Епа баш на заменките се инсистира во светот, ако си во тек. Плус заменки досмислуваме, за секој да се пронајде. Ако не е тоа сегрегација, не знам што е.
Веќе се измислени скоро сите можни родови варијации, сега бараме заменка која ќе не' дефинира сите. Оние андрогените ептен ми се допаѓаат... кај ги има? Во Скандинавија некаде..
Поим немам кај се. На памет не ми паѓа да погодувам заменки за некој да не се осеќа навреден. Имам трансродово лице соработник, не ми паднало на памет да мислам со која заменка да се обратам. Име ми е ок.
Ама тоа со заменките е смешно. Има јазици во кои нема родови заменки, всушност нема род во јазикот. Фински на пример. Да проверам дали имаат именка жена, мајка, па ќе ви кажам- може сите треба уствари фински да збориме и решен проблем Стеј тјунд.
Придавки именки, нејсе. Една што ги опфаќа сите, јазично постои секаде, човек, човештво, луѓе. Ама од родот во јазичната комуникација не може да се избегне. Без разлика што има во гаќите, кога ќе ми го каже своето име, ќе ги формирам речениците во склад со родот на Името на лицето. Ако се вика Ана ќе биде таа, ако се вика Џон ќе биде тој.
Добро, ама пример, ако пишуваш текст за во медиум, како ќе се обратиш на цела група? Не можеш со името на тој/таа кој/а работи со тебе
Епа и на имињата ќе влијае ова... ако продолжи да се одвива по овој тек Ќе нема машки-женски имиња, туку само имиња. Додуша ги има и денес, ама не се општа пракса.
Епа добро ама тие имиња се на прсти да ги изброиш. Ама сеа цел јазик да се мења синтакса граматика или незнам што секаде во светот, налет.
Абе нема да се случи преку ноќ. Тешко е мајндсет на еден човек да смениш, навики, пракси... не пак на 8 милијарди луѓе. Ќе помине време и време.. сега-за сега е уште во зачеток практично.
Да бе, толку е просто, мисли си ти, Ана и Џон. Шо праиме со Самер, Рајли, Зу Ли. ... голем е светот А тек со јазиците кај што имаат 16 називи за пингвин, млад пингвин, пролетен пингвин, пингвин-од-кај-пукнатиот-мраз....
Епа теоретски џабе дискутираме пошо споров ќе си добие разрешница ниту во наш животен век а можеби ни за внуците...
Тро џабе е, ама тро и не е... поставува правец во кој ќе се развива глобалното општество На крај може се' да испадне поинаку, ако има голем отпор и од премногу луѓе... Може ќе живееме во визијата на Хитлер... Ариевска раса и тие работи.. Односно, нема да живееме тие што нема да ги исполнуваме тие карактеристики кои ги бара и цени таквото општество. Варијациите се бесконечни. Никој не може да го предвиди исходот.
Да бе и ја тоа само што си помислив. Не знаеш у кој правец ќе иде... пример книгите/сериите Brave new world, Raised by Wolves и уште еден куп други концепти. Само па реално не ми се свиѓа како се развива ситуацијата, наместо да се зближуваме мислам дека се повеќе се продлабочува јазот помеѓу луѓето и тоа на повеќе основни. Што за мене лично е показател дека начинот на кој денеска се водат сите "војни/битки/докажување/убедувања" е скроз погрешен и нефункционален. Кога ќе го сфатат тоа сите страни ќе можат да седнат и да се договорат за да најдат средина која нема да оштети никого. Проблемов како и многу други на човештвото, ми е банана проблем. Ако ја сечеш на пола едните ќе ја добијат рачката а другите крајот. И двете страни ќе бараат повеќе и ќе се незадоволни. Ама зашто од бананата да не се направи банана сплит, хоризонтала. Ете, го решив Не размислив хахахаха Знаковен јазик најдобро
Јас пак сум убедена дека транспарентни дебати водат кон обединување. Да размениме мислења, да се надополниме, научиме нови работи, да научиме што повеќе едни за други... сите разлики, а и сите сличности... за на крајот на денот да сфатиме, дека сите сме луѓе од крв и месо и само сакаме да сме прифатени, а не осудувани. Кој пристап и да се примени... се наевам само дека исходот ќе биде позитивен.
Не барам да објаснат зошто чувствуваат тоа што чувствуваат, туку да опишат што. Пример јас точно можам да опишам какво е чувството кога се палам на маж ми, можам да кажам карактеристики физички и карактерни што ме привлекуваат кај луѓе, може не знам од каде идат ама не бараме и од нив тоа. Како би знаело дете што се чувства на маж а што жена па да се чувствува нескладно во своето тело? Очигледно од стереотипите што ги гледа околу себе. И наместо да работиме на стереотипи кои во многу земји веќе долго на големо се рушат, ние веруваме дека дете има некое моќно внатрешно чувство кое му кажува точно дали е маж или жена и као тоа нема врска со облека и стереотипи. Мижи Асан... Може е само фасцинација од одредена облека или карактеристики што ги гледа претежно кај спротивен пол од своето окружување.
Супер, многу убаво кажано. Проблемот е тоа што LGBTQIA и остали групи што се борат за права го бараат токму тоа. На 10 години детето да избере што е.
А што има врска воспитувањето на детето? Пре би рекла дека има врска прифаќањето. Ако детето е воспитувано како девојче, поради полот нели, ама подоцна, како расте, почнува да сфаќа дека не се чувствува како такво, наше би било само да го прифатиме тоа. Секако дека ќе знае како се чувствува, без разлика на тоа како е воспитувано, или што и да му е кажувано. Еве гледаме и дека и тоа се случува, значи знаат како растат како се чувствуваат. Па зошто да се исфрла целиот концепт на род? Сум остарела, сето ова ми е премногу комплицирано.
Па има врска воспитувањето. Зошто децата немаат концепт на род, да не им кажуваме девојчиња имаат долги коси, а батковци носат пантолони, како ќе знае дете што е род? Може да знае во градинка кога ќе ги седнат на нокшир дела имаат различни полови органи, ама не може да знаат што е машки род или женски род. Треба да се слободни да играат со сите играчки пример, не на машкиве да им даваат само алати, на женските барбики. Во таа насока.