Не ми смета воопшто бидејќи и јас сум. Но проблем е што може секој да го промени полот како сака без воопшто да нема ни психијатар видено ниту пак да има дијагноза добиено дека личноста е трансродов/а што може да доведе до злоупотреба на законот.
И принудениот биолошки пубертет е наштетување за трансродовите. Дали сметаш дека 11 годишна трансродова девојка сака да чека 7 години до 18 гледајќи како телото и се претвора во машко тело? Мислиш нема да има психолошки и физички последици толкав период?
Јас сум возрасна и нешто имам читано. Нешто малку од она врз база на што државите ги носат своите политики. Прочитај и ти нешто, за хормоналниот ефект и долгорочниот импакт врз здравјето.Зошто мислиш дека ги менуваат политиките, една Шведска на пример? Оти се терфови или оти можеби дошле до сознание дека премисата Do not harm малку ја превиделе претходно?
Изгледа и се однесува како секоја 20 годишна. Прифатена е во Harvard но мислам ќе оди во друг факултет, но нема врска тоа, нејзин е животот.
Можеби бидејќи премногу лесно се стигнува до лековите во Шведска? И да не заборавиме, трансродовоста е кондиција поврзана со сексуално здравје (што значи не е целосно нормално, но не е ни ментално пореметување поради што е посебна категорија). Не ме интересираат политики само научни трудови и истражувања, политичарите се без врска. Политичар не смее да земи улога на доктор. Политичарите кога зборуваат за трансродовост е исто како кога и некој од улица да земиш и да го прашуваш за вакцини а нема во животот стапнато во лабораторија (нема појма). Подобро долгорочни ефекти отколку 41% на самоубиство или личноста да има долгорочни ментални нарушувања како резултат на недостапноста на хормони (депресија, анксиозност, социјална изолација итн). Дали сметаш дека ризикот од хормонска заменителна терапија го надминува ризикот од самоубиство или депресија, анксиозност или изолација? Зошто сметаш дека една трансродова жена ќе сака да и биде принуден машки пубертет и машки полови хормони? Сметаш тоа ќе го прифати? Не. ХЗТ се применува и кај интерсекс лицата.
Сфаќаш дека зборуваш за ѕвезда на Reality Show, и дека одбираш свесно да веруваш сѐ што ти е прикажано во тоа риалити шоу? Јутјуб видео ти е меродавно за реални проблеми? Јутјуб ти е водич дека се е во ред со блокатори на пубертет, а не реални истражувања? А рече истражувањата ти биле битни, what a lie. Зошто не спомнеш патем за компликациите после операцијата за креирање на неовагина, дека практички и испукала целата рана и морала итно да прави уште една операција. Оти компликаците при тие операции не се воопшто ретки, напротив, чести се, болни и поприлично одвратни. Неовагина не функционира како вистинска вагина, туку е вештачки креирана дупка која е отворена рана и тежнее да зарасне како и секоја нормална рана. Потребно е да се проширува секојдневно, често знае да загнои и да се инфицира, нема можност да се чисти самата од себе па смрди одвратно. Toddlers and tiaras практички на исто ниво е со I am Jazz, нарцисоидна мајка го користи своето дете за слава. Ако не те интересираат политики, само научни истражувања, кажи која друга состојба бара заради умот да се промени телото?
Засега таквата операција е најдобра, и не, не сите имаат компликација и не смрди кај сите. https://www.reddit.com/r/Transgender_Surgeries?utm_medium=android_app&utm_source=share еве место каде можеш да се запознаеш со трансродови операции. Изгледот на нео-половите органи зависи од хирургот и методот на операција. Кај Jazz се јавија компликации бидејќи нејзиниот пенис бил премногу мал заради што не влегла во пубертет и немала доволно голем пенис за ваквата операција (што е многу редок случај бидејќи најчесто скоро сите трансродови почнуваат со блокери и хормони кога веќе нивниот пенис зараснал доволно за операција а може и тестостерон гел да се искористи директно на пенисот за да зарасни).Мајката не ја користи за слава, нејзин е изборот да се претстави пред сите (за да им даде надеж на трансродовите) и сега е возрасна личност. Користам различни извори и места, бидејќи објавив Јутуб видео не значи дека сум слепа и не ги знам работите и компликациите. Секоја операција е со ризик и не секој хирург е добар хирург. Операција не е задолжителна за некој да е трансродов/а. Во Србија 80% не се прават операција. Другарка ми не сака операција иако е трансродова. Истражувам 4+ години, се имам видено, не се секирај.
