Башка шо неможат они меѓу себе да се договорат. Еве претходно на темава обидот беше да се направи разлика помеѓу пол и род. Дека наводно никој не го чепка биолошкиот пол, ами само родот според убедувањето на личноста... Ама еве Деми Ловато во постот зборува еднакво за полот и родот (sex and gender). Пишала: "The idea that sex is based on genitalia is inconsistent with science". Сеа шо прајме?
J.K. Rowling superfan films himself stalking woman for blocks demanding she explain “gender ideology”
Секако дека се разбираме. Не знам што не е јасно. Не е полот во гениталиите, не е родот во гениталиите, се е во мозокот. Мене ми одговара, секако сум сапиосексуалец.
Ја следам темава уште од првиот коментар и секое мислење внимателно го прочитав и искрено морам да кажам дека сум тотално збунета. Искрено немам многу навлезено во оваа тема, но имам доста размислувано за истата. Немам ништо против апсолутно секој да си го живее животот како што сака, да прави со своето тело што сака се додека не му наштетува на некој друг, секоја личност на земјава го има апсолутно тоа право и право да биде прифатена во општеството. Кога станува збор за родoт секој нека си се индентификува како што сака, како што се чувствува, но не би сакала исто мене некој да ми наметнува да не се индетификувам како женски род и да бидам личност што менструира. Толку многу се форсира ова медиумски, на социјални мрежи, од познати личности што може да резултира со контра ефект.
Ова сакав да го ставам преѓе, ама не можев да го најдам. Во контекст на муабетот на @DAngel и @Biljarkata кој одлучил за дете од 4 години да стане трансродово. Еве, според овие, само си одлучило. На 4 години. https://www.dailymail.co.uk/news/ar...-neutral-11-month-old-baby-named-Sparrow.html Changed gender at age 4.... mindfuck. Инаку другото дете го растат како неутрално, не го ни дискутираат ни откриваат биолошкиот пол, и го викаат theyby. И baby не е дозволено веќе. Живеат тројца или три во заедница во која се сите нонбајнари. И детето нормално само одлучило. Кој го мрзи да чита еве и тука: И childism било ако не му дозволуваш да носи одлуки само на детето Ок, ајде да ги оставиме тодлерите да носат одлуки, пример во кој штек да пикнам прсти денес. Сериозно, ова е алармантно.
^Тоа е оно што го дискутираме цело време дека е алармантно, посебно во западните држави ово се шири со брзината на светлината и се тоа на штета на децата и жените. Hormone blockers се даваат на деца, да деца се тоа на 10-12 години на некој и помали затоа што не се идентификуваат со полот доделен при раѓање, сериозно треба да се донесе закон за child abuse за родителите, истите тие деца до пред година две родителите газот им го бришеле сега носат одлуки за полот. Не сум фан на теории на заговор ама @DAngel има поента со богати бели мажи кои стојат зад транс агендата а се за својот личен интерес и нормално полнење на и така преполнети џебови и на крај се ми се чини ќе е за да се задоволат нивните педофилски нагони бидејќи ќе немаат род, ќе нема ни потреба од години за согласност и овие богати бели мажи ќе можат без гајле да си ебаваат дечиња. Еве погоре со Деми Ловато и трансфобичноста на џендер ревил, сериозно и родителите на нероденото бебе се трансфобични ај ако не да облечеме во црно и да жалиме кога ќе се родат бебињата, претеризам и барање на влакно во јајцето, повторно на штета на децата. Како мајка на синови и ќерка сум сведок дека секое дете без обзир на полот, родот ќе ги облечат штиклите на мајката, фустан, ќе се нашлакаат од глава до пети ако начекаат шминки и нема потреба да се прави филм од тоа, деца се, не се чувствуваат како да им се наметнува род поинаков од полот, играат и тоа е се. За оние деца кој стварно не се чувствуваат како родот не им со дејствува со полот има психијатри кој ќе им одредат третмани ама се тоа после полнолетство. Потполно се согласувам што ете по продавници нема кај децата машки, женски дел туку е детски иако пак ќе напишам иако се тежнее кон џендер нутрул се етикетираат од тие истите како машки/женски, мислам кој одреди дека Thomas the engine е машка играчка, не може женско да си игра со возови, не сакаат етикирање а самите се баваат со етикетирање. Не се сложувам на унисекс тоалети, соблекувални, затвори итн секаде каде женските и децата нема да се чувствуваат сигурни и тоа со право. Не сакам да и ги намалам чувството на @theowndemon со тоа што и се обраќал татко и со сине, пример мене никакви негативни чувства не ми будело таквото обраќање, можеби дека имам брат па ми било како составен дел од македонскиот јазик за обраќање на децата без обзир на полот. Еве како една иста работа може да има позитивно и негативно влијание на некого ама не е нешто за кое мораме да се бориме да се искорени. А да во однос на guidelines кој ги добив за работа без обзир дали членот верува или не, не е мое некого да убедувам и презентирам докази не сум на суд, јас секако нема да бидам казнувана или избркана од работа ако не ги користам проблемот е што на помладите генерации ќе им е нормален начин на обраќање и за помалку од една деценија а може и помалку ќе се нема мајка, татко што мислам ќе има дополнителна штета врз детската психа. Знам дека ми е малку all over the place постот ама секако мислам дека ово е атак врз жените и децата и секако на штета на трансродовите луѓе.
