Ако тој некој ти рече дека е навреден, тогаш е. Ако не се навреди, не е. Сфаќаш? Навредите се субјективни.
@staycalm освен лични напади, веќе видено , нешто друго имаш да кажеш?Или вака е најлесно да се функционира во денешниот свет, ќе се навредиш за се што сакаш и кога некој ќе ти побара објаснување, само наречи го *именка/придавка по твој избор* , и готово.
Да да, се ми е јасно. Нема една нормална дискусија да се истера до крај никогаш зошто на секое несогласување аргументот е ТЕЕЕЕЕРФ. Не ми е гајле што мислиш, терф си. Како се очекува да те сослуша и да се има прифаќање од некој друг, ако ти се затворен во својот свет и не сослушуваш никој друг. Па некој маж ваков кога ќе ми дојде за феминизам да дискутира и да навредува жени, да му се приповрати на човек.
Како може терминот геј и терф да се навреда, сериозна си? Што е ова, 2002 година кога се користеше геј за навреда? ТЕРФ не е личен напад, опис на личност и идеологијата што ја промовира е.
А што и фали на терф идеологијата? Биолошки маж/жена секогаш ќе си биде биолошки маж/жена.Или не е така?
Да резимираме, секој што е феминист а во феминизмот не ги вклучува транс луѓето односно е ТРАНСФОБИЧЕН е ТЕРФ. Не го измислив јас тоа, не е навреда, опис е. Колку сакате лутете се, тоа е факт. ТЕРФовите никогаш нема да се вклопат во феминистичката идеологија, искрено ми е жал ама тоа е. Имате право да сте ТЕРФови и јас имам право да ве наречам тоа што сте. End of story за тема терф.
Зошто си даваш право да одлучуваш за жени што им е навредливо? Ако ти каже жена дека ТЕРФ и е навредливо, должен си да ја почитуваш таа жена со оглед на тоа што називот ТЕРФ се однесува строго на жени. Значи не можеш ти, маж, да одлучува за жени што им е навредливо, што им треба и што смее да им се каже. Што е ова? 1965?
Супер, може да те нарекувам trans exclusionary radical feminist или и ова е навреда? Уствари ќе бидам фер, како сакаш да те нарекувам? Феминист не спаѓа во изборот бидејќи значи друго
Не мора никако да ме нарекуваш, не патам од потреба за лабелирање нити од "припадност на група" и идентитетски политики. за среќа доволно сум индивидуа да постојам и самостојно, а не само како дел од група.
Ууу жустро Знам доста луѓе од лгбт кои живеат убав живот, што знам, не им тежат никакви етикети на чело и никакви агенди по џеб, па олеснителна околност им е.
Па испаѓа ќе да не е природна. Не може на толкав процент од луѓето да им го утне природата родот со полот. Ќе да е до нешто друго.
Aј да се вратиме на ова Пошто сум неедуцирана, сериозно ме интересира како тебе те загрозува користењето на терминот мајка наместо гестациски родител и терминот жена наместо личност со матка? Ова со матката особено не ми е јасно? Кој друг освен жена би имал матка? Ти, како маж, па уште во склад со полот маж, нема да имаш матка. И ова, прашање за неедуцирани- што е транс маж? Жена што транзитирала во маж или обратно? Или како е веќе?
Да, биолошка жена што се идентификува како маж е транс маж. Не мора да има поминато процес на транзиција, ако се идентификува како маж. Биолошки маж кој се идентификува како жена е транс жена, соодветно.
Каде реков дека ме загрозува терминот мајка? Зошто ја прашав членката погоре за тие работи, оти не верувам дека тоа и го кажале. Биолошка жена што транзитира во маж е транс маж.