Не рековме дека женственост е само фустан и број на градник, далеку од тоа. И панталаоните до пред еден век биле машки, нормално тоа ништо не значи. Зборот беше кога одредени карактеристики се повторуваат и следат некој патерн значи нешто, не дека е сѐ скроз случајно.
Родот во јазикот нема врска со родот во општеството. Тоа се две хомоними уствари. И родот во јазикот не е показател за полот, род има секоја именка и придавка.
Кога станува збор за личности, показател на полот е. Гледаш женско, збориш женски род, и обратно. Зборот род во македонскиот претставува: група луѓе, поколение, роднини, плод, група на нешта при научна класификација, сорта и граматичка категорија. Зборот род во македонскиот нема никаква врска со значењето кое се пробува да се протне. Ниту некогаш имал такво значење...
Ако видам транс жена јас, како и многу други луѓе, ќе и зборуваат во женски род иако полот и е машки. Зборовите се менуваат со текот на времето, не се неменливи. Родовата наука се разбира постои и во Македонија и нејзините термини за родовите исто така постојат на македонски јазик.
Па сега, или нешто значи, или се актуелна мода, или се предрасуди, или кој ќе го знае. Во секој случај, лејбелот пред 35 години беше- испеци, па реци деци, или ова немојте да го правите дома-како предупредување за опасни активности. Немаше -самодијагностицирај се на интернет, родителите не ти се пријатели, обрати се на енџиото Ваква перцепција ми е сериозно назадување на сите полиња, од феминизам, до општо здравје, па и здрав мозок, побогу. Мислам, опасно е и го прави скроз обратното од она што би требало да го прави. Ако не е хиперсексуализирана жена, подобна за онлифанс, не ли е жена, треба ли да се запраша за својот идентитет? Ако е плав, невлакнест маж, треба ли да се запраша дали е маж, дали е геј, дали е транс или што уште? И, на што се сведуваме? Освен што постои и во Македонија ?! каде другаде постои оваа наука ? Кои се нејзините постулати и докази?
Ние ја имаме обратната перцепција: дека секој маж или секоја жена може какви било карактерни и физички особини да ги има. Ама тоа не значи дека некои особини не се повеќе или помалку застапени. Тоа секогаш кога ќе го спомнеме на темата си го земате здраво за готово дека демек сме викале дека секој маж или секоја жена мора да ги има тие особини. Не - ние викаме само дека се статистички повеќе застапени и ништо друго. Како секоја друга општествена наука, се постулира врз база на општествени истражувања.
Транс жените си го имаат сменето полот од машки во женски, мислам за оние што со операција го решиле тоа, а останатите што се мажи а велат дека се чуствуваат како жени, меѓутоа не се решени да се оперираат тие се машки пол и машки род.
Врткајки си на фб, случајно наидов на една пресмешна слика од некојси небитен протест во Скопје, па да споделам - да ја живнам темава
Каква драма за вкупно тројца годишно што сакаат да сменат род. Па дискусии, па демек нешто наметнато со сила... За неприфаќањето на сексуално образование во школите само ќе речам отворете статистика за малолетнички абортуси и раѓања и се е кажано.
А на некој му е побитно детето да му се уклапа у општедтвено прифатен калап или да биде среќно? Покрај сите можни неизлечиви болести на светов, покрај толкав број депресии и самоубиства, најмал проблем у животот ќе ми биде некој од синовите ако ми каже дека е геј. Единствено тешко ќе ми биде ако остане у земјава да мора да се крие што е, да не може да искуси нормален партнерски однос. Која сум јас да му ја попречувам среќата?
https://www.newstatesman.com/culture/books/2024/03/judith-butler-and-the-fear-of-gender Многу ми се допадна статијава.
Никако не се менува полот, не е толку модерна медицината. Родот е друга приказна, можеш да бидеш и транс пеперутка очигледно, ама со тоа не се ни обидувам да се замарам.
Се поаѓа од тоа дека болест е отуство на здравје, или пак, според СЗО нели, нарушување на целосната физичка и ментална благосостојба. Оттаму, транссексуализмот е дијагноза, во смисла на состојба која ја нарушува благосостојбата на личноста, а понатаму, “лекот“ не е најден. Ете на некои им помага да се “излекуваат“ со сакатење на полови органи и хормони, на некои ни тоа не им помага, некои сакаат да детранзиционираат... работава е, уште не сме сигурни што е “лекот“. Ако одиме слепо да следиме трендови, “лекот“ е најден, ама некако не ми се следат слепо трендови. Лично, вака лаички, проблемот мислам дека е многу повеќе потисната хомосексуалност отколку било што друго во најголем дел од случаите, ама само времето ќе каже. Уште светов не ја “изџвака“ хомосексуалноста доволно, да се прифати како нормална (затоа што е, личноста може да не чувствува благосостојба од НАДВОРЕШНИ, а не внатрешни фактори) па некако одма преку ред и нешто друго и така. Нека сум 1000 пати терф, никому лошо не посакувам, меѓутоа граници мора да постојат, а кога нечии чувства ги поминуваат границите на она што наука, не сум политички коректна ете. А во однос на темата за хормони и феминизираност кај геј мажи, тоа што се феминизирани никако не значи дека се транс или се чувствуваат како жени. Како што има феминизирани, така има и хомосексуалци кои се типични мажи, односно манирите не упатуваат на проблем во пол/род.
Лекот за кој збориш се однесува на родова дисфорија и транзицијата е најефективниот лек за тоа, што е научнно докажано. Ама лек за трансродовост нема никогаш да постои и не е нешто за кое се бара лек.
Не знам ни зошто ми се обраќаш, не сме од иста планета. Лекот бил транзиција, важи. Сакатење на тело е лек, пази ја ти медицинава. А што нема назад од "лекот"? Чаре? Објаснувањето е зошто се води како дијагноза, а тоа е затоа што здравјето не е само отсуство на болест. Не ме прашувај мене, СЗО така вика. Од тоа сфаќање и се доаѓа дека транссексуализмот е дијагноза. Оти личноста не е здрава според дефиницијата.
Каде се води како дијагноза? https://www.bbc.com/news/health-48448804 Единствено ова можев да го најдам за СЗО. Родова дисфорија е таа дијагноза што им се дава на транс личности ако имаат проблеми со менталното здравје поради несогласеноста на нивниот род со нивното тело. Ама ова не е синоним за трансродовост, кај тие транс лица што веќе ја завршиле транзицијата и се среќни, оваа дијагноза отпаѓа.