Под женски простори не се мисли на простории btw како што си пишала подолу за вц и слично. Има разлика прочитај малку Тебе може и најглупаво да ти е ама пак на крај не може да очекува некој дека треба една категорија на луѓе да се откаже од своите права зашто некој сакал да се приклони кон неа или нејќел да е помеѓу друга категорија, пример мажи.
Токму така, патријархалното општество и rape culture што владее во него прави да е доволно лесно маж да се извлече со сексуално вознемирување и напад таков каков што е. Позајмувањето стереотипни женски карактеристики не само што би им било too much effort, туку според истиот тој toxic masculinity мајндсет претставува најголемо можно понижување и срам за еден маж. Па не знам каде е тука логиката Веќе се случувале и такви инциденти, биолошки жени да бидат помешани со транс жени поради изгледот и нападнати поради тоа. Исто и во спортот, иако не е баш едноставна дебата во која се разбирам, ми паднале во очи овие информации и треба да се знае и оваа страна - дека жени, родени и растени како жени, се банираат и исфрлаат од женски спорт поради хормонски нетипична биологија, односно повисоки нивоа на тестостерон. https://www.vox.com/2016/5/18/11690234/women-bathrooms-harassment https://scoop.upworthy.com/two-cis-black-women-banned-olympics-natural-testosterone-levels-debate https://apnews.com/article/africa-o...mpics-sports-c11b5fba248c03ea6ddd7e7089818eb0
Нема уште почнато средно и веќе се има изјаснето како транс? Имам една идеја, прво да помине низ целиот процес на созревање и адолесцентни промени а потоа да се идентификува со идеологии кои можат потенцијално уште повеќе да ја збунат? Извинете за офтопик, ова ми падна во очи.
Exactly ама не баш... https://www.dailymail.co.uk/news/ar...enis-beard-got-hot-tub-daughter-6-LA-spa.html Дисклејмер- појма немам од каква провиниенција е весников и дали приказнава е вистинита, ама ме замисли ... Да, ние имаме базен, со тушеви за женски и тушеви за машки. Луѓето пред и по базен се тушираат, по базен најчесто голи. И така. На место е забелешката @Angie1432 , цел ден и јас мислам, како да се одразам
Таа личност гарантирам не била трансродова, туку маж кој го злоупотребува законот. Таа личност нема никаков осет и е скрос безобразна. Ни една нормална трансродова личност, вклучувајќи ме мене, не би влегла да се туширам гола ако се немам направено операција... "person with a beard and an exposed penis" очигледно не ни се потрудил тој да воопшто изгледа морфолошки како жена . А да не заборавиме и трансродов маж би имал пенис па истата ситуација би се случила ако им се принуди на трансродовите да одат во простории спрема нивниот биолошки пол.
Па не можам да ја натерам јас вакво нешто бидејќи тоа е нејзин живот (ако и речам нешто ќе се налути). Не може да почне со хормони и блокери додека не наполни 18 години (освен ако се смени нешто додека наполни 18 години) па има време да размисли. И јас во нејзини години дознав дека сум трансродова (пред тоа бев геј) па ете сеуште сум (после цело средно и години период) и покрај проби од моите родители да ми го променат родот т.е. репаративна/конверзиона терапија.
Мене повеќе ми беше муабетот за во затвор, за такво нешто би се помачиле, а за во вц, да, нема сврха.
Не велам не, ама се случува. Не е само твојот светоглед на светов, и не сите имаат ист светоглед, очигледно. Па уште протести од едните, протести од другите... Ти кажа @KateKane убаво погоре, многу луѓе ќе се обидат да ви ја искомплицираат борбата, не се сите со исти идеи. Не се сите транс вакви, не се ни онакви...
Јас имам друга, попаметна идеја. Гледај си го твојот живот и идентитет, не се мешај во туѓите, особено неповикано. Средно е буквално најчестиот период кога ЛГБ лицата сфаќаат дека се ЛГБ и повеќето го прифаќаат тоа. Транс лицата пак генерално уште од помала возраст сфаќаат дека се транс. И да, хомосексуалноста и трансродовоста не се идеологии...
