Вашиот карактер е базиран на неприфаќање и омраза кон сѐ поразлично од вас. Тоа е тажно. Не ми зборувај за сопствено критичко размислување оти вие сите истото го зборувате. Copy paste. Поблиску до десница од вас нема. Ако контра поинтс е нерелевантна, вие сте она што е уште под нерелевантно. Доста е од мене на темава, останете си со игноратност и омраза. Чест на исклучоците се разбира. Поздрав
Е тука не се согласуваме. Мислам, се согласувам дека не смее да има булинг кон бил која категорија на лица. Јас немам никаков проблем со трансродови лица, никако во животот не ми менува што прави друга возрасна личност со својот живот. Не се согласувам, т.е. не можам да молчам кога се навлага во некои нешта што јас ги сметам како женски права. Сметам дека женско право е жената да биде заштитена од биолошки маж во области во кои е евидентно дека мора да има физички контакт, како спорт, или места каде и онака жените може да се најдат во незавидна положба или положба подложна на злоупотреба, како затвор. Не сакам свет во кој се продлабочуваат родовите стереотипи. Мене лично овие прашања ми се многу битни, не заради мене или некој активизам, зошто со ниеден активизам не се поврзувам, туку зошто утре ќе имам деца и не знам како ќе ги растам во свет во кој насилно се форсираат менување терминологии и слични нешта кои веќе ги дискутиравме. Зошто да, сега тука зборуваме за родот, ама искрено сакам за моите деца да постои свет во кој нема да се плашат како ќе се изразат, дури тоа е со почит и без користење навреди. Зошто само на темава, заради став кој го искажав, што не е ни приближно трансфобичен, туку зборувам за реални проблеми со кои ќе се соочиме доколку продолжиме да ги игнорираме биолошките разлики, најмногу на штета на жените, веќе не знам по кој пат сум трансфобична наречена. Мене ми е сеедно за мене, ама не сакам таков свет за моите деца. Макар и да е дефокус.
Баш така. Мислам дека конечно се сфативме што сакаме да кажеме. Дечки ништо не му менува на трансродово лице дали ќе фигурира како жена со матка или жена без матка. На тоа лице му менува дали ќе го сакаме, прифатиме, поддржиме, се спријателиме и го гледаме како нормален човек од крв и месо, а не родов идентитет кој е една ентропија на нафрлани термини и конфузија за секој пат кога ќе се отвори таа тема. @Celltica јас никогаш не би те нарекла трансфобична. Баш напротив да мислам дека си таква нема ни да се смарам да дебатирам, верувај. Баш затоа што знам дека можам муабет да си направам те цитирам, иначе немаше ич да се трудам да зборувам. Те сфаќам што сакаш да кажеш затоа и го напоменав тоа. Дека таквите промени на јазикот може само да накалемат гнев и од луѓе кои не се трансфобични и искрено не верувам дека тоа е активизам на трансродови лица. Мислам дури и дека контрауслуга им се прави затоа што пак ќе речам ние се расправаме за друго а не за тоа што е најбитно. Ќе фатам сега ќе се расчепкам да видам кој све стои зад овие форсирања па ќе продолжам да пишувам, мене овде нешто ми не ми се поклопуваат коцките. Човек што навистина сака да помогне и да донесе еднаков свет за сите нема да се замара и сета енергија да ја троши дали трансродовите лица ќе ги нарече на еден или друг начин. Ќе се замара за она што јас неколкупати го пишав.
Се согласувам, би се надоврзала на последното. Зошто сите ние, родени како биолошки жени, мора да бидеме збунети, дали сме цис или незнам какви жени? Зошто не може биолошки жени и транс жени, зошто јас треба да си го менувам називот, освен за конфузија? Секој знае што е биолошка жена, секој знае што е транс жена, не е доволно?
