Кој рече дека не се ефективни? Спомна некој такво нешто? Ама дете како дете, особено тинејџер кој не знае да ги скроти нагоните може да се најде во ќор-сокак спознавајќи се себе и во иднина да има последици од грешни избори затоа што експериментирал бидејќи тоа е новото нормално нели? Геј, транс, би луѓе постојат, постоеле и ќе постојат. Ама како такви можат да се декларираат откако ќе се оформени личности
Јас моето дете ке го учам како сакам и како мислам дека треба. И нема да му кажувам на 5 години дека ако сака да е машко може да е. Зашто тоа не е нормално ниту прифатливо за мозок од 5 години. И ај тргнете си ги рацете од децата наши а вие што сакате прајте си.
Тебе да те прашам на што си? Сите мислења со гифови несоодветни ти ги избришаа. Немаш аргументи па само тропаш тука безвезе.
Ко прво, јас го избришав гифот. Ко второ, 30 цитирања од разни луѓе имаш до сега со аргументи, не е друг крив што ти не можеш да сфатиш што ти пишува некој. Прочитај се какви глупости пишуваш жити мене, па после обвинувај некој за тропање безвезе.
Не, нема да направам рипорт на страната! Не се мешајте кај што не ви е место. Чим родители отворила ваква страна, значи имаат потреба така? Сигурно не измислуваат дека нивните деца се транс и дека луѓе ги закачаат
Јас немам ништо против децата да учат какви луѓе постојат, ако не научи од мене ќе научи од околината и не можам да го држам затворено цел живот. Мое ќе биде да го едуцирам на коректен начин и факти, подобро од мене да искочи него да слуша изопачени сфаќања одоколу.
Океј, можеби е вистинска страна. Но можеби е и интернет трол. Во многу наврати прават вакви страни со бомбастични наслови само пошто некој нема живот и да види туѓа реакција. Мислам игнорирање е најдоброто, иако да се сложувам со тоа што го пиша, само де надоврзав
Сите ние (или бар повеќето) кога сме биле деца сме сакале да бидеме машки/женски, сме сакале да играме машки/женски игри и слично, но тоа не не прави транс. За да се квалификува некој како транс, треба многу повеќе од тоа детето сакало женска облека и играчки, пошо деца се, денес едно сакаат, утре друго. Се оди во крајности. Едните не сакаат по никоја цена да го прифатат детето какво што е, додека другите како едвај да чекаат детето да им биде поразлично
Нема сигурно да го истепам крвнички со клоци во гениталии за да му докажам што ќе се случи ако се облече уште еднаш во фустан или игра со барбика. Сигурно! Син ми игра само со девојчиња бидејќи игрите на машките му се пренасилни, па ниеднаш не сум му ни рекла зошто игра со девојчиња а камоли да земам да го преваспитам. Инаку ситуацијата од погоре нажалост се има случено во мое семејство. Нажалост. Апсолутно е различно едното со другото, ама ако сме искрени најчесто децата кои од мали нозе почнуваат не застануваат, потоа продолжуваат понатака, дали стануваат геј, би или транс, неважно. Е сеа кај нас малце се мешаат поимите па и феминизираните момчиња и маскулираните девојчиња се поистоветуваат со транс, али добро...
Многу пати имам пишано, вие што најмногу се мавате во гради дека сте либерте и опен мајнд, ако ви се деси на најблизок или на дете први ќе се обидете да сокриете. Побрзо некој закоравен анти ЛГБТ+ ќе прифати дека детето му е такво отколку вие. Оставете ги децата на раат оставете да бидат деца.
баш тоа!!! ако детето сака да е нешто друго. остајте го да биде тоа пто сака, така? инаку имам внука што си смени пол, а имам и братучедка што се омажи со девојка што си смени пол иначе деца не мислам дека се збори за деца од 5-6 годинки, деца се и од 14-15 години
Јас се повеќе и повеќе запознавам мажи шо сакат да бидат принцези. Мене не ми пречат кој шо сака нека си биде, како сака нека си се вика. Ама не сакам да бидам во брак со уште една принцеза.
По која логика ова? Не ти звучеше налудничаво кога го напиша? Многу е очигледно зошто аутирани ЛГБТ луѓе во Македонија се од фамилии кои не се со закоравени мислења... До душа, закоравениот може да прифати дека детето му е такво - а детето да не го прифати.
Вака мислиш/алудираш? Еми ај пробајте си. Also дали си/би било волку храбро и настрана од позади тестатури и чадорче колку што си позади тестатури вака?