Значи за тебе е океј 10 годишно дете да промени пол ? Пол, род уатевр д фак , више не се наоѓа ред и крај со терминиве, нов ден нов термин/поделба.
Значи детето не менува пол на 10 години (другарката нема 10 години инаку, постара е). Најмалку треба да има 18 години за било каква операција или хормони или законско менување на документи (во Британија за хормони најрано е на 16 години односно во тинејџерските години кога личноста е сред и фазла од биолошкиот пубертет. Обично пубертетот започнува околу 10-12 години). Ние не сакаме биолошки пубертет оти таквиот пубертет оди целосно спротивно на она ние што сакаме (влакна растат по телото, коските се зголемуваат, настанува маскулинизација итн). Ваквиот проблем се решава со блокери но не ја знам достапноста тука и дали може дете да користи такво нешто тука (јас не примив блокери ниту пак мојата другарка). Протоколот е различен во секоја држава. И не, не ни даваат психијатрите одма дозвола за хормони или блокери, прво треба да те запознаат добро. Во Америка 6 месеци се потребни за некој да добие дијагноза на родова дисфорија. https://en.m.wikipedia.org/wiki/Gender_dysphoria
Да, ама да тргнеме на страна дека се огрешил со сексуално вознемирување и напад. Да речеме дека тој маж е злосторник од некој друг калибар. И има закон дека ако се декларира како жена ќе иде у женски затвор. Да, јаки се на тастатура и кога лупаат со криглите у кафана дури ја пипкаат певаљката со мрсни раце, ама кога ќе згусне се најголеми плачипички, што за да се спасат од затвор каде ќе им ебат матер се спремни не жени, марсовци да се пишат. Колку само такви алфа мажјаци кога ќе им згусне плачат како мали деца, ехе. Е сега во секоја ситуација има проблем и има решение. Проблем е ако маж кој никојпат не се осеќал како жена, па коа ќе згусне наеднаш да сака да го пише тоа и да оди у затвор со жени. Таму знаеш кој страда? Пак жената. Сосема друго е ако трансродова жена која веќе прима блокатори, е во транзиција, со или без операција за промена на полот се огреши, па тука веќе може да дискутираме. Тогаш јас искрено не мислам дека претставува никаква опасност, баш напротив мислам дека и во тој затвор ќе биде малтретирана затоа што е поразлична. Без разлика дали е кај мажи или жени. Сети се на Orange is the new black и на трансродовата жена што и правеа што беше во женски затвор. Од сите го јадеше. Е сеа, кога нечии идеали и заедници ги сакаш и ги почитуваш, најдобро е да ги советуваш. Барем јас така гледам на тоа. Онаа ситуација која Амели ја сподели не е во ред. Не е во ред на жени да им фрлиш кондоми и да им речеш пазете се и да им донесеш биолошки маж кој се пишува така ради ситуацијата у ќелија. Мислам дека кој и да ја води оваа политика само ги уназадува транс лицата и не им помага искрено. Затоа што мислам дека најпрво треба едукација и уште едукација и уштееее едукација за светот да почне да си ги прифаќа најнормално, како што ги прифаќаме јас и ти. Па после да им се овозможи некаква парична помош за лекови и за транзиција. Па на крај да се реши прашањето за пасоши, патувања, вработувања, да се овозможат нови работни места како у Данска каде се казнува секаква дискриминација према трансродово лице и се ставаат најнормално на различни работни места. Не им помага човек кој би им овозможил на луѓе кои многу лесно можат да искористат лупхол и да ги уназадат пак и да им накалемат проблеми за кои трансродовите лица не се виновни апсолутно никако. На човек му помагаш ако го прифатиш, го учиш светот дека такви лица постојат и тоа е нормално, му помогнеш финансиски да си го најде патот и му овозможуваш работа. Знам дека можеби една од ретките тука која сака толку многу женски права колку што сакам јас си ти. Замисли ја ситуацијата што се случила во линкот од Амели, на наши жени да им однесеш некој таков и тој да ја злоупотреби. Па ќе се поболиме и двете од мака, те знам како дишеш.
