Како не е легално да си ЛГБТ? Што има да биде легално или нелегално? Инаку темава не е за ЛГБТ, само за Т е. Можеби и за И.
Па има многу. Некаде не смее да се биде хомо (маж со маж или жена со жена), пример Дубаи. https://en.wikipedia.org/wiki/LGBT_rights_in_the_United_Arab_Emirates - Таму е забрането и трансродовите да бидат трансродови. Пример маж ако сака да е жена е казниво и единствен начин таа личност да не биде казнета е да оди во конверзиона терапија. https://en.wikipedia.org/wiki/LGBT_rights_in_Iran - Во Иран (и Пакистан) пак, хомо е забрането а сите хомо мора да прават промена на полот и да живеат како жени (геј маж мора да се прави операција и да живее како жена инаку ќе е казнета личноста). https://en.wikipedia.org/wiki/LGBT_rights_by_country_or_territory - Еве ги сите права на ЛГБТ низ цел свет.
Ок, грешно разбрав мислев во УС државите нешто. Инаку дел од темиве ги имаме дискутирано во другата тема, не мораш на секое со википедија да не гаѓаш. И знаеме што е хомо, малку со трансродовоста сите сме збунети. Ќе допишам после, каде и зошто сме збунети.
Ако прашуваш нешто барем види ги видеата што ги споделив, можеби во нив се одговорени твоите прашања... да не биде да разговараме за нешто чиј одговор е достапен во видета.... Ако виде... едно видео беше по 1+ час, што значи со 2-3-4-5 коментари тука нема шанси да се опфати се, само да се создаде повеќе збунување. Најдобро, види ги видета претходно што ги пратив, исто имав пратено и документи и линкови. Ако ти се вложува цел ден во читање и слушање... трансродовоста (транссексуалноста) е многу комплексна (не е само „роден/а сум во погрешно тело„ или „се чуствувам како маж или жена„) и.... главата ме боли
Верувам дека главата те боли...а не треба да е така. Што бараш на психолог, ако твојата дијагноза не е психолошка? За видеата-како да ти кажам-побрзо читам, отколку што трае едно видео. Time efficiency
Не мислев само на видеа од психолог, и искуства од транс лица (Blaire White, ContraPoints, Samantha Lux и други). Ако сакаш повеќе да се запознаеш еве ти колекција на извори (кои не се видеа ), но ЧИТАЊЕ и слушање некого и неговото/нејзиното мислење/искуство не е исто (затоа кај психолог/психијатар не праќаме писмо од дома ). Со текст не се објаснуваат работите на исто ниво како со разговор (дијалог). Затоа ти препорачувам видеа, но ако сакаш слики/текст тогаш повели: * 1.https://www.reddit.com/r/transgender/ (новости поврзани со трансродовост, доколку сте осетливи на навредлива содржина (хомофобија, трансфобија и др) не продолжувајте. Се препорачува за лица над 18 години кои НЕ се осетливи на навредлива содржина.) * 2.https://www.reddit.com/r/transtimelines/ (за слики од пред и по транзиција кај трансродови, одредени слики може да се NSFW 18+) * 3.https://www.reddit.com/r/transpassing/ (за слики од трансродови кои разговараат за својот изглед односно бараат мислење од другите за колку изгледаат како родот или полот со кој се идентификуваат, https://en.wikipedia.org/wiki/Passing_(gender)) * 4.https://www.reddit.com/r/transadorable/ (за трансродови слики, SFW) * 5.https://www.reddit.com/r/MtF/ (за разговор и дружење помеѓу трансродови девојки и жени) * 6.https://www.reddit.com/r/ftm/ (за разговор и дружење помеѓу трансродовите