Така де,ништо од тоа не е мерило.И самите они се збунети не се сигурни како се чувствуваат.Па доаѓа пубертет се уште позбунети.Ама веќе после 15 год они знаат што сакаат и на крај сфаќаат дека цело детство им било тажно зошто не ги исполниле одредените норми.Башка и се свесни дека тоа ги натажува родителите па свесно престануваат да се однесуваат онака како би се однесувале а да се они вистински среќни.
Не знам, немам разговарано со дечкото/сега со женско име, другар-ка е( беше ) на керка ми, ги знам и родителите, навидум просечна дач фамилија. Ова од ќерка ми што пренесува. Јас пустата сеуште го нарекувам "тој" , и со старото име ( ќерка ми ми се лути) ама колку што и' кажувал знаел од поодамна, плус во поглед на сексот, единствено што знам е дека пенисот ..не можам да цитирам од холандски, ама ..му пречи, грозен му е , не сака да го 'користи' , и тој сам долго водел борби со себе. Е сега, не знам дали е "лезбејка" пан сексуалец или што.. Во прва година средно знам се бакна со девојче ( не ме прашувај од каде знам) јас кога го видов првпат одма 'геј-дар' ми титна, нежен плав, женскаст, а висок. Тоа е...моите ставови не се поклопуваат со воук целосно, па ни нешто посебно, ама еве маж ми е многу поконзервативен од мене, па имаме дома жолчни дискусии. Јас сум повеќе " live and let live" човек. Искрено, не сум читала нешто во последно време конкретно за елџибити од психолошки аспект, но и не ги купувам сите воук работи ко мачка во вреќа за да сум "современа". Родителиве на 'девојкава' верувај понормално од мене ќе ти делуваат ако ги запознаеш..не верувам дека го индоктринирале, но го прифаќаат. А за 'детето' од градинка, мајката бараше помош и поддршка, после си се соживеа со тоа, но не се работеше за 'ги сакам штиклите од мама' туку за еднојајчени близнаци од кои самоедниот имаше таква инклинација. Не знам, немам тврд став за ова, но ниту планирам да ги игнорирам и ниподиштавам тие што ги знам. Иако еве ми е сеуште тешко дури и за заменки и ново име. Тоа е..маж ми па мисли : општеството и школото им перат мозок. Ќерка ми сосем друго мисли, и така...по дома парламентарна демократија
А нели родот е општесвен конструкт? Како се раѓаш со нешто што е производ на општеството? Друга работа да, по правило треба да поминеш тестови пред операција. Работава е што нив ги вреѓа нивната состојба да биде сметана за болест/дијагноза и сакаат тоа да иде на лепе очи. Демек шојма они да ме испитуваат, сакам промена на пол и готово. Дали е болест, еве сериозно те прашувам или било каква патолошка појава?
Демократија е ок. Дури не премине во анархија. Тоа е така, малку страшното. Инаку, се согласувам, секој пример е сам за себе и си бара индивидуален пристап. Ама, мојот пристап кон индивидуален пристап, не му одговара на пристапот на стадо. Или каде сите овци, таму многу волна. Имам и јас примери од реален живот, со тинејџери...не се премногу, ама психолошки бекграунд си имаат случаите...и затоа-индивидуален пристап и психолошка поддршка прво, пикање во калапот -после.
Порано и хомосексуалноста била сметана за болест, леџит, од психијатриската фела во тоа време.. Па и забранувана е и денес со казна чак и со смрт. Не знам дали е болест, оти за 'болест' се бара 'лек' или има прогноза, можеби е нарушување на сексуалноста зашто хромозомски јасно е дали е некој хх или ху. Ако ги вреѓа, што добивам јас , ти или било кој од тоа да биде наречено 'болест' 'ненормално' и слично 'лечете се'.. Постојат нарушувања на нагонот сексуален, ама официјално DSM 5 не ги вбројува таму, туку во дисфорија. Мене ми е бизарно да се даваат хормони полови на дете, (ама па сепак не ми е да се дава хормон за раст ако е потребен, или хормон при дијабет) ама ако е законски изгласано како би го спречила тоа? Исто како што ми е зверски да го фрлиш некого од зграда ко исис што им правеше дека сакале мажи, ама тоа е. Не одам да живеам во С.Арабија и не морам да се плашам дека некој ќе ја убие ќерка ми ако сфати дека е лезбејка, бисексуалка, пансексуалка, асексуалка итд. Секој од нас има избор каде ке одбере да го помине животот. Ама не верувам дека сите лџбт-бла-бла можат да изберат како се чувствуваат во својата глава и тело, па било тоа болест или не. Значи..не знам дали е болест. Патолошка појава : во Ирак е ...во Холандија не е .
