Ако мислиш дека не ти одговорив и бараш вакви параметри - жал ми е. Ајде сега прочитај пак пошто од мене друг одговор нема да добиеш.
Па демагогии пишуваш. Во ред нема одговор. Ајде некој друг нека одговори од тие што тврдат дека постојат лгбт деца на рана возраст.
А како нема ЛГБТ деца на рана возраст?? ЛГБТ лица се раѓаат ко такви. Свесноста за тоа што се и што значи тоа расте со годините. Тоа ви го пиша @theowndemon ама не сакате да читате.
Колку сте досадни со ова аааааман. И јас го делам истото мислење со членката, го делев и пред да станам родител и сега. Ако си станал родител, е ти го менуваат мозокот на пораѓање, ставовите се тие
Не постојат зошто не сакаат родителите да постојат, итекако познавам деца кои добиваат крвнички ќотек од родителите зошто сакаат да носат фустанчиња, долга количка во кики, да се налакираат, да носат накит... Постојат ама додека дојде ред да пораснат на добри 90% родителите со ќотек ќе им го сменат мислењето и од тие деца ќе станат најголеми хомофоби, насилници и противници на се што не надвор од нормалното за кое тие уствари копнееле како деца. Јбг. И нема врска дали јас оправдувам или не, дали ги поддржувам или не, постојат, најчесто но не исклучиво, момчиња кои сакаат да бидат девојчиња, но и девојчиња кои сакаат да бидат момчиња.
@AngelOfArh мила , ни тебе нема да ти е сеедно и не би сакала. Не викај не ,never ever. Али ај муабетов не е за тука ,ке не избришат.
Многу од нас во тинејџерскиот период се нашле во таа фаза. Исто многу тинејџери мислат дека се заљубени во својот/та најдобар пријател/ка. Тоа не ги прави геј или транс. Со овие нови движења можеме само да ги збуниме децата. Дури и 18 години се мала возраст за да знаат што се. Ту мач ми е сето ова. Пренападно е.
Добро знаеш на што мислеше @Curious cat Ама јас цело време сакам тоа да го објаснам и никој не сака да ме сфати од што се преагресивни и напаѓаат одма како волци. Јас имам еден куп другари геј. Ги сакам најмногу и никад не сум имала против да си бидат тоа што сакаат . Ама сум против мешање на најранливи групи а тоа се дечињата. И сум против толку јавно експонирање и нормализирање. Ова не е новото нормално. Не сакам и одбивам да ми чепкаат во деца. Зашто ако продолжат вака за година две ке ги има во учебници. Да не биде дека не сум кажала.
Тоа сигурно. И замисли кој хаос во глава ќе им се направи во процесот на пронаоѓање кои се. Ни јас немам ништо против, ама зошто не се остави тоа природно да се одвива, зошто во цел тој хаос на хормони и лудило уште да се преиспитуваат кои се и што се. Геј луѓе имам во опкружувањето и ни тие не се сложуваат со сите овие глупости
Веќе има по учебници. Кога моите ќе дојдат до тоа одделение, страниците ќе летаат од учебник, ако треба и казна ќе платам. И на тие часови нема да присуствуваат.
Има родител еден и родител два. Јас само се чудам како ке му објаснам на дете од 6 години...се тоа...
Не им ги држат тие часови. Ретко кој од просветните работници ги држи. А замисли кај деца како би поминал час со вакви предавања. Во мое време кога бевме далеку подисциплинирани не беше возможно, а не па сега
Нападно е дека се форсира да има симпатија/да баци некој детето. Ама во општеството то е "нормално" се дур симпатијата е од спротивен пол. Факт е дека се раѓаме на еден начин и полека се спознаваме. И то треба да течи природно без да ние ко возрасни се мешаме во то. Ама се мешаме. Било то дали форсираме хетеронормаривност или кудиме различност. А се шо треба е да негуваме дете какво и да е.
Демек нема да ви научат децата од интернет. Веќе ја изгубивте оваа борба. И да не видат во учебник дека сосема ефективни се истополовите семејства, ќе го научат тоа од телевизија или интернет.
Нема да го научат ако јас не им дозволам. Борбата за моето дете ти ке ми кажеш дали сум ја изгубила? Уште кога ке видам дека ова го нарекувате борба јасно ми е. Веќе не мора муабет.
Се разбира дека е борба. Борба е за еднакви права, и за деца и за возрасни. Не можеш да го спречиш детето да научи за светот околу него освен ако не го држиш затворено. Со распространетоста на интернетот, драстично се намали способноста на родителите да шират хомофобична и трансфобична пропаганда кон своите деца.
Делулу пуштен на најјако. Што е, прпа а? Полека малце, се поневнимателни сте со издавање на вашите планови и намери, па ви се испушта вака во занес. Или па да ве оставиме да се докрајчите сами. Само напред Линијата е до овде, мислете си дека нема кој да ги заштити децата, please do. Чадорчето can only do so much, пред да пукне.Е тогаш ќе биде разбегување ко Дилан од пчелата, или мувата беше?