@bittersweet Се сложувам во целост. Да дополнам, мислам дека живееме во свет каде и веќе станува некој психолошки феномен дека луѓето бараат начини да се чувствуваат посебни, и различни. Не го зборувам ова во контекст на трансродови лица, дека некаква нивна побуда е да се осеќаат различни, зошто јасно ми е дека станува збор за дисфорија. Мислам на овие нешта како ќе го растам детето без воопшто да биде свесно за пол и истото нема да се дискутира, или еве на друга тема, детето мое ќе го растам како веган. Не знам, стварно добивам чувство дури и некогаш на форумот дека некои ставови што ги имаат луѓето се чисто за да се истакнат, и многу често го гледам тој патерн и во реален живот. Уште помалку ми се допаѓа климата каде секој е за нешто навреден, па страшно е што главниот негативец на JK Rowling се облекол како жена (што е патем травестит, не транџендер), создавање на таа атмосфера со непријатност да разговараш со трансродови лица, и не заради нив самите туку заради целата наратива која се турка. Дури и транс лица сум слушала на интервјуа кои се исклучително против моменталната клима, зошто сметаат дека им прави повеќе штета во социјалниот и професионалниот живот. Дури и на тема феминизам, имаше написи за дали биле играчките кујни и барбиките сексистички. Мислам, да се, ако не го пушташ синот да си игра во играчката кујна да. Ама нели се претерува малку со обмислување на целава работа? Во меѓувреме во светот имаме луѓе кои навистина живеат на маргини, немаат никакви права, немаат никаков излез од својата ситуација, дали биле трансродови, малцинства, жени или што и да, а многу помалку светот се занимава со нив. Јас генерално сум многу против говор на омраза, ама не е секое мислење говор на омраза. Не ми се допаѓа свет во кој секој може да викне говор на омраза, ти си нешто-фоб, ако не се согласувате. Многу, многу опасна работа е да се ограничи слободата на говор.
Ма не. "Сине", "душко" и слични воопшто не ми биле навредливи во живот. Ми било имплицирањето дека не сум женско кога не праев типично женска работа. Поинаква тежина то "син мој" добиваше наспроти "сине" на милоста.
Кај нас во јазиков мислам дека сине се однесува на секое дете, внуче, слично. Еве мене баба ми сине ми има кажувано, не е зошто сум и син сигурно @DAngel Нема песна за бабин син?
While speaking on the subject- тукушто споделено на темата за вакцини- луѓе со лактација Не ги барам намерно бе, сами ме пронаоѓаат @DAngel песнава Оти не ме оставате да верувам дека е само некоја узречица што ја знаат тројца, зошто мора да биде аудио документиран таков дебилизам Говор на омраза- јас сум вакво-песно-фоб. Може?
И мене исто штотуку ми излезе статија со pregnant people. Колку чудно и неприродно звучи, а почнува само повеќе и повеќе да се турка овој концепт.
И uterus holders, menstruators, breeders, bleeders. Се, само не жена. Woman is a dirty word. Не знам дали сфаќате колкав импакт ќе има тоа на женското здравје. Мажите и жените не се биолошки исти, лекови не ни дејствуваат исто, телата не ни реаграат исто на болести, симптомите не ни се исти. Биологија во медицина не смее да се негира, оти жените низ светот и целото човечко поколение ќе го плати данокот.
Да, сине е за сите деца. Зато и велам не ми смета то, ни пак "му", од Битола сум DAMNNIT. Ама ми сметало конкретна импликација дека ме вика така јер пукам на пример. Или прам било шо друго шо не е типично женско. После секоја активност ми нагласваше дека е за машки, не за мене. Дека ако го прам то сум машко. Не женско. Ме потсетваше шо е за женско. Ако сакам да сум женско. Кога тате веќе почна да се помирва малку по малку со мене, да, ми има речено и "ти си ќерко татин син". Али то и сама знам дека е пола мајтап за разлика од др шо не беше мајтап.
Вие од Битола сте напред во времето, нема женска заменка кај вас од никогаш. Му кажа ли на мајка ти, за то? Сега како ќе биде за доилка- доилок? Човек кој дои? Лактатор?
Околу puberty blockers кои се даваат на деца пред пубертет Познат е дека половите хормони со кои се активира пубертот се потребни за развој на мозокот, коските и општото здравје.