Имав и порано зборено ама ај ќе се објаснам пак. Не знам зашто ако речеш нешто дека е болест, автоматски го стигматизираш или сметаш за грозно. Дијабетот е болест, ракот, гастритисот, ендометриозата... зашто сите се патолошки појави кога нешто не е ок со телото. И ги лечиш или олеснуваш симптоми, кое со хормони, кое со антибиотици, кое хируршки, кое со трети лекови. Или болест во наш речник можда звучи ту мач ама патолошко нарушување е секако. А друга работа, не може да сакам да добијам легитимна дијагноза, да добијам пристап до хормони, да ме оперира доктор во болница, ама да не стои како дијагноза според МКБ. Па и што се збореше едно време да одат преку фонд. Па чекај, нели си здрав, не си болен, немаш дијагноза, што ќе ти плаќа фонд? Хомосексуалци не сум видела да бараат операции и хормони. Транс лица бараат
Да де, си има шифра во дсм 5. Мислам дека ако е болест, ќе се буните зашто ќе бараат боледување. И така... Мене лично во животот не ми игра преголема улога дали е болест, мода или препич. Некако не ми иде да дебатирам секој ден или да беснеам. Можеби ако ќерка ми беше транс, повеќе ќе ме допираше, мисламмммм..апсолутно. Вака...ниту еден геј, транс ,би- , поли- , интерсекс не ми наштетил во животот. Што не можам да го кажам за гуд ол' хетеро. Чак сите сериозно психички болни луге што лично ги познавам се хетеро. Сите кримоси. Сите психопати, сите со нарцисоидно пореметување на личноста. Педофили не познавам баш, ама и тој еден , маж беше кој допираше девојче. За среќа го отпуштија. За несреќа не отиде во затвор. Наставник. Сеедно. Нека ви биде . Ако се болни, ќе ти пречи да одат на боледување?
Не ми е мене дали ќе биде или нема да биде болест. Него барањата нивни да бидат јасни и концизни, а не контрадикторни. Значи или е болест ако сакаш пристап до доктори и хормони и со фонд или не е болест ама затоа не си ни во животна опасност (како што велат) и си плаќаш све сам трошоци. За боледување зависи. Не секоја болест бара боледување. Имаш луѓе со хронични што ретко зимаат боледување. А за другото познавам лично геј што третира жените како да се нешто wow, 24/7 потенцира(ше) дека он не е како другите мажи и дека ги почитува жените.
Па не се обединети од цел свет за да имаат 'манифест'. Си имаат лобија како и сите други и тераат агенда. Хомосексуалците некаде бараат да посвојуваат, некаде не. Некому е важно да може да стапи во брак, некому не. Не е дека сите транс- се 'хајв мајнд' и 'резис'тнс из фјутајл" Елем, не се Борги..ваљда. Збунувачки е секако. Тоалети, затвори, спорт...не може да се фати некогаш ни глава ни опашка. Ама дека постојат, апсолутно да. Дека се луге со права, такоџе.
Не постои родова идеологија, постои родова наука. Терминот „родова идеологија“ бил измислен од анти-родовата идеологија бидејќи сакаат да го игнорираат фактот дека сите наши тврдења околу родот се научно поддржани, а нивните не се.
Се води бидејќи ова е психолошка наука. Психологијата е фактички наука за чувствата и умот на луѓето.
Вашите тврдења се идеи, базирани на лажни тврдења. Кое на пример ,,ваше,, тврдење е научно поддржано? Тоа дека родовата улога се учи, и дека ако одгледувам момче како девојче, може да биде успешно девојче?
Па не е се' социјален конструкт. Хормоните не играат улога во нашиот универзум? Факт е дека има луѓе кај кои цело однесување, енергија, манири итн едноставно им се тотално спротивни на вродениот пол. Некои работи доаѓаат од внатре и сум сигурна дека и да не постои род(што никогаш не би се случило), пак ќе има транс луѓе.
Well, науката дели на жена и маж како пол, и жена и маж како род во општествен контекст така да не е се во хромозомите. Исто доказ за ова во моја глава е што транс жени и феминин (геј) мажи се 90% од времето многу, многу слаби без да пробуваат и/или не се толку влакнести. Што значи хормоните им се такви да не се физички скроз мажественствени.
Имам приметено, ама па мислев дека се должи на тоа што повеќе време поминуваат во self care. Но можеби и ова е точно, исто како што некои жени се многу мажествени дури и без да се трудат. Пак нѐ носи до истото, дека родот и полот се испреплетени и не е толку црно бело дека сѐ е само родов стереотип а транс луѓето се уствари лезбејки/геј.
Пресмешно ми е дека дискусијата уствари испаѓа дека е јазична. Ко да се караме за тоа што постои еднина и множина, или не знам, збирни именки. Ги разбирам до некаде сите, и ги прифаќам целосно сексуалните ориентации. Ама во поглед на родови... Не знам, не сфаќам како родот е поинаков од полот, кога родот во јазикот е показател на полот. Башка шо има јазици како Унгарски, Кинески и други, каде што особено во говорниот јазик нема род. Нема машко/женско. Ама тоа не значи дека не знаеш шо стои пред тебе... Не сфаќам зашо упорно се делиме луѓето. Светов никогаш поповрзан, а луѓево никогаш толку не разделени. Решението според мене е симплифицирање, а не комплицирање на општеството и се останато.
Еве ти лајк. Ова за селфкер делот. Исто сум приметила дека луѓе во свои 20 ти по дефиниција се послаби и помлади од тие во 40ти. Да, хормони, метаболизам, селф кер ...све тоа има врска. И вишок слободно време. И...секако, актуелни трендови. Мислам теоријава со влакнетост Ве поздрави Фреди Спојлер: Спојлер И? Се договоривте дека женственост се дефинира со фустан и број на градник или како? За што уствари праите муабет?
ДоФта џануМ Ако е по број на градник, јас сум "супер жена" ама штикла не носам скоро никогаш , па се анихилира женственоста , к'о материја и антиматерија А Фреди , харизмата му беше "над" сите одредници други, трансцендентална ( мислам првпат го користам зборов за човечка привлечност, елоквент ми). Објективно ружњикав тип, пред чија сексуалност и жени и мажи би паднале понекогаш. На некој друг истиве влакна би ми биле 'фујјј, забричи тоа таму мишка, тепих