1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Родов идентитет – општествен производ или не?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Lella, 12 март 2021.

  1. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.018
    Допаѓања:
    172.114
    Добро, елаборирај. Каква е таа ,,улога на жена,, во културата?8-|

    Инаку, во секоја лична карта пол пишува, не знам шо се извртува сега тука. Досега беа два пола, некој сака трет. Не M, F, уште Х фалело. Х, као ќе решам после шо сум, шо рече идентитет ,,евентуално,,.

    ☆ Фуснота кон М и Ф. М и Ф се англиските кратенки, изведени од придавки, male, female. Европските кратенки се од соодветните именки за пол, М (аж), Ж (ена) на хрватски на пример. Истиот патерн е и нагоре, колку што знам.
     
    Последна измена: 20 мај 2023
    На *Amethyst* и MyMala им се допаѓа ова.
  2. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    8.877
    Допаѓања:
    85.506
    Пол:
    Женски
  3. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.659
    Допаѓања:
    265.818
    И сега стои во ембг 450/455 + ПОЛ (не род) ж/м

    Во другата тема напишав зошто сум против транс лица да можат да менуваат СЕГАШЕН ембг, затоа што во РСМ не постои поделба на пол и род. Тој што треба да знае пол на личноста е медицинско лице, социјален работник или полицаец. Не гледам каква врска има полот на личноста во ни една друга ситуација.

    За род е едноставно, ако се осеќаш како жена, ќе ти се обраќаме во женски род, сакаш да бидеш машки, ќе ти се обраќаме во машки. Не е баш толку конфузно и страшно.
    Ни ф, ни м, ни Х.
    Постојат начини одредени информации да се достапни до тие што имаат потреба да ги знаат, на шалтер во банка нема потреба да ти знаат медицинска историја, во болница не треба да ги интересира даноци.

    А елаборирање, кога ќе ја најдеме темата зошто биолошки маж не може да е воспитувач во градинка.
     
    На crimson, theowndemon и Biljarkata им се допаѓа ова.
  4. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.659
    Допаѓања:
    265.818
    Тоа што во една од темите и го напишав, зборувајќи за Норвешка и мењање род (евентуално транзиција почнување) на деца 6+ годишни.

    Оставете ги децата на раат, не им кажувајте што е "за машки" а што "за девојчиња", не ги замарајте со родови прашања. Сами ќе си го најдат своето место.
     
    На VDT2906 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.018
    Допаѓања:
    172.114
    Па мислам личната карта првенствено за полицаецот е, нели, не за тетката во банка. Зашто е битно за полицаец појма немам, ама ти ваљда знаеш.
     
  6. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.659
    Допаѓања:
    265.818
    Битно е ете, за да не заврши транс чичко во женски затвор. :)

    Во банка, за што е битно?
     
    На VDT2906 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.801
    Допаѓања:
    23.240
    Пол:
    Женски
    Амииин. He's so real for that. И јас се 100% согласувам, или си машко, или си женско или си транс. Ова е што мислам кога ќе кажам дека можеш да изгледаш како сакаш и од тоа не треба да се прави род пошто тоа да сме машко или женско е чисто биолошка информација и толку. Не значи ништо.
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.908
    Ќе вадиме по две лични карти, една за полицаецот една за во банка?
     
    На fana и Biljarkata им се допаѓа ова.
  9. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.659
    Допаѓања:
    265.818
    Или бројка која што во твојот систем (зависи што службеник си) ќе ти отвара одредена информација што е за тебе потребна?

    Веќе имаме ембг + езбо. Езбо во РСМ не се користи доволно, иначе си е таман смислен за точно медицински работници да го користат. Тој што работи со езбо ќе знае што пол си, таа на шалтер во банка нема да знае. На принцип на езбо може да се имплементира реков, зависи кој службеник го користи.

    Истиот број зависно од програм може да дава одреден број информации на службеникот. Како што и сега, во болница гледав јас ембг, ама немав пристап до даноци и имот на пациентот. Исто како што во банка со ембг не знаат дали правел операција на колено пред 2 недели.

    Едноставно да нема одредница за пол, затоа што полот не е битен во банка, пример.
     
  10. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.018
    Допаѓања:
    172.114
    За ништо не е битно во банка. Побогу, никој не ни оди во банка, се се решава онлајн ( овде кајшто е актуелно менување на полови и родови). Значи реално, документ за лична идентификација служи да му го покажеш на чичко полицаец. И сега, ќе го бришеме ли полот?

    Чичко транс веќе завршува во женски затвор, тоа го установивме. Премиерката на Шкотска си даде оставка, ама не се изјасни дали силувачот Исла, сместен во женски затвор, е маж или жена. Не мислам дека имате поим колку се транс политиките високо на агендата во ЕУ. Ама за тоа ваљда друга тема треба, или трета, или тринаеста.
     
