Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Родов идентитет – општествен производ или не?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Lella, 12 март 2021.

  1. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    Не ги знам сите многу ги има, секако има разлика. She/her е зошто се осеќа како женa и така преферира. Ze е неутрално.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.144
    Допаѓања:
    180.991
    Со денови ја мислам оваа поента за јазикот и никако да стигнам да ја пишам. И не пишувам за заменките, за именките пишувам.
    Значи живееме со национални јазици. Повеќето европски јазици имаат род, сите од словенска, германска, романска јазична група, за другите не знам. Некои 450 милиони луѓе, без Русија. Како во македонскиот, така и во германскиот, именките имаат род. Доктор е машки, докторка е женски. Пред 20тина години во македонскиот се водеше битка дека нема доволно соодветни именки за професии за инклузивност на жените во професијата. Сеуште немаме женска именка за Академик на пример, или мене не ми е познато дека постои таква. Или пожарникар. Во другите јазици именка едноставно се изведува, според нормата и никому не му е смешно ако кажеш Магистерка на пример. Во македонскиот имаме проблем со таа основна инклузивност, заглавена во времето кога жени немале професија/звање. И сега сите треба да се вратиме назад заради општа инклузивност на секој кој би можел да чувствува вака или онака? Назад каде? Во машките именки?
     
    На CameliaMiller, andromedae, RainBow и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Епа тоа неутралното нека се користи, сите нека ги покрива и ај со здравје.
     
  4. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    Епа не може така зошто тебе ти одговара :D
    Ти викам и на транс луѓето не им одговараат секогаш.
     
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.116
    Допаѓања:
    67.108
    Пол:
    Женски
    Како оди дискусијава знаете дојдовме?
    Дека навистина најмногу ќе настрада женскиот пол/род. :worried:
    Нема да бидеме трансфоби, туку терфови сите. :D
     
    На CameliaMiller, Amellie13, theowndemon и 4 други им се допаѓа ова.
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Можи, можи...
    Не оти мене ми одговара, туку оти е унифицирано, за никој да не се чувствува запоставен.
    После, во приватна комуникација, нека си се додефинираат ако сакаат.

    Ако има меѓународни настани, сигурно не се обраќаат со: Поздрав до македонците, американците, белгијците, русите, кинезите, филипинците итн итн... и да ги бројат сите со ред.

    Поздрав до сите присутни и ај со здравје.
     
  7. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.435
    Допаѓања:
    60.611
    Пол:
    Женски
    Да, се согласувам дека децата треба да се изостават. И јас така мислам, дека подобро е да не се бомбардираат уште од мали и да треба да одлучуваат што се, туку тоа си доаѓа понатаму спонтано во животот.

    Ама и скроз ми е океј ако возрасна индивидуа ме замоли да се обраќам со неутрален род. Ништо не ми смета и ништо нема мене да ми смени ако се обратам така. А нему/неа/ним ќе им значи премногу. Се пробувам ваква комплицирана тема да ја упростам колку што можам.

    Тебе би ти се обратила ти како што сакаш, на било која друга членка на форумов исто, на човек на улица пак исто. Едноставно не сакам ради мене некој неубаво да се осеќа.

    А за целово менување на јазик, психологијата и биологијата што ги прати се ова би го оставила на постручни лица од мене затоа што навистина не се разбирам. А гледам пробуваат луѓе да се стават во таква улога и не знам зошто така. Мое е кога некој ќе ме замоли да се обратам како што тој човек преферира да испочитувам. Толку.
     
    На senjorita-v, CameliaMiller, Besmrten и 4 други им се допаѓа ова.
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Шо е терф?
     
  9. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.144
    Допаѓања:
    180.991
    Не знам што е цис ама ми се свиѓа. И зи/зер ми се свиѓа. Германски звучат:inlove:. Може (y) :D
     
  10. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.144
    Допаѓања:
    180.991
    Сите жени што сакаат да бидат наречени само жени:D
    Без цис, мис и остало....
    Гуглај

    Терф како термин не ми се свиѓа. Звучи фински(facepalm) Терве, терве...
     
  11. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.435
    Допаѓања:
    60.611
    Пол:
    Женски
    Па во принцип се користи за група на жени што се декларираат како феминистки, ама под чадорот на феминизам ги признаваат само жените што се родени биолошки како такви, а не и трансродовите жени. Тоа значи дека трансродовите жени ти предизвиквуаат непријатни чувства.

    Многу различни луѓе различно го користат и има многу дискусии и околу ова зборче и колку е адекватно да се користи и да се спомнува воопшто. Мене не ми се допаѓа и не го користам никогаш.
     
