И јас не сакам да одам во затвор кај што може да ме силува маж кој не е за во женски затвор, но нашол простор за искористување на системот.
Па и трансродов маж би можел да те силува (иако не би можел да те оплоди со своја сперма, постојат операции за создавање пенис во кој може да стави сперма и да се искористи истата за оплодување)... Најдобро е законот да бара операција но операцијата да е платена од фондот инаку никој не ќе може да си ја овозможи да плати со 300 евра плата. Вака трансродовите жени ќе мораат да се прават операција за оформување нео-женски полови органи а исто и трансродовите мажи. Вака нема да може никој да силува никого. Ако сака трансродова жена или маж да има дете ќе мора пред операцијата односно пред законското менување на полот. Вака е во Русија и мислам е добар начин, но ако е платен преку фондот само. Ако не тогаш сегашниот систем или како во Србија, за промена на законскиот пол потребно е личноста да прима хормони и блокери една година. Повеќе од ова не може...
Значи, како и да го свртиш жената е во штета. Мислам дека вашите права не треба да барате да ги остварите врз штета на туѓи. Зашто вака мислам дека и сама гледаш како може да се искористи некој ваков закон.
Не барам право со намера да им се наштети на други. Само проблемот е што постојат многу дупки во ваквиот закон бидејќи секој може да го промени својот пол без воопшто никаква потврда ни од психијатар ни од операција (која не може секој финансиски да си ја дозволи) ни од хормони ни ништо. Вратите се отворени за злоупотреба. Многу лесно се менува многу важна работа.
Така е, за тоа се согласуваме, значи треба да се работи на барање на друг начин. И тебе како трансродова жена не би ти одговарало да дојде некој во затвор со лажно претставување и да се изживува врз тебе. За сите не чини едноставно.
Прашањето е, зошто се нудат било какви права во затвор? Кога веќе си решил да бидеш ѓубре во општеството, не треба да уживаш ни некакви посебни привилегии. Не говорам само за оваа појава, туку општо. И како маж идентификуван како жена, а имаш пенис, како би припаѓал во женски затвор? За силување може и да постои истото меѓу својот пол, не менува дали некој има пенис или некоја вагина. Не е моментот да се делат кондоми, ако некој решил да има секс, или да силува, не знам како тоа би му влијаело. Туку, што доколку дојде до забременување? Осакати го детето од старт, со мајка во затвор, со ,,татко" кој не е ни татко туку он си знае што е и патем прашање е дали се работи за доброволно стапување во сексуални дејствија или пак силување. Дете производ од нечиви налудничави идеи за права онаму каде не треба да ги има. Во слободен свет, кој што сака нека си прави и нека се идентификува, се додека јас не се чувствувам загрозено и не се погазени моите права на идентификување. Во тоалети, места каде што бараш интима, не сакам да биде присустно лице чии полов орган не е како мојот. Ми создава чувство на несигурност и страв.
Не е така Грим. Во затвор знаеш ли колку жени има што биле жртви на семејно насилство, пријавувале без успех, за на крај од немоќ и немање излез посегнале по животот на мажите? Па само у Македонија колку случаи има, еден куп жени лежат кај нас за ова. Памтам имаше баш таков случај каде типот ја кршел од ќотек секој ден, децата ги тепал, го пријавила сто пати, никој ништо не направил за на крај кога видела како детето толку многу го тепа во акт на самоодбрана го убила него. Таа жена толку се има намачено у животот, толку има истрпено, за да и дојде некој силувач кој нашол дупка у закон, не се идентификува како жена апсолутно никако туку знае дека ако се пише така може да го стават у женски затвор за пак да си продолжи, уште тоа и фали.
Па, некои и полошо од тоа заслужуваат. Се знае кои основни права треба да ги имаш, се друго е привилегија, која не си ја заслужил ако си криминалец. Слободата е скапа и треба секојдневно да ја плаќаш.
Да, со тоа што ќе бидеш во изолација од светот. Ама условите за живот треба да се хумани. 'Напредно' ни е општеството, луѓето размислуваат за апстрактни нешта, кои порано не ги ни перцепирале. Мора некако да се адаптира системот за да ги задоволи (релативно) сечии потреби. Дека ќе има грешки и промашени проекти, се разбира дека ќе има. Немаат модел по кој би можеле да се водат, па експериментираат со најоптимални решенија кои можат да ги осмислат. Фалично е општеството сеуште. Дури и најнапредното. Што е и нормално. За се' треба време.
Се согласувам со ова. Јас сум за закон кој бара операција за промена на пол, но како некој ќе може да овозможи со 300 евра тука таква операција.... IDK. Операција ќе спречи насилство и законот нема да може да се злоупотребува, но ваков закон би бил прифатлив само ако фондот плаќа за операција и истата операција е достапна воопшто (како што знам државните болници кај нас не прават операција ваква и мора приватно). И не само тоа, хормоните и блокери исто коштаат пари, а трансродовите лица најчесто живеат сами бидејќи не се прифатени од родителите и одвај наоѓаат пари за да преживеат а не пак да платат операција скапа .
Ти што си против, не значи дека истиот не е хуман третман. Похумано, здравје. Повеќе храна во општеството за оној што си ја заслужил.
Транс особа мора да чувствува body dysphoria односно да сака да си го промени полот (на страна невозможностите за тоа). Значи, ако си транс, не можеш да си задоволен со тоа што ти е „во гаќите“, затоа сметам дека е бенифитно трансродноста и боди дисфорија да се сметаат за дијагнози во психологијата - не како навреда дека се болест, едноставно боди дисфорија е услов да си транс. Инаку, дали сметате дека е безбедно за една транс жена да оди во машки дел на затворот, каде што би ја претепале во рок од 0.02 секунди затоа што е „машко што се преправа дека е женско“? На страна артиклот што го постави @Amellie13, со кој не се согласувам, ама да се определува само според полот со кој си роден исто нема логика. Треба да има процедура. Ако некој си го има веќе променето името, живее како жена, нема место за неа во машки затвор.
Секој со своите проблеми. Да повторам- закон кој бара промена на пол, значи стерилизација, е нарушување на човековите права. https://www.lgbti-era.org/news/no-m...s-people-europe-trans-pathologisation-remains Значи промена на пол може, ама не мора и секако не смее да биде мандаторна. Разбирам и зошто. На кој не му е гледан Trans train да го гледа. Секако ако има стомак за таква тематика.
Не знам дали ја читаше една друга тема тука, кога најавија дека можно е од фондот да се тргнат пари за операции. Мене ми е скроз океј тоа. Во ваква лоповска држава каде има за лешници, фстаци, елки од 500.000 евра, станчиња на фунцкионери има и за операции на трансродови лица. За сите за кои треба да се плати операција, има. И за луѓе кои не се трансродови туку им е потребно медицинска грижа. Само напред ви посакувам, ама пак ќе ви речам, внимателно, затоа што не секој што не секој ви мисли арно. Од мене ја имате цела поддршка да си живеете како што си се осеќате.
https://genderdysphoria.fyi/gdb.pdf те молам прочитајте го документот и видете го видеово ; Не само ти, сите. Не мора да го смените вашето мислење, само да добиете повеќе информации.
Не, нормално, воопшто. Ама пак останува истиот проблем. Не дека кај нас наскоро ова би се вовело. Тука веројатно би било, ај брат кажи дека се осеќаш ко жена, дај петстотче и можеш полесно во женски затвор да поминеш. Не би ме зачудило. А што во овој случај со твојата пријателка која не сака да прави операција?