ICD-10 не се користи веќе. https://www.who.int/standards/class...ncongruence-and-transgender-health-in-the-icd
Па да, е прогрес. ICD-10 класификацијата е издадена во 1994, нормално е да има застарени, неистражени доволно и погрешни податоци. Во ICD-9 хомосексуалноста е класифицирана како болест. И сега? Истиот аргумент "Прогрес" може да го напише било кој ако не му се допаѓа што во ICD-10 ја нема хомосексуалноста како болест...
Ич немам ништо против ЛГБТ да си прават што сакаат со нивните тела и избори, се додека се коректни и придонесуваат за општеството како сите други. Чуму паники? Па и нека одат транс жените на гинеколог ако сакаат, ќе си имаат свој термин не мора ни да ги гледате. Апсолутно ништо не ми менува. Е сега дали докторите кај нас знаат/можат/сакаат да примат такви пациенти е дискутабилно, можеби треба да се дообучат не знам. Јас единствено не ги разбирам non binary. Мислам дека они и сами не се разбираат. Ако има овде некој таков простете, ама стварно не ја гледам логиката тука. Пс: имаше еден reel на Инстаграм пред некоја недела, човек што кажува дека е истовремено и male, и female, и non binary. Е тоа па како?
Прилично е голема разликата меѓу хомосексуалноста и транссексуалноста ама окси. Заебано е кога политички се причините, а за мене тоа се.
Причините не се воопшто политички. Трансродовоста не може да се класифицира како болест бидејќи не ги исполнува најосновните критериуми за тоа.
Мхм. Недостаток на благосостојба во сопственото тело, физичка и ментална, е буквално во склад на дефиницијата на СЗО за болест.
Тоа е точно. И е покриено под родова дисфорија. Разликата е што откако транс луѓето транзитираат, тој недостаток на благосостојба исчезнува. Ама сепак се трансродови лица и после транзицијата, што значи не може трансродовоста да се опише како постојан причинител на тој симптом.
Една активистка збореше дека нашиве психолози и психијатри појма немале од проблематикава и скоро никогаш потенцијалните транс лица не се упатувале на прегледи за примање хормони или консултации за операција. А чекај... нели не е состојба, болест, нели со тебе нема ништо погрешно? Кои црни психијатри и хормони и операции ги бараш ако неќеш да се води ко дијагноза? На која основа ќе те прегледува и третира некој?
Тоа ми беше следното прашање уствари- какви здравствени услуги, вклучително апчиња и процедури ако си здрав? Мислам има луѓе со сериозни потврдени дијагнози, па со донации и фондации ги лечиме, јер немало осигурувањето пари. Ако ти е за селф-експрешн, фаќаш авионот и одиш на селф експрешн процедура во Турција, ко сиот нормален свет, на пример.
Оти зборот болест ги потсеќа на нешто грдо, гадно, веројатно и самите имаат таков став према луѓе болни од реални болести, шознам
Голема е разликата, никаде не реков дека хомосексуалност и трансродовост се исто. Ти дадов пример како прогресира ICD низ годините. Само затоа што нешто некогаш го пишувало дека е болест, не значи дека навистина е. Постојат и други фактори, неистраженост заради конзервативност и тн. А дури и да е болест трансродовоста, апсолутно ништо не ми менува во ставот што го имам за истата.
Па мислиш дека мене ми менува? Ми менуваат други работи, што апсолутно врска немаат со МКБ 10/11 итн. Како што реков, само времето ќе покаже А со која дијагноза се опишуваат оние кои не се подобро со транзицијата и оние кои сакаат да детранзиционираат?
Уу. Многу добар аргумент кој ме подзамисли. Мислам дека многу исфеменизирани гејови/лезбејки мушкадарки, пошто сакаат да изгледаат на одреден начин, се бунат дека се транс заради лабавиот начин на дефинирање на трансродовост. Според мене решението би било да направиме општество каде што сите се safe да се изразуваат како што сакаат без разлика на пол. Али стварно, дискутабилно е дали би постоеле транс луѓе, да би растеле во свет кај што секој може да изгледа како сака, родовите стереотипи не се толку изразени и не си шејмуван ако отстапуваш од толпата. Како ќе се чувствуваш дека си жена, ако тоа да си жена само определува кој пол си и ништо друго? Едноставно, нели.
Ете случајот со Роуз Мекгаун (Rose McGown) и Харви Вајнстаин, која лично ја почитувам и за која имам голема емпатија, и е општопознат случај. Беше секс икона во Холивуд, се додека не излезе и ја кажа својата приказна. Потоа и излезе со идентификација non-binary. Дали во случајов може да играла улога во нејзината аверзија од женственоста, сексапилност, и мажите баш нејзиното трауматично искуство? Зборам за во вистинска психологија, (во допир со реалноста) , не мамбо џамбо психологии. Да, има. Впрочем и самата тоа го има кажано. За бисексуалноста нејзино право. Ама за non-binary идентификацијата... Што е со оние кој во случај на траума (се*суално злоставување), неретко и во младоста им се појави родова дисфорија и посегнат по транзиција, за да резултатот биде незадоволство и сфатат/сфатиле дека тоа не е решение? И со оние што слушаат реторики(читај идеологии) од типот можеш да бидеш се што ќе посакаш, ванземајац, твое е само да посакаш... Ете случајот со бившата на Илон Маск, Грајмс(Grimes). Повторно, во општество каде анксиозноста и депресијата, како и деперсонализацијата како резултат, се во прираст. Зошто никој не го одговара/спомнува/перципира ова уопште? Заради навидум од виртуолозност и борба за човекови права и благосостојба? А не идеолошка определба? Немој да ме... зезаш. И дали е во овој случај токсична идеологија прифаќање дека сите (со се и поготово деца) треба директ да ги охрабруваме на транзиција. Наместо да ги решаваат траумите, менталните нарушувања и родовата дисфорија соодветно, со помош на професионалци. Уствари не треба валидација за ова за да биде вистинито, поготово не од оние кои не се во склад со реалноста, или би да (ја) манипулираат. Да, токсична идеологија е. Дали е учество во гаслајтинг на траума, се*суално злоставување, потоа и погрешно дијагнозирање на анксиозност/депресија/деперсонализација од страна на "професионалци" кои (треба да) се тука за да се грижат за менталното здравје и добробит на индивидуата, е друг уште поозилен муабет. Исто така зошто повторно се игнорира фактот со детранзицијта, и дека транзицијата не секогаш е, цитирам "лек за болеста"? Пак, не е.
Наназад низ мислењава ќе најдеш колку поддржувам андрогинија и мислам дека голем дел од транс луѓето, не би морале да се декларираат транс доколку се прифатени такви какви што се, без стереотипи врз основа на биолошки пол. Односно, ако постои свет во кој биолошкиот маж, геј или не, се чувствува безбедно и прифатено носејќи шминка, сукња итн, мислам дека "раѓањето во погрешно тело" или "раѓањето со погрешен пол" нема да постои. Оти не се раѓа никој со погрешен пол. Ама како што кажав, уште не сме ја свариле хомосексуалноста како појава, па кога истата ќе се нормализира и нема да има стигми околу истата, можеме реално да се прашаме дали некој НАВИСТИНА има дисфорија. Моментално е хаотично и само гледам како деца се сакатат и се клукаат со хормони. И најлесно е да се каже дека сум трансфоб, нека сум ако е така полесно. Јас не се плашам од транс луѓето, се плашам дека се вртат страшни пари на грб на ранливи луѓе.
Ако не им успеала транзицијата, тогаш нема друг лек за жал. Ама за среќа тоа е само кај незначајно мал процент на транс луѓето.