    На CameliaMiller и WildMk им се допаѓа ова.
  12. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    Да де, и сите што збореа кажаа дека немаат проблем. Имаат проблем кога се наметнува инклузивна терминологија и нив што ги опфаќа. Реално од се што дискутиравме досега, мислам дека придавките се најмал проблем.
     
    На KateKane му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.658
    Допаѓања:
    39.505
    Пол:
    Женски
    Работава испаѓа, зошто да е едноставно, кога може да биде комплицирано?
    First world problems вака сумирано со една реченица. :D
     
    На Gosh и WildMk им се допаѓа ова.
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    А да се вратиме на оригиналната тема и да зборниме за то дали родовиот идентитет е производ на nurture or nature?

    Лично, мислам дека е комбинација од двете.
     
  15. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.798
    Пол:
    Женски
    Проблемот не е да му се обратиш некому како сака туку проблемот е ако им се обратиш на непозната личност со miss, mister а тие се чувствуваат поинаку да се паѓа во несвест, им се тригира чувството на неинклузивност зошто им се обраќаш со машки/ женски род кога тие така не се идентификуваат и сето ово ти треба да го предвидиш без да го/ја познаваш личност.

    За мене тоа е нонсенс, значи од кога ќе ти кажат како да им се обраќаш ок ама јас немам кристална топка па да знам кој како сака да им се обраќаме.

    Еве денес бев во продавница, на амбалажата на кока кола пишува share a coke with mum, share a coke with dad..и сега мене ми тригира чувство на неинклузивност зошто моите родители се починати, почнувам да драмам зошто да пишува така на кока колата и милијарда други луѓе на кој не им се починати родителите не можат да share a coke with mum, dad ради моето чувство на неинклузивност.
     
    На Gosh, CameliaMiller, Amellie13 и 2 други им се допаѓа ова.
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Затоа ни требаат инклузивни термини.
    Унифицирани.

    Сите различно се чувствуваме... и не може да се цепка за да им се погоди на сите, само ќе се делиме за глупости.

    Да е до мене, ни нации, ни религии, ни раси, ни сексуални ориентации и преференции, ни родова припадност треба да се спомнува, ни ништо.

    Секој себе си ќе си се иднетификува како сака, ама групно, сите да сме луѓе.
     
  17. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.635
    Допаѓања:
    25.343
    Пол:
    Машки
    За да прочитаме што поточно ви кажале. Не верувам на твоето сценарио :)
     
  18. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Точно дека најмногу ќе настрада женскиот пол.
    Дури и во транс движењето. Со терање на сместување по идентификација се сместуваат мажи во женски шелтери за жртви на семејно насилство или силување, мажи во женски затвори, а биолошки жени во машки затвори. Сето тоа само на самоидентификација.
    Жена нема да биде безбедна во машки затвор. Намерно се одделени тие институции заради БЕЗБЕДНОСТ на жените.
    Пред да се одделат јавните тоалети на женски и машки на жените им било ограничено учеството во јавниот простор затоа што не биле безбедни во машките тоалети. Жените се избориле за таа сегрегација за сопствена заштита, и сега се обидуваат со gender neutral тоалети да се укине тоа, да им се одземе право на жените за кое се бореле и кое го барале за своја безбедност.

    Дискусијата додирнува во овие теми. Разговараат две биолошки жени, феминистка и транс маж. Значи се зборува за женски прашања и женски проблеми од две различни гледни точки. Ама од луѓе кои треба да зборуваат за жените.


    И да, има организации кои се борат за зачувување на правата на жените. Поддржете ја декларацијата :)
    https://www.womensdeclaration.com/en/
     
    Последна измена: 16 март 2021
    На Gosh, indigo31, CameliaMiller и 3 други им се допаѓа ова.
  19. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.798
    Пол:
    Женски
    Да сме живи и здрави ќе видиме во која насока ќе отиде светот за некој 10-15 години и што проблеми психолошки, ментални итн ќе има ради тоа не определување на род, џендер неутрал итн, цела генерација на џендер збунети растеме.
    Кај мене е се во стил на џендер неутрал ово од најрана возраст, во градинките, во забавиште, училиштето.
    Пушки, пиштоли нема зошто ги тригира децата на насилилство, колички, возови, авиони нема зошто биле стереотипни машки играчки, сина боја нема зошто била машка боја, нема кујни, кукли и розова боја зошто се стереотипни женски играчки, кој го одредува родот на играчките, боите?


    Нема зошто јас на анонимен форум да ставам лични подадоци, за какво сценарио зборуваш па појма немам.
     
    На Gosh, CameliaMiller, Idedemja и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.635
    Допаѓања:
    25.343
    Пол:
    Машки
    Не ти барам лични податоци, барам да видам дали ви наредиле да користите такви терминологии или не.