Многу си во право Кејт. И многу ти е логично размислувањето. Има причина зошто таквото движење има напредок како ни едно движење за човекови права до сега. Точно е дека е заради она кој стои зад него. И апсолутно е точно дека не ги претставува реалните потреби на транс луѓето. Ама транс луѓето се замолчени затоа што немаат моќ. Таа реторика доаѓа од луѓе со моќ. Нивното однесување е од позиција на моќ. Противници на тоа што го туркаат се банираат инстант, нивната реторика има заштита која ни една реторика не ја имала до сега. Гледаме како се борат хомосексуалци, малцинства, раси и жени за права, јасно ни е дека "белите мажи" не даваат туку така права Имаше линкови и статии на темата, ако најдам ќе постирам. Еве нешто. https://thefederalist.com/2018/02/20/rich-white-men-institutionalizing-transgender-ideology/ Апсолутно се сложувам со тебе, движењето е узурпирано за погрешни цели од луѓе кои воопшто не ги ни интересираат правата на транс луѓето. Бели мажи и го туркаат и на интернет, и секаде. Затоа и им успева, затоа и туркаат на некои привидни "права" на грб на жени и се нормално од ЛГБТ движењето.
Маж им кажува на 20 жени дека не се прави феминистки и дека треба да им е нормално пениси да им се мавтаат по соблекувални и тоалети. Одличен активизам @staycalm
Се разбираме сосема. Не ни мислев на тебе лично. Ни па дека мене ме повреди тоа некој лик тука што кажал. Туку, поентата ми е многу опасна игра е на секое несогласување да маркираш некој како ______-фобичен. Да има транс, хомо, ксенофоби и се тоа е повеќе од јасно, посебно во средини како нашава. Ама еве најпрост пример дојде на надредена позиција на некој од нас некое лице од некоја од овие категории што ги спомнав горе, толку ќе сме веќе влезени во кутијата што е дозволиво да се каже, што мислење и несогласување нема да може да изразиме без да сме маркирани и отрфлени како нешто-фобични. Спојлер Пример замисли даден член од темава да ти е шеф или нешто слично Оди па разбери се Инаку праша погоре ама не стигнав да пишам, да, познавам трансродови лица. Со оглед на тоа дека само неколку пати во живо сме се виделе, и имаме професионален однос, не си дозволувам да поставувам прашања кои се интимни, од нив само сум дознала дека имаат направено операција за промена и дека се чувстуваат како жени. И никогаш не се однесувале спрема некој од колегите или соработниците навредено, иако еднаш на колега му се испушти he наместо she. Немаше некоја драстична реакција, ни па видливо и падна нешто многу тешко, особено зошто на никој од нас англиски не ни е мајчин јазик, па нормално е да се згреши некогаш. Ни па сум видела некој намерно да ги навреди или слично. Да не речам се потврдува дека поголема фама се прави за заменките отколку што стварно некој ќе стане суицидален ако ја утнеш. Така да тука сме со ставовите.
Јас читајќи ја темава се загубив од толку многу термини и зборови. Сум стрејт жена, феминистка, ги поддржувам луѓето кои се одлучиле за било која сексуална ориентација. Сметам дека сите треба да имаат еднакви права. Род и пол не е исто. Барем така јас знам. Баш сега видов и на интернет. Пол е како си роден, род е како се осеќаш. 21ви век, може да се смени пол. Има некои не се осеќаат добро во свое тело и тоа не треба да е табу. Сепак сметам дека пред тоа треба да се има психијатриска посета пошто гледам многу на јутуб транзитираат и потоа пак сакаат да се старото. Толку имам на темава да кажам пошто стварно кога почнам подлабоко да размислувам почнувам да се губам. Што значи тоа да си жена? Што осеќаат оние кои се осеќаат како жени, а се родени како мажи? Ако има некој одговор на овие прашања слободно нека ми одговори.
Немам одговор на тие прашања, само сакам да се надоврзам. Баш некако добра паралела ми дојде. Никој не се одлучува да биде геј или стрејт, едноставно така се раѓа. Ама да, од баш такво исто форсирање на секој има право да се одлучи за сексуална ориентација повеќе негативност и збунетост се ствара. Многу ми е слично ова. Има навистина трансродови лица кои мака мачат, ама сега се во заден план и само се ствара повеќе негативност и збунетост што придонесува кон кочење на нивното прифаќање.