Интерсекс лицата се борат против тие практики, затоа што не сакаат да им се менува телото кога апсолутно нема потреба. Нема потреба ни да ги користите за вашите цели, нели вие промовирате менување на телото, сосема спротивното од тоа што го сакаат и бараат интерсекс лицата. Да, редит и Јутјуб не ти се научни истражувања Интернет школа, гледам. Промовираш одење на блокатори на пубертет практички од 5-7 годишна возраст, па после кажуваш дека баш заради тоа се појавиле компликации. Збунета некако. Ај, со среќа, мислам ја исцрпевме дискусијата.
Интерсекс лицата се борат за да нема операција при раѓање (пример може личност да се роди и со машки и со женски полови органи и најчесто хирургот го отстранува пенисот и формира женски полови органи, но што ако личноста сака да е маж? Кој ќе му го врати пенисот? Никој. Затоа интерсекс лицата се борат против операција. Бидејќи не сите сакаат операција, исто како што не сите трансродови сакаат операција. Избор.). Инаку интерсекс лицата примаат често хормони бидејќи нивното тело не ги создава природно. Не промовирам од 5-7 годишна возраст, каде реков такво нешто? Пубертет најчесто почнува околу 10-11 години. Јутуб е само лични искуства, но тоа не ми е единствениот извор (сега сум на телефон и не можам да ти праќам 100 истражувања, но 4+ години се едуцирам со вакви работи и имам лични искуства). И примањето блокери на рана возраст не е без проблеми, но и не примањето не е без проблеми. Трансродовоста е секогаш со проблеми. Во секој аспект во животот (општеството, родители, здравје, менталното здравје, финансии, итн). Со тоа што ќе дадеш блокер на пубертет ќе биде потешко да се формира нео-вагина како кај Jazz, а пак со тоа што нема да дадеш блокери па ќе треба операција за гласот, за градите, за феминизација на лицето итн (кои операции се спречуваат со блокери).
Тие интерсекс, порано ги викале хермафродити? За нив има пишани извори од почетокот на европската цивилизација, така? Нема баш многу врска со модерниот трансџендеризам. И жените што живеат како мажи, постојат во една Албанија со векови, ама и тие не биле трансџендер. Како има завршено првата транс жена и зошто? Зошто се вика џендер риасајнмент а не секс риасајнмент операција? Што уствари се добива а што уствари се губи?
Ова е за тебе целосно нормално, во ред, здраво и не и фали ништо? Буквално 2 години качува по кило+ месечно, и тоа е нормално, сосема во ред и не и фали ништо?
Хермафродит е стар термин кој само значи лица со два полови органи, но интерсекс се сите кондиции (https://genderdysphoria.fyi/en/chromosomes пример и ХХУ е интерсекс иако има нормални полови органи и може да има дете). Трансродов дефиницијата ги опфаќа сите кои се идентификуваат поразлично од полот кој им е доделен (https://genderdysphoria.fyi/gdb.pdf) без разлика дали се имаат или немаат правено операција. Операцијата има различни термини https://en.m.wikipedia.org/wiki/Sex_reassignment_surgery односно Sex Reassignment Surgery, Gender confirmation surgery, gender affirming surgery, gender reassignment surgery и други. Трансродовоста исто се вика и транссексуалност. Носење облека од спротивен пол не прави една личност да е трансродова, трансродовоста е повеќе како желба личноста да е гледана како од спротивниот пол со кој е родена и таа личност прави операција или прима хормони со цел да изгледа така. Тие жени кои живеат како мажи и се идентификуваат како мажи се трансродови дали тие тоа го знаат или не, незнам. Но ако истите тие сакаат да се прават операција и да примаат хормони или блокери тогаш подобар термин би бил транссексуалци. Но денес се користат двата термини исто.
