1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Роже Федерер

Дискусија во 'Спорт' започната од OzzyAngel, 16 јули 2011.

  1. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.223
    Епа не може да нема тема за најдобриот тенисер во историјата!
    Рекордер по број на освоени грен слем титули, вкупно 16.
    Вимблдон-6
    УС Опен-5
    Аустралиа Опен-4
    Ролан Гарос-1

    Ова не е неговиот единствен рекорд, но ако ги пишувам сите ќе нема место :)

    Ќе оставам да ги кажете своите мислења.

    [​IMG]
     
    На MariaFederer, viki44e и Pelikuna им се допаѓа ова.
  2. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Роџер Федерер

    Го обожавам типот.Мој омилен тенисер,ама за жал во последно време му е падната формата и е 3 на АТП листата веднаш по Ноле и Надал.Длабоко во себе се надевам дека еден ден ке се врати онаму кај што му е местото. :) бев навикната на неговите победи ама сега не можам да се навикнам да го гледам во вакво светло.За мене секогаш ке биде број 1.
     
    На OzzyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Sunday-Rose

    Sunday-Rose Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    123
    Пол:
    Женски
    Роџер Федерер

    Дефинитивно најдобриот тенисер, и голем спортмен, многу ми се свиѓа што секогаш си играе пристојно, добро нели сите си имаат некои испади, исто и Федерер, ама тоа многу ретко, за разлика од некои други тенисери коишто теренот го сфаќаат некако поинаку, а не место кај што се игра тенис (пример Мареј стално нешто пцуе, стално нешто не му е во ред, мн се нервира, со рекетот ги 4ука патиките...), јас за него од стално си навивам... се разбира и за Рафа, ама Федерер ми е дефинитивно број 1... :)
     
  4. Justice

    Justice Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2011
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    90
    Роџер Федерер

    Федерер е најдобар и засекогаш ќе биде :!: .Многу го сакам и го почитувам како тенисер.Иако неговата форма опадна јас ќе го следам и ќе навивам за него засекогаш... :nod:
     
  5. Sunday-Rose

    Sunday-Rose Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    123
    Пол:
    Женски
    Роџер Федерер

    Леле ептен доцна кажувам ама ај нека му е 4естита на Федерер победата на Swiss Indoors Basel и на BNP Paribas Masters..... ај сега уште да има добри резултати на Barclays ATP World Tour Finals и ќе ја заврши оваа сезона супер... :) :) :)
     
    На Justice му/ѝ се допаѓа ова.
  6. CoCoGiiiRL

    CoCoGiiiRL Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    701
    Допаѓања:
    3.193
    Пол:
    Женски
    Роџер Федерер

    Наај Добар Тенисеерр :D го обожавам
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  7. SaraYah

    SaraYah Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    Роџер Федерер

    Ааа Роџер,неам пропуштено негов меч. Едноставно е поразличен од другите особено во стилот на игра. Уживање да го гледаш :) Еве денес ги доби наградите за Fan Favourite & Sportmanship award(fair play) Стварно незнам како можат некои да не го сакаат :) Ај па да му тргне во Лондон :)
     
    На Justice му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Lady-Cha

    Lady-Cha Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2011
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    23
    Роџер Федерер

    И мене ми е најомилен тенисер! Сметам дека е најдобар на сите времиња !
    Игра денес од 15 часот, против Цонга, против кого играше пред 1 недела и го растури со 6-1, 7-6 !!!
    Се надевам дека и денес ќе славиме !!! :D
     
  9. ElenI777

    ElenI777 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2010
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    125
    Роџер Федерер

    Па не сум приметила дека има ваква тема,сакав да отворам.
    Отсекогаш сум го сакала овој човек.
    Му се восхитувам,поседува неверојатна елеганција.
    Го сакам неговиот стил на игра,неговата упорност. Дефинитивно еден од најдобрите тенис легенди што ќе останат запаметени засекогаш.
    Голем број на успеси досега,а верувам дека следуваат и уште многу. Доживеа еден пад,можеби нема шанси да се врати на врвот,но којзнае...
    Се надевам дека ќе успее.
    Покрај тенисот,исто така и голем хуманитарен деец.
    Нешто најново во врска со него е што една улица во Базел,ќе го носи неговото име.
    Моментално игра на турнирот во Лондон и очекуваме триумф секакооооооо!
     

