За греота, човек сам што ќе си направи, никој друг не може. Залудно упропастен живот. Виновни се сите околу неа, толку години депресија и повик за помош а сите неми и слепи. Никој не ја поврзува нејзината дијагноза со транс аутнувањето ?
Не е депресија, гранично пореметување на личност е, има разлика. Второво претставува ролекостер по скала на интензитет. Крају краева, сама се 'декларираше' себе со таа дијагноза, пишано е погоре.
Па, што знам. Може да се има и borderline и депресија, не може да речеме не, бумерски е, али... Мене ми делува како она сВе одеднаш да има, без навреда кон никого, али иако е кул и ок актер, приватно не делува 'нормално'.
А кои права му фалат? Сам си се изјасна во едно интервју дека нема никаков проблем/дискриминација во однос на работата. Надвор не трпел никакво насилство од никој а доста отворено зборува за неговиот начин на живот и како се декларира. Кое право му е ограничено ајде те молам кажи ми? А за иселувањето, шо е тука спорно? Има конзервативни луѓе кои немаат желудник да го прифатат фактот дека ќерка им е всушност машко. Господ да се спушти на Земјата нема да го прифатат тоа. А реално и не е баш мала работа за прифаќање. Е сеа другата страна или ќе се крие цел живот од тоа што е, или ќе стисни заби, ќе се тргни од неговите и ќе живее како шо сака. Трето нема.
Самоповредување или самоубиствени однесувања Некои лица со BPD може да се вклучат во самоповредувачко однесување, а некои прават самоубиствени гестови или обиди. Самоповредувачките однесувања и самоубиствените гестови всушност се одделни прашања - самоповредувањето на однесување не се обидува да изврши самоубиство. Самоповредувачкото однесување ( само-осакатување ) се обиди да се ослободи од емоционална болка или интензивно непријатно чувство. Извадок од интернет,симптом за лице со гранично однесување.Не Ви изгледа модрицата како сама да си ја направила (самоповредила)?
Го гледав видеото, не цело, ама доволно за да добијам впечаток дека емоциите се реални.Искреност и вулнерабилност, не гледам глума, барем јас. Тоа што има бпд нормално условува дека нема да се однесува онака како што очекувате и нема потреба од осуди кога се работи за дијагноза. Плус ако се бори за транс права сигурно нема да седи од страна и да ќути, туку ќе биде подраматичен/а.
Колку само не е така. Да имаше барем малку емпатија и тронка човечност во себе ќе сфатеше дека не е така а не само да судиш.
Дефинитивно да го почитувам секое различно мислење и да се претворам во едноклеточна амеба не благодарам.Во светов има многу крајно болни психопати на кој нивното мислење не само што нема да го почитувам напротив ке бидам во конфликт со нив на секој можен начин додека дишам.
Родовиот идентитет е внатрешно чувство на одредена индивидуа. Полот е фиксен, родовиот идентитет не е. Не се вклопувам во стереотипните одлики на мажественост и женственост. Се идентификувам и како жена и како маж. Што би значело дека ми е прифатливо да ми се обрати некој и во машки и/или во женски род. Вие?
Се идентификуваш како маж затоа што немаш стереотипни одлики на женственост. Океј, мислев дека ќе ги укинуваме стереотипите ама ништо.