Полот, полот припаѓа на биологијата. Маж, жена, мајка, татко, ... Именките што ги збореше @Biljarkata. Ако тоа е трансфобично, so be it. Родот од друга страна не ни може да се дефинира. Трансродовите лица не би ни имало потреба да се посочуваат како различни да не постојат родови стереотипи кои сами сме ги смислиле како човештво. Муабетот од погоре, прав маж, права жена. Не можеш да кажеш за некој дека е прав маж, маж е маж и се одликува со полови и секундарни карактеристики, дури и да средува нокти и да носи фустани. Исто и жена. Исто и мајка. Мајка не е само родител. Жена не е само носи штикли и става 20 креми навечер. Маж не е само маженственост, жена не е само женственост.
Лошо сум цитирала извини. Се согласувам јас со твоето мислење. Се надоврзувам дека родот не е ни поврзан со полот. Тоа што беше кажано дека некој се чувствува како спротивен пол, не може да е вистина, зошто не можеме да знаеме како се чувствува другиот пол. Туку се осеќа покомотно во живеење живот кој е типичен за некој пол, стереотипично. Еве јас сакам да гледам "машки" спортови, сум пораснала само со мажи во околината. Сигурна сум дека има мажи што многу поженствени се од мене во некои аспекти. Има и жени што се помалку женствени од мене. Едноставно, родот не е ни спектар. Секој се пронаоѓа во некакво однесување и не треба да е тоа поврзано со полот. Затоа нема смисла постоењето на род. Непостоење на род, туку само на пол, напупштањето на стереотипни практики за како се осеќа маж, а како жена, се во корист и на лицата кои не се идентификуваат со стереотипното однесување на својот пол.
Полот е биолошки определен и нема простор за дискусија тука, а дали е родовиот идентитет општествен производ или не? Па би рекла дека не е, иако така се наметнува сега. Ако е општествен производ, како би постоела дисфорија? Не знам како да објаснам, ама ако полот е биолошкиот (физички) идентитет на личноста, тогаш родот е психолошки. Дисфорија е чувството дека си роден во погрешен пол. Едноставно не се чувствуваат удобно во своето тело и сакаат да транзитираат во спротивниот пол. Такви лица се поретки, но постојат и секако треба да им се овозможи тоа и да не се дискриминирани. Ако некој се чувствува како non-binary, agender, genderfluid, дали има некаква дисфорија? Како тело би сакале да имаат? Според мене тоа е клучниот дел. Сметам дека не постои баш некое чувство на маж/жена (маженственост/женственост), туку прифаќање и неприфаќање на биолошкиот пол во кој е родена личноста. Ова ме заинтересира. Која е разликата од ze/zir и xe/hir? Зошто не би им била прифатлива they/them? Како што имаме биолошки пол и род со кој се идентификуваме, имаме и родови стереотипи (пример, мажите со кратка коса, жените се шминкаат) и родови улоги (пример, мажите заработуваат, жените готват). Во денешно време се бориме за кршење на тие улоги и стереотипи, па мислам дека баш од тоа произлегуваат сите овие нови родови. Значи наместо да се продолжи со рушење традиционални родови улоги и родови стереотипи, проблемот се решава со додавање нови родови. Немам никаков проблем да се обратам на било кој на начин каков што сакаат. Едноставно ќе ме поправат како да се обраќам и решен проблем. Ама со политички коретниот говор доаѓаме до ситуација каде за да се запазат чувствата на една група луѓе се повредуваат чувствата на друга група луѓе. Освен тоа мислам дека и понатаму ја поткопуваат борбата на транс лицата. Да се чувствуваат лошо во сопственото тело, да се борат за промена во сопствениот пол, да се борат против сета дискриминација што иде пропратно и на крај пак да им се обрати некој со they. А да не збориме дополнително со сета негативност околу новите родови што пак нив ќе им се препише.
Не постои род, полот е единствен пишале, овие лајкнале па после се објаснуваат како они биле ултра прифатливи и не ширеле омраза, каде сум гледал трансфобија Ах, да ја имам логиката на трансфобите многу ќе е полесен животот ...
