стварно, ама стварно не ми влијаат многу туѓи постапки и мислења. Ретко се наоѓам навредена од нешто кога не е близок човек во прашање.
И јас неќам некој да ми персира. За лицемерие го сметам. Еднаква сум со сите и не ми требаат титули до името. Реков.. името ми е дефиниција за мене и толку.
А не те нервира ставање во калап од типот цис-жена? Се чувствуваш цис? Сфесна си што значи да се чувствуваш цис? Значи кога е цис во прашање не си комплексна, ама за мајка одма ептен комплексни сме.
Лошо е тоа ,,Мајка,, во МК оти е неприродно за јазикот. Прво, вокатив е мајкО, не мајкА. А вокатив е форма со која дете ми се обраќа, оти нему сум му мајка. Второ, што форма е тоа? Си постои Госпоѓо, фала, пријатно. И јас не знам како да објаснам ама НЕ е форма за обраќање, од негде е украдено/сечено/лепено... Исто како што не е форма за обраќање- Жено! Така може мм евентуално да ме вика. Евентуално Уличарски речник за на улица- не за измислени форми за формално обраќање.
Те разбирам на што алудираш. Само сакам да кажам, нема сигурно да ми е толку битно за да земам да се расправам со нив таму или некако да се чувствувам навредено од збор како мајка. Посебно што цела терминологија на акушерски и детски одделениа е мајка и дете. Не би да навлагам понатаму за исправноста, сепак мислам дека излегуваме од темата.
Имаше видео, една феминистка прашува на конференција една цис жена "А што е тоа цис? Ти цис си?" И оваа цела збунета "па јас... не знам... не би рекла баш дека сум типична цис жена, ама... транс не сум..." Значи тоа е тоа, додавање калапи кај што не треба. Сите сме свои будали. Јас сум жена, биологијата ме прави жена. Тоа цис напред нит го сакам нит ми треба. Не комформирам со родови стереотипи.
Ама не може на име да ти се обраќаат. Од кај знам јас на улица како се викаш? Или во банка, на шалтер, во продавница- нормата вика дека се персира. Кој те знае нека те вика по име, ама никогаш не си се нашла во ситуација некој да не ти го знае името?
Да, ама госпоѓо/госпоѓице е за жени, а господин за маж. Оти не е едно за жени? Зошто се поделени по брачен статус?
Е сега ќе дојдеме до-оти не е едно за сите, ол-инклузив? Нека биде, нека го измислат. Подобро окрупнување отколку раситнување. Ама лично да биде, да ми се свиѓа- не некоја глупост
Мене лично воопшто не ми е проблем да му се обратам на кој како сака и како се дефинира. Ако си каже со тие заменки океј, ниту ми е проблем прифаќање ниту ништо. Ама, треба целиот јазик да се менува за малцинството да се чувствува вклучено. А никогаш нема да биде можно сите и сегде да се чувствуваат вклучени, никогаш. Па, едноставно не разбирам што е проблемот да си кажеш како сакаш да ти се обраќаат и тоа да се испочитува и толку. Еве јас не сакам да бидам birthing parent, gestional, parent, жена, мајка, моето млеко е мајчино итн... Зошто сето тоа да се менува? Зошто воопшто на децата да се наметнува? Деца се деца, може да се остават што сакаат да прават, да носат, како што кажа и битерсвит, не мора да се ограничуваат стереотипно, ама дете од три години дека знаело нешто за родови, аха, сигурно.
И јас сум за унификација. Нели спомнав вчера за то во Скандинавија... ти мислам надополна дека во Финска немале род. Универзална заменка за сите.
Вајлд, ти го сфаќам муабетот за стремењето кон инклузивност за да не се повредат чувства, ама како тоа би се постигнало? Ако кажам herself, место zirself е misgendering. Ако кажам theirself, место zirself е пак misgendering. Да ми се обраќаш со theirself, ако сум јас herself е исто misgendering. Се се сведува дека едноставно треба те поправат и решена работа. Нема магично сите да прифатат ако нешто се форсира со сила. Сите нови родови се појавуваат со почетокот на кршењето на стереотипите за родот. Јасно е да има збунетост, веќе луѓето се помалку се држат до традиционалните улоги и стереотипи за полот. Она што треба е да се продолжи со кршење на тие калапи, а не додавање на нови родови и игнорирање на корените на проблемот.
Зир е и за машки, женски и било кој род измеѓу... така? Ако е, тогаш е ок за сите. Значи на сите луѓе се однесува.
Ама прво и трансродовите не секогаш сакаат сите со зи да им се обраќаш. Јас познавам неколку трансродови надвор од Македонија, исклучиво her сакаат да се користи и така им се обраќам.