Мене ми е женствена. И лик и глас. Дури ни движењето на телото не е мажествено, само начинот на седење.
Го гледав вчера видеото. Она што ми остави најголем впечаток е што се кажа многу недоследности. Мислам дека причината ради која истите се кажани е поради неколку причини. Прво, бидејќи тој самиот нема дефинирано како се доживува, потоа како сака да се претстави, и на крај дали може да се категоризира како binary, non - binary или трансродова личност. Друга работа која ми дојде во фокус, а сметам дека е дел од неговото лажно претставништво, беше повредата на окото. Во неговите фејсбук коментари првенствено тврдеше како се степал со друго момче, (иако претходно рече дека не се чувствува загрозено од други апропо 'аутувањето'), додека за само неколку дена, после овие два недоследни искази, излезе во емисија со приказна дека при насилен конфликт со неговата мајка се случила повредата со која се здобил и мозочен удар. Која е вистината? Искрено, премногу глума и драма. На што всушност и луѓето со гранично пореметување на личност се склони. Тоа е дел од состојбата. Ставање фокус на себе сѝ (нарцисоидност), барање внимание, валидација, потоа дисторзија на идентитетот, односно конекцијата и односот со себе сѝ. Потоа, нестабилни емоции пропратени со изолација, па искажување ненадејна среќа, бес, тага, агресија... Така што пред сам крај само ќе додадам дека не би ме чудело воопшто, (согласно скрмоното искуството кое што го имам со невладините организации), е тие да го спонзорираат, плаќаат и туркаат да го прави тоа. Некој горе напиша дека одбрале лош претставник на агендата, во што апсолутно ќе се согласам. Сепак, не го осудувам. На крајот од денот мене ми е жал за овие луѓе. Иако, Лео делува како...личност која ако не привлече доволно внимание ќе се самоубие. И затоа вакви луѓе треба да се третираат медикаментозно, не само со психотерапија која сама по себе би била не доволно ефективна.
Мхм. Нели? Нема логика. Во ваков случај пологично би било на себе да реферира како binary/non - binary личност. Заради двојниот идентитет. Мада најискрено ќе настапам, и се надевам дека нема погрешно да ме сфатите и извадите од контекст, но за луѓе кои имаат двојни идентитети постои засебна дијагноза во психијатријата која се нарекува multiple personality disorder, и се води под листата на дисоцијативни пореметувања. Сепак, проблемот е што за оваа дијагноза луѓето најчесто не се свесни за разлика од Лео, кој е свесен. Во емисијата рече дека ваквите бајндери биле многу скапи, па се прашувам како дошол до него? Му го позајмил ли некој, го купил? Зошто во рок од 30 минути кажа куп недоследности на оваа тема. Инаку, он порано се декларираше и како феминист. Сега за чии права ќе се бори повеќе, женските, трансродовите..? Конфузно jeбо те. Ако сакате можам и емисијата да ја ставам во прилог.
Не мислам дека е ситуација на таква дијагноза, мислам дека Лео е како лик кој го глуми пошто е актер и со тоа плус привлекува пажња. Не се сомневам дека си има проблеми, очигледно е дека има проблематично семејство, а во минатото кога се преставувал како Долорес, имал и токсичен дечко кој здраво го опљачка (дечкото го опљачкал Лео). Секако дека ми е жал и дека посакувам се најдобро. Ама, кога е во прашање овој муабет за неговиот транс идентитет, стварно е контрадикторен, нема смисла и ова го кажувам со тешко срце пошто обично не сум личност која вакви „теории на заговор“ прави.
Од тоа што јас следев, уште буквално вечерта кога се случи тепачката кажа дека повредата му е од сестра му за време на фамилијарен ручек, кога им кажал дека е транс.
Ама не се теории на заговор, логика е. А, за проблеми, сите имаме проблеми... Зошто види, кој од нас не поминал низ криза на идентитет? Некои дури и по неколку пати во животот. Ама сепак тоа минало без драми. Без highlight, тие борби се воделе интернализирано, во себе, или евентуално со стручно лице. И да, под криза на идентитет не мислам само на сексуалниот идентитет, туку генерално на кризните состојби низ кои минува секој еден човек од крв и месо.
Сега е уште позбунувачки искрено. Се тепал со дечко, па со сестра, па со мајка, па вратата му била тресната? Лол...шта речи.
Кажии, исто и мене. Ептен ми е кринџ, не би сакала таков човек во моја околина. На тик ток ми излегуваше. Многу е мрачен/мрачна, само нешто депресивно става. Си бара внимание. Луѓе со што само не се соочуваат во животот, смрт, болести, затоа дегутантно ми е толку внимание да се обрнува на луѓе кои ете едноставно поминуваат низ некоја транзиција во животот. Се осеќаш ко маж, сакаш да живееш како маж-бујрум, слободно. Не те прифаќаат од дома? Исели се, најди работа, живеј со цимери. За се’ има решение. Или мора да се гњави со тоа, како да е крај на светот. Напорен е.
Ептен контрадикторно. Ми излегуваа видеа пред неколку месеци, зборуваше за актуелни теми, права, како гледа на работите, како стојат работите кај нас. Па потоа одеднаш да побара да го викаат Лео, оти испробувал нешто, па да види дали ќе се пронајде. Ако се чувствуваш како маж, тоа јасно ќе го знаеш, исто како што знаеш дека се чувствуваш како жена. Се гледа ни сам не знае како се доживува. Не би да давам дијагнози, не го знам лично, но мора на тој аспект да поработи, за себе. И секако нешто многу што ми смета денес се драмите кои се прават, буквално за сѐ. И не, не се дава вака добар пример на младите генерации. А за жал се повеќе личности полни со лични драми се актуелни.
Ова го кажува на заебанција. И на тикток вака се изрази во видео во кое зборуваше за мајка му и сестра му.
Од Долорес во ЛеО, не Леа. Рече дека сака да ги задржи двата идентитета. Сака летни тоалети, фустани и дуксери. Но, на тоа посоодветен термин, само binary или non - binary? Првото има повеќе логика.
Поочигледно игнорирање на релевантни проблеми на ЛГБТ луѓето само затоа што некој друг доживеал нешто многу полошо одамна не сум видел. Борба за права и еднаквост на малцинствата не е гњавење. Сега одговорот гарант ќе биде: "кОи ПрАвА лГбТ ЛуЃеТо Ги НеМаАт". За коментарот "не те прифаќаат од дома - исели се", немам зборови, или есеј треба да напишам или ништо. Ќе изберам ништо.
Релеватно за..? Муабет само, со членката што ѝ реплицирав. И што тебе лично те погаѓа во каков род се обраќаме?
Релевантно е. Гледаш колку една личност се чувствува комфорно со себе. А, овде, во 2020 Година, делува поприлично прифатено на својот идентитет, идеологија, размисла. Трансродовиот идентитет е склоп на повеќе особености. Изглед, карактер, однесување. Не може едно да оди без друго, едноставно, тоа е спектар од целосниот идентитет што го гради личноста. Ако е нешто повеќе/помалку може да се идентификува со другите заменки. Изволте.