Човек машки род или Маж,Човек женски род или Жена,Сосем различни помегу себе сепак луге без кој не би можело да постои живот на планетава,до толку е просто ако се вратиме од почеток како што сакаат, е сега постои северен пол и јужен пол на планетата земја колку што ме држи секавањето или можеби грешам,но полот не е целина тој нема идентитет неможе да се дефинира полот не е издвоена единка полот не е личност,полот е дел од една целина,генетски ги носиме гените од нашите предци со илјадници години наназад и од сите нив сме дел но полот не го определува родот во секој род има северен и јузен пол,сега има и грешки на природата со големи влијанија па дигаат по малку прашина ветер и магла.
Полот неможе да биде целина,бидејки е пол или една половина од целото кое е неразделно и представува пол или една половина од целовитоста на личноста или родот,или планетата земја или сонцето или природните сателити се е во една хармонија совршенство во законитоста поврзани садови во природен танц на љубовта
Како придонесуваш на дебатата со небулозиве? Знаеш воопшто за што се зборува? Ако ти се пишува приказни, оди на подфорум Литература.
Не прашав за магнетни полови, што е ова!? Полот е биолошка категорија која ги одредува психо-физичките карактеристики на единката. Род е практична јазична алатка за именување на поими во еден од трите рода и произлегува од полот. Родот покрај граматичка е социјална конструкција при која луѓето припишуваат полови карактеристики на одредена ситуација. Пример, бродовите на запад се именуваат во женски род. Конвенција. Консензус. Не е нужно логички доследно. Она што се фура сега во постмодерното западно поднебје, во декаденцијата која масовно ги има зафатено најбогатите земји на кои нели, се угледуваат посиромашните и небитните = тоа е дека полот не постоел, дека може да се биде жена и со пенис, само ако единката така се осјеча или барем изјави дека се осјеча. Последниве пар децении, немајќи сериозни егзистенцијални кризи, западната раја си наоѓа занимација со глупештини. Тука се и милиони џаболебари по секакви организации кои времето ги прегазило па сега си бараат нов начин за да останат актуелни и да си добиваат плата, патувања, дневници, бонуси. П.С. Постои и трет пол, хермафродити кои се признаени во Индија и Германија како засебен билолошки пол.
Декадентните западњаци Има куп линкови, ете еден. https://growinguptransgender.com/2018/11/01/biological-sex-is-a-social-construct/
Какво време дојде да посака да си умре човек. Небулоза било да кажеш дека прав здрав човек роден со машки полов орган е маж а човек роден со женски полов орган е жена.
Кои сме ние да кажуваме кој како да се осјеча? Тоа на запад засега. Ќе дојде и кај нас за пар децении веројатно, не побрзо од тоа. Ете на парадата имавме присуство на цел државен врв заедно со влечкање деца кои мафтаа со знамиња кои симболизираат истополов секс. Дури имаше и реакција од народен првобранител околу тоа. На запад веќе има многу случаи каде на мали деца не им го одредувале полот туку чекале самите да се изјаснат. Па така мали девојчиња ги облекуваат во машка а мали дечковци во женска облека, да пробале па да се одлучеле што ќе се осјечаат на некои си девет годинки. Па следеле хормонални терапии за почеток...
И јас не бев свесен до пред извесно време до која мера забегуваат во најбогатите општества. Што е штета. Наместо енергијата да се посвети на нешто конструктивно, тие ствараат вештачки антагонизам и цела псевдонаука а тоа све финансирано од буџетски пари. Ете на пример, зошто никогаш, никаде, никако...лбгт лицата не се имаат собрано пред амбасада или конзулат на Саудиска Арабија, земја каде има смртна казна за лица со хомосексуалност. Зарем до толку не ги засега дека нивните колеги по ориентација ги каменуваат до смрт? За што парадираат на запад кога веќе имаат секакви привилегии не е јасно. Толку не може да се најде една амбасада?
Не е небулоза да кажеш дека си жена со вагина. Еве јас кажувам и никој не пробал да ме запре. Исто како што се маршира за 8ми март.
Јас некако се осјечам ко Канаџанец ама не ми даваат пасош пошто род можело да се осјеча ама државјанство никако. Тоа што државјанството е навистина вештачка социјална конрукција не се важи. А баш ќе беше добро така троа канадското во мене да излезе на површина, да не се кријам во плакар повеќе
Кога веќе се спомнува род и пол во последно време во рамки на заедницава има тренд на користење neopronouns што дозволува луѓето да се самодефинираат не само како маж или жена туку и како било што друго што ќе им падне на памет, како на пример новоизмислени заменки па дури и животно.Среќа па што никој надвор од интернет не ги сфаќа озбилно , иако не би ме чудело да почне и таа група да си се пробива со оглед на брзиот развој на настаните во светот.Во секој случај тотално надвор од здрав разум.
Не ми брани ама не ми даваат права кои ми следуваат, ако некој може да се пише некоја во пасош зошто мене да не ми дадат пасош со јаворов лист на него пошто така се осјечам, не е фер