Мене не ми е јасно, како дете би знаело дека е транс? Децата сакаат да се многу работи, многу од нив фантазија. Тие се личности кои уште не можат зрело и самостојно да размислуваат, се премислуваат, се пронаоѓаат, како да го земиме нивното за валидно? Плус, од каде да знаеме дека тоа не е единствено поради тоа што не сакаат да се облекуваат во стереотипни алишта/играат со стереотипни играчки/игри за нивниот пол? Дали е толку лесно едно дете да се декларира/да го декларираме транс? И што следи потоа, транзиција? Ова е премногу сериозна работа и го сфаќам револтот на родителите за овој дел. Не може бе туку така за дете кое до вчера газот му го бришеле (со извинување) да е свесно и да знае дека сигурно е транс. После 18 години кога е легален возрасен секој смее да прави што сака. Не велам дека не може да постојат транс деца, верувам дека овие личности така се раѓаат, но сигурно на помала возраст тоа не може да се одреди. Темата за деца е едноставно многу чувствителна за повеќето луѓе и не можиме туку така да се расфрламе со термини само затоа што некое дете рекло оти сака да е момче/девојче. Тоа возрасни се премислуваат, не па деца.
Абе остај ти Гугл, друг е муабетот тука. Овие примери што ти ги наброја се толку ретки и добар дел од нив се идентификуваат или како машки или женски, ова гендер неутрал или што ти ја знам е измишљотина која по секоја цена сака да најде биолошка поткрепа, а немаат
Џендер неутрал или нон бајнари апсолутно нема врска со интерсекс, ниту има било каква биолошка позадина. Овие си се потполно здрави и скрос си имаат одреден пол ама као наводно не се идентификувале со ниеден род, па некој си нулти, неодреден род биле, мајке ми. Затоа реков нема што да се мешаат интерсекс со родовите идентификации
Идеологија? Еве ти еден линк за идеологија па види што како https://en.m.wikipedia.org/wiki/Ideology#text=Sociological examples of ideologies include,heterosexism; ableism; and ethnocentrism. Сет од верувања или филозофски атрибути. Родова идеологија постои, анти-родова идеологија not really. Биологија се вика .
Океј, не реков ништо во поглед на родовата идеологија или дека не се ретки интерсекс луѓето, туку само одговорив на прашањето што и ти се однесуваше на половите, не на родовите...
Се сложувам. Личност со недоразвиен мозок не може да биде свесна што е и што сака да биде. Не може да се држи до едно нешто и милијарда пати се премислува. Не може и не смее ни една карактеристика во нивното однесување да се земе како знак дека се транс. Деца се најлесни за манипулирање.
@staycalm Колку пола мислиш дека постојат и кои се тие? Не заебавам btw туку навистина ме интересира твоето мислење.
Не познавам. Но знам за примери во Холандија, каде што живеам. И мене ме шокираше искрено, но не можам да тврдам дека самохрана мајка го манипулира едниот машки близнак да сака од 4 години да носи фустан, да сака да игра со кукли, да сака да биде девојче. Еве и нека се работи за одредено психолошко нарушување, ако таа не го злоупотребува детето,( бар за тоа не се премногу лабави надлежните ко во мк) која сум јас да се бунам дека по многу плачење, му дала фустан да облече. И кај керка ми во средно познавам транс девојка, која ја запознав како момче, ама видов и тогаш дека не е типичен машки тинејџер. Сум против хормонска терапија под 18, ама ниту правам закони јас, ниту им се наоѓам во главата, во која вервам, не им е сосем лесно. Знам значи дека постојат. Исто како што знам дека има и геј деца уште пред да стапат во сексуални односи. Веројатно зависи што и како дефинраме. И мене ми е глупаво "they", против сум ху во хх спорт. Но, да тврдам дека ги нема е ствање розеви очила.