Океј секој има проблеми со менталното здравје, и лица кои не се трансродови имаат binge eating disorder. Да си трансродов не те прави immune на ментални болести (депресија, биполарност и др). Таа ако не направеше транзиција мислиш немаше да има binge eating disorder или депресија или други компликации? Сметаш дека само трансродовите се соочуваат со вакви проблеми? https://en.m.wikipedia.org/wiki/Binge_eating_disorder
Апсолутно не, само има куп докази дека gender confirmation surgeries тотално го уништуваат менталното здравје, наместо како што цело време тврдиш "да го лечат и сѐ е sunshine and daisies" после операцијата. Напротив, операциите не ја намалуваат суицидалноста, и најголем дел од трансродовите луѓе паѓаат во уште поголеми ментални проблеми после операцијата оти не е easy way out. Плус, го игнорираш делот кај што вика "и лековите кои ги примам". 50 кила за 2 години не се качуваат само од јадење, не знам кој ти кажал дека да престане да јаде е едноставно решение и се ќе се среди. Трансродовоста е креирање на доживотни пациенти, вечем прилив на средства за фармакологијата. Хормоните се едни од најпрофитабилните чекови, без разлика дали се работи за антидепресиви, контрацептивни или трансродовост.
Gender confirmation surgery нема причина зошто да предизвика проблеми со менталното здравје откако органот е отстранет. Тој орган е и онака нефункционален поради блокерот. GCS е опасна само кај лица кои не примаат ХЗТ. Операциите ја намалуваат суицидалноста но не е perfect копче кое ќе ги реши сите проблеми кај трансродовата личност (може истата личност да се самоубие поради невозможноста да има биолошко дете, поради неприфаќањето од општеството или поради депресија). Binge eating disorder не се јавува исклучиво кај трансродовите само (може поради разни причини и лекови). Јас се дружам со лица кои се направиле операција или ќе се прават па немаат проблеми со килажата. Прочитај: http://lena.kiev.ua/ операцијата не е easy way out, но за некои е најголемата пречка да се чувствуваат удобно во сопственото тело и не можат да си го поднесат пенисот и се би направиле да им се отстрани. Нема никогаш да ги разбереш трансродовите лица бидејќи сите сме различни а со тоа што ќе генерализираш еден случај и со него сакаш да ги претставиш сите правиш грешка.
Лол... GCS докажано предизвикува проблеми со менталното здравје прво затоа што операцијата не е финална дестинација и крај, тоа е тоа. Следи цел живот на одржување, хормони, по потреба додатни операции и на крај никогаш не си доволно жена. Не треба да си експерт за човечка психологија да го сфатиш тоа. Друго затоа што сите очекуваат дека нео вагината ќе биде иста како вагина, а не е. Едноставно фактот дека никогаш нема да бидеш доволно жена е тоа што ја предизвикува постоперативна депресија.
Значи да се разјаснам пак. Операција не е задолжителна за некој да е трансродов. Операцијата е само за тие што не си ги прифаќаат половите органи или мораат да се прават операција без да сакаат за законски да го променат полот (Шведска му се извини на сите кои биле принудени на вакви операции во минатото). Хормоните се да, доживотно но поарно тоа отколку личноста да се самоубие, нели? И дијабетес е тежок и личноста треба да прима инсулин, но ете мора. И интерсекс лицата примаат хормони доживотно, и тие имаат проблеми со операција. Трансродовите нема никогаш да се биолошки жени, но можат да постигнат точка на транзицијата каде се задоволни и си го прифаќаат телото. Види Blaire White (https://m.youtube.com/c/BlaireWhiteX) и Hannah Philips (https://m.youtube.com/c/HannahPhillipsReal). Пратив линк претходно, еве пак: http://lena.kiev.ua/ оперирана е 1999 година. Се уште е жива и верувај посреќна отколку кога имала пенис. И кај интерсекс лицата половите органи не се функционални често, па што?