Зашто таткото сам си кажува дека детето сакало фустани да носи а неќело панталони и сакало типично женски работи.
Веќе знаеме дека тоа по дифолт не значи дека детето е транс, ама што ако детето кажува дека се чувствува како женско, не заради облеката?
А како дете на таа возраст знае дека се идентификува како женско? Мене на таа возраст да ме прашаше некој како кој род се идентификувам, ќе се збунев дефинитивно. Знаев дека сум девојче оти физички знаев што сум. Знаев дека има машко и женско како пол (куре на бебе имав видено) ама ни на крај памет не ми идеа родови и родови идентитети у глава.
Јас не бев збунет на таа возраст. Си знаев дека сум машко. Тогаш кај нас немаше воопшто никакви информации за било што поразлично од цис и стрејт, дури и некое дете да се чувствувало различно, не знаело дека постои и нешто друго што би ги објаснило непознатите чувства. Истото и за сексуална ориентација, скоро сите геј луѓе како мали осеќавме нешто кон истиот пол, ама не знаеме дека всушност постои нешто наречено хомосексуалност, пошто никој не не информирал за тоа. Дали ако детето каже дека се чувствува како спротивниот пол е лошо да живее така, еве нека е без хормонска терапија? На која возраст е ок да зема терапија?
Знаеш дека тогаш пубертетот е целосно завршен и некои работи не можат да се вратат назад освен со хируршки интервенции?
За мене ништо појезиво не се имало десено до сега на планетава од оваа пропаганда. Ужасно е како се шири а жалосно е како некои не гледаат подалеку од носот па ја прифаќаат. Не можеш против природа и точка! Имаш ли XY си машко, имаш ли XX си женско и крај на причава. Тоа што некои се чувствувале дека повеќе биле од спротивен пол ми е повеќе за психологијја и психотерапија каде овие луѓе имаат проблем да се најдат себе си. И ке го цитирам коментаров: Ова е тоа што го вика членкава, децата знаат да се бунат, а родители се тие што морат да го изнесат детето на прав пат а не да следат пропаганда. И јас знаев дека сум девојче, а се носев машки (читај раперски) плус па што само со машки што се дружев и да бидам искрена многу сакав да сум машко па фала богу не и текна на мајка ми да ме буста со хормони да си сменам пол, него почека да ми поминат годините и да си го сменам стилот!
Па со оглед на тоа дека хормоните малтене цело здравје го диктираат, да, многу поопасно е да си играш со нив отколку со било што друго. Тоа што не е ти изгледа толку инвазивно, не значи дека има помали последици.
Досегашните истражувања не покажуваат некои значителни негативни ефекти од блокатори на пубертет. Сите чести side effects се минимални и краткотрајни. Дали има шанси за долготрајни негативни ефекти - да ама тоа се минимални шанси, како и кај сите други медикаменти. @Munchmallow20 Хипокризија е да ми пишуваш есеи како вие сте против т.н. транс идеологија а не транс луѓе а во меѓувреме да лајкнуваш мислења дека трансродовоста е одење против природа и не дека постои такво нешто.
Па не можеш никогаш 100% да бидеш како другиот пол, што не ти е јасно? Менувај се колку сакаш ама не можеш да бидеш. Прифаќам дека имаат проблем ама не и дека се решава на тој начин што они го бараат.
Многу вида на тумори се појавуваат поради дисбаланс на хормони, па ти види дали има или нема долготрајни нус појави.
Абе тоа така е, ама исто во природата еден дел од луѓето се генетски еден пол а имаат фенотип на спротивниот или пак имаат репродуктивни органи од двата пола итн....сакам да кажам не е сѐ баш толку бинарно, има варијации поради икс причини. Инаку, се сеќавам кога бев мала дека имав некои соученички кои беа во фаза на "јас сум машко, од сега ќе се облекувам само така" и буквално се однесуваа како машки. Не знам дали било навистина фаза на збунетост во однос на сопствениот идентитет, бидејќи децата и немаат баш претстава што е род, што е пол и сите прашања околу таа тема; или пак навистина биле транс. Ама дефинитивно не сум за инстантно трчање на хирургија и хормонски терапии при едно спомнување на детето дека е друг пол. Мора прво стручни лица да оценат дали е навистина во прашање дека е транс или манифестација на друг проблем. И треба да биде подолг процес, не да се реши со една сесија.
Не знам што празник е денес за да се деси ова, ама се согласувам со тебе, барем со болдираниот дел. Апсолутно треба да добие родителот мислење и совет од медицинско лице што работи со таква проблематика пред да почне со хормонска терапија. Меѓутоа, тука проблемот е што не секаде има такви стручни лица. Може сум грешка, ама нели хормони се купуваат само со лекарски рецепт?