Не е ова никаков одговор. Мене мозокот може да ми каже дека обожавам војнички панталони да носам а дека мразам сукњи, ама од тоа јасно ќе ми е само што сакам а што не сакам да носам. Кое чувство треба да го имам за да знам дали сум маж? Не може никој да не знае да објасни, оние што се декларираат како род различен од биолошкиот пол, треба сосем јасно да знаат да објаснат. Што е тоа што ексклузивно чувствуваат само мажи или само жени за да знаеме кога ќе ни се јават такви чувства да се декларираме правилно?
Не е менструацијата улога во општеството, туку некој може да има матка и јајници, ама да се чувствува како маж (транс лице)... пример. Муабетот е дека биолошките карактеристики не ги дефинираат општествените улоги.
Мода ,ке помине и тоа,биолошките карактеристики не ги дефинираат општествените улоги, итекако ги дефинираат,тоа што изводат будалаштини,не значи дека е така.
Чувствувам дека сакам да имам жена дома, да ми чисти, готви, пере, пегла... Чувствувам дека сакам да пијам пиво и да гледам спорт... дури таа ги врши моите домашни обврски Изгледа јас машко се чувствувам. Денес особено Пазете да не ве наречат трансфоб, покрај цис жена Според новиве, сите лезбејки се трансфоби, оти не сакале да легнат транс жена Јас неколку бла-бла фобови си накалемив. Плус и расист сум, оти му реков дека не сакам да излезам со него на состанок А може не сакав, дека сум маж. Денес, особено изразено машки се осеќам
А што би значело да се чувствува како маж во случајов? Ако е транс менува и пол, нели? Фактички не се чувствува складно со полот.
Не мора да смени пол. Внатрешно чувство им е тоа... појма немам како се чуствуваат. Искрено и не е моја работа.
Нека бе. Ич не ми чуе како ќе ме наречат. Осеќај си се ти по дома како сакаш ако си возрасен, транзитирај и се тоа, ама да напикаат биолошки мажи во женски спортови и женски затвори па и обратно е ужасно. Фактот како некој се осеќа не менува дека биолошки тој човек секогаш ќе е од родениот пол. Не може да декларираш дека си жена и да идеш да млатиш жени во борбени спортови и да рушиш рекорди во атлетика за ниедна биолошка жена да не може да те стигне. Со причина постојат машки и женски категории. Исто така не може да воведуваме унисекс тоалети за некој таму да не се осеќал навреден. Не може да форсираме клукање со хормони кај адолесценти за да почнат процес на транзиција, зошто е општо модерно дека сите се дисфорични. Може се само геј. Кога се возрасни нека прават што сакаат, ама не предтоа. Адолесценцијата е и онака доволно тежок и сложен процес физички и психички за да се прават такви драстични промени. И дејтингот да, боже пази. Никад не би била со транс маж лично. Не зошто сум трансфоб, ама прво и основно секој кој знае што се случува при операција за промена на пол, знае дека сексот отпосле е ужасно комплициран и неприроден. Јас во таква врска не би влегувала. Сигурна сум дека навистина има дисфорија кај многу луѓе и искрено жал ми е за нив, зошто мора да е многу тешко, ама исто сум сигурна дека е помалку често отколку што се форсира сега. Знаете дека има еден куп транс жени што се фалат дека добиле менструација? Или дека чекаат да добијат? Значи прво не се ни информирани што се случува при транзицијата, камо ли не да збориме како се осеќале како жени. Настрана од тоа, не можеш да тврдиш дека ги знаеш сите проблеми со кои се соочуваат мажите или жените, ако добар дел од животот си поминал како другиот пол. Не е доволно само да се осеќаш некако и да транзитираш
Ама чекај, како се чувствува како маж? Што е тоа што би правело да се чувствува како маж, а менструира, пример? Значи, доаѓаме до тоа дека се чувствува како маж поради родовата улога во општеството. Инаку, би сакал да транзиционира.
Не можам да кажам како тие се чувствуваат, исто како што не можеш ни ти... за никого. Генерално се чувствуваат некомотно во своето тело. Дали им е научено однесување или генетска предиспозиција, не знам. Свое чувство е тешко да опишеш, а невозможно ако е туѓо.
Ама, јас како што разбирам овде станува збор дека не се чувствуваш ни како маж ни како жена, едноставно си човек. А, ако се чувствуваш како маж, а имаш тело на жена тогаш би требало да сакаш да транзиционираш за да ти биде во склад внатрешноста со надворешноста. Значи, може да си жена, ама не се чувствуваш како жена, ниту како маж, па сакаш да ти се обраќаат со тие, заменка која не дефинира, зашто и сам не се дефинираш.
Не. Заменката е за сите кои менструираат (биолошка карактеристика), а не нужно се чувствуваат како жени (социјално). Во нив спаѓаат и транс лица и џендерфлуид и нон-бајнари и не знам дали во меѓувреме уште некоја квалификација има Не транзитираат сите транс лица. Како некој ќе одбере дали или зошто транзитира, исто не знам... Индивидуално е.
Епа не знам што да ти кажам тогаш, оди прашај ги транс луѓето што уште од кога имале перцепција за себе знаеле дека имаат погрешен пол. Ти викам, да бараш да го објаснат тоа е исто ко јас да барам од тебе да ми објасниш исто толку основна примитивна работа како зошто се палиш на маж ти. И ти се молам со војничкиве панталони , повеќе од очигледно е дека облеката, изгледот и однесувањето се само проекции на она што го чувствуваат, а што немаат појма зошто го чувствуваат. Од мали деца ќе бараш објаснување зошто се чувствуваат на одреден начин? Зашто на тоа се сведува работава. И тие не знаат зошто се осеќаат така, скроз исто се збунети како и тебе, и шо правиме сега?
Абе сите може некако да се чувствуваме, не значи дека реалноста ни оди во прилог. И сега ќе речете, ама ги девалвираш чувствата на транс луѓето.Не им ги поништувам, реални се, ама затоа постои дијагноза телесна дисфорија и не може сечие чуство да го карактеризирме како реалост само за некој да не се навреди. Пак ме интересира, зошто менуваме јазик за мал дел од популацијата? Од секое поле има луѓе што отскокнуваат, со различни проблеми и различности, голем број од нив се толку ставени на игнор а имаат далеку поголеми пречки да се вклопат и нормално да бидат прифатени од средината, дали и тие колективно поседуваат синдром на жртва и бараат да ја смениме секоја дефиниција ?Не, дури и претивки се.
Па биолошки де. Како поинаку да гледаме на тоа? Штом човек со одреден пол се чувствува поинаку се работи за растројство. Логично е. Пример ако јас сум жена, имам женско тело органи и се тоа нормално дека моето тело треба да работи и функционира како жена. Ако случајно се случи јас да се чувствувам како маж, марсовец, авион или слично, 1000% се работи за растројство.. Тоа што таквото растројство денес се гура секаде како нешто најнормално е друга прича.