Се согласувам. Ама мора да има стандардизиран систем со граници до каде што некој може да ги остварува своите права особено во поглед на желбите, идеологии и слично. Оти инаку каде е крајот? Ако секој може да прави што сака, да се декларира како сака, да ги остварува своите желби на штета на другите итн итн, тоа преаѓа во анархија, и концептот на општеството припаѓа. Зошто мислам дека е опасно? Затоа што еве прв пример што ми паѓа на памет е педофил. Има испитувања кај што сакаат да докажат дека педофилот не праи ништо погрешно бидејќи тој се чувствува како дете заробен во тело на возрасен, и кога остварува однос со 14 годишно дете тоа се всушност 2 деца на иста возраст со различна старост на телото. Каде ќе биде крајот? Затоа се прашувам која е целта? Се отвораат многу опасни Пандорини кутии од кои ќе нема враќање.
Од Малиот Принц е. Според мене, границата треба да е: Да не повредуваш некого. Во практицирана педофилија, има жртва. Со тоа, не смее да е дозволиво.
Сѐ потекнува од стереотипите Бриџ. Општеството има очекувања за тоа како треба да се однесува една жена и како да се однесува еден маж. Мене не ми текна преку ноќ дека сакам да сум посебен. Резултат е на тоа што целиот живот ми е кажувано како не се однесувам како "право" машко, а да не збориме за навредите ги имам добиено почнувајќи од наставничка во прво одделение, до деца, па и возрасни. А кога веќе живееме во општество полно предрасуди, сигурно нема да се мавам во гради за тоа како некој ќе ми се обраќа.
А што е проблемот во концептот на род? Еве да речеме дека има само 2 рода? Машки и женски. И ете нека се прави дистинкција меѓу биолошки и општествен род, со тоа што секој ќе може во лична карта да си го стави родот на кој што смета дека припаѓа. И да се декларира и користи име во склад со неговата одлука. Зошто да не постои род? Ете ако некој мисли дека не е ни едното ни другото, дека нема не припаѓа на ниеден род, еве нека има и среден род (или како и да го наречеме). Со тек на времето ќе се работи на прифаќање на концептот од страна на општеството со цел да нема предрасуди и секому да му се обраќаме според неговата желба. Што повеќе од ова? И зошто? И дали е фер кон сите?
Баш напротив, не треба да постои род. Ама мора да постои пол, зошто нема смисла да игнорираме биолошки разлики, кои во одредени случаи се повеќе од важни. Денес упорно се инсистира на родот, наместо на полот. Полот се остава на страна и генерално тој е занемарениот. Не родот. Нема потреба да се декларираме како некаков род. Што значи да си женски или машки род? Твојата замисла за што си? Јас може да мислам дека сум глодар, ама тоа не го менува фактот дека сум човек. Во однос на род, сите треба да се еднакви, т.е. нема поента од постоење на категоријата воопшто. Нема поента од декларирање на род. Ако се декларирам како женски род, што воопшто значи тоа, дека штикли ќе носам? Едит: Сите овие нешта како луѓето што менструираат потекнуваат баш од тоа. Се игнорира полот.
Само шо патот до таму е преку идентификување на сите разлики и прифаќање на истите од сите. Релативно ново ни е прифаќањето на различностите. До 60тите во САД црнците биле сегрегирани, до 70тите во Велика Британија хомосексуалноста била криминал, до пред 100 години жените немале право на глас. Искрено, немам став за компетитивниот спорт и родовите улоги во истиот. Не сум се заинтересирала за тематиката.
Вака од око, што мислиш, има некаква физичка предност особата во споредба со остананатите членки на тимот?
Пак ќе речам споредбата со раса не може да се направи во случајов. Во случајов повеќе се сегрегира, со постоење на зилион родови.
Не се сегрегира, туку се идентификуваат и потенцираат разлики, се учи за нив и со тоа се навикнуваме дека постојат и дека не значат дека некој е помалку или повеќе вреден.
Се трудам да се сетам кога прашањето за пол, стана прашање за род. Убаво се сеќавам дека порано во формулари требаше да заокружиш кој пол си. Генерално, не сум за оддалечување од природата, по ниту еден основ. А општествените концепти се бегање од природата.
Компетитивниот спорт кој е претворен во билионска индустрија и е со цел за entertainment на масите, ми е еднаков како гладијаторските борби во Римското кралство. Спортувањето како начин за одржување на здраво физичко тело е сосема друга работа. Не одбегнувам одговор. Тоа ми е одговорот.
Да е до мене нема да постојат војни и сите ќе си живееме среќно и мирно : ))))) Спортот е тука, постои, соочен е со дилема. Кое е твоето мислење?
А културата? Кино, театар, опера, балет, концерт. Билионска индустрија, entertainment, еднаков на отворените арени на Римјаните... Да се укине и тоа...
Секако дека постојат мажи, жени не знаеме дали постојат. Немам прочитано луѓе со тестиси, ама затоа богами луѓе со матка постоеле. Е, тие со матка, не се викале жена, јер не секоја жена има матка и не секој со матка бил жена. Ете така.