https://m.off.net.mk/vesti/razno/zoshto-na-kalifornija-i-trebaat-kondomi-za-vo-zhenski-zatvori Ова е веќе надвор од здрав разум. Кој како сака нека се нарекува и идентификува во сопствен живот, ама во вакви ситуации едноставно мора да остане поделба на биолошки мажи и жени. Колку манијаци користат ваква прилика за да се протнат меѓу жени. И наместо да ги заштитат нуделе кондоми и едукација за бременост, само за да не биле "дискриминирани" биолошките мажи што "сакаат" да се жени.
И биолошки жени, кои се идентификуваат како мажи. Не ги праќаат сите по дифолт во затвор според родот со кој се идентификуваат. Мора да поминат процес низ системот, за да им биде одобрено. Повеќето се одбиени.
Не можеш да знаеш, тоа е поентата. За затвори, тоалети и спортски натпревари сметам дека поделбата треба да остане на биолошки мажи и биолошки жени. Не е дискриминација, едноставно тука биолошките разлики се неминовни. И на крај жените се жртви. "Се процесираат бавно, досега биле решени само дваесетина случаи но интересно е што досега никој не е одбиен, а меѓу одобрените трансфери имало и осуденици за сексуални злосторства."
Не е точно. До април имало само 4 трансфери по новиот закон. California prisons grapple with hundreds of transgender inmates requesting new housing
Да ставиш трансродова жена со мажи во затвор одма ќе е силувана. Мора некако поинаку да се најде решение. Ваквиот проблем би се решил ако за промена на законскиот пол е потребно операција, но кај нас не сите имаат пари да платат за таква операција, ниту пак има достапност на добри доктори. А и одредени трансродови лица не сакаат ни операција да се прават и се среќни само со хормони и блокери.
https://www.reddit.com/u/therealsusie?utm_medium=android_app&utm_source=share Оваа како би се вклопила во машки затвор/машко WC?
Ама не може операција. Што подразбира операција? Менување на половите органи т.е. стерилизација? Заради такви законски решенија кои биле на сила претходно, едно чудо држави сега отплаќаат оштета на транс лица кои биле претходно изложени на таква стерилизација. Нарушување на човековите права било, велат транс активистите, и веројатно е. https://www.palatinate.org.uk/trans-people-in-finland-are-still-being-forcibly-sterilised/ Не гледам решение
Како не може операција? Голем дел се прават операција https://en.m.wikipedia.org/wiki/Sex_reassignment_surgery_(male-to-female) и https://en.m.wikipedia.org/wiki/Sex_reassignment_surgery_(female-to-male) Види: https://reddit.com/r/mkd_LGBTI/w/index?utm_source=share&utm_medium=android_app Операција е нарушување на право бидејќи не сите трансродови лица сакаат да се оперираат, одредени сакаат да имаат трансродов дечко или жена (како лезбејки) со кои може да имаат дете, други немаат проблем со своите полови органи. Родовата дисфорија се јавува на повеќе начини: https://genderdysphoria.fyi/gdb.pdf ... Ако законот кај нас бара операција тогаш многу тешко дека некој ќе смени документи со ниска плата и недостапност на хирурзи и не е наплатена операцијата од фондот па се се плаќа од џеб. Комплицирано е сето ова. Јас сакам операција, имам другарка која е исто трансродова па таа не сака.
А ако не сака операција значи е жена со полови женски органи, во женско тело, а се чувствува како маж, а не сака да смени пол? И се облекува како маж, сака да и се обраќаат с машки заменки, ама биолошки останува жена? Не ми се јасни малку овие работи. И како може со сигурност, без ниту еден посто сомнеж да се докаже дека некој се чувствува како жена, а е биолошки маж, притоа само така се чувствува и изјаснува, за да оди во женски затвор?
Затоа трансродовите лица треба да си бараат свои простори кои нема да се на штета на жените, исто како што жените си барале свои простори во минатото за сопствениот бенефит. Не може да се очекува за бенефит на едните, да се прави штета на другите.
Така е дискриминирачки спрема трансродовите лица и не ми се верува општеството да прави посебни простории (наместо по 2 сега 4, едни за биолошки мажи, други за биолошки жени, трети за трансродови мажи, четврти за трансродови жени), и после како ќе провериш дали некој е трансродов или не? Инспекција на полови органи? Како ќе знаеш дали некој е трансродов или не? Не оди логиката така.
