Никој ниту дава ниту може да одземе право да си трансфобичен,тоа е природно чувство кое неможе да се контролира но кога веке одиме против природата ке одиме до крај па ке мислиме дека ке ги контролираме и чувствата или фобиите,состојбите,итн.Мојата фобија од ѓендер активисти е природна јас неможам да ја контролирам но ако на некој му пречи тогаш тој ја дискриминира мојата фобија која природно е внатре во мене и на која имам право како човек да имам фобии и за истите од ѓендер пропагандната машина постојано сме обвинувани,омаловажувани,повредувани,дискриминирани.А фобиите се дел од нас и неможат да се контролираат некој има фобиа од пајаци но тој не ги убива пајаците,не ги мрази природно си има таква фобија од нив и не треба поради тоа да го судиме дискриминираме и правиме неписмен зашто?Затоа што е транс фобичен да е и треба да го разберете така на истиот начин како што очекувате да ве разберат вас но за жал не е така.
Лично, моите фобии, како од висина и забар, сум работела на нив да ги тргнам оти ми сметале на мојот живот. Фобиите не се човеково право, фобиите се потешкотија која е пожелно да се надмини за СВОЕ добро. Батали другите.
Јасно дека да .Но ако веке имам ѓендер фобија за тоа никој нема право да ме суди и јас со ништо не сум го прекршил законот. На тоа повеке мислев,јас со мојата ѓендер фобија никого не мразам не дискриминирам, само сум внатре фобичен на ѓендер активисти и нивната идеологија и барам да се има разбирање за мене и мојата фобија исто онакво како што имате и за нив.Ако веке немаме разбирање за различните од нив тогаш дај да немаме разбирање за никој или за сите.Сега само тие сакаат да бидат разбрани но тие никој да не разберат и тоа ви го сервираат како да е во ред. Hello
https://meduza.mk/fem-101/ne-postoi-transrodova-ideologiјa/ „Постоењето на транс луѓето не претставува „трансродова идеологија“, но луѓето кои пробуваат да го популаризираат овој термин во Македонија на организиран начин пробуваат да ги загрозат животите на една заедница, која секако е една од најмаргинализираните во нашето општество. Не постои „трансродова идеологија“, но апсолутно постои трансфобична агенда која е активно увезена од група на луѓе која се противи на родовата еднаквост, сеопфатното сексуално образование и правата на ЛГБТИ заедницата – нешто што треба да ги засега сите луѓе.“
Трансфобијата не е „фобија“, така е само изразот. Трансфобијата е форма на биготизам како расизам или нацизам. Поточно би требало и да се вика трансизам. И нацистите сигурно мислат дека им е природно да мразат евреи и жени. Но нивното мислење не треба да е релевантно во поглед на законот што кажува, како и на трансфобите.
Еј досадни сте бе и крајно не интересни,наметливи а без харизма во превод ке ја вртиме земјава обратно,зашто така им се сонило на шака јада.
Она што не ми се допаѓа за Лео, го имам и на фејсбук уште од поодамна кога беше Долорес потпишан, па еден период и на тик ток го гледав е што ми е некако.. Ту мач. Ту мач оф евритинг можда. Не ми се допаѓаа видеата што ги прави, ко очајно да бараше внимание (што не беше поврзано со транс темава) и што ме наведува да мислам дека има некоја подлабока психичка состојба што наведува на тоа. (всушност и има, гранично нарушување на личноста) Ете, можеби ги доживува социјалните мрежи како аутлет за сето тоа. Но, она што не ми се допаѓа е следење и објавување на секој дел од твојот живот во секој момент од денот, од постирање на модрицата на око на профилна, па пишување на статуси за тоа, па по неколку објави на ден околу транс аутингот, па скриншати од коментар на видеото на јутуб од некоја госпожа што си нема работа па коментира глупости.. Па ќе го пријавувала во комора, па ќе се јавувала сегде, па ја барала по цел нет, каде била она психолог.. Мислам, чему замарање толкаво па и потреба да се проследи се тоа на социјални мрежи? Освен ако нема директни закани кон него, па да ја пријави, онда да. И пак ќе речам, пробувам да разберам и можеби одредени замарања околу некои нешта, и пренагласување на истите (и повторно, не само за транс аутирањето, туку за се) се должат на неговата болест, но дај боже да најде асален психотерапевт и психијатар, за да се чувствува поубаво и посреќно и да најде поздрав аутлет и начин на вентање. (извинете на англискиов, у 3 саат така ми размислува мозоков ) Пред некој погрешно да ме сфати, уште на видеата на тик ток, имаше видеа каде што изгледа во многу лоша психичка состојба, се клати и плаче, на фб исто имало такви видеа, па на наредно видео тотална спротивност и сето тоа е загрижувачко, тоа ми е највеќе муабетот, целиот тој оувршеринг, исфорсираност најчесто се и повик за помош, се гледа дека е во кревка психичка состојба. А за видеово, малку ми беше конфузно, те водителот, те Лео, некако ко збунети, па некои контрадикторности ми имаше или па јас доволно не ги сфаќам тие работи, но во секој случај, на крај на ден само нека биде среќен..
Јас мислам дека ако сакаа полека да почнат да претставуваат транс личности јавно, Лео не беше добар избор. Збори за хетеронормативности на публика која не знае што е тоа. Освен тоа, на тикток има кажано дека не сака транзиција да прави пошто не осеќа дисфорија (а тоа е клучното за да си транс...), дека ако во општеството се претставува како актер, а не како актерка, нема да најде работа, а сега во емисијата се претставува како актер? Исто, на тикток бараше да му се позајми бајндер, она за да ги сокрие градите, и баш кажа дека нема смисла да се претстави како маж на емисија, а да не носи бајндер. Па чекај, која искреност за својот живот и идентитет ја нудиш на емисијата, ако се фејкираш цел за истата? Општо, многу некако questionable особа, тоа пола од работите на тикток се глума и ме ужасно нервира. Ептен се ми изгледа за пажња, што никогаш не би го рекла за ЛГБТ особа, ама стварно ми е језив.
Јас го познавам лично Лео и можам да кажам дека дефинитивно не глуми за внимание, не му е лесно има многу проблеми и пред да излезе како транс. Можеби на тик ток делува така не знам. Но доколку го познаваш лично ќе знаеш дека не е тоа воопшто за внимание. Исто така се бори со гранично нарушување на личноста што и те како не е лесно но тука не даваат големо значење на менталните болести и не го сфаќаат тоа сериозно. Не би да навлагам во детали секако но не му е лесно воопшто има многу работи што не ги знаете ,така да ве молам не судете. Лео е секогаш искрен и одличен пријател и е многу повеќе од "транс" лице. Исто така не сите транс лица се одлучуваат за транзиција. Затоа ве молам не судете затоа што не знаете како се чувствува Лео и низ што се поминува.