    Последна измена: 21 мај 2023
    На *Amethyst*, jacqueline.s, Peanut Butter и 2 други им се допаѓа ова.
  11. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.681
    Допаѓања:
    10.091
    Пол:
    Машки
    Просечен живот на жени во Македонија = 77 години.
    Мажи = 72.7 години.
    Ете зошто би можела банката да ја интересира кој пол сте. Над одредена возраст, кредитобарателот има поголема шанса да си замине на оној свет пред да го исплати кредитот. Ама у пракса мислам не се замараат, туку тие што се над 70 години им бараат задолжително животно осигурување.

    п.с. Себеидентификувањето во „другиот пол“ не ги менува горните бројки.
     
    На *Amethyst* му/ѝ се допаѓа ова.
  12. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.659
    Допаѓања:
    265.818
    Јасно ми е колку се. И со голем дел не се согласувам ни јас самата и ако пак фатиме да вергламе истото, не гледам поента.

    Сега сме во тема родов идентитет, а родовиот идентитет не е биолошки факт.

    Стремежот на младите е да се отфрлат родовите стереотипи, што НЕ мислам дека е погрешно.

    И ај пак во круг, оној ден кога нема да ги делиме ние самите децата по род (што смеат да облекуваат, со што треба да си играат, ќе престанеме да им кажуваме дека некое однесување е "женско" или "машко") ќе можеме за останатово да зборуваме.

    Понатаму, не ни е страшно кога женско има стереотипни машки особини, но имаме проблем кога машко има стеротипни женски особини.

    Или избори.

    Не ни е проблем девојче да носи панталони, ама проблем ни е машко да носи фустан затоа што е женска (непожелна) карактеристика.

    И да, почнуваме со учење на стереотипни улоги во моментот на дознавањето на полот на детето, што е најчесто пред да се роди, на неродено девојче купуваме розеви чорапчиња.

    Можеме да се правиме наудрени дека нееее, врска нема дека самите форсираме социјален конструкт врз децата, ама да, форсираме. Што ултимативно краен резултат се транс лицата, а некаде на средина се младите што просто не конформираат, не прифаќаат да ги категоризираме и стереотипно, што треба/можат/смеат зависно од родот кој сме им го доделиле базиран на полот.

    Ниедно дете не се раѓа со род. Ние им го даваме, како општество. Дете се раѓа со пол, освен нели, кога постои некаков синдром.

    Како социјален конструкт родот, денес повеќе од било кога, е отфрлан од младите затоа што не им одговара. Не сакаат стереотипен црно/бел свет. Сакаат слобода да се изразуваат и живеат независно од тоа какви гениталии имаат.

    Тоа не е лоша работа, напротив.

    И пак се враќам до тоа, доколку замисли, не постојат стереотипи што е машко, а што женско (род), најголем дел од транссексуалците нема ни да постојат од проста причина што во сопствениот пол ќе се осеќаат сосема пријатно, најверојатно ќе бидат хомосексуалци.

    Најпрост пример е дека маж ќе се облекува како жена, но нема да мисли дека има проблем во тоа, затоа што НЕМА проблем.

    До овој заклучок доаѓам врз основа на следново: не можам да знам за сите баш транссексуалци на светот, но за оние кои знам (а не се малку) секогаш и по правило се хомосексуалци.
    До сега за сите години, не сум забележала транс жена што истовремено е и лезбејка. Или транс маж што е геј.

    Биолошките мажи кои транзитираат во сите до еден пример што мене ми се познати, сексуално се привлечени од други мажи, не жени, и обратно.

    Затоа велам кога не би им наметнувале родови стереотипи, можеби транс популацијата драстично ќе се намали.
     
    Последна измена: 21 мај 2023
    На Nausicaa му/ѝ се допаѓа ова.
  13. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.090
    Допаѓања:
    20.155
    Пол:
    Женски
    Каме, се запна за фустаните. Облеката од секогаш била и ќе биди мода. Низ историјата мажите многу носеле “фустани”. Може за некоја година ќе има мода.
    И розеви кошули носат, колку сакаш, и виолетови. Преполни се продавниците со розови машки алишта. Модата почна пред дестина години. Не е срамота, ете модерно е.
    А жените веќе да не зборам, сино, црно, тегет. Не гледам проблем во ова.
    Модата е таа што е, повеќето ја следат… Боже мој, цела категорија со теми има на форумов.
    И факт е дека како мажи/жени имаме општо различни моди и теми, овој форум изобилува со теми за мода, шминки, дом… и по некое темиче за коли и сл. Ама ете, мажи се добредојдени и си комуницираме без проблем.

    Има и машки форум, поинакви се темите, каде каде. И тоа е ок.

    Ок е и маж да се пронаоѓа повеќе кај овие теми и обратно. Затоа има феноменлни мажи шминкери, фризери, козметичари. Не е веќе срамота. Имаме и жени инструкторки пример. Значи ок е, се рушат стереотипите, и со секоја наредна генерација подобро ќе е.
    Ама живти Бога облеката остави ја на модата и периодот, не ги криви мајките. Луѓето, со исклучоци, од секогаш ја прателе модата и трендот и така се облекувале. Во на мајка ми времето било бетер, ако се носеле траперки а ти носиш ѕвонарки, срамота било. До кој степен била модата влијателна, сега сме далеку поинакви од тоа. И се менува.
    Играчки гледам спомна машки и женски имало. Не знам кај си била ама дефинитивно голем дел од играчките се џендер фри, особено едукативните. Коцки, сложувалки, дрвени играчки, чаши за редење по големина, музички инструменти.
     