    Прикачени фајлови:

    На OzzyAngel и Lady-Cha им се допаѓа ова.
  10. Lady-Cha

    Lady-Cha Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2011
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    23
    Роџер Федерер

    Јеееее...Федерер е во полуфиналето во Лондон !!! Јеееес ! :D 8) :)

    6-3, 6-0 победа против надал.
    :D
     
  11. ElenI777

    ElenI777 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2010
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    125
    Роџер Федерер

    Па не да му оддржа лекцијааааааааааа,па не да му оддржаааааааа!
    Сепак барем нешто да покажеше Рафаелчо,да беше повозбудливо,да гледавме тенис повеќе од еден беден час...
    Браво мајсторе,одиме напред!
     
    На Lady-Cha му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Роџер Федерер

    Нешто не следам сега во последно време, знам дека во Лондон сега играат, но незнам до кај се,како се, шчо бидна :^) Чим Федерер влегол во полуфинале, најверојатно ќе биде и во финале, незнам со кога ќе игра :^) само претпоставка моја дека ќе победи, знаејки дека го бива.Ако Надал не успеал, сакам барем Федерер да победи сега ]:) нека среди таму некој :D Ама пропуштив да ги гледам Федерер и Надал, сакам да ги гледам кога тие двајца играат, интересно ми е што знаат и доста долго да играат, во зависност кој од нив води, а посебно дека и двајцата кога играат еден против друг, се строги :D не се даваат :rofl:
     
  13. Maacy

    Maacy Активен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2011
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    2
    Роџер Федерер

    Неам ништо против човеков. Стварно е ѕвер. Супер е. Најдобар тенисер на сите времиња. Неам зборови за него. Едноставно најдобар е. ]:) ]:) ]:)
     
    На Lady-Cha му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Lady-Cha

    Lady-Cha Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2011
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    23
    Роџер Федерер

    По 6-ти пат во кариерата победник на завршниот турнир во Лондон, 70та титула од АТП категорија во кариерата...ЕДИНСТВЕН...НАЈДОБАР...нема зборови со кои би се опишала неговата супериорност... :D


    ФЕДЕРЕР ! :D
     
  15. ElenI777

    ElenI777 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2010
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    125
    Роџер Федерер

    Одличен меч,браво и за двајцата,приредија неверојатно финале!
    Не можев да ги задржам солзите,не можам ни да опишам колку сум среќна! Браво маестро,го заслужи сето ова!!!
     
    На Lady-Cha и Justice им се допаѓа ова.
  16. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Роџер Федерер

    Ццц...
    Капа долу, легенда бе!
    Не морате да го сакате, но морате да го почитувате!
     
    На OzzyAngel, BabyD0ll, Lady-Cha и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Justice

    Justice Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2011
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    90
    Роџер Федерер

    Браво легендо :clap: ....Им покажа на сите кој е Роџер Федерер.... ;)
     
    На Lady-Cha му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Роџер Федерер

    Никогаш не сум се сомневала во неговите квалитети.Знаев дека кога тогаш ке се вратии на старите патеки. :D
     
    На Justice, OzzyAngel и Lady-Cha им се допаѓа ова.
  19. Sunday-Rose

    Sunday-Rose Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    123
    Пол:
    Женски
    Роџер Федерер

    Мислам хелоу.. ако некој мислеше дека Федерер ќе се пензионира еве им доказ дека пак се разигра човекот, и на крај убаво им кажа: -Ќе се видиме следната година.. па ако ја по4не наредната година ко оваа што ја заврши, зна4и непоразен од Басел, 15 победи по ред без пораз.... хаха ќе се плашат сите од него.. :) :) И баш ми е мило што уште еден рекорд постави....
     
  20. Justice

    Justice Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2011
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    90
    Роџер Федерер

    Денес во Вест прочитав дека Мирка била 4ти месец трудна со трето дете имало во некое списание швајцарско :) Незнам колку е точно ама во секој случај се радувам :*