Бежот е мода на натуралистички пристап, апсолутно и во Скандинавија постојат други бои, никој не те тера дома беж да ти биде или детето во беж да го облечеш. Друго беше прашањето, а искрено, иако не сум убедена во норвешкиов модел (напротив), скандинавците упорно котираат како најсреќни луѓе на светот. Па обично и кога "од прва" не сум убедена, им давам шанса оти очигледно балканците не се наоѓаме на тие листи, тие таму некој рецепт имаат ваљда. И да, носиме фустани и штикли, јас носам Скандинавки пријателки (и роднини колку сакаш во Шведска) носат. И детево машко на братучетка ми (родена во Шведска) не гледам дека нешто беж го расте.
Џефри Стар со бившиот дечко. Во неговиот лик и дело нема да навлегувам, ама информативно, ова е маж, кој по род е - маж и е хомосексуалец. И дечко му исто. Негова изјава со која се согласувам и тоа е сумирано мислење на цела тема
Силата им е предност и тоа е реалност. Маж ми има повеќе сила да работи некоја физичка работа или напор, јас немам и фала Богу што е така. Затоа и одредени работни позиции ги работат само мажи. Но еве зошто да облекувам машко од 2 год во фустан? За да пркосам на друштвени норми? За да ги кршам. Или ко Меган Фокс, од пуста желба да има девојчиња своите машки деца ги прави децојчиња им пушта коса и ги облекува во фустани. Сами сакале, how yes no. И какво друштво ќе направиме ако ја негираме биологијата? Ако полот е нешто неодредено. Нема машки/женски пол родителите ќе им оставеле сами да одлучат?! Па погледни ги имињата. Се оди и на неутрални имиња . Зошто и името те одредува по пол. Тоа е поентата, што континуирано се работи на укинување на полот, го облекла ти бебето бо розов или син џемпер.
Се осеќам... евентуално Некој озбилно ова го напишал Ај Косми расчисти сама со себе пол и род, озбилно. Пол ќе се укинувало. Баш. . . . A person with a period. How about... woman?
Не може woman, може и транс маж да е. Проблем.Ама не толку голем проблем колку транс жена шо рекламира тампони, као втф. Сите се потепаа да менструираат, тоа е Погоре поентата беше, немаат скандинавците исти родови стереотипи. Бежот и фустаните настрана.И тоа е проблем, кој генерира друг проблем, ама не му е на тоа место во темава.
Разликувам пол и род. Па тенденцијата е баш полот женски и машки полека да се елиминира. Па затоа се воведе трет во извод на раѓање нели?! Германија мислам воведе во роден лист така. https://www.bmj.com/content/347/bmj.f5249 Иако е полот објективен факт,биолошка одредница. Или зошто се воведе во одредени држави во полето на пол во извод на новороденче да не се впишува ништо. Тоа е актуелно сега. А зошто ? Зошто кога е сосема јасно кој пол е?
Ваљда сфаќате дека модата на сто па и помалку години е скроз различна, небо и земја? Ако за жените во 1901 било ненормално да носат панталони, денес е нормална облека и не гледам да пишувате како имаме или немаме природни афинитети кон фармерки. Розевата боја како женска боја е присутна помалку од еден век. Рајата носела беж, не еднорози со светки. Секоја поделба на бои, материјали, облици е вештачка и толку. Треба да ви стане и јасно дека помалку деца ќе тврдат дека се спротивниот пол ако им се дозволи поголема креативна слобода.
Знаеш кое е некогаш оправдување за ова? Дека не сите жени менструирале. Нели менопауза, со извадени матки итн. Истово се користи и кога паламудат зашто сме велеле дека ама транс жени не можат да раѓаат. Демек дека со тоа ги шејмаме биолошките жени кои не можат да раѓаат. Па затоа ај поарно луѓе што раѓаат/менструираат, да не ги шејмаме жените. Мање битно што 100% од тие што менструираат се биолошки жени ама ок.
Јас па многу сум против општествени стереотипи и норми за ова. Дете особено треба да има слобода да истражува шо сака. Дали то е количе или кукла не треба да зависи од пол. И едното и другото ќе му ја храни фантазијата и то е најважно. Ако се наметни дека сино = момче, розово = девојче, количе = момче, кукла = девојче, секое дете кое нема да се вклопи во тој калап ќе биди "проблем" и евентуално ќе проба да се пронајди зошто не се совпаѓа со нормата.
Логично ми е. Еве сега на пример огромен број тинејџери се нон бајнари, што се кладам дека ни пола нема да се идентификуваат така ако не се научени дека стереотипните улоги за маж/жена се толку строги што секое излагање од нив значи некој си трет род. Мене лично не ми смета ова бидејќи се пронаоѓам во тој стереотип, ама и да не беше така за жените пак има поголема слобода на изразување, општествено е поприфатливо да не сме во калапот. Друга е приказната кај мажите, барем кај нас. Да не заборавиме и на културните разлики.
Жена во менопауза е жена во менопауза, жена без матка, јајници итн. се состојби/болести кои се јавуваат кај жена, жиФти глупоштииве останати.
Полот не постои начин да се измени или избрише. Постои ХХ и ХУ. Постои де и ХХУ ама е синдром. Редефинираме род, не пол. Не е исто.