Не е дискриминација. Како се знае јас дека сум женско? Можи изгледам како маж. Во документи ми стои жена. Ќе си стои фино трансродов маж/жена. Не може да очекувате дека жените радо ќе се откажат од сопствените бенефити за кои се бореле во минатото само за да угодат на одредена друга група, која и да е. Барајте сопствени стипендии, сопствени лиги за спорт, сопствени затвори и никој нема да има проблем со тоа. И жените немале сопствени тоалети, па си се избориле за тоа. И нема така лесно да се откажеме од сопствените права на база биолошки пол.
Операција е само мал дел од транзицијата кај трансродовите. Некој може да е трансродов маж со женски полови органи но да прима тестостерон за да изгледа како маж и да се социјализира како маж. Истото е и кај интерсекс лицата, родени може да се и со женски и со машки полови органи... Затоа половите органи не ја кажуваат целата слика за дали една личност е маж или жена. Операцијата не ја менува биологијата, трансродовите мажи остануваат биолошки жени заради што немаат SRY gene. Операцијата само го менува физичкиот пол (гениталиите) т.е. фенотипот. Нема сигурен начин да знаеш дека некој е трансродов или не. Само можеш да им поверуваш спрема начинот на однесување, облекување, изразување но тоа отвора врата за некој да емитира трансродова личност.
Значи, не може сигурно да се знае некој дали е трансродов или не, ама може да се стави трансродова жена во женски затвор, само затоа што тој вели дека се чувствува како жена. Како е тоа добро за жените? Како ќе бидат заштитени жените во затвор?
Тогаш кое е решението? Имаш потенцијални жртви жени и транс жени, ако одделиш простории посебно за транс лица било дискриминација, ако ги делиш по биолошки пол пак дискриминација, а ако ги оставиш да одат според тоа како се идентификуваат има ризик некој да настрада. Немој да мислиш дека биолошки мажи не би го злоупотребиле тоа да се пикнат кај жени, а и еве да вршат булинг врз транс жени. Еден позитивен пример не значи дека сите се такви добри и мирни. Кој ќе спречи манијак да се идентификува како жена иако нема ниедна надворешна карактеристика на жена и изгледа како типичен маж? Пошто нели можат и да не прават операција и пак да си го определат родот како нивниот спротивен пол. Не знам како ќе ме сфатите немам намера да сум трансфобична и никој не ми пречи како се идентификува кога тоа не афектира други, ама не е сѐ така едноставно. Премногу лоши работи им се случувале и случуваат на жените за така лесно да се замижи.
Како ќе знаеш дали е некој биолошки маж или жена која ќе влезе во WC? Што е воопшто биолошки маж/жена, како што знам во прашање се неколку гени особено SRY генот. Што за интерсекс? Знаеш дека ХХ може да има машки фенотип со пенис или ХУ со женски фенотип?
Морате сите што сте трансродови лица да се стегнете и да си донесете некоја одлука што ќе правите со поединци што можат да ви наштетат. Јас сум најлибералниот човек на цел свет, трансродови лица почитувам максимално, сакам да ги имате сите права, сакам да живеете убаво, сакам цел свет да ве прифати. Вакви што се идентификуваат како жени а се биолошки мажи, се со една цел, да ги сместат во женски затвори и таму да прават ѕверства (обвинети биле за сексуално злоупотребување) можат само да ви наштетат и да ве вратат назад. Имате огромна борба уште пред себеси, не дозволувајте поединци да фрлат црнило на таа битка. Ова најдобронамерен совет од човек кој не ви сака ништо друго освен арно. Не ви требаат тие луѓе, тие луѓе го злоупотребуваат она што вие сте само за да се докопаат до жени за да им наштетат. Многу луѓе пробале да и се приближат на лгбт заедницата и да се стават под нејзин чадор (педофили) ама кога ќе добијаат клоца ќе си го научат местото. Не треба да се дозволи ради силувачи што нашле лупхол во закон да страда цела заедница, да страдаат жените и многу други луѓе на кои тие им се мили.