Како не? Замисли луѓето да не се гледаат низ призма на разлики, ами сите еднакви. Значи не гледаш ни боја на кожа, ни националност, ни сексуална ориентација, ни родова припадност, ни изглед, ни ништо... само еден човек... ист како тебе. Аман.. и во Комунизмот не учеа на вакви работи Ние децата црни, жолти, бели
Па измислување нови родови и постојано нагласување и поттикнување на издвојување по тоа колку сме посебни на овој свет и не иде баш со ова ти што го збориш. Мислам, ова ти што го викаш е идеално, ама не сме сите исти.Можам да ги гледам сите со иста почит, ама не можам туку така да ги поништам разликите.
Епа не се исти биолошки мажите и жените Вајлд. Не може да ги гледаш исто, кога не се исти. Може да почитуваш дека некој се идентификува со друг пол, и да работиш во канцеларија со него и да бидеш другар со него, ама не можеш да го пуштиш да се такмичи со жени, кога е уствари маж. Свесна си колку злоупотреби може да има, посебно со флуидните? Раса и се што наброја е друго, многу подруго од пол.
Многу комплицирана тема за размислување. Според мене мислам дека со јавниве личности, различни реклами дополнително се комплицира и се повеќе ми наликува на некаква пропаганда или ново нормално кое се наметнува. За мене се неприфатливи овие нови категории на род, бидејќи создаваат конфузија, не знаеш како треба да се однесуваш со тие луѓе, како да им се обратиш и се повеќе ми личи како и тие самите не се сигурни во себе и не знаат што сакаат. Кога си геј можеш да бидеш повеќе или помалку мажествен, можеш да бидеш феминизиран, но полот кој те привлекува се мажите, исто би било за лезбејките. Кога човек е би тоа може да биде малку комплицирано, те привлекуваат двата пола истовремено,еднакво или различно, еден пол да те привлекува повеќе од другиот и тоа може да биде многу збунувачки за личноста и долг период на запознавање и прифаќање на себе. Транс би било уште покомплицирано тогаш сакаш да изгледаш како спротивниот пол, а може да те привлекува иститот или спротивниот пол. Е сега non-binary би било комплицирање до бескрај, јас сум машко, сакам машки, но сакам да се облекувам како женско, после друг период сакам жени и не сакам да ми се обраќаат со тој. Мислам дека непотребно беше ова со додавање или одредување на нова заменка за non-binary бидејќи како што кажав кај се повеќе млади личности во развој се сосздава конфузија за нивниот родов идентитет и тоа кој пол ги привлекува. А зошто сметам дека е некаква пропаганда, поради тоа што ете се повеќе јавни личности се изјаснуваат како non-binary како Сам Смит, или облекувањето на женски алишта и лакирање нокти на Хари Стјалс, Јангблад, па Мајли Сајрус малку е со машко, малку со женско, па била пансексуалка. Менувањето на фактите со изјавите како не само жените имаат период, или постот на Деми Ловато изјавува дека малите забави за откривање на полот на бебето на иднитите родители смета дека се трансфобични и слично. Сметам дека цел свет треба да ги прифати луѓето од ЛГБТ како нормални и еднакви со сите луѓе и понтаму дополнително да не се комплицира родот или полот, да се менуваат биолошки факти кои се природни и логични и не можат да бидат поинаку.
Ама, работата е што овде не станува збор да се прифатат различностите, туку да се избришат разликите, едноставно да не постојат. Сите да бидеме луѓе, родители, луѓе што меснтруираат, бидејќи родот е конструкт на општеството. Но, каде ги остава тоа биолошките разлики кои секако постојат и не можат да се избришат?
Ја немам против кој како сака да се нарекува, иам против да се наметнува мислење на другите. Пример, читав незнам дали е ЛГБТ или друга група, сеа викаат дека имало 64 начини на родово идентификување. А од друга страна транс сексуалците се бунат против променава, пошо нивната цел била да преминат у другиот од двата пола. Освен тоа, читав правеле некои тестирања и им ја давале листава во школо на деца од 7-10 години и они да си изберат како ќе се идентификуваат (дете шо после вц ги вика неговите да му го бришат гзот, така е зборот). Незнам некако каша попара е, нема никаков концепт, и нема црвста логика, па затоа и тешко проаѓа вакво нешто. Не ми е јасно како може све да биде "еднакво" у секој поглед. Да не ме сфатите погрешно, пример во спорт. Се сеќавам во школо играме фудбал ама баш жестоко, и доаѓа една од клас и одлучува и она да игра со нас. На натегања од наша страна и инсистирање од страна на девојчево и професорката, почнува да игра со нас. После 2 минути падна при физички контакт, се воздржуваше да заплаче и се налути зошто сме играле толку остро, бидејќи она била девојка требало да сме пазеле поише... У најмала рака кажано бевме збунети, тоа ми е тој парадокс... Од друга страна не би му се мешал некому што одлучил да се однесува феминизирано ниту пак обратно. Само, од една страна гледам девојки што подржуваат феминизирани мажи, а од друга страна бараат musculine traits при избор на партнер. Секако дека долгорочно сметам дека се удира на основата на општеството - семејството. Очигледно во една идеална "либерална" иднина децата би се создавале во лабораторија. Не ми е јасно ништо, бидејќи не можам да видам која е долгорочната цел?!?! Едит: во Канада има двајца атлетичари мислам во Квебек, и они се декларираа како флуидни или незнам што таму, и олимписки комитет им дозволи да се натпреваруваат на женско домашно првенство. Погодете што се деси - ги срушија сите можни женски рекорди... Сеа атлетичарките тужат све живо и диво за да ги исфрлат од лига и да им ги поништат рекордите Едит 2: ако се размисли подлабоко, тоа што им дале право на овие двајца што се идентификуваат поинаку да се такмичат, на некој начин си постапкава им ги одземаа правата на жените што се натпреваруваа во тој спорт
А општествениот свет е негде надвор од трите димензии или како? Не те разбирам, кој физички свет? Цел свет е физички.
А дали физичкиот свет е единствената реалност и вистина? Мене све друго ми звучи како да ставиме празна кутија на маса и да се собереме 10 души и да размислуваме што би можело да има внатре во кутијата
Светот во кој постоиме е физички, начинот на кој ги дефинираме социјалните односи е 'измислен'. Ние го осмислуваме концептот на општество и општествено уредување. Мисловна состојба е, не физичка
Никој не ги спори фактите на физичкиот свет. социјалниот конструкт е апстрактен. Затоа што имаме мозок, кој може да процесира дразби и да има идеи и мисли.
Ама не се исти кај сите. Сите имаме различни мисли, желби, верувања, идеологии. Реалноста ја перцепираме субјективно.