Оф леле. woman = adult female human being female = gender identity Ама го знаеш одговорот ти, ти и твоите истомисленици пак прашувате - некој ќе ви одговори па пак ќе прашувате... За некое време пак ќе ме прашаш мене или некој друг што не е trans exclusionary radical feminist. И така, ќе продолжи циклусот до бесконечност. Али добро, јасно ми е дека ти е полесно кога се тешиш дека никој не ти одговара на „прашањата“, никој не знае ништо и целата таа веч видена прикаска.
Со дефиницијата ја сведуваш жената само на идентитет или како? Технички женски бебиња не постојат? Зашто се нели премногу мали да им знаеме идентитет. И што е разлика меѓу машки и женски идентитет? Зашто и female и male се дефинира исто - gender identity.
Па така испаѓа Секој што каже дека е жена, жена е. Тоа кажува дефиницијата. Толку индивидуално што технички не постои.
А што толку ве тангира толку тоа цис и транс? Сигурно па нема да се претставите со "здраво, ја сум цис", поимиве се за да се разграничат две групи и не се ни користат на дневна база надвор од интернет. И друго нешто, што предлагате да прават луѓево што се транс? Не зборам за деца obviously, туку за возрасни....самоубиство ли? Спојлер Гош ми ги излајкна мислењата од првата страна и сигурно звучам малку шизофрено сега
Кога веќе сме на тема звучење шизофрено, знаеш мене што ми е најголем проблем на темава? Не е тоа што луѓето размислуваат различно од мене, тоа ми е многу очекувано, пошто мнозинството во Македонија се конзервативни и тоа е факт што јас како индивидуа не можам да го променам. Најголемиот проблем е тоа што луѓево глумат прифатливи кога ќе ги обвиниш дека мразат нешто, за да во друго мислење (кога нема кој да ги обвини за игнорантност) се пуштат на најјако. Абе човек треба да биде цврст и јасен во своите убедувања, јас сум тоа и ја застапувам таа и таа идеологија и крај на приказната, а не манипулации и глуматање.
Не е малце обратно? Female е биолошкото, woman е збирка социјални норми. Ова е точно и кога не збориме за транс лица, него онака општо. Во македонски јазик зборот е жена и за двете. А инаку не треба да е контроверзно и навредливо да се каже дека транс жена е транс жена, а не жена. Тоа е факт. Тоа е дел од идентитетот на транс жените.
Апсолутно не е навредливо. Проблемот е во негирањето на идентитетот на транс жените и тврдењето дека се мажи.
Ја имам разбирање на истото ниво како што имам разбирање за луѓе со шизофренија, биполарно растројство, депресија, она што спомнав боди интегрити, повеќекратна личност и слични. Ама не и дека они се автоматски другиот пол, дека автоматски треба да бидат у спортови и тоалети со жени а ни малце не личат на жени. Туку веќе не е ни дијагноза нивното. Неќеле да бидат етикетирани како "нешто" дека не е во ред со нив. Ко јас да барам да немам дијагноза за не знам некоја повреда на рамото (јер тоа ме вреѓа) ама да барам пристап и лекување како да ми е опасна состојбата и плус помагала со фонд. Ама да не ми е ништо иначе според документите. А дали имаш приметено на луѓе со некоја од другите состојби толку внимание да им се дава и да не смееш да зуцнеш ништо против? Толку масовно да излегуваат секаде со нивниот идентитет? Иако можеби се во реално поголем број. Не. А знаеш зашто? Зашто при ниедна од нив не се вртат огромни суми на пари. И за другите состојби нема да имам разбирање за личноста ако бара внимание повеќе од што треба или пласира неточни информации или индоктринира или искористува ранливи особи. Едит На прашањето што да прават? Да смањат доживљај.
Не е конзервативно, туку скроз реално е што ми е смешно некој да бега од билошките факти при дефинирње на жена На Инста многупати ќе ми излезнат трансексуалци, но реални луѓе, па кои ќе кажат дека ова моментално лудило е комплетен булшит
Да де, ако се pick me транс жени и се согласуваат со тебе се супер, нормални и реални луѓе. Blaire White на пример
Се согласувам. И мене тоа ме иритира во темава. Разбирам да сакаат да се заштити поимот жена и се што значи тоа, но транс жени и мажи дефинитивно постојат и заслужуваат свои права.
И ја можам да се идентификувам као кобила, ( шо ти сигурно поединци на темава и би се согласиле со тоа) , али тоа не го негира фактот дека сум човек, и колку и да одам на четри нозе, носам грива и копита од АлиЕкспес, највеќе шо можам да бидам, за жал - е ТРАНС кобила... И не е фората во негирањето, туку во реалноста. Најинтересно, само транс жените изгледа живеат во некој паралелен универзум дека можат да дојат, да имаат менструација и менструални болки, па и да бараат гинеколошки прегледи. Затоа што реално, они не се жени, него транс жени. И ова се е некое за жал помодарство и манипулација со транс лицата, злоупотреба на сметка за некоја побитна, задна намера. Затоа што ова го иаме задњиве 10 години, а лица од постарите генерации за тоа време, кои јас лично ги знам, имаат и трансферирано, имаат бракови, па и деца и живеат нормални животи, оти немаат време да дремат по цел ден на ТикТок и да им се пере мозокот. И тешката пропаганда од Дилан Маулвени со задњиве пар интервјуа, каде упорно и упорно потенцира дека за неколку години транс жените ќе можат и матки да имаат, и деца да раѓаат. Имаат пресадено матка пред 50 - 60 години, телото ја отфрлило и лицето починало... Прво, чии матки ќе пресадуваат?! Второ, и да се 3Д принтани, вештачки - до тоа ли дереџе стигнавме на сите болештини и инвалидитети на светов, матките за мужи со психички проблеми најбитни да ни бидат, а нас жените не трујат преку козметики и лекови, и не ебат у мозок на лекар коа ќе отидеме демек си замишљаме болести у глаата, и не роварат по утробата без анестезија, ко стока?! Јасна е целта, само изгледа е премногу доцна.
За матките ваљда како и сите други органи - од починат донор. Или тука пошто не е витален орган матката, ако некоја блиска се согласи да им донира. Ама ова теоретски де. Во пракса не знам колку е можно воопшто таква трансплантација. Друго е што јајце клетки со нивни гени ќе мора исто инвитро да ги произведуваат. Оти надам се дека знаат дека јајце клетките кај жена се создадени уште додека е фетус, после само дозреваат при циклусот. Па и не само тоа. Општо машко тело не знам колку може да поднесе бременост. Еве да збориме теоретски. Матката е еден проблем. Ама бременоста носи десетици и десетици промени кои не се само растење на матката и стално мочање.