Ништо лично кон тебе, ама Џефри научи една цела генерација што е нон-бајнри. Еве јас првпат од него го слушнав тоа. Он во видеата кажуваше дека се декларира како андроген маж. Малку себично кога селебритис, вклучувајќи го и него, иако е queer, ја искористуваат ЛГБТ заедницата за да дојдат до некоја цел и потоа го вратат грбот на истата. И да е точно тоа што го кажува, последно треба да излезе од луѓе ко него. А @Cosmi, голем дел од транс жените, кога ќе ги прашаат по што знаат дека се транс, одговараат дека се пронаоѓаат во улогата жена. Не е кој знае каква филозофија ова.
Па и е андроген маж. Колку повеќе андрогинијата ќе се смета за нормална, толку помалку "збунети" ќе има. Многу од транс лицата едноставно се хомосексуалци, само што толку се форсира "маж изгледа вака" и "жена изгледа вака" што апсолутно не ме чуди геј маж со доста женствен маниризам или желба за "женска" облека да почне да мисли дека е транс. Реков нема да го коментирам неговиот лик и дело, пошто и мене не ми е "омилен", но е пример за хомосексуалец кој не е збунет со својот род.
Каква е таа улога жена? Не постои улога жена, освен биолошки, да донесе нов живот, ама тоа не ја става во улога жена, туку во улога мајка. Претходно има улога ќерка, другарка, девојка, љубовница, сопруга (не мора по тој ред, така ми дојде), во зависност со кого е релацијата се гради улогата. Ама мене улога жена не ми е позната. Сум чула поинаков мозок имале (од биолошкиот пол), па во погрешно тело биле родени, уште ова за улогата го немав чуено. И прашав погоре, во другата тема ваљда, како може дете на 8 години да знае дека е транс, после гледање документарец за транс особи? Па со овој тренд, не ќе останат многу хомосексуалци незбунети во родот. Ко што веќе станува очигледно.
Жените имаат социјална улога независна од нивните биолошки карактеристики. Тоа е чист групен менталитет, но сепак и транс жените го делат тој менталитет. Децата знаат кој род се од мали години, не им треба документарец за да го оформат тој идентитет.
Не ме разбираш. Раѓаш пример женско бебе и во роден лист или birth certificate се пишуваше кој пол/sex е ?женски или машки. Сега имаш можност да оставиш празно во одредени земји. Што е тоа ако не бришење? Прашање е на време колку родители ке остават празна графа на местото на пол. Баш ме интересира статистика што вели на ова прашање. Во ред, но децата во нивниот развој учат по пат на идентификција, улоги и имитација. Како научила и со кого се идентификувала омладинава на не знам 15 год сега да се идентификуваат со нон бајнари? Или мас медија работи на случајот па сега масовно се префрлаат на нон бајнари? Еве во Холандија од 2024 личните карти ќе бидат џендер фри, а истото ќе можеш и да впишеш ретроактивно и во родниот лист. Значи ќе биде многу интересно за 10 год. Ок,се пронаоѓаат во улогата на жена,женски род. Ама пронаоѓањето не значи ништо. Се базира на чувство кое може да биде променливо. Што правиме ако за 20 год се пронајде пак како маж? Не смее да се брза, а токму тоа се случува.
Значи предложив исто и за нашите лични карти. Нема никаква потреба да ти стои пол (посебно пошто не се одделени пол и род), да користиме ЕМБГ како на пример Хрватите, рандом бројки што не значат ништо. Затоа што нема никава потреба да знаеш колегата дал се родил како жена, нема потреба во банка да знаат. Има потреба во болница да знаат. Пол не може да се избрише, да не постои, може само да не е толку јавен - и генерално ама баш ништо никому нема тоа да промени во секојдневен живот. Омладината се идентификува како нон бајнари, односно дека не конформира со улогите на ни еден род, она што ти викаш дека "треба да се знае кој е маж, а кој е жена". На повеќето, посебно па помладиве од мене што сега се млади лица, им одговара да го отфрлат тој притисок. Што сосема ги разбирам. Решаваат да НЕ се пронаоѓаат ни како маж, ни како жена. По род, не пол. И баш тоа што уназад го зборев во не знам која тема пошто во две очигледно пишуваме, тоа што нема да се двои родот во оваа мера, ќе остави луѓето послободно да бидат какви сакаат да бидат, со многу помалку притисок дека треба да конформираат во одреден род. Што ултимативно ќе намали број на транссексуалци. @Biljarkata има "улога на жена" во културата. Она што нашите прабаби почнаа, па уште се мачиме, гураме.
Па не е тоа баш така ,зад тие бројки ги имаш сите податоци. Оиб бројот за кој збориш се збир бројки заради европскиот закон за заштита на лични податоци,да не види тој што стои на шалтер до тебе,кој датум и година си родена. Ама кој и да го куцне,банка, болница имаш податоци се и сешто и ујп итн и имаш се. Во Холандија ќе немаш ни пол ни род ни бакрачи. А личните карти им се со пол https://mup.gov.hr/UserDocsImages//2021/8/specimen1.jpg Јас пак не сфаќам еве од која улога се бега,од кој притисок? Зошто да се декларирам како нешто кога сум жена и по род и по пол? Што е побогу толку страшно. Кој ја гура ова глупост дека е побезбедно да си нон бајнер ?! Или е побезбедно да контролираш маса на конфузни млади луѓе кои не знаат кај тераат. Друштвото секогаш функционирало, а и мора да функционира со норми и правила.