Кој рече дека жени не постојат? Дали некој ти рече да не се идентификуваш како жена? Еве, јас сеуште сум жена. И ќе бидам дури сум жива. И битолчанка, ако не живеам во Битола скоро 20 години. Идентитетот е индивидуален, биологијата не е.
Ама ти си жена. Не се идентификуваш како жена. Туку си. Идентификување со жена, ако не си се сведува на живеење живот како што замислуваш дека жена живее. И тоа е ок и не знам зошто општеството би се занимавало со тоа. Исто ко да се идентификувам ко Парижанка, ама пасош за идентификување не даваат. Ама не им е гајле ако носам ајлајнер френч стајл.
Не. Се идентификувам како жена, иако не секогаш се однесувам и размислувам според социјалниот конструкт кој е поврзан со биолошкиот пол. Муабетот што го спомна со штиклите... Тоа е еден минискулен дел од проблематиката на општествените улоги кои ги учиме од мали. Како примерот со: Жените плачат, мажите не... и ред други небулози.
Па идентификувањето е социјален конструкт. Тоа носењето штикли итн итн. Биолошки си жена. Нема што да се идентификуваш кога си. И да сакаш со друго да се идентификуваш, можеш, ама пак ќе си биолошки жена. Затоа нема смисла ова идентификувањето. Ако ти се идентификуваш како нешто, ок, нема проблем. Ама нема зошто општеството да е засегнато од твоето идентификување.
Ти и особата од австралиската репрезентација, последни останати во соблекувална на базенот и тој те мерка некако сексуално. Ич нема да ти смета, да.
За некој да не ме 'мерка' сексуално, не треба јас да се кријам, туку тој некој, треба да научи дека ако нема експлицитна покана, не треба да скока како мајмун. Муабетов е ист со: Сама си го барала, носела кратка сукња.
Абе еве ја сум маж и сакам да бидам маж. Немам потреба тоа да му го кажувам на секој што ќе го сретнам. Воопшто не се замарам и не ме интересира дали некој се смета себе си за agender, bigender, demiboy, demigirl, fame, binary, intersex ниту пак се замарам ако он вика дека ја сум cysgender. Ја можам да седнам и да си пишам 1500 родови и да си верувам во нив. Ама коа ќе видам човек знам дека е човек и дека не е пингвин, ќе му се обраќам со името што ќе ми го каже, и уопште неам никаков интерес да знам која е неговата сексуална ориентација. Какво признание бара он од мене? Што сака да прифатам? Нели сите размислуваме различно, основно човеково право си е. Не му треба мое одобрување. Ама и не може он мене да ми каже дека ја не сум маж. Едит: по дома секој нека си биде шо сака, надвор сите сме човечки род. Ете веќе сме го достигнале врвот. Сите сме различни ама нема разлики
Ама и тоа е во ред. Поентата ја промаршуваш. @Biljarkata тоа што збори, ок е да се осеќаш и идентификуваш како што сакаш, ама нема зошто цело општество да се прилагоди за ти да не се осеќаш навредена и без инклузија. Ти можеш да се осеќаш како маж, ако сакаш. И треба да е небитно како се осеќаш. Ама не може сите жени да ги наречеме суштества со циклус за ти да не се осеќаш како жена зошто имаш циклус.
Ти веќе прфаќаш и не бара никој од тебе ништо. Бараат од оние кои ги осудуваат дискриминираат и навредуваат. Како муабетот за детето во Прилеп кое сопствените родители го затворија во надворешен објект и го хранеа повремено и ги викаа комшиите да го гледаат како животно во кафез... Само поради тоа што сакало 'женски работи'. Не се сите толерантни и полни со разбирање кога станува збор за разлики. Затоа и имаме религиозен/националистички итн тероризам.
Не не... Поентата на генералистичкото обраќање е за да не нагаѓаш за луѓе кои не ги знаеш како се доживуваат себе си. Се' на што треба да се прилагоди општеството, е да не прави презумпции за тебе, пред да те запознае. Погоре Ајронмен спомна: Му се обраќам по име. И тоа е целта. Пошто Вајлд сум само јас, една и единствена со вакви карактеристики кои се исклучиво на мене применети. Ти не ги знаеш сите тие мои карактеристики и затоа не треба да претпоставуваш (предрасуди). Исто и јас за тебе. Ти си Селтика и си една и единствена со карактеристики кои се применети само на тебе и на никој друг освен тебе. Не ги знам сите тие карактеристики и затоа нема да претпоставам дали си бела/црна, маж/жена (родово), македонка/марсовка итн... Праксата би била за тргање на страна на сите придавки, за да не се губиме во разно-разни квалификации.. туку да е една која ќе ги опфаќа сите луѓе, како луѓе.
Апсолутно врска нема ова што го лупаш. Прашај другарки, роднини, што сакаш, дали ќе им е пријатно некоја особа со пенис да им се шета гола по соблекувални, кога веќе ти овде сакаш да глумиш нешто.
Аха.. лупам. Оти на манијаци им прави разлика дали е некоја гола или облечена. Кога последно имаше цицки и вагина, па да знаеш некои пениси како се однесуваат кон истите?