Имаш постари линкови еден куп за што значи оригинално зборот - род и кога, кој и зошто е преформулиран.
Епа ајде де, ниедна боја не е природна ниту родова. Единствените природни бои се беж, бела, црна, какви овци имаш таква е волната. И сега...родот е социјален конструкт, за да се вртат пари, ама истите велат да го избришеме родовите разлики, за да нема збунетост. Истите тие се што го измислија розево=женско, сега велат момче во сукња е девојче. Јер таму се вртат парите. All same shit. .. in different color. Специјален бонус- паралелно со овој левичарски екстрем ќе ни се појавуваат десничарски екстреми као клечачите во Хрватска.Погоди кој добива а кој губи со ова.
Ваљда до некаде се работи за body dismorfia и менувањето на "природните" физички карактеристики, ама никому не му смета тоа што грото жени се пуцаат со филери, ботокси, лифтинзи, силикони на сите можни места на телото. Значи, не се предлага психолошки третман, туку се поддржува жената да се "оформи" онака како што сака да изгледа за да се чувствува убаво и да се прифати себе. Индустријата си цвета, со изговор дека им помага на жените да ги надминат своите ментални бариери со тоа што ќе изгледаат на одреден начин. И никој не се замара со науката зад филерите (на пример) и сѐ посвежите истражувања за тоа дека не се баш толку наивни процедури, дека не се скроз безазлени. Кога веќе споредуваме ситуации и состојби.
Розева струкирана кошула за дедо ми ќе беше срамота да ја носи во негово време. Денес е тренди. Маж веѓи да обликува, обетки да носи, да се депилира, се беше незамисливо, сега е нормално. Така да без гајле, за брзо време се ќе биди нормализирано и сите се ќе носат
Не значи дека социјален конструкт бил измислен за пари или дека може кој сака да си измисли социјален конструкт. Социјален конструкт се вика така бидејќи општеството му дало сила на таков конструкт. Родот бил конструиран заеднички од целото општество.
А 50 страни за да најдам наводен линк нема да читам. Дефинициски род и пол не се исто, и точно - не се. Да речеме, ниедно друго суштество нема род, имаат само пол. Оти немаат развиена свест да создадат род итн.
Од целото општество биле конструирани улоги. Улоги во согласност со полот со кој си се родил. Во 1949 се објавува Вториот пол, од Бовоар, вториот пол е женскиот, јер првиот е машкиот. Ни Р од Род. И розевото и плавото биле врзани за полот, како побогу бебе знае за род, едноставно се родило, или е машко, или е женско. Ок, можни се девијации, во милипроценти, и за нив знаеме од антика. И пак никаков род. Од кај се појави родот, кој инаку постои во граматиката, и како баш од еден јазик кој нема родови, се наметна на сите европски јазици кои итекако имаат род (а повеќето и падежи богами)? Ете, и по две години од темава, сеуште е мистерија.
Од статија на Фемина, Адидас ангажирал машки модел да прзентира женски костим за капење. Во кој момент станавме вишок ние жените?
Наоѓајте брендови за избегнување. Немам намера да купам НИШТО наменето за жена што не го рекламира жена.
Транс жени сум мислела лол или мажи. Инаку @CameliaMiller имаше и со Always еднаш нешто вака. На некоја линија од влошките имале женски симбол на опаковките од влошките. И нели да нема увреѓени, го тргнале после. https://edition.cnn.com/2019/10/22/...removed-transgender-nonbinary-trnd/index.html
Едноставно. Тампони шо ги рекламира жена. Утре бремена ќе бидам, производи за бременост што ги рекламира жена.