1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Роза за балерината (Лурлин МекДениел)

Дискусија во 'Книги' започната од anabel-a, 11 март 2012.

  1. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.497
    Роза за балерината(Лурлин МекДениел)

    Сличен стил на Николас Спаркс. Љубовна приказна
    Ве носи во неколку различни света. Приказна која е пишувана во вид на пораки, чет разговори, писма, мејлови итн. Менделина и Џес се ликови кои ве поведуваат во една сторија за љубовта, чувствата, поврзаноста. Впрочен нивниот прв училишен ден ги сплотува во едно, од кое произлегува голема љубов.

    Мене многу ми се допадна, топло ја препорачувам на сите. :)
    Ја има во книжара ,,Три,, во трговски.


    [​IMG]
     
    На t.w.e.e.t.y му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    Премногу е тажна.
    Се чита во еден здив, но мене ми требаа неколку сати за да ја завршам, бидејќи имаше делови кои навистина ме потресија, ме вратија во еден многу лош период од мојот живот, па ми требаше време да си ги соберам чувствата.
    Најтопло ја препорачувам.
     
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.793
    Допаѓања:
    65.509
    Пол:
    Женски
    Не би рекла дека стилот е сличен на Николас Спаркс. Авторката има преживеано слична траума со нејзиниот син, па затоа речиси сите книги и се од тој тип, за млади луѓе кои се борат со смртта, со неизлечливи и хронични болести. Има напишано преку 70 книги. Најголем број од делата и се со ваква тематика поради тоа што сака да им помогне на оние кои се справуваат и поминуваат низ вакво нешто и да ги инспирира оние кои ја имаат среќата да се здрави да не го трошат залудно животот.

    Оваа е единствената книга која ја имам прочитано од неа и не знам дали ќе имам срце да прочитам уште некоја. Премногу е тажно, страшно срцепарателно, оваа книга додека ја прочитав цело време бев облеана во солзи.
    Можеби би ја прочитала уште Breathless, имам слушано дека исто била добра.
     
  4. sanjalica

    sanjalica Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2009
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    571
    И јас ја прочитав, се изнаплакав многу! ;( ;( ;(

    Само што во неколку делови од книгата, ми фалат страници - грешка во печатење (очигледно), па требаше сама да си ги спојувам работите.... :worried:
     
  5. t.i.n.k.b.e.l.l

    t.i.n.k.b.e.l.l Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2012
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    92
    Пол:
    Женски
    Значи книгата е феноменална.Додека ја читав си помислив зошто луѓето не го ценат тоа што го имаат,зошто не го ценат здравјето што го имаат,зошто не ја ценат љубовта што им ја даваат нивните родители.
     
  6. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.145
    Допаѓања:
    2.620
    Одкако ја прочитав книгата, на сите ја препорачувам. Книгата ме остави без зборови. Почнав да ја читам во 1 часот после полноќ и не ја оставив се до 5 часот наутро. Едноставно не можев да ја кренам главата од неа до дека не ја прочитав. Прекрасна е книгата и за оние кои сакаат вакви книги со тажни содржини, обавезно да ја прочитат.
     
  7. SnowWhite91

    SnowWhite91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 септември 2012
    Пораки:
    1.153
    Допаѓања:
    1.398
    Ја купив пролетва за саемот на книгата и си ја лупам главата од ѕид :headbang: како е можно дури сега да ми текне да ја прочитам :@
    Значи ПРЕУБАВА Е. Се заљубив во Џес :angel: срце е детето :l:
    Се изнаплакав за судбината на Мелинда ;(
    Жално е да се читаам така тажни судбини на така млади луѓе
    Но како што напишав во претходна тема: книгава ме потсети и на мојата прва љубов од прво одделение :$ Аххх, колку си го сакав :angel:
     
  8. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Книгава на сите ја препорачувам многу е добра...
     
  9. smooch

    smooch Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2011
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    3.887
    Пол:
    Женски
    Преубава, тажна книга. За едно попладне ја прочитав. Ја препорачувам да ја прочитате. :)
     
  10. rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr

    rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    959
    Допаѓања:
    4.030
    Пол:
    Женски
    Колку може да биде суров животот. Мелинда можела да си го оствари сонот но болеста ја закочила во се.
    Книгата ја прочитав за околу 4 часа, и ми остави голем впечаток, му препорачувам на секому да ја прочита нема да зажалете верувајте.
     
  11. Ketnis

    Ketnis Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2013
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    238
    Пол:
    Женски
    Преубава и тажна книга ја прочитав во еден здив и дефинитвно ја препорачувам на сите кои не се ја прочитале :!: :D
     
  12. iloveugirl

    iloveugirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2013
    Пораки:
    293
    Допаѓања:
    217
    Би рекла дека е книга што дава некоја смисла на животот, тоа колку треба да се цени животот и да го живееме секој ден како да ни е последен. НО, сепак ќе се надоврзам на останатите коментари дека многу лесно и во еден здив се чита.
    Вреди да се прочита :)
     
  13. dence

    dence Активен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2013
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    24
    Многу моќна книга,само што ја прочитав,значи се утепав од плачење на крајот... :'(
     
  14. lallyy

    lallyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    3
    Одамна беше кога ја прочитав но впечатокот што ми го остави е воодушевувачки.Се чита во еден здив и солзите не бегаат. :/
     
  15. deedee0

    deedee0 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2011
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    364
    Книгава е многу тажна, но во исто време и поучна. Ја препорачувам :)
     
  16. CaperucitaRoja

    CaperucitaRoja Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2011
    Пораки:
    467
    Допаѓања:
    320
    Пол:
    Женски
    Книгава буквално ме разболе! Една невина детска љубов, илјадници писма и мејлови и еден тон солзи исплакани. Едно пакување паломи е задолжително...
     
  17. Stefani999

    Stefani999 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2012
    Пораки:
    702
    Допаѓања:
    601
    Стварно е тажна..Во еден здив се чита.Ја прочитав и сеа и ја сакам некој како Џес :D
    Само да не завршам како Мелинда :x
     
  18. srhsejbsk

    srhsejbsk Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    1.593
    Допаѓања:
    9.361
    Пол:
    Женски
    Ја купив минатото лето од саемот за книга во крушево.Ми дојде да плачам на крајот, посебно кога Џес и рече на другарката на Мелинда, да му овозможи пристап во ковчегот за да и остави писмво во рака.
    А во писмото пишуваше
    Мелинда да го чека во рајот дека еден ден и тој ќе дојде таму итн.
    Исктрено кога Мелинда излезе од болнца и Џес се врати од америка мислев ќе има среќен крај, но се излажав.Книгата ја прочита дури и мајками и неколку дена не можеше да се соземе.
    многу е чувствителна за такви работи

    Тоа лето сакав да ја купам и книгата ''Го сакам Лондон'' но ја избрав Роза за балерината :)
     
    На jelena.rozga му/ѝ се допаѓа ова.
  19. jelena.rozga

    jelena.rozga Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2014
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    205
    Зимава ја читав. Одамна сакав да ја прочитам, а никако да ја начекам во библиотека. Стилот и вид на книги што го сакам. Колку само животот знае да биде суров...
     
  20. GoodGirl45

    GoodGirl45 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2016
    Пораки:
    1.407
    Допаѓања:
    8.692
    Пол:
    Женски
    Се чита во еден здив. Една од најубвите, а може и најубавата книга што ја имам прочитано.