Добро Денти, ама имаш учено ваљда психологија и рол-модели од родители кај мали деца ти се исто познат фактор. И јас и брат ми ги носевме штиклите од мајка ми, пошто ни беше светиња ко бевме мали, верувам и други деца исто. А за транс тинејџер, кој ја прави дистинкцијата дали е транс, дали е хомосексуалност? Или зависи од доминантната пропаганда и пикање во калап?
Можеби затоа што хомосексуалците не се чувствуваат како друг пол? Никогаш не сум мислел дека сум жена, иако од мал знам кој ме привлекува, како и сите други хомосексуалци што ги знам. Groundbreaking е информацијава за тебе, знам.
Дали си ти сега, сите деца што се самодијагностицирани или дијагностицирани како транс денес? Тоа можело пред х години можда, денес нема шанси да бидеш само обичен хомосексуалец, досадно е
На секое едно дете што се декларирало како транс во покасни години родителите не му се изненадени затоа што тоа го приметувале од најмали години ама несакале да се помират со тоа. Незнам како не сте се сретнале до сега со вакви дечиња ама постојат.И нормално неможе да се декларира како транс затоа што и самото не е свесно а родителот секогаш мисли дека е фаза. Јас знам за две дечиња од кои едно во блиска околина.Тоа дете константно облекува фустани,лакира нокти,носи штикли,се шминка.Го прави од 2/3 годишна возраст.Е нели фаза ама таа фаза не поминува.Родителите како и повеќето од тука пробаа со арно со лошо ама ништо не променија.И додека неговиот брат скокаше и трчаше со камионите и колите среќен што ги добил за роденден,брат му ги ставаше во ќош и не ги ни погледнуваше.Вистинската среќа на лице му ја видов кога дојде братучедка му и му стави крила од пеоерутка и круна. Кажете само недај боже не ради друго него ради болката што ќе ја трпи вашето дете од неприфаќање од другите.
Денес процесот е обратен од тоа што ти пробуваш да го протуркаш како норма, со месеци на форумов, пишувајќи од држава во која секоја медицинска постапка е достапна за транс луѓето, за разлика од Македонија, за којашто си толку гласна, а за таму мудро си ќутиш. Најголем дел од транс луѓето на почеток од осознавање на својот идентитет мислеле дека се геј, а не прво дека се транс, па после геј, ко што ти тврдиш.
Носење женска или машка облека во ниеден факинг случај не треба да се зема сериозно дека детето е транс
Ништо јас не туркам, Тависток се деси во меѓувреме https://www.dailymail.co.uk/news/ar...ens-transitioning-former-employee-claims.html И затоа нема веќе Тависток, не дека ЏејКеј е вештерка со супер моќи.
Па нормално дека неможе да се земе за сериозно се до моментот кога ќе сфатиш дека поминале 10 години и твоето дете сеуште го исполнува да се облекува во фустани.Еве преслушај милион интервјуа каде секаде ќе слушнеш од транс особите дека се облекувале во облека од спротивен пол.Го правеле сето она што не е прифатливо од општеството.
Секако дека би имало и тоа јавно би го кажувале во поголем број.Милион деца имаат обиди за самоубиство зошто сфаќаат дека нешто не е во ред со нив,они се свесни дека не треба да е така ама исто се свесни дека се заробени во туѓо тело. Друго што сакам да кажам промената на полот не е така едноставна процедура.Они поминуваат низ низа испитување,сеанси со психолози и психијатри пред да се утври дека уствари детево не е забегано него едноставно е транс и е со сосема нормална психа.Не легнуваат на операција со првото појавување во болница и кажувајки од денес сакам да сум жена.Ја сум сосема убедена дека едноставно се раѓаш така и тоа е тоа.А понатаму избираат како ќе живеат.
Абе и комшиско детенце од мало ги носеше штиклите од мајка му ( сум го гледала) и куклите, ама ене го сега мажиште со девојки еден куп. Је мора да значи и не е тоа мерило.