момчиња и мажи) * 7.https://www.reddit.com/r/trans/ (за разговор и дружење помеѓу сите кои се трансродови) * 8.https://www.reddit.com/r/transteens/ (за разговор и дружење помеѓу сите кои се трансродови под 18 години) * 9.https://www.reddit.com/r/asktransgender/ (за прашања и одговори поврзани со трансродовост) * 10.https://www.reddit.com/r/TransSpace/ (за разговор и дружење помеѓу трансродови, доколку сте осетливи на навредлива содржина (хомофобија, трансфобија и др) не продолжувајте. Се препорачува за лица над 18 години кои НЕ се осетливи на навредлива содржина.) * 11.https://www.reddit.com/r/DrWillPowers/ (доктор кој соработува со трансродови луѓе и објавува истражувања поврзани со трансродов третман - видете во "https://www.reddit.com/r/DrWillPowers/wiki/index". Ова е неговото најново истражување https://powersfamilymedicine.com/s/Healthcare-of-the-Transgender-Patient-V60.pptx) * 12.https://www.reddit.com/r/Transgender_Surgeries/ (за трансродови операции, NSFW 18+) * 13.https://www.reddit.com/r/ask_transgender/ (за прашања и одговори поврзани со трансродовост) * 14.https://www.reddit.com/r/transvoice/ (за вежбање и кртитицизам на гласот кај трансродови лица, тука може трансродова жена или маж да се снима и да побара критицизам од други личности за колку нивниот глас звучи женски или машки). * 15.https://www.reddit.com/r/TransLater (за постари трансродови лица, може да содржи NSFW 18+) * 16.https://www.reddit.com/r/AskMtFHRT (за прашања и одговори поврзани со медицинска транзиција кај МкЖ трансродови) * 17.https://old.reddit.com/r/TransSurgeriesWiki/wiki/index (wiki за трансродови операции, NSFW 18+) * 18.https://www.reddit.com/r/phallo/ (фалопластика кај ЖкМ трансродови, NSFW 18+) * 19.https://www.reddit.com/r/Metoidioplasty/ (метоидиопластика кај ЖкМ трансродови, NSFW 18+) * 20.https://www.reddit.com/r/FTMSurgeryTalk/ (разговори поврзани со операција кај ЖкМ трансродви, NSFW 18+) * 21.https://www.reddit.com/r/ftmsurgeryexperience/ (хируршки искуства поврзани со операција кај ЖкМ трансродови, NSFW 18+)
Сѐ фино, ама кога веќе си ти трансродово лице, очекувано е да зборуваш за својата страна и перцепција, не да ни даваш линкови од видеа и редит за искуствата на други луѓе. И да, не знам дали мислиш дека цел ден седат луѓето на темата и ништо не прават друго, па имаат 5 саата во денот да изгледат видеа и да исчитаат редит со саати па тек после нешто да ти коментираат. Форумот е за дискусија пред сѐ и веќе ако ставаш видео барем пиши што ти мислиш за видеото. Постирани линкови и видеа без конотација никој со секојдневни обврски нема да отвора, ти гарантирам.
Мои искуства: трансфобија од родителите, депресија, анксиозност, изолација, мисли за самоубиство, немање достапност до лекови и операција, родителите пробуваат се за да ми ја направат транзицијата потешка... Единственото добро искуство ми беше со психијатар кој ме поддржи ... само за да е сменета со друг кој имаше исто мислење како со моите родители (трансфобично), исто и матичната не ме поддржува. 4 години си го гледам телото како се менува во машко и тоа ме нервира.... Родителите ме побудалија со нивните проби да ме променат.... Што имам да кажам ? Праќам видеа од луѓе кои излегле од дупката во која сум јас, и ми даваат надеж.
