Чeкај, уште се обидувам да сфатам зошто сум јас цис жена и кои се останатите 15 или колку беа идентитети Oh, wait. Because it is a personal identity category, it is difficult to know just from looking at someone whether they are cisgender. Како е ова цис-жена различно од терминот жена? Башка не сум сигурна дека сум цис, розево мразам, силикони не ме занимаат
E ако де, нека се отфрли се тоа, нека остане само базичното, биолошкото, по она што навистина се разликуваме, а не она што сами сме си го измислиле.
Дечки, темава е за род, не за менување пол. Има посебна за тоа, не мешајте работи само за да докажете поента. @Bridget, ти може да опишеш физички какви мажи ти се допаѓаат, ама ај опиши ја љубовта кон маж ти и направи сите да се заљубиме во него. Не може, нели? @Biljarkata, гуглај.
Кажете ми искрено, кога последен пат гледавте спорт и учество на транс луѓе ви беше реален проблем кој ве мачеше?
https://www.bjjee.com/articles/tran...getting-too-politically-correct-with-reality/ Среќа не ја гледав. Инаку BJJ не е спорт како бокс кај што се кршат коски. Ама вас ако ви се вакви работи ок, не знам што да кажам. Само да не ве читам после во темине за феминизам оти лицемерно би било. А да, има еден што е флуиден, пред утакмици жена станува само.
Дали би ти било проблем малку да се искажеш на темава од поличен аспект? Како ти се чувствуваш? Дали би сакал да ти се обраќаат со they/them, кога би постоела таква можност тука? Искрено се обидувам да разберам, инаку, прескокни ме само ако не сакаш, или од било која причина.
Ме мрзеше да пишам прв пат кога се отвори темата така да да си кажам сега. Се дур се туркат родиви стереотипи ќе има луѓе кои не знат кај припаѓаат или за ситници ќе се испитуваат себеси. Дека не се доволно машки, или доволно жени, а нема нешто како "доволно" машки или "доволно" женски. Машко е машко и да игра со барбики if he feels that way. Женско е женско и да игра со количиња if she feels that way. И ако нешто кон кое треба прво да работиме при растење на дете и дур даваме потпора при градење на идентитетот на детето е баш тоа - да има слобода на експресија и да знај дека се е океј ( нормално без насилство, морам да нагласам иако мсм знајте шо мислам под се е океј) за неговиот пол и шо и да прај не го прај помалку или повеќе. И мсм некој спомна, јер само страна и пол прочитав, зато и има толку луѓе кои одат под nonbinary. Ради ваквите родови стереотипи кои постојат. Апсолутно постојат транс лица. Ама исто така кога би направиле статистика младите кои не се во линија за родови стереотипи се nonbinary. Шо само по себе не е лошо туку е малку тажно да знајме колку ваквите родови стереотипи се длабоко вкоренети да не можиме да прифатиме одредени работи. Јас сметам дека треба да има поприфатен и толерантен јазик шо некој можи ќе се изненади за ова Не по секоја цена зато и ќе дообјаснам. Не се луѓе кои менструираат. Можи да се кажи дека биолошки жени менстурираат. Тоа биолошки менва многу. И ти да си нонбајнари или транс маж ( и тоа транс објаснува многу, пред се за искуствата на индивидуата), ако си биолошка жена - менструираш. Да речиш вака не е грешно, не е ни нетолерантно. Не можи да ја запоставиме биологијата и природата на сметка на коректен јазик ама можи да има соживот меѓу нив. И вервам во ваков соживот. Или луѓе со матка. Биолошки, жените имат матка. Речи биолошки жени. И јас како жена сум биолошка жена, и транс мажот од соседството е биолошка жена. Поимот не опфаќа двата. Опфаќа и тие кои се нонбајнари. Јас радо би била наречена само жена. Тој радо би бил наречен само маж. Ама заедничко ни е дека ко сме се родиле сме биле исто - биолошка жена. И колку и да не се согласувам со одредени концепти, нешто како при користење на име на соговорник го гледам и тоа во кој род му се обраќам ( ако му е важно). Нема круната да ми падни. Можеби и ова мислење, а особено овај параграф е најважен за темава: Ај са да дочитам.
