Мислам мора да се има лимит на човекови права. Ако речеме за се дека е нарушување на човекови права светот ќе полуди. И јас можам да речам дека сексот на сред улица треба да се дозволи и забранување е нарушување на човекови права, но човекови права се човекови права се додека не им штетат на други. Исто и за вакцинација, секој има право да си се вакцинира или не, но ако очекува посебен третман додека е ризик за другите ... that draws the line.
Со ова се согласувам. Не сакам во ист тоалет со мене човек со пенис, без разлика како се идентификува во приватен живот. Надвор од таму воопшто не ми смета. Кога размислив подобро сметам дека не е безбедно транс жена да е меѓу мажи ради истите причини поради кои друга транс жена би била потенцијална опасност меѓу биолошки жени. Како и да вртиме жените испаѓаат жртви. Едно од решенијата е посебни простории за транс лица, но некои и тоа би го сметале за дискриминација. Сепак најдобро решение е она каде што шансите за некој да испадни жртва се најминимални.
Мене не ми е толку тешко да видам едноставно решение. Нема шанси маж да може да се преправи да е транс жена 5 дена пред да влезе во затвор.
Најдобро е операција (но тоа е дискриминирачки врз малолетни трансродови). И верувај општеството нема да прави посебни простории за трансродови лица, ниту трансродовите би сакале да бидат одделени од останатите. Сигурно просториите би биле сами, колку има трансродови кај нас? Поефтино е операција да се плати отколку секој објект да се реновира за да има посебна просторија за трансродови. Не бива.
Не знам каков лимит на човекови права би постоел. Ова за кое зборам не е мој став, став е на ЛГБТ организации, на ун организации, на чуда, врагови... Ете ти сакаш промена на полови органи, другарка ти не сака, ко што посочи Реин. И сега закон што вели дека операција мора, за кого е мајка, за кого маќеа? Спомнав и дека држави што имале такви закони, во моментов отплаќаат оштета на транс лица кои морале да поминат таква операција, иако не сакале баш, за да добијат формално признавање на род. Ме мрзи да барам линк, ама знам дека некои северни беа, дали Холандија, дали Норвешка... Холандија конкретно https://www.reuters.com/article/us-netherlands-lgbt-sterilisation-idUSKBN28B5UX
Мајлс збора ептен убо за важноста на пол и род од атлетски аспект ( тенисер, атлетичар е) и убо објаснува се, без тензија, без навреди, без дискриминација и зошто е нешто фер/ не фер. Немам шо друго да кажам. Сакав само да залепам шо гледав.
За забрана во спорт, океј, исто и за интерсекс лица. Но за во тоалет/простории за пресоблекување и затвор... не прифаќам да одам со мажи ако изгледам како жена и живеам како жена. Секако избегнувам ситуации вакви колку што може повеќе а другарка ми кажува дека воопшто не ни влегува во тоалет на училиште.
Јас многу одамна имам спомнато, на многу места. Секогаш можи да има трето, небинарно место ( тоалет, соблекувална и сл) за никој да не се осеќа исклучен и да можи да оди таму, мажи, жени, биолошки или транс - неважно. Пошто и друг пат имам спомнато, многу често поделбите се полови, не родови. За да улагодиме на една група, не треба да турниме друга во процесот. А особено за затвор ова шо прокоментира. Ако завршам во затвор, многу ми менва каков полов орган има личноста со која делам ќелија. Пак ќе речам. Поделбата е полова, не родова. И то е за да се заштитат, најчесто, физички послабите жени. Али ни на момент јас то не го прокоментирав. Само закачив видео за.... Спорт.
Темава е всушност за род, не за пол, убаво е објаснето во воведниот пост. Мислам дека се забега малку. Дискусијава повеќе одговара за оваа тема.
Вие двете уште одите на училиште? Нека ме бришат ако не му е место на прашањево овде, ама некако чувствувам морална одговорност да знаеме со кого и како разговараме.
Јас не сакам да бидам ставена во посебна просторија и да се делам од останатите жени. Кај нас има премал број на трансродови што ако постои такво нешто сигурно само јас ќе одам во таква просторија, изолирана од другите. И тоа ќе им даде изговор на другите да ме исмејуваат или да ме нападнат додека нема никој друг до мене. Половата определба не е многу добра бидејќи ако зборуваме пол спрема биолошка смисла тогаш и трансродов маж со пенис може да те нападни, или трансродова жена да е силувана од мажи. На крајот трансродовите ќе бидат жртви. А за интерсекс? И за нив посебни да правиме? Јас не се трудам да бидам жена за да бидам ставена во посебна просторија како во лудница.
Абе ти тоа што не сакаш да си во простории со мажи е во ред, ама не треба да сметаш дека едноставно без никакви прашања треба да можеш да се приклониш кон просторите на останатите жени без разлика дали тие сакаат или не, само зошто ти сакаш така. Не може туку така да ти текне еј јас не сакам, ај да се тупнам кај другите без да ги прашам. Ај малце реалност.
Никој не рече дека ако ми текне од утре ќе се тупнам, откако ќе направам транзиција и изгледам задоволна со изгледот (и примам хормони, блокери и имам сменето документи) а до тогаш не влегувам ни кај мажи ни кај жени. Не сум толку безобразна
Ако одиме со шо сакаме, и јас сакам ко ќе сум в затвор ( ) да се осеќам безбедно. Како шо имаш ти субјективно чувство шо сакаш, имам и јас. И јас неќам да бидам на штрек. Трета просторија не е само за транс лица. Пред се е за лица кои не припаѓаат на бинарен систем, а после за секој кој сака и е комотен да е таму. А вервај, ќе биди активна соба оти многу луѓе гледат да избегнат гужви, други гледаат кај е почисто, поново etc.
Поголема глупост немам прочитано, ако изгледа како жена, кој ќе ја праша нешто?? Ајде реалност, ама вие зборувате за некои фантастични ситуации...
За затвор и за спортови, може да се дискутира, ама за дискусија за кој каде да оди во ВЦ веќе нема смисла. Маж предатор кој сака да манијачи ќе влезе во ВЦ и ќе прави што сака, нема потреба да се преправа во ништо. Транс жена, ќе влезе и ќе си сврши работа во ВЦ, а вие нити ќе имате појма кој влегол внатре, нити како мочал. Ако се чуствувате небезбедно на самата помисла да делите простор со транс жена, веќе има трансфобични корени. Да не треба и женски со кратка коса да ги прашуваме што род се или како?