    На *Amethyst* му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.908
    @CameliaMiller

    Род е исто што и пол. Тоа што кон крајот на 20 век одредени групи наместо да зборат за родови улоги во општеството и таму да се концентрираат, го реконструираа зборот род за сопствена корист и сега е као социјален концепт е друго. Родовите улоги во општеството се социјален концепт, родот не е.
    Цела тема нема смисла.
     
    На *Amethyst*, EvAngelos, Biljarkata и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Ketchup

    Ketchup Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.415
    Никој не вели да ги облекувате ќерките во сино, синовите во розево. Поентата е дека ако некое дете изрази желба за нешто поинакво од тоа што му е наметнато, да не бидат драми и урлања по дома и ко што кажа Џеклин ако не се лажам, да биде мета на булинг во школо. Бидејќи знаеме дека најголемиот булинг ќе почне од родителите, дури и мојата генерација е растена под тешки стереотипи. А искрено стереотипите владеат, може и по темава да видите, некој кажа на синот долга коса да не требало да му пушти. :D
    Мислам...
     
    На crimson, Nausicaa, theowndemon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.659
    Допаѓања:
    265.818
    Не, не е :D

    @jacqueline.s уште не ми одговори на што поточно му смета фустанот на момчето, ако само изрази желба да носи фустанче :)
     
  17. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.908
    Да, е.
     
    На *Amethyst* и fana им се допаѓа ова.
  18. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.018
    Допаѓања:
    172.114
    Ама ти збориш за родови улоги и специфики, јас зборам дека не може да е тоа критериум за дефинирање транс, и медицинско транзитирање. И сега, на која тема да го продолжам муабетов?
    Да се фатам за твојот последен пример. Баш вчера ми излезе вест за дечко што транзитирал и сега детранзитира, има девојка. Ги обвинува докторите оти пребрзо/погрешно го дијагностицирање. Сексуалноста е флуидна, особено во тинејџерство и сексуалната привлечност нема ништо заедничко со родовиот идентитет, ко што знаеме, А детево школски пример- растени од верници, немало доволно мажествени манири |(. Дијагностицирани, подоцна, анксиозност, гранично пореметување на личност, ама битно го транзитирале, не дека некој му го решил проблемот.

    Род е концепт, кој, колку што јас памтам беше воведен во мк пред отприлика 25 години, со фамозните родови студии. Требаше да ја издвои посебноста на женските искуства во општеството, ради дефинираните родови улоги кои произлегуваат од полот. Значи се раѓаш со пол и поминуваш низ поинакви искуства од некој од спротивниот пол. Комплексно е да се објасни и на возрасен, а камоли на дете од 3 години. И затоа ова со фустаните и останатите глупости е класична магла и индоктринација во идеологија, ништо поразлична од еугениката на пример. На штета на децата и жените. И сексуалните малцинства. Имав пријатели ЛГ во мк, девојката на едната беше мажествена, гејовите беа феминизирани. Да растеа денес, сигурно повеќе од пола од нив ќе беа категоризирани како транс.
    А во меѓувреме, ко што посочија, 8 ми март стана ден на родова еднаквост, богдачува од женска еднаквост, жена е само едно од 684те родови идентитети.
     
    Последна измена: 21 мај 2023
    На *Amethyst*, jacqueline.s, Bridget и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.659
    Допаѓања:
    265.818
    Ама ништо од ова различно не кажав и искрено искомплицираа со различните теми. Се согласувам дека транс лицата највеќе имаат проблем со родот, не со полот кој биолошки го имаат. Но родот бидејќи не е биологија, не е генетика, не е математика, можеме да го редефинираме. Полот не можеме.

    Ако не постојат јасни граници меѓу РОДОВИТЕ, многу помалце ќе има родова збунетост.

    Родот е социјален конструкт, не е важно кога им "текнало". Пред 100 години само не знаевме баш скоро ништо за генетика, денес знаеме многу. Независно кога нештото сме го сфатиле, не значи дека ако е нешто откриено лани е погрешно, а пред 50 години било точно.

    Во однос на облеката тоа што е многу тешко да се признае, е дека историски мажите носеле фустани, 16-18 век почнало да станува женска карактеристика. Дури и после тоа малите момчиња носеле фустани, барем до 5-6 годишна возраст.

    Зошто ни смета денес? Мене ми е очигледен одговорот :)

    Не сакаме синот да ни има "женски" карактеристики. Сами со себе имаме потреба и проблем и мислење дека женска карактеристика е непожелна.

    Розевата боја не е природно женска. Социјално конструирана од сите оние што исто ги посочуваш нели, што диктираат каде ќе се вртат парите. Така некако почнува моментот со делење на бои на машки и женски ;)
     
  20. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.659
    Допаѓања:
    265.818
    По дефиниција лично твоја или ќе аргументираш некако? :D