Каде и зошто сме збунети... Ја прашав @Moon_420 Многу просто прашање, добив список од 20 редит нешто. Ај, да повторам- на некои од нас, малку ни е јасно што е транс-родовост, малку не ни е. Јасно ни е онолку колку што сме засегнати како жители на општества во кои оваа тема е актуелна. Некои од нас и прочитале и изглеале некои видеа, колку што ни дозволувало слободното време. Не сме платени да ја следиме целата транс пропаганда, заинтересирани сме малку да чуеме луѓе со искуства. Меѓу другото и луѓе со искуства со трансродови лица. Една од нив е госпоѓава од Норвешка, PhD доктор од универзитетската болница од Осло, претходно вработена на Каролинска во Стокхолм. И нејзе некои работи не и се јасни, ако нејзе не и се јасни, нас па ич не ни се јасни. https://tidsskriftet.no/2019/04/debatt/kjonnsvariasjon-medisinsk-behandling-og-vart-ansvar Значи, според СЗО од 2019 транџендеризмот не е под категорија на психолошка состојба, туку се третира како категорија од сексуално здравје? Ок, не ми е јасно... Вика вака - https://www.bbc.com/news/health-48448804 (многу добар комплетен текст, бтв) Спојлер: спојлер Transgender health issues will no longer be classified as mental and behavioural disorders under big changes to the World Health Organization's global manual of diagnoses. The newly-approved version instead places issues of gender incongruence under a chapter on sexual health. A World Health Organization expert said it now understands transgender is "not actually a mental health condition". Human Rights Watch says the change will have a "liberating effect worldwide". 'Outdated diagnosis' In the latest manual, called the ICD-11, gender incongruence is defined as a marked and persistent incongruence between a person's experienced gender and assigned sex. Ако вака нешто не е јасно, еве и Спојлер: Видео Wait a sec, assigned SEX? Пред да заминам во неповрат во конфузијава, да се навратам на скандинавската докторка од погоре- Хјустон, we might have a problem. Спојлер: Неколку прашања In ICD-11, the diagnosis of gender incongruence is placed in a new chapter on sexual health, in contrast to transsexualism which was a psychiatric diagnosis . In the new diagnosis, the experience of gender dysphoria is not a requirement, but the person must have a strong desire to remove some or all of the primary or secondary gender characteristics. The diagnosis also allows for gender identity to be fluid and includes those with non-binary gender identity, ie those who do not define themselves as a boy / man or girl / woman. ... The National Treatment Service for Transsexualism for Children and Adolescents (NBTS Children and Adolescents) at Oslo University Hospital accepts anyone who experiences gender identity challenges, gender incongruence and gender dysphoria, but the service has traditionally treated those who meet the diagnosis of transsexualism. In recent years, there has been a sharp increase in the number of referrals: At the beginning of the 2000s, there were only a few children and young people, while in 2018 we received well over 200 referrals. The increase is primarily made up of teenagers with a female gender assigned at birth. In 2017, this group accounted for almost 70% of all referrals, in 2012 approx. 35% (own figures, not published). Our experience is that a large proportion of young people have severe psychiatric symptoms. This can be severe depression, social phobia and anxiety, substance abuse, autism spectrum disorder, self-harm, suicidal thoughts and actions, psychotic symptoms, eating disorders or an upbringing where they have experienced severe trauma. Many have also had contact with child psychiatry in the past for reasons other than gender incongruence. These difficulties or concerns can be significant sources of severe discomfort, and if left untreated, it is our experience that they can complicate the process of exploring gender identity and finding solutions to gender incongruence. Ништо повеќе и ништо помалку немам да додадам на ова.
А какво мислење ти дал тој другиот психијатар(вториот)? Ако не ти е проблем да кажеш ама анонимна си секако. Океј, не знам дали ова иронично го кажа, ама сакав да кажам дека она што се дефинира како трансфобија навистина варира затоа што огромен број луѓе од вашата заедница и од оние што ви глумат адвокати не поставуваат граница меѓу разумни прашања и размислувања, и лични чувства и преголема сензитивност.
