Не постојат транс деца, има деца со дизморфија која може да се корегира кога се доволно возрасни за тој потег. Од кај за секоја транс тема стигнуваме до децата, ко да имаат можност да направат едуциран избор. Или за геј личности што посвојувале биле педофили. Мешате баби и жаби. А дека има повеќе анксиозност и ментални заболувања во врска и со овие работи, веќе е докажано. Peer pressure is a motherfucker.
Тоа што е докажано е дека менталните заболувања се резултат на тоа што им се негира родовиот идентитет и трансфобијата, а не самата појава на трансродовост. Транс луѓето имаат подобро ментално здравје откако ќе транзитираат и затоа добиваат поддршка за ова од страна на психологијата. Дисморфијата се корегира на тој начин што им се овозможува на транс луѓето да си го реализираат посакуваниот родов идентитет. Конверзиона терапија за да претвориш транс лице во цис лице не успева.
За првото. Има потреба од психолошка помош за тие деца, не викам дека треба сами да се снајдат. Второ, се сложувам, про транс се сметам, во мои очи. Трето, точно, конверзиона терапија не работи ни за геј луѓе камо ли транс. Тоа е во библиски појас во Америка често и други конзервативни заостанати места. Немаше потреба од цитирање бар за ова се сложуваме.
Бидејќи тоа што го кажа, дека може да се корегира родова дисморфија и детето да стане цис, е всушност форма на конверзиона терапија. И се разбира нема да успее тоа за транс дете. Ти претпоставуваш дека воопшто не постојат транс деца, што не е точно.
Да се корегира родова дисморфија со транзиција доколку личноста толку сака тоа, мислам дека самиот протолкува поинаку. Поинакви ни се мислењата од кога да почне со хормонска терапија и се друго. Не викам дека не постојат транс деца. Јас имам искуство со ментални заболувања од мал, ама не си би дал истата терапија денеска уште од тогаш. Не е хумано. Не ни сакам посебно да ме третираа, сакав да бидам нормален. Можеш да корегираш и дизморфија дека раката не е твоја, само пила ти треба. За секој проблем има решение. Дали е коректен е на здравиот разум. Транс лицата заслужуваат помош и права, но со децата треба да бидеме претпазливи. На крајот, потекнува прашањето дали е нормална дизморфијата? Не е, ако гледаме биологија и статистика. Но не можам да мразам некој зашто има мутирани гени и џинџер коса. Така и со ова.
И на децата удривте. Срам да ви е! Значи ако моето дете утре во градинка сака да облече розово фистанче да почнам со процесот на транзиција м? Е нема да може Ми се гади значи, ми се гади. Со своите тела прајте шо сакате, не ми сметате, ама немојте децата да ги мешате во се. Како дете би знаело дали е транс цис, фис, мис... Ај просветлете ме
Не. Тоа што сака да носи фустанче не значи ништо. Дете е. Некогаш машките деца само сакаат да ги имитираат своите мајки па ја израснуваат таа фаза. Некогаш пораснуваат и сфаќаат дека се геј. Или транс. Тоа е се океј... јас би му само дозволила да носи розово фустанче. Ама тоа сум јас како родител.
Знаеш што е најжално? Што 90 посто од овие што скокаат во темава не се ни родители па да знаат како е.
Искуство од прва рака надминува општи мислења без искуство. За се е така. Едното секогаш ќе е приоритет
Апсолутно има лгбт+ деца, не станале 18 години и тогаш наеднаш ги "напаѓа" хомосексуалност и родова дисфорија. И апсолутно се поранлива категорија на деца шо често се негира од подесно насочени организации за заштита на деца шо е иронично. Оти организации за заштита на деца треба да ги штити децата во целост, а не вака со одбирање. Ама пошто постои одбирање, а постои ради вакви работи: Ќе си има и организации кои ќе се грижат за таа маргинализирана група одделно. И то е супер дека сме стигнале толку напред некој да се залага за ова. Не? Дете е. Шарено, комотно. Оти да неќи? Ама не го прај транс/ со родова дисфорија по дифолт. Воопшто. Апсолутно не. Еве брат ми ко дете и лакиран шетал и никому ништо, дур ни геј не е вака ко пораснат тин. Не е то правило некакво. Слободна експресија е и креативно и шарено е интересно за деца. Сега неќи. Ама да, имаше коментари од околината, то во следниот параграф, иако дома не сум му рекла немој или осудила - напротив. То е само рушење на социјална норма, ништо поќе. Само шо ќе биди малтретирано ако е машко во фустанче оти општеството ни е труло и ќе го викат "педерче" пошто не е навикнато општеството на слободна експресија. А колку поубо ќе беше се ако имавме слободна експресија. Впрочем, мислам дека и родовото дефинирање и искажување би било страшно различно во таков свет. Т.е. Во втор план. Пошто нели, нема норми шо ме спречват да се носам ко шо сакам па да мора да клавам лепенка на себе за да дефинирам шо сум.
Ко психопат звучиш што тебе НЕ ти е приоритет секое дете да е прифатено во училишна средина и слично.
Цел живот се створаме какви шо сме. Ако едноставно првиот краш сум го имала за Божидар во забавиште на 6 години или одма годината наредно со новиот клас во прво одделение сум била затрескана во Христијан - и те како моите знаеле дека плави машки ме влечат и дека сум веројатно стрејт кога ќе пораснам и станам сексуално суштество. Само слатко е кога детето има "краш" или "симпатија" се дур е стрејт и ептен прекршваме граници и пристапваме со "и имаш дечко хехххе", "бацвате хехехехех", "имаш некој/а" - зависно кој пол е детето. Скараја да е да не е стрејт. Тогаш е наметнување лол. Сега и за родот. Јас не сум "типично" женско се дур не станав возрасна па да имам интерес за потипично женски работи. Сега сум femme за разлика дур растев. Ама секогаш сум се осеќала како девојче, и сега како жена. Не можам да објаснам како, ама и кога сум пазарела од машки оддел во бутик, и не сум носела фустан со години од ко преќина мајка ми да ме облеква, штикли уште не носам, јас пак сум се осеќала како она шо сум се родила. Е сега ако некој има родова дисфорија, нема да има ваков преклоп теоретски, пошто не сум осетила де. Ама пак, не е то ексклузивно после 18 години чувство. Пошто знам дека сум била сигурна дека сум девојче од доста мала. И сигурно ако нема некој преклоп на пол и род го осеќа исто ко јас шо сум осеќала преклопот.
Ама не те прашав ова што ми одговараш,па и не е точно. Забавиште и склоност кон одреден пол ,”симпатија” не го прави лгбт детето. Тврдиш дека има лгбт деца. Те прашав на колку години?! На кој начин утврди дека постојат лгбт деца?!
А кое дете не е прифатено? Тоа што е транс? Прво за да е прифатено или не ,треба да постои, а во моментов не постои. И,да како што знаеме ,навредувате,агресивни сте итн. Еве јас на страната им искоментирав и убаво ги прашав кој сојуз е тоа? Знаеш што направија ? Ме блокнаа...Зошто? Зашто немаат аргументи.