За жал блокери не се достапни секаде, и голем дел од трансродовите лица дознаваат дека се трансродови кога веќе се во пубертет. Исто, се воведуваат и забрани за блокери на пубертет се во повеќе држави што значи трансродовите деца ќе мораат да бидат 16-18 години за да примат блокери и да преминат низ нивниот биолошки пубертет (влегувањето во таков пубертет значи дека личноста ќе мора да се прави операција кога ќе порасне за работи кои можеле да се спречат со апчиња. Пример: трансродов маж ќе треба да ги отстранува градите со операција кое нивно растење можело да се спречи со блокери. Или трансродова жена ќе треба да се прави операција за пластични гради бидејќи не успеала да прими хормони пред нејзиното тело да заврши со раст па сега не и растат градите или ќе треба да се прави операција за феминизација на гласот што можело да се спречи со блокери.) https://foreignpolicy.com/2020/12/15/uk-transphobia-transgender-court-ruling-puberty-blockers/ исто е проблем и male pattern baldness што значи многу трансродови жени губат делови од својата коса и потоа носат перика бидејќи не можеле да добијат блокери кои блокери би спречиле такво нешто. Кај нас не знам како е ситуацијата со блокери или хормони и дали деца смеат да примаат такво нешто, но најчесто мора дозвола од родителите а кај нас во вакво конзервативно општеството многу тешко дека родител би дозволил такво нешто, и наместо би одбрал репаративна/конверзиона терапија... со што личноста ќе мора да чека додека е 18 години за да може да користи блокери или хормони. Мојата другарка оди кај психолог кој работи со ЛГБТИ и психологот кажува дека не може скоро ништо да направи засега додека не наполни 18 години и другарката е многу тажна што телото и гласот и се менува поради пубертетот спротивно на она што таа сака и цело време е депресивна и под стрес. Бев и јас во нејзината позиција пред 4 години и е многу тешко кога си присилно принудена да одиш во пубертет кој целосно го мразиш и од кој пубертет ќе имаш последици и траги на телото цел живот. Исто е проблем и невозможноста да се има дете, јас многу сакам такво нешто и секој ден ме боли душата што не можам. Барањето партнер е исто многу тешко дури и невозможно. Да се биде трансродов/а е премногу тешко и комплицирано бидејќи се соочуваш со проблем во секоја ситуацијата (општество, фамилија, партнер, работа, плодност, финансии, недостапност на лекови или операција, неприфаќање од родителите итн). Jazz е една од најретките случаи каде и бил даден блокер на пубертет пред пубертетот и каде родителите ја поддржале. Таа е мотивација за многу и е најдобар пример за трансродовост.
Блокаторите не се ич наивни. Ако не знаете, лупрон, еден од "лековите" кој се користи како puberty blocker бил користен да се хемиски кастрираат хомосексуалци (еден од оние кои биле кастриран и со лупрон е и Алан Тјуринг). Практички се стерилизираат деца. Друго, се сопира пубертетот што можеби ви се чини супер идеја, нема влакна, нема гради, одлично - ама пубертетот не е само за влакна и гради туку целокупниот развој. Половите хормони помагаат во правилно созревање и правилниот развој на мозокот пред сѐ. Значи сѐ сопира и интелектуалниот развој на детето, нѐ само физичкиот. Коските исто, најголемото зајакнување на коските се случува во пубертетот, под влијание на половите хормони. Давањето блокатори за пубертет на деца е кратка хорор приказна само по себе. И не мора да си кој знае каков експерт за да сфатиш дека не е во ред. Што се случува во пубертетот се учи по биологија во основно.
Не се дава само лупрон, може и други повеќе блокери. Истите ефекти од пубертет се постигнуваат и со крос-полови хормони. Jazz прими блокери, а потоа и естроген. Значи таа премина низ женски пубертет наместо машки. Види ја денес и не и фали ништо, целосно е развиена и паметна.
Во сосем друго контекст беше кажаното, го промаши моментот, небитно. А ако си наштетува себеси во ред е? Дете од 11 години