Како што е и опишано во првиот пост, родот и полот не се исто. Полот е дефиниран при раѓање (машко или женско) родот е општествен производ. Кај повеќето луѓе двете се совпаѓаат (цис мажи и цис жени) Додека пак трансродовите лица се родени во одреден пол но родот со кој што се идентификуваат е друг. Нон бајнари и genderfluid исто се однесува на родот а не на полот, но генерално овие две категории не транзитираат. 21 век е, родовите стереотипи и родовите наметнувања полека се бришат во поразвиените земји, машките и женските деца си играат и се облекуваат независно од полот/родот, и тоа не значи дека се транс или non binary. Е сега, на десницата тоа не и се допаѓа, ама или ќе се сменат или ќе си умрат со затворен ум. Сега е еdgy и храброст да се противиш на политичката коректност, а истите што овде се противат на тоа и ги негираат идентитетите на останатите луѓе што се разликуваат од нив, одбиваат да користат заменки какви што некоја личност ќе побара, ако и упатиш една навреда на истите, ќе плачат 3 дена. Исто модерно кај феминистките е да бидеш ТЕРФ (радикална, штетна десница во феминистичкото движење), и такви ги има на форумов. Далеку сме ние овде од прифаќање на различности, секојдневно се докажува тоа. Колку и да мислиш дека некој човек е ок, секогаш ќе те изненади со негативни ставови и дискриминација на различности, за жал. Ама сепак, тоа се учи дома најпрво. Првично родителите се криви. Истите овде што пишуваат, генерално се родители или ќе бидат - и ќе ги учат децата на омраза наместо на прифатливост. Just Balkan things
Здравје, наскоро и превод на македонски ќе има на филмов Уште еден документарец на тематикава (нов, од 2021), кога веќе ја одведовте во тој правец темата. Декларација за зачувување на полово-базираните права на жените (ако ве интересира, потпишете), можете да ја прочитате истата и на македонски: https://www.womensdeclaration.com/en/signatures/ Текст на декларацијата на македонски: https://www.womensdeclaration.com/documents/57/Декларација_на_жените_1_44YdVs0.pdf
Мене ме интересира која е разликата во интерното чувство меѓу жена која е скроз masculine, по понашање и изглед ама за себе си вели дека е жена и транс маж. I mean, знам дека разликата е во дифорија на телото, што е услов за некој да биде транс, односно да сака полова транзиција, ама дали таа дисфорија би постоела да не би биле строги родовите улоги и карактеристики, или е биолошки: ....и таа желба за промена на гениталијата е реална билошка потреба да се вклопи мозокот со телото? Инаку јас мислам дека сите сме non-binary по дефиниција, затоа што род не постои. Секако дека ќе има „298398237 родови“ во денешно време и уште толку ќе се појават, затоа што сите различно се изразуваме, чувствуваме, секогаш ќе има некој што нема да се чувствува како да припаѓа на ниедна постоечка дефиниција. Премногу сме комплексни за такви етикети. Микроидентитети отсекогаш биле штетни за ЛГБТ заедницата, и многуте родови идентитети не се исклучок. Кога би живееле во свет каде што можеш да бидеш што сакаш и тоа не би било поврзано со ниеден род, „проблемот“ би се решил. А трансфобите кои се најгласни за ова, всушност се контра-продуктивни со нивните жена е жена!!! маж е маж!!! аргументи.
Немаш став зошто се шо збораш ќе мора да одиш контра. А, не можиш компетитивен спорт да поништиш оти го неќиш. Нели еднаквност. Некој го сака. Ама машки и женски категории постојат со причина и мора да се сетиме на та причина пред да внесиме биолошки мажи во женски категории. Причините за поделбата на машки и женски спортови генерално е ... Биологијата. ВЕЛИ ШО САКАШ АМА НЕ МИ ГИБАЈ ПИНГВИНИТЕ!!!!!!!
Исто модерно е, да почнеш да ги напаѓаш сите што не мислат како тебе, јер што има они да мислат. Прекрасна илустрација за прифатливоста која ја зборите. Ти не знаеш сите нас, и какви родители сме, и знаеш дека на омраза ги учиме децата?
Сакаш да кажеш дека она што го пишуваш овде не го мислиш во реален живот и едно пишуваш тука а друго кажуваш на децата?
Како не, не постои род. Тоа што се "стереотипи" и "очекувања" директно произлегуваат од тоа какво однесување има мнозинството што припаѓа на еден од половите, од небо ништо не е паднато.Работата е што некои нешта сме ги преувеличиле, а не дека родот е целосно вештачки и треба да се избрише.Не можете да избришете нешто што директно произлегува од биологијата. Окек, некој не се осеќа како да припаѓа на овие очекувања и океј е, не мора да се однесува со сила како типичен маж или жена.Фала богу, нема да го стреламе, секаде има различни луѓе и во ред е.Баш познавам и постари мажи и жени што не се вклопуваат онака совршено во тоа како треба да изгледа еден маж или жена и не знам, нормално си врват во животот.Коментари имале, да, сигурно, ама коментарите произлегуваат од невоспитаноста на другите луѓе, зашто и скоро совршен да си пак ќе се најде некој да ти се закачи за нешто што му смета. Друга работа, што е со кампањите, рекламите на интернационалните компании и масовното coming out на познати личности?Сериозни мислите дека сето тоа е за некаква емпатија и дека стварно толку голем број луѓе не се чувствуваат како својот биолошки пол? Извинете ама многу сте наивни ако мислите дека на некој мултимилионер му е гајле за вашта определба.Моќ, пари и етика не идат заедно.Се вртат многу големи пари, а зошто, со која цел не ми е познато. И ако мислите дека е во ред на мали деца да им се објаснува дека секој може да се чувствува секако, преиспитајте се.Во една детска глава тоа ќе создаде само конфузија и со себе и со околината. Да ги учиме децата дека треба да имаат почит кон секого, без разлика како изгледа, да, ама не и индоктринација за тема што не е ни толку истражена и јасна.
Конфузно сум го напишал тоа погоре. Болдираното е трансродово лице. Не дека сите трансродови лица транзитираат, ама поентата беше за non binary и gender fluid луѓето, дека не транзитираат бидејќи не се чувствуваат како да припаѓаат на бинарниот систем (или машко или женско)
Не, не, го препрочитав сега, мислам дека добро е напишано, само сега веќе каша-попара ми се направи. А не разбирам што е толку проблемот што мора да велиме луѓе што менструираат, што имаат матки, што раѓаат (да, приметувам дека се е во однос на жената ова), ете, non-binary си имаат заменки, нека си изберат именка и толку. Тие што транзитираат океј, биолошки биле маж, транзитирале и се жена, океј. Нека се исфрлат стереотипите, и така се најчесто на штета на жената, а во корист на мажот, децата биолошки ќе си знаат што се, понатаму секако ќе знаат како се чувствуваат, па ќе си знаат што се според тоа како се чувствуваат. Ете, решен проблем, ставам клуч на темава.