Да, можеби лошо се изразив. Секој се раѓа со тоа чувство на припадност на некој род, мислев дека тоа што се одлучиле конечно тоа да го покажат пред поголемата маса. Денеска посебно во Македонија многу си ги потиснуваат овие чувства и многу тешко е некој да каже отворено јас сум геј/би итн. Така се раѓа човек и нема ништо срамно во тоа.
Ама добра поента. Нормално е некој да се утне додека разбере се во врска со родови и полови. Ама сигурно не си хомофоб затоа што лошо може да се изразиш или некој е трансфоб ако утне ненамерно род. А со ова налагање на guidelines и врискање трансфобија на луѓе кои само се обидуваат да разберат и имаат прашања ми е несфатливо.
Не знам дали сум доволно компетентна да одговорам на темава бидејќи сѐ ова е уште ново за мене, но ќе се обидам да кажам нешто. Не ми е проблем да му се обраќам на некој како што ќе посака. Не знам како би звучело на македонски искрено, на пример they/them на англиски се користи и за множина ама и за еднина кога не се потенцира полот на личноста. Ако некој го знам му се обраќам на име, ама не можам да претпоставам дали некој што не го знам на "господине/госпоѓо" ќе се навреди ако не се идентификува со тој пол. Можам да се обидам да сфатам низ што поминуваат трансродовите лица, сигурно не е лесно да не си прифатен од општеството. Не познавам лично некој што не се идентификува со полот со кој е роден. Секако би го поддржала колку што можам доколку знаев. Сепак сметам дека не треба да постојат gender neutral тоалети, соблекувални, затвори. Во овие и исто во спортовите и понатаму треба да си остани поделба на биолошки мажи и биолошки жени. Биолошките разлики не можиме да ги отфрлиме или да се преправаме дека не постојат без разлика како се идентификуваме. Можам да замислам колку би се злоупотребувало тоа со тоалетите од "транс жени" и јас не би се осеќала комотно во ист тоалет или соблекувална со биолошки маж. И во спортовите не за џабе има машки и женски категории. Физичката спремност помеѓу мажите и жените секогаш ќе е различна и не би било фер транс жени да се натпреваруваат со биолошки жени. Ако ова значи дека и јас сум терф, нека сум. Некои термини навистина звучат ко да сака само да се негира жената, како тоа со "people who menstruate", "gestational parent" и сл. Извинете ама ова трагикомично ми звучи. Сметам дека воопшто нема потреба од овие термини. Имаше погоре постирано и дека на деца им се наметнувало да одберат со кој род се идентификуваат. Аман значи, остајте ги децата и не ги збунувајте. Не значи дека ако синот сака со кукли да игра и да се лакира потајно сака да е спротивниот пол, или ако ќерката си игра со количиња и сака да расклопува и да ги поправа сака да е машко. Децата воопшто не мислат од аспект на "машки" и "женски" работи. Уште повеќе вака се продлабочуваат родовите стереотипи, и многу луѓе ќе бидат збунети дали се транс бидејќи не се однесуваат типично за нивниот пол.
https://www.instagram.com/p/CLs2T7AhsLh/?utm_source=ig_embed Деми Ловато мисли дека видеата за откривање на полот на бебето се трансфобични. Не сум фан на таквите видеа, но зошто таков среќен момент да се смета за трансфобичен и кој е тој кој би се навредил од тоа. Мислам дека ова е претерано и гледам дека голем дел од луѓето во коментарите не се согласуваат со ова, меѓу нив и транс луѓе.
Еее... погрешно. Не се забави/видеа за откривање пол, gender =род. Фала богу па ги немаме како такви во Европа, биг дил дали ќе се роди женско или машко според пол. А дека со род ќе се роди, утре сабајле... од род, секако трето лице ќе биде- тоа- дете.