На ФБ има страна за помош на Транс ДЕЦА! И вика, пол е тоа што претпоставва докторот кога ќе го види бебето. ПРЕТПОСТАВУВА! Така што кога ќе ви речат, машко сте родиле, тоа е претпоставка.
Не мислам ниту алудирам. Безброј затуцани родители има коишто не ги прифаќаат децата оти се било што од ЛГБТ. Безброј има што ги бркаат од дома, безброј има што психички или физички ги малтретираат кога ќе дознаат дека детето им е ЛГБТ. Над 90% од ЛГБТ лицата во Македонија не сме аутирани на родителите иако на многу други луѓе сме, баш од тој страв што тие ќе направат. Нема никаква храброст оти не правам нешто посебно, пишувам мислења што пркосат на регресивната десничарска идеологија што владее овде, отсекогаш сум изјавувал што имам да кажам и во живо и онлајн.
Немам проблем ни со транс ни со геј.. проблем ми е тоа што тоа се наметнува на мали деца кој уште носот не знаат сами да си го избришат. Мали деца па и тинејџери кој сеуште се откриваат самите не треба да им наметнуваме ништо кога ќе создреат доволно да бидат целосно сигурни како се чуствуваат нека бидат тоа што сакаат. А не на мали деца да им переме мозок дека може не се тоа што се родиле. И доста кењате ако некој има поразлично мислење од вас одма е пештерски човек или прикриен транс или геј. Одма трансофоби, хомофоби...Кој што сака нека биде и со кој сака нека спие ( се додека таа личност е возрасна и свесна за тоа). Само оставете ги децата да бидат деца.
Претпоставува водејќи се од изгледот на половите органи. Официјално е така. Евентуално можеле да напишат "доделува". A person typically has their sex assigned at birth based on physiological characteristics, including their genitalia and chromosome composition.
Аха значи сепак полот се одредува според физички карактеристики и хромозоми и според тоа постои маж и постои жена. Точно. Автогол. Хромозоми и ДНК која ја има во нашите коски. Ти како сакаш идентификувај се ,маж,жена,транс,незнам уште што. Ако си роден маж со ДНК и полови машки органи ама си се осекал жена во текот на животот и си се идентификувал како жена, океј ,ама ако после 50 години ти ги ископаат коските ,ќе знаат дека си бил маж. Толку
Кој побогу го негира тоа како се одредува полот? Да, според полот постојат мажи, жени и интерсекс лица. Трансродовите лица целосно да променат пол секако не можат. Можат да се приспособат кон полот кон кој транзитираат колку што можат максимално, хромозоми не можат да сменат и никој не тврди дека можат, буквално никаков автогол нема. Род и пол не се исто. Смешно ми е што само барате причина за неприфаќање личности што никако вам не ви штетат во животот, туку вие ним им штетите со неприфаќање и негирање човекови права.
Темата за која говориме е многу поопширна и попроблематична од ова што ти го пиша. Океј нека се осека секој како сака. Ама зашто сакате да влезете во училиштата објасни ми?
Мхм. Ама, исто така е глуво-немо да се рече дека ова се сите родители на деца кои се идентификуваат како транс кои се против ова, како што се пробува да бидат претставени за да се оправда се ова. Како што е исто така и глуво-немо да се игнорира и дискредитира истата таа друга страна (што е далеку по распростанета) , а тоа се родители кои најдобронамерно се против тоа детето да им се индоктронира на било какви начини и без нивна дозвола и согласност, (успат и навлегува во родителските права во тој процес), нели. Еве вака на пример
Затоа што транс луѓето се многу малку и мора да го почнат тој процес од сам старт за да се добие на квантитет. Јас поинаку не можам да разберам која им е целта. 21 век, геј популацијата е се повеќе ново нормално за што апсолутно се сложувам, ама не е ист случај со транс. Зошто? Затоа што од нив се произлезени уште милион придавки кои уште повеќе не збунуваат. Би сакала транс особа да сподели нешто на темава или родител на транс дете. Сакам да ги разберам ама никако не ми се вклопува. Не познавам транс личност, можда кога би запознала и поразговарала ќе ми се смени мислењето.
А од каде го знаеш тоа? Ако има возрасни транс, и тие самите некогаш биле деца. Ги познаваш лично сите под 18 години во мк?
Кога вела деца,мислам на деца а не на постари малолетници. Биле деца ,ама станале транс кога биле возрасни Кажи ми транс дете во земјава ? Дете до 10 год
Чекај, ај ти мене објасни ми која е а таа анти-родова идеологија прво, па после да зборуваме за другите баби и жаби. Заштита на транс децата од анти-родова идеологија?! Ова као...изместување на изместени перцепции или како ќе му дојде
Ај, плс, дај ми некој извор каде што медицински има докази дека постојат повеќе од два пола кај луѓето? Не зборам за кој како се чувствува или што се се прави со операции, туку полови кои се детерминираат со раѓање. тнх
Под интерсекс се мисли на луѓе што се родиле и со машки и со женски полови органи (според Гугл, може да имаат и други полови карактеристики од двата полови како хромозоми, хормони, репродуктивни органи како тестиси и јајници итн), со што луѓето со растење обично одбираат со кој пол ќе се идентификуваат.
Генетски ако имаш Y хромозом, си машко. Ако немаш, женско си. А интерсекс се различни од хермафродити. Кај луѓе се мешаат зашто двете се патолошка појава. Ама нека не ги мешаат во транс движењето