Aј потруди се повеќе, отколку меѓу редови да ме класифицираш некаде врз база на лајк, може? Или лајкот за Селтика е омраза? Кај има Селтика пишано дека не постои род? Продуктивна дискусија- слабо, резонирањето бинарно- или кец, или нула. Ај последен обид за продуктивност- пошто претпоставувам имаш проблем со идентитетот жена- каков е твојот идентитет? Избери еден од 100-те кои го нуди гугл, не е проблем што не ги знаеме, јас сум волна да се едуцирам и да се обидам да разберам.
Е ова е одлично прашање. Дали може дисфоријата да се намали со искоренување на стереотипите? Колку всушност социјалниот момент има улога при идентификацијата? Гледав видео на Cut скоро и имаше лезбејка која се идентификува како жена ама скоро целосно се презентира како маж и вели дека најчести парнери и' се стрејт жени. И имаше транс маж што ја праша дали можеби мисли дека е транс, и рече дека би одела во таа насока кога би била помлада, ама сега се осеќала комотно. И ова мислам дека е интересна работа, што во суштина таа би била истата личност и тогаш и сега, само со поинаква идентификација. Ама како побогу да го спомнеш ова тука кога ќе наидеш на фурија од ,,ја бришете женскоста бла бла" и ваљда уште еден куп коментари би го искористиле примеров како доказ дека дисфоричноста се лечи. Инаку, јас мислам дека дисфоричноста може да ја нема само ако живееме во non-binary свет, а тоа нема да се случи никогаш. Род не мислам дека не постои, како различен од полот, доказ за тоа е постоењето на транс луѓе. Ама мислам дека е спектар, а родовата експресија во светот е бинарна.
Јас имам пишано дека не треба да постои, според мене. Моето сфаќање е дека никому не му е во полза да се дефинираме во рамки. Јас не би сакала некој да ме категоризира некако, зошто освен што изгледам женствено, 90% од работите кои ги правам не се складни на стереотипите за мојот пол. И ова е утописко размислување, не е и нема да е скоро така, ама не знам зошто постоењето на род е некому во полза. За да ги продлабочиме стереотипите? За да постојат повеќе луѓе на кои не им е комотно во своја кожа зошто општеството ги гледа како нестандардни?
@RainBow, кога зборам за себе, зборам во машки род, ако ме читате, веројатно знаете. А тоа како некој друг ќе ми се обраќа, не ми е воопшто битно. Кога кажав дека не се идентификувам никако, мислев на тоа што не барам label да си ставам на чело. Полот ми е машки, меѓутоа тоа не прави да се чувствувам дека треба да изгледам или да се однесувам на одреден начин. Еве ќе земам пример од нешто што е актуелно периодов, т. е. #NotAllMen. Јас не чувствувам потреба дека треба да се објаснувам дека тоа што имам машки полов орган, не ме прави силувач, додека cis мажите по интернетов збеснаа на таа тема. Најчесто не се пронаоѓам во ставовите на cis мажите, меѓутоа ако и покрај тоа ти ме сметаш за cis маж со оглед на тоа што не сум по таа некоја општествена дефиниција, сосема сум океј со тоа.
Не побарав да се 'поништи'. Не бранам некому да гледа спорт. Ниту бранам некому професионално да се занимава со компетитивен спорт. Сако кажав што мислам.
А што всушност е cis жена и маж, целосно што припаѓа и потпаѓа под сите стереотипи? Ми излегуваат во последно време се повеќе статии во оваа насока, ама сум немала време баш да седнам и да прочитам кое е што е и како е и зошто е.
Се идентификува со истиот род како и родениот пол. Така е дефинирано. Во смисла ако сум биолошка жена и родот со кој се идентификувам да е женски.