"Трансџендеризам" , "транс пропаганда". Немам причина зошто да губам време со тебе ако моето постоење за тебе е џендеризам и пропаганда. Јас не сум докторка, ниту пак ти, немам контакт со СЗО да ги прашам што и зошто... но без разлика дали трансродовоста е психолошко нарушување или не, не ти дава изговор за да си трансфобича (директно или индиректно). Не знае никој зошто е некој трансродов, се е теорија. Не знаеме каква етиологија има трансродовоста. Трансродовоста е комплексна и сите сме различни, со различни проблеми и решенија.
Трансфобија се крие лесно пред очи. Одма се познава кога некој те гледа како личност со идентитет или како личност збунета на која и треба помош да се открие себеси и да престане да биде транс. Не мора да речи нешто, одма препознавам. Инаку докторот имаше неутрален став (така изгледаше но во реалноста сакаше да ме претвори во не-транс), но не ми препиша дијагноза на транссексуалност како првиот доктор.... Очигледно имаше некаков си план, но не му успеа . Имам пробано јас да не бидам транс претходно и навистина е губење време бидејќи не се менува таквото нешто исто како што не се менува сексуалноста ... Џабе трошење време. Мислиш е избор да се чуствувам лошо, и да ризикувам се во животот?
Немав намера ниту да те навредам, ниту да бидам трансфобичина, а најмалку ми пречи твоето постоење. Жал ми е што не се разбираме. Битно е дали е психолошко нарушување, за да ви биде дадена соодветна поддршка. Ама вака некои ви ја сечат гранката за поддршка. Еве, не знам како поинаку да објаснам, ако некој има сила и енергија нека се обиде.
Не ми менува дали е болест или не. И онака имам депресија а тоа е болест, нели? Само да не излезе дека ако СЗО пиши дека е болест па после десничарите да го користат тоа како изговор за конверзиона/репаративна терапија? Искрено џабе правиме муабет за СЗО, колку и да зборуваме нема да смени ништо (тоа е надвор од наша контрола).
И мене не ми менува, ама прави битна разлика. И конфузија прави. Прочитај го линкот од ББЦ, ако те интересира. И ако имаш сила, некогаш. Сепак темава не е за тебе лично, не ги сфаќај лично работите. Лично, не мислам дека е етички да ти ја дискутираме состојбата во оваа тема, штознам може грешам...
Ама душо јас никаде не реков дека ти треба да пробаш да не бидеш транс.Фактички не ни знам зошто се цитираме, јас одговарав на туѓо прилично арогантно мислење а ти ме цитираше со видео, а понатаму не ни изјаснив свој единствен став во последниве мислења туку тук таму некоја реченица така што веќе не ни знам за што зборуваме? Апсолутно те разбирам и не, не мислам дека било што е твој избор, не имплицирав такво нешто... А да, реков дека трансфобијата некогаш е релативен поим пошто денес често се замолкнуваат многу дискусии што не им одат во прилог на поединци.А твоето лично искуство си е твое, не ти го поништувам, баш и би сакала да знам искуство вака од непосредна околина затоа што не зборувам секој ден со транс луѓе.
Тешко е да се стигне до транс луѓе тука, често се кријат и живеат тајно. Јас за 6 имам слушнато, но само 2 кои направиле транзиција а имам контакт до 3 од кои 2 се на форумот. За едната која транзиционирала имам слушнато дека ја носеле на конверзиона терапија а ја имале и силувано на школо (имам другарка која учеше со нејзе, исто имала и Инстаграм но сега не знам дали има повеќе), а другата пак транзиционира тајно од родителите. Јас му кажав на моите и направив грешка, требаше и јас тајно се да правам бидејќи тоа што дознаа моите ми предизвика стотици проблеми но јас глупа му верував на родителите... Често транс луѓето избегнуваат дискусии вакви бидејќи a) се осетливи на дискусии кои може да имаат трансфобија па ги избегнуваат б) имаат изгубено надеж за подобрување на разбирањето на транс луѓе па сметаат колку и да разговараат нема да има ефект.