Океј, ајде да речеме не постои родот. Да замислиме дека имаме група од X број луѓе, половина мажи и половина жени, кои се на некој начин оперирани од идејата дека постои род и родови стереотипи.И да ги оставиме така да живеат и да ги набљудуваме.Што мислиш, сите ќе се однесуваат исто? Според мене, многу брзо ќе се групираат на некој начин и ќе си ги поделат улогите и јасно ќе се забележува разлика во нивното однесивање.Ако на пример 17/20 мажи имаат слично однесување, тоа понатаму ќе премине во стереотип.И ќе се очекува и од другите. Еве, некој претходно зема пример дека било стереотип тоа што мажите не плачат.Се согласувам, некогаш е многу штетно, особено за мали деца да не им се дозволи да покажат емоции, ама тоа води основа од фактот што мажите се помалку сензитивни од жените.Има истражувања кои докажуваат дека поголемиот број од жените одговараат подобро на емоционални стимули, веројатно поради хормонските разлики.Тоа не значи дека треба да им се забрни на мажите да плачат, ама биолошката основа за родовата улога е таа.Или тврдењето дека мажите се посилни од жените.Некој може да се навреди, ама биологијата го создала тој стереотип.Не значи дека жените не треба да креваат тежини, туку дека не можеме да се налутиме што просечен маж што не вежба ќе има повеќе мускулна маса од жена што не вежба.Реков горе, некои работи сме ги преувеличиле, како да кажам, премногу сме станале ригидни со овие стереотипи.Треба флексибичност, да, еве на пример за играчките на децата, не треба да се драматизира ако девојчето повеќе сака да игра со колички.А еве баш и за овој пример имам читано истражувања дека можеби децата природно, без претходни поттикнувања се свртуваат повеќе кон оние што се традиционални машки/женски играчки. Ама конкретно бришење на родот нема никогаш да успее зашто повторно ќе се истакнат однесувања кои ќе создадат повторно нови "калапи" за мажите и жените. Мислам дека разјаснив што сакам да кажам, повеќе не можам да пишувам.
Цис е се што не е транс. Ти си цис жена, без да знаеш. Во отсуство на желба да се идентификуваш, одлучиле дека мора да ти се даде тој додаток за да можеш да припаѓаш на некоја "класификација", на некоја "група". Значи дека се конформираш целосно со родовите стереотипи кои му се препишуваат на твојот пол, оти ако не се конформираш ќе беше транс, нели Беспотребно додавање на лабели, оти ко што кажа @Ketchup не мора да се конформираш со родовите стереотипи за да не си транс, и нема поента дополнително креирање на кутии во кои мора сите да припаѓаат и измислување на кутии за ако не припаѓаш. Едноставно, секој треба да биде слободен и да се облекува и да се однесува како што сака. Нема потреба да негираме биолошка реалност заради тоа. Родова експресија е лична работа, секој може да изгледа како сака, да се облекува како сака. Тоа е тоа што мора да ги учиме нашите деца, дека розе фустан не те прави девојче, нити штиклите жена. И тоа е во ред. Еден ден, ако син ми сака да носи розе суќна, секако дека ќе му дозволам да носи, нема да му кажам дека тоа е "само за женски". Ако ќерка ми сака девојки нема да и кажам дека не може затоа што не е во ред да сака личност од истиот пол. Целото родно конформирање има длабоки корени во патријахалното општество и религијата, не е ни чудо што секаде најмногу трансродови лица има во најрелигиозните средини. Оти поубаво транс син отколку ќерка лезбејка.
Да, реков, тоа е утописки. Сосема нормално е и природно да се појават разлики меѓу половите и во однесувањето. Прво хормонално сме толку различни што не може да не се рефлектира тоа на генералното однесување. Никој не оспорува дека ќе постои грото од популацијата која ќе има сличности во рамки на сопствениот пол. Мојата поента е друга. Зошто е битно да се наречеш дека припаѓаш на некој род? Еве кај трансродовите луѓе, кога не би постоеле стереотипите кои се општествени, како би знаеле дека се осеќаат како другиот пол? Зошто е тоа релевантно во општествениот живот? Нели треба да се однесуваме исто кон секого? Зошто да ми е битен родот на мојот колега? Нели треба да имаме ист однос без разлика неговиот род? Беспотребно само се врши етикетирање на луѓе, се воведуваат се повеќе и повеќе рамки, а едноставно се работи само за слободата како сакаш да се облечеш и да се однесуваш итн итн, макар и да е нетипично за твојот пол. Едит: Еве точно постот над мојот е исто тоа што сакам да го кажам.